Откријте го Мариово

Уредник ВИДОЕ ПОДГОРЕЦ
СТАЛЕ ПОПОВ

ТОЛЕ-ПАША
ПРВ TOM

НИК „НАША ХНИГА
СКОПЈЕ 1976.

ТОЛЕ АЈДУТИН
1.
Сонцето веќе беше искочено високо над Перун и почна да припечува над главите на аргатките во оградите и нивите на Демовци, Селимовци, Мерсиновци, Адемовци, Гола Сабја, Маџаровци и другите турски чифлизи во Крушевица кога, во еден од убавите пролетни дни на илјада осумстотини осумдесет и… година, се вратија од полето Јован Пантовски и Адем Маџаровски и се качија на маџаровската кула.

Пред вратата ги пречека гавазот Муарем и длабоко му се поклони на господарот, правејќи темане додека неговата десна рака ја достигна земјата, и со едно „сељам а лејќум — а лејќум сељам” се поздравија двајцата Османлии, едниот наведен до крајна понизност, а другиот исправен, горд и поносен на својата висока положба. И не е никакво чудо, Адем е чифликсајбија со имот од илјада дулуми, илјада и петстотини овци, сто и педесет говеда, дваесет коњи; со кула и кошари за чифчиите, а Муарем е негов измеќар, само за разлика од другите тој не е обичен слуга, а служи со извесен понос. Тој не ора, не копа, не жние, не врши. Heгo бегот не може да го псуе на вера и закон, не може да го продаде како другите чифчии, но сепак може да му удри некој и друг дипшик, да го измаскари и да го напади предвреме без да му ја исплати заслужената руга. И сепак тој се чувствуваше нешто погоре од чифчиите, подолу од бегот и беше доволен со својата положба, бидејќи и тој можеше да ги псуе чифчиите, да ги кара, па дури и да протепа по некој кога бегот беше отсутен, да не заборават оти се робови — измеќари.
Во ходникот ги дочека другиот измеќар, поправо измеќарка, младото Кате, шеснаесетгодишно девојче, ќерка на чифчијата — ковачот Стевана, кое Адем го беше прибрал кај себе, ете така, да му ја краси кулата, да и прислужува на каданата и да внесува кафе ракија кога ќе му идеа гости од машки пол. Таков беше адетот кај сите бегови: да држат по едно младо („живинче”) во кулата, да се знае дека се чифлигари и дека имаат измеќари за секаква работа. И таа се поклони како Муарема, ја отвори вратата од убавата одаја и двајцата чорбаџии влегоа внатре.
Катето истрча пред Адема и го зеде неговиот ќурк од лисичка кожа та го закачи на колот под полицата, а Адем го зеде ќуркот од Јована и го закачи на другиот кол.
—    Повели, Јоване чорбаџи, повели, седни, — го покани Адем Јована и му го покажа миндерлакот на источната страна од одајата.
—    Евала, бег, евала, — одговори Јован и се намести, по чорбаџиски на покажаниот миндерлак, наместувајќи се лежерно на наслонот.
—    Добре дојде во куќава, — го поздрави Адем, седнувајќи на другаот миндерлак спроти него.
—    Добре најдов, бег, господ добро да дава, — одговори Јован, а Адем го започна сериозниот разговор:
—    Е! Виде чифлигот, чорбаџи Јован? Тој ет мојот сермија што сакам да продадам тебе. Виде што стока? Човек раѓат, што се велит лафот. Виде што бериќет, машала, овој година ќе дадит? Ако сакат ала, илјада кила ќе родит како на брут. Ем, не да речиш само овој година така раѓат. Тој грешка не знаит никој година. Ама, ете, реков, ако излезит к’смет, ќе продадам. He седит мене овдеки во овој пустиња. А бре, немат чоек со кого ни лав да направит, а остави за некој шенлук и да не зборуваме — почна да го фали Адем чифлигот и сака да му го тапоса на чорбаџи Јована за некоја и друга лира поскапо.
—    Го видов, бег, го видов. Убава сермија си имал, машала, убава. Само, како што рече и сам, многу далеку од градот, таа му е маната, та инаку — без мана е сермијата, — прифати Јован.
—    Е, јас сам го кажав тој мана, де! Ако имаш кеиф да фаќаме рака, да те правам чифлигар. Ем пазарот напред! Ќе продадам, емен, сосем луѓе. Десет тајфи, околу педесет души — сите за работа. Десетина деци ја имат, ја немат. И тие веќе бркаат кравите по ливадите, не толку малечки. А за парите, колај работа! Нешто ќе даваш напред; нешто кога ќе правам стока, а нешто и ќе причекам. He клават никој мене жар на мевот. Сполајбогу јас не борџам некои борџеви та да барам парите наеднаш! Луѓе сме, ќе причекаме еден друг!
—    Убав ти е лафот, бег, убав. Од тоа поубаво — здравје, само ќе треба да слушнам колку пари ќе му сакаш. Та ние, како тој што рекол, ќе толчиме глава за пари, — одговори Јован, а Катето веќе влезе со дизгот во двете раце на кој беа кладени два шарени филџани и две чаши со бистра лута комињарка. He е шега. Муштерија чека Адембег за чифлигот и ќе треба да се покаже токму по беговски.
—    Повели, чорбаџи Јован, еден кафе да видиме дали убав направило Катето. Шерет девојче! — го покани Адем Јована и му го покажа со очите Катето при последните зборови.
Јован го зеде кафето од дизгот и го изгледа Катето од глава до петици. Убавко му се виде. Навистина малку црнгалесто во суратот, со испрчени устиња, малку поедри заби, напред истурени, но младо како роса, Кожата по обравчињата му свети како со масло намачкана, црните очи некако на грозје личат, а косите ги пуштило над очи небарем сака да ги закрие од алчните погледи на присутните. Работата кај бегот не му е тешка, та никакви дамки ни драскотници не се забележуваа ни по лицето, ни по рацете. Вратчето некако подебелко отколку на тие што одат по селските работи. А ни во ставата не е лошо. Малку кусичко според годините, но затоа полно како грутка.
„Ете и него ќе ми го продаде Адем” — си помисли Јован во себе, и кога го кладе филџанот на дизгот му се опули право в очи. Кате ги наведе очите, бидејќи Адем така го учеше и му забрануваше да им гледа на гостите во суратите.
—    Повели, Јоване, еден ракија. На сабајлево убаво ќе дојдит да поткрепиме малку душите, оти доста и прошетка направивме по нивјето, — го покани пак Адем Јована, a Катето им ги подаде полните чаши.
—    Евала, бег, евала. Ти многу ме заборчи мене. Кога ќе ти се одборчувам? — одговори Јован, ја зеде чашата од дизгот и пак го измери Катето.
—    Ех, ќе одборчиш, чорбаџи, што е тој лав, не ќе одборчиш. Ако бидит к’смет да ујдисаме, пак ти мене ќе пречекаш со Катето овдека на кулата, јас ќе бидам ваш гостин, — и се обрна кон девојчето:

—    А, Кате? Ќе вариш мене вака убав кафе кога ќе дојдам на гости кај вас со чорбаџи Јован? А?
Катето поцрвене и лицето му доби две бои; од црнгалесто стана црноцрвенкасто. Ги растегна дебелите устенца и се насмеа миловидно:
—    Ќе ти вара, бег, оти да не ти вара. Стига чорбаџијата да носе каве и шеќер, та за варење, колку шо умеа. Оти да не вара? — одговори тоа и ги прибра чашите од стариот и нов господар, та си излезе да го донесе чибукот од Адема.
—    Е, до кај бевме со муабетот, чорбаџи Јован? — праша Адем наместувајќи ја запалената цигара на долгиот чибук со скапоцен килибар на крајот, којшто Катето веднаш го донесе.
—    Ами, ете до каде: да те слушнам колку пари ќе му бараш на чифлигот… — го потсети Јован.
—    А бре, колку пари. Колку ет мунасип. Јас продавам татко, дедо, како тој што рекол, та може ќе речам повисоко, туку знаиш како велите вие каурите „со еден мавнување дрвото не се сечит”, та и јас, ќе речам да платите пет стотини лири и интизапот царцки што ќе фатит. А ќе слушнам пак колку чинит тебе. Де бакалум! — и зачека Адемага да го слушне одговорот.
—    А многу горе рече, бег, многу. Каде: пет стотини за чифлиг во Мариово! Ене во Чарлија, папокот на полето што се вели, пак каде се продаваат по три четири стотини, а ти сакаш за ова песок овде петстотини. Да е до кај двесте, двесте и печеесет, да му се грбиме, ама пет стотини, не ме фаќа умот да кандисаат браќа ми. Туку пак размисли се и ти, а и јас ќе се допрашам со браќа ми, и ќе се најдеме во Прилеп. Белким нема да умриме уште сега, уште сме млади, — одговори Јован и пак умот му отиде во Катето.
Та неоти само Катето е женско во робинките што ќе му го продаде Адем? Белким има и некоја друга поубава, побела, полична! И тогаш… неоти таа не ќе дојде на кулата да го служи Јованбег како Катето сега што го служи Адембега? И стана да си кинисува наполно решен да купи чифлиг. Ако ништо друго, барем ќе може да избира вакви Катиња, Цветиња, Митриња, Достиња, кои ќе му се бендисаат, и ќе си ги држи на кулата за „своја душа”. И така лирите не му прават никакво задоволство во ќемерот под перницата или затнати негде во некој ќош во неговите конаци во Прилеп. Стана, се збогува со Адема и си отиде без да сече пазар. „Ако наврати до кај триста, ќе го земам”, — си рече во умот.
Адем го испрати до долната врата и пак добија двајцата бегови по едно темане од Муарема.
— Ѓене бујрум, ѓене бујрум,(Пак повели, пак повели) чорбаџи Јован. Јас пак ќе помислам, а и ти не испуштај ваков сермија, оти ретко, зерем, се продават, — беа последните зборови од Адема, кој се врати назад на кулата и го викна Катето да му донесе цела оканица комињарка и да го служи денеска. Катето служи, бегот пие, оканицата се испразни; по неа и друга дури бегот не се пресели во рајот, та почна да си игра со Катето како што му заповеда коранот.
— Ех, мори, Кате! He жалам чифлигот, жими вера, оти ќе продадам. Жалам како ќе оставам тебе друг да гледат, друг да галит, — рече тажно Адем и се изгуби во пијанството, та почна да ‘рка на миндерлакот, а Катето се искуба полека — полека од неговите канџи и напрсти, назаднички, излезе од одајата.
Тоа не се возбудуваше од неговите постапки спрема него. Тука беше уште пред четири години и навикна Адем да го гали, да го потфаќа за брадичка и за обравчиња, да му ги бушави косите и да го држи за раце обично кога беше во пијана состојба додека го совлада ракијата да заспие.
Кога се трезнеше Адем, Катето му тураше вода да се измие и да се разведри, но тогаш Адем беше сосема друг и не му додеваше со ништо. И сега така. Си отиде Јован, се напи Адем, некој половина час Катето поседе крај него, овој го изгали по косата, по вратчето, по плеќите, го штипна за образите и се изгуби — заспа, а Катето си излезе.
Кога се разбуди, Адем беше истрезнет, се изми и му нареди пак на Катето да му свари кафе. Тоа влезе со еден филџан и полно гезве „сааде” кафе, а Адем го кладе да седи до него на миндерлакот и почна да го гледа право в очи:
—    Е, Кате? Слушна што зборував јас со чорбаџи Јован, а? Разбра што дојде тој пезевенк? — го праша Адем Катето и шмрка ли шмрка од кафето (втор, ако не и трет филџан).
Катето го разбра разговорот, но од дома беше учено: „виде — не видов; чу — не чув”, ништо да не кажува, па ни пред бегот да се испушта дека разбрало што зборува тој и што прави. Затоа и сега одговори:
—    Откај знам јас шо дојде! Јас си а гледам моата работа — кавето, ракиата, а муабетите се ваши!
—    Е, слушај ваму! Јас ќе кажам тебе, ама ти никому. Пст!… — и и запрети со прстот, клавајќи го на нејзиното усте.
—    Јас сакам да продадам нему чифлигот сосем вас сите. И сосем тебе, ама нејќам да оставам тебе на тој ваш бег, оти плашам да не правит некој ќедер. Ами друго сум наумил. Јас ќе омажам тебе за еден ергенче тука од вашите, и тогаш што ќе правите — правите. Ќе имаш еден сенка над глава. Ќе теслимам на свекор, свекрва, на момче и мирен душа ќе одам оттука. Чини ли? Што велиш ти? Кој ерген бендисуваш од вашите, а? — И пак почна да го гали по косите и образите.
Катето поцрвене кога му намниса за мажење, ама нели е женско и веќе во седумнаесет години, тоа знае дека така треба да биде. Уште и се позарадува дека бегот не го остава на тој ѓаурски бег, та одговори:
—    Јас шо има да реча, бег! Ти ме изгледа, ти ме израни, шо ќе речиш ти, тоа нека биде. Јас твојот лаф не го газа, нели знајш.
На Адема му се направи киселиот:
—    А така де, така те сакам! Да не кршиш, зарем, мојот лаф. Јас тебе ќе правам еден добро како ти што служи мене четири години. Ти само гледај во мене… Ајде сега оди да кажиш на Ана да готвит една кокошка за вечера.
Катето стана, го зеде дизгот, филџанот и гезвето и отиде кај каданата.
Катето на спиење си одеше во кошарата кај мајка си Мита и татка си Стевана и им кажуваше секоја вечер што станало дента на кулата, а Стеван утрото тоа го пренесуваше на вигната на другите чифчии.
Оваа вечер имаше што да му каже Ката на Стевака, а Стеван уште сабајлето го пренесе тоа, и веќе утредента по разговорот сите Адемови чифчии знаеја дека Адам ќе го продаде чифлигот на некој си Јована од Прилеп, сосем нив.
На чифлигот од Адема, покрај Стевана, работеше и Трајко Кулиќов со брата си Кулета, сина си Толета и другите членови на семејството.
Кога се пренесе оваа вест во нивната кошара, Трајко ја кладе раката на слепоочницата и длабоко се замисли, па како за себе си промрмори:
„Ех, ех, ние сиромаси, сиромаси! Робови на Турците, тики, ете, робови и на нашите чорбаџии треба да бидеме. Било речено: робови сме се родиле — робови ќе умираме, нема шо. Од речениа не се куртулуа”.
Седнат на столчето спроти татка си, го слушаше со отворена уста син му Толе, деветнаесет годишно момче, со сиви очи, бело лице, руса коса а црни веѓи и мустачки штотуку му беа наудриле под орловиот нос. Буен и здрав, растен во природата, личен што не може да биде, премногу развиен за своите години, така што од него’бликаше здравје, сила и убавина. И кога Трајко заврши и длабоко издивна, Толе пламна како барут од жар:
—    Какви робови, бре татко? На кого ошче ќе робуаме? Малку ли сме робуале на Адема, па сега ќе не продава како добици и на нашите да не вјаваат? — стана од столчето на кое седеше и се исправи пред татка си со запалени образи од бујната крв што му навре во лицето.
—    Кроце, синко, полека. Полека зборувај да не му појде в уши на бегот. Таков ви бил к’сметот: робје сте се родиле — робје ќе умрете како ние и нашите дедовци, — му одговори тивко татко му со очигледна тага на душата што не може да ја измени судбината на своето потомство.
Толе зашета горедолу низ кошарчето и почна за себе да си зборува:
—    Така е! Робје сме се родиле, ама нема робје да умреме… Кој, сака, море, нека умира роб, ама јас немам ниет роб да бида до век! — па го крена гласот повисоко, обрнувајќи му се на татко си и стрика си Кулета: — И да знајте сите: јас нема да му стоа ни на вој пес, Адема, да ме продава како стока, ни на тој ајван, новиот наш бег, да ме купуа како стока. Mope, освестете се еднаш, бреј, оти сме луѓе, а не стока да не продаваат и купуваат виа пезевенци, бре! Леле, мајко ти мила, шо се праве ал со вакви заспани луѓе, бре! — Разгневено заврши Толе, сиот осинет од лутина. He го јадосуваа толку продавачите и купувачите, колку заспаноста на луѓето што живееја околу него.
—    He викај толку и седни да не си а земиме бељата сите да не исколе Адем, — почна да го смирува стрико му Куле, — та ти шо не ќе стоиш да те продаваат, тоа друг есап е. Помисли прво кај ќе одиш, шо ке работиш, шо ќе јадиш. И кај да одиш, секаде тоа ти е. Ќе робуаш ако сакаш да живеиш.
Така лут, Толе излезе од дома и отиде право во вигната од Стевана небарем палечник да потклепа, но причината беше сосема друга. Сакаше со своите уши да слушне од Стевановата уста дали навистина Ката зборувала дома за нивното продавање.
„Вистина било”, си повтори во себе кога го слушна Стевана со понос да раскажува што му кажало Катето сношти.
Го потклепа палечникот, и сам проговори некој и друг збор со Стевана и виде дека Стеван се гордее со своето Кате дека служи кај бегот и оти тој ја има таа „висока чест” прв да разбира што мисли бегот и што ќе прави.
Таа Стеванова гордост на Толета му беше најголема гадост. Тој го мразеше Адема со целата своја млада душа уште од своите петшест години, кога мајка му велеше дека Турците смрдат, дека тие се лоши луѓе, „пци што не лачкаат нас христијаните, што не тепаат секој ден и што ни го земаат житото, млекото, в’пата што ги печалиме ние”. А кога на Адемовата колиба во Валот, каде Толе со стрика му Кулета ги пасеше Адемовите овци, дојде арамијата Чанак капидан со своите другари — шест души одбор момчиња — и зеде два брава за да го подмами Адема да го фати и уцени, Толе во своите десет дванаесет години се зачуди од храброста на овие луѓе што не се плашат од Турците, и виде дека некој и со нив можел да се бори и да ги тепа. Тогаш арамбашата Чанак го погали неколку пати по бушавата коса и му рече јасно и гласно:
— Ајде, Толе, расти побргу, да пораснеш и да дојдеш со мене арамија, да го проплескаме заедно Адема ваш. Гледаш како живееме ние слободно? He се плашиме ни од Адема, ни од најлошиот Турчин, само да ни излезе пред пушка.
Толе уште тогаш со алчност ги погледа арамиите и нивните јатагани, кубури и пушки со кои овие се бранеа од Турците и со кои и колеа по некого што им паѓаше в раце да им одмаздат за многуте зулуми што им правеа на христијаните и сиромасите, како Адембег на неговите родители и нему. И оттогаш не преставаше да ја подгрева омразата кон Турците и мислата да се ослободи од нивните синџири.
И, ете, сега ги замрази не само Турците, туку и сите тие што се оближуваа околу нив, а најмногу Стевана и неговата ќерка Ката, што се потурчила. Катиното живеење на кулата Толе не можеше да си го објасни инаку освен дека се потурчила. А штом се потурчила сигурно и таа смрди како Адем и другите Турци. И затоа сега Толе го мразеше и Стевана, и Катето не помалку од Адема.
Избегнуваше да влегува во вигната и да се доближува до Стевана. А кога мораше, просто си ја затињаше устата со раката и ја вртеше главата настрана, па и така чувствуваше непријатна миризма. Се разбира, таа миризма идеше од потната кошула на Стевана, но Толе се гнасеше од него придавајќи му повеќе „турчовина”.
Ката, пак ниту сакаше да ја сретне, ниту можеше да ја трпи блиску до себе. На Велигден ја поврати причесната уште в црква оти таа му се издиши кога се заврте назад. Ката беше стоела зад него, та тој, откако си ја избриша муцката со поповата шамија, се заврте назад и се најде со лицето над нејзиното црно главче. Топлиот воздух од Катините гради и чувството дека таа живее кај бегот му го разбуричка и умот и стомакот и тој уште сред црква поврати.
„Море смрдење, мајката бреј! Бетер од Турчишчата!” — си помисли Толе кога си ги бришеше солзите од очите, кои беа му навреле при повраќањето.
Така Толе си создаде одвратност кон се она што беше турско или што се оближуваше околу нив. Најодвратна му беше Ката од Стевана ковачот и целото нејзино семејство. Одеше, работеше, живееше, но се без ќеиф, со тага, со болка на душата, со безгранична омраза и некаква потајна надеж дека ќе дојде време да излезе од оваа тешка своја положба.
Катето, пак, сосема други мисли имаше. Нејзе Адемага не и беше мил, но не и беше ни одвратен како на Толета. Таа се користеше од неговата благонаклоност, живееше кај него, јадеше, пиеше издебело — што се вели, а сосем малку работеше. Но не беше помината сосем на негова страна, не сакаше „да засмрди на турчовина”. Единствено од кое се плашеше беше тоа, да не побара Адем да ја потурчи. Но сега, кога тој и рече дека ќе гледа да ја омажи, да ја теслими на „некого од вашите” наполно се смири од тој страв и почна да си ги реди во умот сите ергенчиња од селото. И не случајно се најдена Велигден во црквата зад Толета. Таа беше го избрала него.
И колку среќна се осети кога се виде лице во лице со него! Колку пријатно се почувствува кога сркна по него причесна од истото лажиче! Тоа може да го почувствува само суштество од седумнаесет години кое тукушто се разбудува од детскиот сон.
„Ако ме праша пак бегот на кого да ме ; теслими, ич не му се мисла. Страм — не страм ќе му реча: на него на Толета Кулиќево” си јe во себе кога се бришеше и таа со она ново шамивче и гледаше да ги допре напрчени устенца баш на она место тој ги допре малку пред неа неговите. He малку се сневесели, дури и натажи, кога го виде Толета да повраќа.
„Боже, што му се стори? Дали не се изгнаси од здивот мој” — инстиктивно ги осети неговите мисли и си излезе низ малата црквена вратничка, та застана да го дочека да излезе и тој. Пред вратата му се опули потскришум, но Толе ја заврте главата на другата страна и Ката си отиде невесела.
Велигденот помина и таа забележи дека сите три дни Толе ја избегнуваше. He само што не ја задена како другите девојчиња, ами просто не ја ни погледна. А на нејзините погледи, тој ги свесуваше веѓите и ја вртеше главата на друга страна.
„Може некоа друга си сака човекот?” си мислеше Ката, а надешта и беше во Адемага.
„Ако рече бегот, што ќе праве тој мрсолко?” — со право се тешеше таа и го чекаше денот кога пак ќе ја праша Адем.
И не помина долго време. Адем имаше обичај почесто да си се напива и тогаш си правеше разговор со Катето. А што ќе намислеше Адем пијан, гледаше трезен да го направи. Така и мислата да го удоми Катето назреваше и требаше да се исполни. Затоа по некоја недела од Велигден Катето го слушаше Адема:
—    Е, кажи Катенце, кажи пиленце, кој ергенче бендиса по орото на Велигден?
Таа пак поцрвене, но веднаш одговори:
—    Mope, кое, бег. Јас тоа што го бендиса, дали оно мене ќе ме бендиса? He е работата само јас да го бендисам, ами сака обата да се бендисаме. Ќе ме земе ли тоа јас што го бендисуам? — И Катето со тага, чувствувајќи дека таа работа не зависи само од неа и од бегот, не креваше поглед.
—    Кој не ќе земит тебе, бре Кате? Кој тој пезевенк што ќе кршит мене лафот, а? Кажи, жими вера, довечера ќе обесам тука на крушата пред кулата, — остро рече Адем.
—    Е, море, да не дојде работата со бесење и со зорт, та така, ај, ме зел, ај не ме зел. Токо, белки не ќе ти го кршат тебе лафот нашите. Ете, ако ме прашаш мене… (уште повеќе зацрвене, градите почнаа да и се шират и почесто да ќ се движат). Јас врли око на Кулиќевото дете — Толето, — го изговори името, му се искуба од рацете на Адема и избега низ врата.
Адем остана малку замајан, но се прибра, се насмевна и плусна со рацете, што беше знак да влезе прислугата, во овој случај пак Катето.
Тоа влезе како ништо да не било и застана до вратата со „бујрум бег”. (Адем го беше научил како да го ословува кога ќе влезе).
— Демек така, а? Толето од Трајка Кулиќев? Убав, машала, убав момче си одбрала. Нека е аирлија. Ќе правам и тој добро тебе, та после колни Адема ага ако сакаш. Ајде, иди, правите со Ана еден кафе.
Катето излезе со светнато лице. Зборовите од Адема му ја затресоа целата снага и веќе се гледаше невеста крај убавото Толе Кулиќево. He можеше да го дочека гезвето да зоврие за да му го однесе кафето на Адема. My ги избакна рацете и му благодари за големиот подарок кој утринава и го вети.
Адем се разнежи, та дури за прв пат и тој го избакна црното Кате.

<hrdata-mce-alt=”2″ class=”system-pagebreak” title=”Толе Паша Том 1 – 2″ />

 

2.

Летото помина, седбата се собра. Адем ги наполни амбарите со одлична крушевичка ‘рж; царевките родија не полошо од ‘ржите и јачмењето. Напастрми пет шест чукани брави, една две јалови крави и го прати Трајка Кулиќев со семејството во Горно Радобил да го бере лозјето. Адем имаше големо лозје и во Радобил.        
Се разбира, со татка му Трајка и стрика му Кулета отиде и Толе во Радобил. Тука се поиздиши од стегите на крушевичкиот господар, но се запозна со тие од Белимана од Беловодица и неговиот комшија Чучук Сулиман од Царевиќ. За првпат ја слушна историјата на овој сиромашки изедник и се воодушеви со храброста на Катил Ѓорѓи и Спиро Црне, кои го отепаа Сулимана во Србиново на чешмата Виорино.
За првпат крена рака на Турчин.
На едно псуење од Муарема, кога Адем го испрати да ја надгледува работата во лозјето, Толе го грабна за врат и го налегна во трнките од оградата, та му удри две три клоци во ребрата со не помалку псовки од неговите. Се загнаа татко му и стрико му и го откинаа Муарема со многу извинувања „да не фаќа кусур на детето”, бидејќи е лудо и аџамија, не знае што прави.
Толе ја зарежа работата во лозјето и цела недела скита одваму — дотаму по Радобилските ридишта и трла, но се врати со неговите пак во Крушевица наострен како арнаутски јатаган.
Адемага ги наполни и бочвите со вино; каците со маст веќе беа полни од летоска; донесе од Прилеп и еден товар шеќер; го свари и комињето од белото вино и така се приготви да ја чека зимата и ужива во кулата крај неговите три ануми и црното Кате.
Ho даде збор Катето да го удоми дури не го продал чифлигот. А Јован Пантовски не се врати веќе. Изгледа го одложија купувањето со браќа му за идната пролет.
Една зимна вечер, кога снегот ги беше покрил кошарите каде што ги затвораше своите двоноги животни — чифчиите, Адем го наметна својот курк, го зеде бастунот и отиде кај Кулиќевци.
Браќата Трајко и Куле штотуку се беа прибрале од авурите каде ги наполнија јаслите слама за воловите и сакаа да се разгреат и повечераат, кога некој тропна на малата вратничка. Песот бувна и се исправи на задни нозе, но почна да ја врти опашката. Го позна гласот од Адема, кој многу полагаше на лоши пци (како секој Турчин) и многупати кога идеше да проверува дали се станати чифчиите за да ги брка на работа, носеше леб и коски од вечера ручек, та им фрлаше на сите пци. Затоа тие сите го познаваа.
„Кој ли ќе биде сега?”— се запраша Трајко и стана да отвори, карајќи го песот.
—    Кој тропа? — викна тој однатре и зачека одговор.
—    Отвори, бре ќерата, — се слушна остриот глас на Адема. — Јас сум бегот, кој ќе тропат друг!
Трајко се затресе и се опули кон огништето и тивко им рече на домашните:
—    Бегот, деца, бегот тропа. Суредете a тавата! — а кон Адема:
—    Сега, бег, сега, да се поспастрат децата.
Кулевица беше насекла сланина, што беа и ја донесле комшивките, да ја запржи за вечера и беше ја симнала тавата од гредата. За нивна среќа Адем дојде рано во муграта, та тавата не беше кладена на оган и куќата „не смрдеше на домус”. Ако беше ги затекол да печат сланина, никоја матна не ги носеше. Турците не трпеа чифчиите во нивно присуство да готват или јадат свинско, затоа и не им позволуваа да хранат свињи.
Бегот постоја малку на вратата. Кулевица ја скри тавата и Трајко отвори. Бегот се вудвои, се наведе и одвај влезе на ниското вратниче. Го фати чадот од огнот, очите му просолзија и се закашла, но се направи сега љубезен. Иде по нарочна работа.
—    Добра вечер, бре синко, што правите, што чините? — ги поздрави Адем сите домашни кои стоеја на нозе и се тресеа.
—    Дал ти бог добро, бег, — одговорија во еден глас Куле и Трајко и Куле му го подаде столчето.
—    Повели, бег, повели, седни, добре дошол. Каде вака се измачи ти вечерва да не видиш?
My направи здравоживо и Трајко, а бегот седна и се загреа на пламенот.
—    Ете, дојдов да видам што правит мојот раја, мојот работници. Како сте вие, што правите, растат ли деците? — праша Адем и извади од џебот на ќуркот една рака правени шеќери та ги викна децата да ги залажува.
—    Земете, бре, шејтани, земете. На… Ела бре и ти едепц’з да го давам и тебе некој шеќер да се облажиш или да залажиш некој чупа, — му се обрна Адем и на Толета, кој застана крај ноќвите во ќошот и претчувствуваше голема бура.
—    Mope тој не е дете, бег шо ќе го залажуваш, — се јави мајка му место него и го зеде шеќерот од бегот, знаејќи дека Толе нема да посегне со своја рака да го земе.
—    Ете, ние сакаме да го жениме веќе, a ти сакаш да го залажуваш како дете, — се насмеа таа и му ги даде шеќерчињата на другите деца.
—    А, така де, така. Ќе жениме Толето, ами как! Ете еден невеста повеќе во нашиот чифлиг — му се направи ќефот на Адема оти Трајковица сама го донесе разговорот за кој самиот тој дојде.
—    Е, како, како! Имате брашно, леб, сол, пипер? — праша Адем.
—    Дал господ, бег, дал господ. При твоата живот белки не умираме за леб — одговори Куле и зачека да се слушне зошто е дојден бегот вечерва.
—    Е, има ли брашно за свадба, што велит Трајковица? Ами ракија? Вино? Пари? Свадба не се правит така лесно, та веќе чупи дал господ, ќе најдеме. Ем, жими вера, ќе оставите мене, јас да изберам еден чупа за Толета. Ќе земеме, зерем најбашта од селото. Што велиш, ти бре ќопек? Ќе бакниш рака на бегот, а?
—    Mope, ќешки нека дојде до бакнување рака, бег, та истеристемес ќе бакне. Ред го носи. Токо, кој ќе ни даде нам чупа. Не гледаш? Сиромаси сме, кај ќе најдеме пари, та за брашно, вино, ракиа, ти нека си жив. Ќе заборчуаме, ќе работиме — ќе се плаќаме ако сме живи. Ете го те. Нека слуша. Доведи му ти невеста, нека работат обата како ние шо му работиме на бабајка ти и тебе и ќе се одборчат — рече Трајковица сета среќна дека бегот се заинтересувал нејзиното Толе да го удоми.
—    Што велиш ти, бре калпазан?… А! молчиш, а? Сакаш најубавиот чупа, ама дали ќе дават татко и мајка, a? He бери гајле. Тука Адемага. Кој ќе крши мене лафот.
Толе врие од возбуда, но уште си ја нема слушнато пресудата. Осеќава дека тој ќе биде вечерва на ударот од тупаницата на Адема, но не знае зошто. Да е за она што го изгази Муарема во Радобил, одамна беше тоа. Затоа зачека, а Адем продолжи:
—    Е, жими вера, јас дојдов да видам вас, ама нели намнисавте за овој работа, еве да кажам пред сите оти ќе правам тој себап. Самиот јас ќе го одам сводник, ама сакам чевли од зетот. Ќе купиш ли, бре ешек? Ем, не туку чевли да бидат на бројот беговски сакам, — и пак се насмеа, обрнувајќи му се на Толета при последните зборови.
—    Ќе даде госпот, бег, ќе даде. И чели, и пиење и јадеше. Само ти направи работа, та се ќе даде господ — одговори наместо Толе мајка му.
—    Е, така! Јас наумив да правам еден себап на вашиот куќа и ќе правам. За пари да не жалате. Леб, вино, ракија — ја амбарите, ја бочвите. Од мене пијалокот и лебот, само парите ќе враќате кога ќе можите. Ама ќе слушате мене сите.
—    Шо е тоа лаф не слушање, бег! — со најголема понизност одговори Трајко и зачека што ќе рече понатаму бегот.
—    Е, така. Ќе земиме чупето од Стевана ковачот… Катето, бре ешек, Катето што служит мене! Гледаш каков чес го прамав јас на вашиот куќа? Јас ќе кандисам и Стевана, и него, и мајка му. Што велите вие, а? — запраша Адем доволен дека работата благополучно ја сврши.
—    Е, е, е! господ здравје да ти даде, бег, и срце што ти сака, ако го направиш тоа добро! — и се испушти на Трајковица од грлото и само што не го прегрна „добротворот” Адема да го избакне.
За неа и за сите чифчии беше голема чест да влезе во нивна куќа бегова посестрима. Та таа куќа веќе нема да види сиромаштија! Прво: снаата ќе донесе безброј бакшиши што и накупувал бегот дури била кај него; ќе ги донесе парите што и ги давал при секое пијанство кога го служила и кога ја погалувал; ќе донесе руба направена од него, а уште повеќе: бегот си останува и понатаму нејзин побратим. Може ќе ја задржи пак на кулата и ќе си ја дарува уште повеќе отколку порано. Но иако не ја задржи, тој ќе си ја прави „честа” и ќе ја укрилува и неа, и сите домашни. Од тоа поарно каде?
На сите им светнаа лицата; сите истурија по еден кош благослови на Адемова адреса; тој пак почна да ги реди децата со шеќери, а за старите извади од другиот џеб на ќуркот едно оканиче ракија и и го подаде на Трајковица:
— На, земи, свекрво, овој шишето и тури по еден ракија за аирлија!
Се напија и го благословија саатот во којшто му текнало на Адема да го намисли овој себап на нивната куќа.
Толета ниту го поканија со ракија, ниту го прашаа за решението, освен Адем, на шега, што му ги потфрли зборовите: ќопек, ешек, едепц’з и слично.
Стана Адем од столчето и рече: „седете со здравје”, та си излезе овојпат низ големата врата, испратен од Трајка и Кулета до самата негова кула.
Само Толе, откако влезе Адем, па додека да излезе, збор од уста не проговори. Уште кога татко му рече дека бегот тропа, тој се наежи, но присуството на сите домашни, особено на мајка му, го закова во ќошот до ноќвите и само стоеше и слушаше што ќе сака сега овој „пес” во невреме кај нив. И, само да беше почнал Адем со турското „анасениаврадини” и со камшикот по очи, по глава како што имаше обичај секој Турчин, Толе беше готов да му се фрли и да му ги исчепка очите.
Кога стана разговорот за женење, Толета го пријаде јасникот и почна да ги реди во умот сите девојчиња од селото и да нагаѓа која ли сака да му ја наметне бегот за да може после, како своја робинка, да ја приберена кулата. На Катето од Стевана Толе не се задржа, бидејќи тоа веќе беше во бегови раце, та немаше нужда бегот да бара начини да го втерува во неговата мрежа.
Но се виде дека бегот сака да си го осигура неговото Кате и предложи да му го наметне на Толета баш него.
Кога Адем го изрече името на Ката, Толе се заниша од возбуда и се задржа за ноќвите да не падне. Сакаше да викне, да го грабне тој „пезевенк” за врат и тука на столчето да му ја извади душата; да им викне барем на мајка си и татко си дека нема тоа да стане, но толку беше возбуден, така што немаше ни ум во главата ни сила во снагата, ни воздух во градите ни да мрдне, ни да проговори. Само се тресеше како прат; забите ги стискаше, но вилиците му се тресеа. Сите жили и дамари по снагата му играеја. Во ваква положба остана се додека Адем не излезе.
Но штом ја напушти Адем кошарата, Толе си дојде на себе и и се фрли на мајка си крај огништето:
—    Шо сака од мене тој пес, мори стара вапирко, а? Шо рече тој, а шо му одговори ти, орман да ватите, да не се вратате вие стари ердули со татка, турцки кодоши? Кажуј, оти сега душата со нокти ќе ти а извада! — и се овргали и ја фати за врат, тресејќи ја колку што може и не може.
Таа почна да плаче на глас. Се распиштеа и децата, а стрина му Кулевица и притрча во помош:
—    Чуј, слепелнику ослепел, шо ќе направиш, мајка ти ќе си а удавиш! Да е видел господ син мајка да удави, дали се чуло и видело некаде! — писнаа и двете жени и одвај се искуба мајка му од неговите раце.
Пискотниците на жените ги слушнаа Трајко и Куле, кои се вратија од испраќањето и се загнаа да видат што се направи дома во кошарчето. Кога влегоа — имаше што да видат. Сите стоеја на нозе и плачеа, само Толе викаше и тропаше. со нозете.
—    He може тоа да биде! Јас турцка роспиа и посестрима не зимам па угу таа и јас да останиме на овој свет. He прибирам јас жена крај мене шо била со години бегова роспиа, тоа да го знајте и мајка, и татко, и секој кој сака да знае. За бадиала ви е муабетот, за бадиала сете благословии. He се страмите, страм да ве јаде! Место да се гнасите, бестрамници ниедни,’ вие се гордеите. Кој сака нека а зима, за кого’ сака. Јас кабул не а чина ни на вој век ни на тој! — заврши Толе лутито и сакаше да излезе, да избега од оваа срамна ропска куќа, но вратите веќе беа фатени — големата од татка му, малата од стрика му.
—    Каде, бре синдрак, каде ќе кршиш глава? — го дочека татко му на големата врата како и стрико му на малата.
—    Седни, седни тамо, смири се! Шо си се разврескал како будала? Кој те праша тебе, кој ти се плаши? — почна да вика сега татко му и со сила го наседна на столчето баш на кое седеше Адем.
Самата мисла дека на ова столче седеше Адем, Толета уште повеќе го разлути и почна да подрипнува од него, небарем на магарешки трње седна. Од клетини почна да плаче.
—    Mope, мајчето негово јас, кога ќе a зема таа кучка шо го лижеше него четири години и шо ќе го лиже и после, токо чекај!
—    Ќути да не се врате да чуе па да не запале овде сете да изгореме, како глувци!
—    вели стрико му Куле и почна да го советува да не си го брка касметот што му го навеал господ, благодарејќи на милоста од бегот.
—    Видиш, внучко? — му велеше Куле
—    кај сакаш поарен господар од нашиот. Ќе ти доведе невеста; ќе ти даде леб, вино, ракиа, та дури и пари за свадбата. Кој е тој будала од нашите шо ќе се одрече од ваков себап, а? Ене и не, каде одат по триесет години ергени и не можат да се проженаат, а тебе господ ти навева среќа: ошче на деветнаесетте да бидиш домаќин. Шо ќе биде силум — нека биде милум. А и чупалето не е некое чурук! He гледаш? Како киска е накистено, младо, па не и ни некое грдомасно. Малку црногалесто е, токо и грозјето е црно, ама е слатко. Така и ти, ќе си се удомиш навреме, ќе си собериш куќа, покуќнина и ќе си се сториш домаќин еден ден кога ние со татка ти и мајкати: ќв си одиме кај дедовците и бабите. Така се тиа работи. Ако не а земиш ти, тој ќе и најде поарно место, токо ние родителите добро ти мислиме, та му дадоме збор — заврши Куле со советувањето.
—    Краста, стрико, краста господ да ви даде и орлови нокти да се чешате и во гробот кај шо ќе легнете! Вие дадовте збор да ме закопате мене, да ме поцрните, дури су жив да ви и к’на коските кај шо ќе легните и да ви го уривам гробот. А, бре, немате ли троа машчина да покажете некаде, бре, ами угу лежите, слепи да легните и улугави, бре! Зошчо и носите тиа гаќите, бре, кога давате за се да ве вјаваат виа пци беговите, бре!?
Ајде, земјата е нивна; на неа работите, ќе го слушате и ќе му и п’ните амбарите и каците, ами и за вакви ли работи требало да му лежите! — и пак му бликнаа очите солзи.
—    He плачи, сину, не плачи. Гледаш? Бегот тебе сака да ми те удоми. Оти не му a дава на некој друг, токо тебе. Тебе ми те милуа. Оти ми плачиш? — почна да го теши и мајка му и да го гали по русата бујна коса, плачејќи заедно со него.
Толе уште повеќе се натажи:
—    Платно, мајче, платно на очите да ми ти стое и тебе, и на виа двајцата стари робови. За вас ми е жал, та за мене, кога да е јас ќе п’на некој ендек. А колку за некое зимање — ич да не се лажите, ич да не се страмите. А за со сила… де бакулум, — искажа Толе и отиде да си легне без да дочека да се испече сланината и да вечера.
„Нека го, нека! Нека мртка. Ќе си легне на брашното” — мислеа старите таа вечер.

<hrdata-mce-alt=”3″ class=”system-pagebreak” title=”Толе Паша – Том 1 – 3″ />

 

3.

Толе преку зимата немаше што да работи. Воловите, коњите, говедата што ги гледаа Кулиќевци, ги хранеа и поеја старите Трајко и Куле, а на Толета му дадоа поле „да ја испасе пашито зимата” за да го наоглават на пролет со Катиното огламниче.
И така стана. Адем пак дојде пред Велигден кај Кулиќевци да го утврди денот на свадбата, и кога слушна од старите дека детето непара го бендисало девојчето, страшно се налути, та го прати Муарема да му го дотера Толета на кулата.
—    He а зимам, бег, угу таа и јас да останеме во дуњата — проговори отсечно Толе, што Адема уште повеќе го наостри.
— А, така, значит, а?. Ти газиш мојот лаф, пезевенк еден! Ќе видиме ќе земиш или не! — и го затвори токму на Благовец во една од визбите на кулата, го протепа неколку пати и им нареди на Трајка и Кулета да се спремаат одма по Велигден за свадба.
Невестата се натокми како невеста и дури тогаш зетот го изведоа од кулата и го втера Муарем во кералчето на Кулиќевци, каде дојде поп Ристе и го заврте околу бурилото.
Co арно — со лошо, Ката Стеванова стана Толевица! Толе мртка, кршка, виде дека Адем не ја вика Ката на кулата, та остана некоја недела и друга со неа.
За работа на чифлигот не мислеше, па ниту го тераа домашните. Земаше во торбата леб и по цели недели не се враќаше.
Татко и мајка кренаа раце од него. И кога мислеа дека не се враќа веќе, тој тропнуваше на малата вратничка и ги изненадуваше за да ги напушти пак по некој ден и друг. He знаеја каде оди, што работи, што јаде, што пие. Главно се враќаше здрав и жив. Се помири со некој месец и друг со Ката, но само да го задоволи својот нагон и да ја протепа за нејзиното минато и пак да ја остави за извесно време.
Ката го трати бегот и не стапна веќе во кулата, а и самиот тој не докондисуваше толку толку, гледајќи да го прибере некако Толета, од кого почна и да се плаши.’
По година и половина Ката доби машко дете и го крстија Трајко на свекорот, а во третата година доби и друго, кое го крстија Велјан.
Таа година Толе не си дојде цели три месеци ни да го види новиот син, кој наполно личеше на него. Беше тргнал веќе по „лоши патишта”.
Шетајќи по панаѓурите низ Мариовските села, уште во првата година од женењето, на Спасовден, се запозна во Полчишта со Јована Мачникот и овој го прибра кај себе за да го научи на неговиот занает.
Јован беше обичен крадач — разбивач на визби, од каде дигаше се што ќе може да понесе. Алишта, маст, сирење, а особено лари и женски накити од сребро и злато.
Бидејќи турските посестрими имаа бонлук накити, Јован и Толе и влегоа една ноќ на Велика Рошкова во Полчишта, посестримата на Селимбег од Прилеп, и и го дигнаа сиот накит, та можеа да проживеат цела година од парите што ги зедоа за него.
Понатака ја разгранија работата и во друг правец…
Една ноќ загинаа од крушевичките ливади три маски и два коња од Ќемалбег и поштук не им се најде.
Тука — во Полчишта — Толе се зближи со Трајка Брлета и со една — две лири пари си направи конак за да не паѓа в очи на власта кога ќе се враќа кај Јована.
Трајко си беше пристар и тевеќелен човек и не подозираше никакво сомнение во Толевото често навраќање. Толе пак, да се оправда и пред Трајка, и пред власта, се фати свети Јован со убавичката му женичка Митра, која исто насила му беше дадена на Трајка од нејзините роднини, бидејќи беше останата сирачиште уште од трите години, та уште на седумнаесетте му ја дадоа на стариот ерген Брлета за пет лири пари и десет овци да му ја отворат куќичката. Co неа Толе почна да си го реди животецот по својот ќеф.
Честите посети го зближија со оваа „изгорена женичка” и една вечер, кога Трајко не беше дома (а Трајко често беше на колибата при стоката) Толе и Митра се најдоа во една постела!
—    Mope ми, лели пусти свети Јовани беме, Толе, дали не му грешиме на господ ноќеска, — небарем се покаја Миша кога се осамна утрото и кога се виде дека лежи на Толевата десна рака.
—    Нека го, нека, нека си а гледа господ неговата краста, немој нам да не гледа. Ете, те, и тој си и гласи работите како нему шо му чини, а не како нам. He гледаш оти и он тргнал со батакчиите и ене го, не, токо врла надвор пласти снег без да гледа оти сиромасите мрзнеат — ја тешеше Толе Митра и ја галеше по русата коса.
Толе, бегајќи од црното Кате, фрли мерак во руса бела жена и токму ја најде руса Митра во Полчишта, та така си создаде пријатен и слободен животец кај неа и скоро си се пресели во Полчишта.
Кога не беше во Полчишта, беше во Крушевица; кога не беше во Крушевица — беше во Полчишта. Така барем кажуваа „домашните” од двете негови семејства. А кај одеше Толе ноќе, и со недели, тоа тој и Мачникот знаеја.
Co овој свој план Толе веќе му се слизна од рацете на Адема, и како што се колнеше пред татка си и стрика си, дека тој не мисли довек да биде роб, ете го, веќе го фрли јаремот на ропството и летнаа како сокол во слободен простор. И наместо кривото рало, српот, косата и вилата, Толе го фати арамискиот занает. Но, одеше, седеше, лежеше, работеше, мислата му беше во Крушевица каде останаа татко му, мајка му и двата сина. Најмногу го мачеше мислата дека децата ќе останат вечно да робуваат.
„Не, не! Нема да и остава да робуваат. Нека подраснат троа и ќе си и зема со мене, — си велеше во умот.
Некогаш на замин, по „добар лов” и потфрлаше на мајка му по некоја и друга лира да ја ублажи сиромаштијата и да не го избришат од нивните тевтери, да има лице да се прицне некогаш кога ќе го подгонат полјаците, заптиите и фариите од Полчишта.
Главниот пак доход го носеше, оставаше (а кога му требаше земаше) кај Митра во Полчишта кај која наоѓаше се она што, му требаше.
На прво место Митра му се бендиса како жена. Спротивно на испупчените усти и заби на Ката, Митра имаше усти како кутивче полно со два реда прави, бели бисерни заби. Спротивно на шишкавата Катина става, дебелите а куси раце и нозе, Митра беше танка и висока, изведита и права како пушка, со долги раце и нозе. А најважното беше тоа што Митра не беше турска посестрима, та Толе не се гнасеше од неа. Таа и таква Митра му се бендиса на Толета.
А за да биде сосема приврзан за неа, Митра ја излеваше сета своја женска нежност и му го правеше животот пријатен, толку повеќе што и таа не го сакаше својот стар маж Трајка.
Покрај сето ова Митра му направи сигурно убежиште и влезе во неговите работи со Мачникот. Таа ја искалаузи Велика Рошкова, од чии накити и оставија добар дел нејзе, а и парите што ги доби Толе скоро две трети ги остави кај неа. По тој начин Митра стана составен дел од Толевиот живот.
Омразата кон беговите во Крушевица и другите чифлизи, каде што робуваше неговото семејство, се разгоре во неговата бунтовничка душа. Тој реши да одмаздува за сето тоа ропство и си постави задача да тепa бегови, да пљачка нивни имоти и ете го: најде соработници во Мачникот и Митра.
—    Демек така, Јоване, а? Јас ќе шеткам одонаде река, ќе терам ваки стока, ти ќе a преземаш понатака. Ама напред да ни е зборот: Шо ќе даде господ — наполу — му велеше Толе на Мачникот кога го правеа „договорот” за ортаклак. — И кога јас не су тука, може ќе падна негде и в раце, мојот дел овде, на Митра ќе и го даваш.
—    Добро, Толе, добро. Ич безгајле биди од таа страна — му одговараше Јован и се колнеше во арамиската чест дека ќе биде чесен при делењето на пљачката.
И навистина, по тој однос не дојде до никаква поречканица меѓу арамиите Јована и Толета. Опљачканото меѓу нив се делеше по пат на најтанката справедливост.
Толе направи неколку кражби по левиот брег на Црна сам. Ги чекаше неколкупати Адема, Ќемала, Селима, Гола Сабја, некој од Демовци, но не му паднаа наколај да проплеска некого и се задоволи само со нивните коњи и маски. Ги претера и му ги предаде на Јована, а овој по својот канал, ги наврте долу Сабоцко, Ливадица, та некои продаде во Воден и Солун и половината пари му ги даде на Толета или Митра, кога Толе не беше во Полчишта.
Тоа лето, со другите добици, загина и коњот — биникот на Ќемалбег. Ќемал се налути страшно и почна да го бара арамијата.
Се разбира, Толевото отсуство му падна в очи и тој, како другите оштетени, ја наврте истрагата на таа страна.
Ги стегнаа татка му и стрика му на Толета, но тие ништо не можеа да кажат, бидејќи ништо и не знаеја. Ги протепа Адем неколкупати и им даде тродупли работи на чифлигот.
Се послужи и со некогашното негово црно Кате, но и тоа, од едно плачење друго не знаеше да каже. My расправи на Адема, дека Толе секое идење и удира по сто оки ќотек, а кај оди, што работи, ништо нејзе не и кажува ниту пак и остава нешто за децата, та веќе налет за неа.
На Адем му се нажали за Катето и пишман се стори што му го натрапи со сила на овој едепц’з, ама сега беше доцна да може да ја исправи таа грешка. Го утеши и го пушти да си оди дома, да слуша свекор и свекрва и да му жугне, макар по мува, кога ќе си дојде тој арамија.
Првото лето Толе го помина со неколку кражби и зеде некоја пара за зимовиште.
Се советува со Јована и Митра каде да ја помине зимата, бидејќи разбра оти Адемовци и Ќемаловци му идат по дирата.
Да остане кај Митра, треба да ја преспие целата зима, во јамата скриен. А Толе токму тоа ич не го сакаше. Да оди, да лута, да чека, да тепа, да пљачка народни зулумџии? За тоа тој го напушти своето семејство, а не да седи некаде во темница и во бездејство.
— Ќе барам некоа работа негде зимоска на друга страна; ќе ода во Маданот, ќе поработа тамо, белки ќе а залича дирата од ниа пци. Им рече на своите ортаци; се прости за подолго време, со ветување дека во првите дни на пролетта, ќе се јави кај нив. И тргна право на исток.

<hrdata-mce-alt=”4″ class=”system-pagebreak” title=”Толе Паша – Том 1 – 4″ />

 

4.

Во урвините под Железна Врата и Пуловец се насобрал народ од сите краишта на Европа.
Султанот и го продаде стариот златен рудник во Рожден на италофранцуската компанија Алатини и Шарио за сто години и тие го прекрстија местото од Маданот во Ал-Шари. Тука, во тој Ал-Шари, дојде Толе една есенска вечер и цела ноќ се преврќа и ги кокори очите под еден бор.
Тој досега не беше видел толку луѓе на едно место, не беше слушнал толку гласови одеднаш, не беше спал ни една ноќ во таква ѓурунтија и викотница како ноќеска, та затоа не можеше да предреме ни во зората, ами стана и појде на долчето, та се изми образ и се поосвежи од мамурлукот.
Во долината се беше мирно пред зората. Само гората пееше некаква монотона песна која на Толета му личеше на тажна тажба од илјадници ожалостени мајки и сестри што ги оплакуваат своите несреќни рожби и браќа.
„Види види, најстина гората тажи! Кого ли го оплакуат боровите, елите и буките? Се праша Толе сам и се загледа во гранките на стогодишниот бор крај долчето. Есенската слана беше ја оседела неговата „брада” и тој изгледаше како достоинствен старец кој се приготвува подолго да се одмори.
Во тој момент затропа силно некакво клепало. Толе се заврте натаму од каде идеше гласот и се зачуди.
„Мајката! И во ваа пустелиа имало црква!” — и ако не беше се скарал со господ заради Миша, сакаше да крене рака, да се прекрсти; разгледа по околината да ја види црквата, но се излага. Клепалото биеше, не од камбанарија, ами од врвот на еден искастрен бор.
На првите звуци од клепалото долината оживе. Од сите бараки и земјанки почнаа да излегуваат луѓе. На Толета му стана јасно дека клепалото не ги вика побожните христијани да се молат, ами Челебијата ги скорива своите работници да станат што порано за да му извадат на Ал-Шариовци што повеќе злато од тунелите.
И ене ги двоножните кртици, што ја ријат земјата по цената на своите животи; излегоа од своите дупки и се назагнаа на долчето да се расонат што побргу, и да влезат да и ја буричкаат утробата на земјата.
Пред конакот од Челебијата веќе стоеше Ѓузепо, главниот надзирател — башчаушот, уште со двајца свои помошници и разговараше со гавазите дебрани што го чуваа овој Ал-Шариовски велики везир. Лицето на Ѓузепо му беше црвено како да боледува од црвен ветер, носот како мегленска пиперка. Ѓузепе носеше бакенбарди и долги мустаци и кратко потстрижена коса, а природата беше го нагрдила и со црвена коса, и целата глава изгледаше како црвена маска на велики поклади. Само сивите очи и белите заби делеа во бојата.
Беше висок и развиен повеќе од обично, така што другите околу него изгледаа како деца околу возрастен човек. Беше облечен по европејски: во тесни пантолони, со високи чизми и кожено кусо палто, препашано со ремен. На плеќите носеше нарамена раница од телешка кожа, во рацете дебел боров бастун — тукашно производство, дури и недокастрен, со неколку чатали. Во устата, за разлика од Челебиовиот килибар, држеше голем чибук од истиот материјал од кој беше и бастунот и ја чуреше запнатата на него цигара.
Неговите помагачи личеа нешто на него, но по се изгледаа подолни и поскромни. Но затоа тие беа повеќе товарени на грбовите, а плус Ѓузеповиот товар, секој од нив држеше в раце по еден балон од десетина литри. Во нив надзорниците ја носеа силата и куражот што им помагаа да се расправаат преку ден со работниците.
Така спремнати чекаа под конакот да се јави Челебијата, да му се поклонат и да добијат по една насмевка како секое утро.
Едниот гаваз разговараше со Ѓузепо, a другиот се шеткаше под полно оружје. Мартинките на двајцата светеа на утрешното сонце кое тукушто се пробиваше преку гранките на борјето и ја гонеше седата покривка од нивните „коси”.
Преку нивните гради мируваа наредените фишеци во коланите, јатаганите висеа на колковите, а широките флоки и долгите пискули на фесовите се вееја на утринското ветерче.
На балконот од конакот се појави пристар човек во шарена ноќна облека и навистина му се насмеа на Гузепа и другарите, по кое испушти едно „Вuonа mattina, buona mattina signori”.
Залепено до неговите образи, стоеше младо, бело женско лице, со бушава руса коса, кое заедно со Челебијата и се насмевна на групата слуги.
Тоа беше посестримата на Челебијата, Неда, тукашно девојче — од Рожден — кое овој христијански — италијански бег си го прибра на конакот да му се „најде” како Адембег во Крушевица Катето, со таа разлика, што ова робинче Челебијата го удостои и со едно машко детенце, кое Ѓузепе го крсти Христаќи.
На италијански јазик Челебијата поправи разговор со слугите и си влезе со Нешето да си ја продолжи својата утрина работа, да се погали стариот со младото росно робинче.
Толе сето ова го глодаше од меѓата над конакот и ништо не му беше чудно. Тој веќе го знаеше текот на животот и имаше јасна претстава за сите појави и настани.
Од меѓата го виде бегот — Челебија што се вика овде — ги виде гавазите и надзирателите. Се му се виде слично како на сите беговски кули. Ѓузепе и другарите со поклонија длабоко на последната Челебијева насмевка, и кога тој се изгуби од балконот, тие тргнаа надолу до пред крчмата и си нарачаа по една ока црно тиквешко вино, за да не ги отпразнуваат своите балони.
За неполн саат удри и второто клепало.
Разштрканиот народ се собра на купчиња и Ѓузепо се раздели од другарите, та тргнаа секој со својата група.
Машките се изгубија во дупките на мелот, жените и децата влегоа во големата барака. Првите ја вадеа рудата од тунелите, а жените, и децата од дванаесет годишна возраст со чеканчиња ја чистеа во бараката.
Зовреа чеканите во тунелите, чеканчињата во бараката, а веќе и фабричните камења затрескаа еден во друг да го сомелат племенитиот метал заради кој во оваа пустелија беше дошле европските лакомци и ја собрале сиромаштијата од разните краишта на Македонија.
Населбата се испразни. Остана само Челебијата со Нешка на конакот, гавазите пред неговата врата, крчмарите пред крчмата и писарите со магационерот во една одделна камена зграда.
Толе слезе од високата меѓа и отиде право во крчмата. Нарача едно дваесетипет драмниче тиквешка ракија; виде оти се продава и јадење, та си поруча една солунска сардела и се напи полока винце. Си купи и една ока круши од некои мелничани што ги носеа своите производи да си ги продаваат на овие доброволни маченици во Ал-Шари.
Се распраша кој прима на работа во рудникот и доби упатство, та отиде во камената зграда.
Таму му рекоа да го дочека башчаушот Ѓузепе, кој на ручек ќе се врати од работа.
По описот на ликот Толе разбра дека тој ќе биде оној што го гледаше утринава пред кулата. Добро ги запомни неговите црти. Толе се врати пред крчмичката да го чека.
Во дванаесет саатот пак удри клепалото и за час зовре долината. Од сите дупки излегуваа со трчанка луѓе со жолти сурати, небарем златото се залепило по нивните образи, а во самите дупки почнаа да се слушаат подземни татнежи. Тоа беа експлозиите од барутот запален при излегувањето. Од една дупка не излегоа тројца минери. Го пуштиле кусо фитилот на мината и ги преварил експлозивот, та ги затрупа стената. Исто онака како пред триста години што ги затрупа седумдесет и двата рудара од Мрежичко кога им вадеа злато на тиквешките бегови.
Се назагнаа сите излезени минори кон таа   дупка   и   пo   дватри   часовна   работа изнесоа два опалени трупа и еден смачкан, но уште жив минер.
Толе и сам учествуваше во вадењето и ја прецени својата идна судбина ако остане да работи овдека.
„Ќе остана и воа да го вида —се реши; подоцна се врати пак пред крчмичката, му се приближи на Ѓузепо, кој сега седеше и пиеше вино. Ѓузепо, поручек не одеше на работа за да даде податоци за денешната работа. Поправо да пие пред крчмата или да шеретува со жените во бараката.
Кога му рече дека е дојден за работа, Ѓузепе го изгледа Толета од глава до пети и ја заврте главата задоволно.
— Таман дојде навреме, јунак. Ете, во онаа јама каде што се убија двајцата, ќе има за растребување, та после ќе можеш внатре — одговори Ѓузепо и му даде број на Толета.
Овдека секој работник имаше број и мораше да го носи закачен на градникот, како робијашите во Ерзерум или Диар-Бекир, a чаушите евиденцијата ја водеа по број, а не по лице. За нив овие беа само број. (. И Толе го запна бројот на мариовската курдија и до вечерта се рашета горедолу низ долината за да го дочека вечер кир Андони, да му определи обор каде ќе ја помине зимата.
Така арамијата Толе стана рударски работник во златниот рудник на Алатини и Шарио.
Таман во иќиндија — дебелиот мрак — клепалото пак тропна и долината оживе. Излегоа машките од дупките и пак внатре загрмеа мините, но овој ред излегоа сите рудари.
Излегоа и жените од бараката, се измија сите на долчето и се растурија по разните земјанки и колиби да бараат нешто вечеричка. За некаква варена готвена храна немаше време, но сепак огновите се запалија, барем по некоја пиперка да се запече, лебецот на жарот да се затопли, а што е најглавно, да светне троа пламенче колку да не си клаваат во ушите овие бедници. Машките повеќе од половина останаа пред крчмата и наседнаа по камењето, држејќи секој по едно ковенце од дваесет и пет драма ракија. Во ракијата и потта ја арчеа својата снага и пропаѓаа предвреме.
Многумина си порачаа и понешто за јадење од сува храна — конзерви риби, разни суџуци, пастрма и сиренце и така, со мезето ја сврзаа вечерата да поминат на вино и да преседат докај полноќ на јасникот.
—    Отидоа и денеска двајца другари — проговори со натажен глас Ризо Палилулев, еден од минерите што работеа во соседниот тунел на загинатите.
—    Бог да и прости, отидоа! — се издиши Петко Орешков и се прекрсти.
—    Mope шо и жалите, другари, зар ние ќе се забавиме! — одговори Ристе Бојков и ја дигна полоканицата со вино. — Ајде, ајде нека му е за душа.
Тројцата рудари, другари на потиснатите, се напија секој по една полоканичка винце за душите на покојните другари и се прибраа во својата дупка да ја преспијат половината есенска ноќ на влажната земја.
Крчмарот, како секоја вечер и оваа, направи добар пазар, и да беше крчмата негова, имаше печалба десет, дваесет па и сто рударски надници. Но и тој беше слуга и роб на Ал-Шариовци, кои им „направија себап” та им отворија и крчма, и фурна, та дури и грозје, јаболка, круши, гошерки им носеа во таа пустелија. He само јадење и пиење, ами отворија и бакалница, та дури и магацин со обуш и облекло и разни ситнурии; огледалца, мониста, прстенчиња, обетчиња и којзнае какви ситни ѕрнѕурки, кои по Европа се продаваа по десет и педест за пара, а овдека Челебијата си ги определуваше цените како што сакаше и колку што сакаше.
За да се арчи стоката што побргу и капиталот да се коти како питоми зајаци по десет, дваесет, педесет и сто за едно, тој „правеше и друг себап” даваше се на вересија.
На крчмарот и другите „трговци” им нареди да ја бележат вересијата на броевите од работниците. И тие си ја вршеа совесно својата должност за да си ги запазат своите местенца во дуќаните, ако не сакаат да дупат мини во тунелите. Тие ги предаваа вересиите на касиерот и тој на крајот на месецот ги внесуваше на сметките од означените броеви и при плаќањето му даваше на секој број по еден плик со пари и сметка во него. Кој колку заработуваше и колку чинеше стоката што ја земаше од дуќаните, никој не знаеше да каже, но едно беше јасно, дека повеќе од половината пликови беа празни, само со пo еден грош пари. Тоа значеше дека работникот е во пасива кај претпријатието и дека си ја изел својата заработка преку тој месец. Но да не биде пликот сосема празен тој клаваше во него по еден грош; „колку за отрова” велеа работниците и веднаш го испиваа и тој грош вино или ракија.
Вечерта го најде Толе чаушот Андона во чија десетина беа потиснатите рудари и овој го одведе во една земјанка и му ги покажа двете празни места.
—    Еве тука ќе спиеш, јуначе. Каде сакаш — таму. Сакаш до Риза, сакаш до Петка. Остави си ја сакмата да си го зафатиш местото, да не се прибере некој друг, оти има уште многумина што спијат под борјето по ледините. — И излезе Андон да сместува други новајлии.
Ризо, Петко, Ристе и уште седум осум други работници беа го развалиле огнот и се грееја, разговарајќи се за денешниот случај во тунелот.
—    И ватил барутот, сиромаси, не и видоте, Петре и Трајко убаво беа изгорени! велеше Риза.
— Е море, и ватил кога беа будали. Куси, куси, стопанка му, и вител сака Челебиата да го ќаруајат. Да не поарчеле ногу вител, да и повали. Ете до каде а донесоа работата! — одговори Петко.
—    Ами со Мицка што стана, бре луѓе? Кај вати? Имаше ли кој да го прибере? Од каде е тој човек? Има ли негде некоа својшчинка или некој испустиња е? — праша Ристе.
—Кој го знае, колку нас што не знаат имаме или немаме. Ете го, тамо го оставиа, кај чаушите. Прашаа по тебе, по мене. Имал, сирома, женичка, две три дечиња, токо тешко му сеа на сете. Ете го, и тој ќе сјоди кај Петрета и Трајка. Сет бил содробен.
—    Е!, Ех!, ние сиромаси, тука ќе и оставиме коските! — се издиши Петко и ги собра боровите гламни да не чурат. — Јас си реку зимово да извадиме некој камен, да си купа некое воле на пролет, ама и виа пци како агите не даваат да живеат сиромасите. Работи, работи колку волот за сламата. Крчмата, вурната, магацинот, арачот и — пликото со грош. Којзнае ка ќе си одиме дома, шо ќе подадиме на децата!
Толе се замеша во разговорот.
—    Ами не даваат ли Челебиите нешчо на тие што умираат кај нив?
—    Mope какво ти давање, побратиме, зар не знајш. Ошче и борчлиа го вадат секој умрен, та ѓоамите борчот му го прошчаваат и со тоа децата се тешат.
—    Е, е! Се гледа оти ти севте идиш на работа овдеа —му одговори Ризо на Толета и го распраша од каде е, што е, има ли некој да го побара ако го засипе имната.
Нигде нишчо немам, побратиме. Како шо ме ѓледаш така пиши ме — излага Толе.
Утредента клепалото го скорна и Толета со сите други.
Андон го задолжи со едно кандило, ока масло за него, еден чекан и се пазари на метро. Еден кубен метар тунел — бела меџудија — чист отвор. А денеска ќе чисти за сметка на едниот изгорен, се разбира бадијала за да си направи пат до својот ѕид каде ќе дупи.
—    Лебот — вели Андон — не ти го пишува фурнаџијата што ќе му помогнеш на другарите да го растребите тунелот, а ако втасате побргу, може и да дупнете по некоја дупка и друга. Барут има кај другарите.
До пладнина Толе расчистува и на ручек го зеде сомунот и една две конзерви, та поручекта дупнаа со Јована Балев дветри дупки и ги испукаа, колку за адет.
На три четири метра внатре од стената на која заработи Толе со Јована, каменот престана и се јави мека земја, згодна за работа без барут.
Толе и Јован зедоа копачи и лопати и за четири пет дена навлегоа десетина метра и повеќе, потпирајќи го сводот со борови дрва.
Андон провери и виде дека многу навлегле, а жицата од мадемот престанала, та му рефериса на Ѓузепо и овој дојде да се увери.
Тој виде дека овие двајца минери работат копачка, а не минерска работа, а не вадат ништо, со кое се штетеше компанијата, и им нареди да го напуштат тој тунел или да се препазарат.
—    Ако сакате по бел черек метро — работете! — им рече Ѓузепо.
—    He може чорбаџи— пламна Толе внатре во тунелот, — ние пазариме по бела меџидиа и така ќе ни го платиш. Наш бил к’сметот шо излезе меко. Ами ако не засипеше воа мекото како ниа сиромаси пред седумо сум дена? Кој ќе не платеше нас?
—    Кој не може, бре ќерата! — му се оврголи Ѓузепо со крвавите очи, — ај надвор, од кај што си дошол — таму да си одиш! Мадемот твој или мој? — И почна да го турка низ тунел, помогнуван од Андона.
—    He туркај ме, чорбаџи, не туркај ме, да не си а земиме бељата обата, — со тивок глас му вели Толе. Лели има разбор, ќе се разбереме. Јас пазари вака и вака ќе работа вој месец, ќе ми платиш на месецот и ако не ти чини ќе си ода. А вака со туркање не бркаме работа — и го запна грбот во стената.
—    Каков разбор бре, кумита, каков суд? Јас сум суд, јас разбор овдека, ни пара повеќе од бел черек, работи колку сакаш, ако сакаш.
—Ќе видиме вечер — одговори Толе и остана на своето место да ги изгледа Ѓузепа и Андона кога излегуваа од тунелот. — Работи ти Јоване, работи. Ќе плати чаушот како попче! — му вели на Јована и си ја продолжија работата.
Вечерта Толе не го дочека клепалото да го објави пајдосот. Черек или пол саат излезе порано и отиде право кај конакот од Челебијата. Пред самиот конак го најде овега како се враќа со Нешка, рака зарака.
Гледајќи ја неа така млада, росна, убава, фатена за рака со еден дркол без заби, со бела глава, пропаднати очи и погрбавен, се запраша сам во себе: „Зошто му се подало воа јаребиче на вој стар орел?” и си одговори: „За пари”. „Ах дробот да му се попаре на вакви пезевенки, шо си а врлаат и снагата и душата во ќеневот за пусти пари!” „Тики дури и куче окучила со него, пците главата да и а глодаат!” — си рече кога го виде по нив малото Христаќи.
Тргна кон него со омраза, но, којзнае од каде, како кол се испречи меѓу нив гавазот Акиф и го фати за ќурдија.
—    Стој, кај одиш ти овдека во невреме?
—    го задржа и го поттурна назад.
—    Кај Челебиата сакам, шо ме туркаш!
—    му се овргали Толе и го турна посилно отколку тој него.
Аќиф се осети понижен пред господарот и ја сврте мартинката со кундакот в гради на Толета.
—    Назад, ќерата еден. Кого туркаш ти,
а? — и замавна да му удри еден кундак в гради ама Толе ја грабна пушката за кундакот и му ја допре цефката сега тој на Аќифа в гради.
—    Да не мрднеш оти сега мајката ти a расплака! — му се врекна и го кладе прстот на ногата од пушката.
Акиф моментално се здрви наместо и позелене, но стравот да не оптегне Толе за ногата од берданката веднаш му помина, сеќавајќи се дека нема фишек во пушката, и за час го извади јатаганот и со светкавична брзина го удри Толета со тилјето по раце, така силно што му падна пушката.
Челебијата се приближи и го искара Аќифа.
—    Брак, бре, брак Аќифага. Што сакат овој наш работник?
— Што има бре јунак, што се караш со гавазот мој? — му се обрна на Толета.
Толе ги позатресе рацете да му се раздвижи крвта по удирањето и  проговори:
—    Сакам со тебе, Челеби да зборувам, а вој пес не дава. За тоа се сќорлиме малку.
—    Аха! Co мене сакаш да збориш. Може некоја поплака имаш на некого? Кажи бре, синко? —.го праша Челебијата Толета и му нареди на Аќифа да се поистави, да не слуша што ќе зборува тој со Толета.
Толе му кажа на Челебијата за случката со Ѓузепа и подвлече дека тој така се пазари за еден месец и така ќе работи, па од другиот месец ако им чини на обајцата, ќе остане, ако не, ќе си бара и тој чорбаџија, ќе си бараат и тие работник на неговото место.
„Аха! проѕрна по некој бунтовник меѓу работниците!”—си помисли Челебијата и го утеши Толета дека ќе му се плати работата според пазарот, само да не се кара со чаушите и гавазите. А во себе си рече: „Овој треба да се чисти, што побргу, од мојот булук”.
Толе си отиде победител и задоволен, и на одење се заврте да го изгледа Аќифа поубаво да не го погреши одутре кога ќе ја видува сметката со него.
И Аќиф погледна во него, та им се сретнаа очите. И едниот и друтаот ги завртоа главите заканително.    
„Ќе те јада како алва на прочка — си мислеше Толе кога ја вртеше главата на Аќифа.
„Ќе локнам каурска крв” — си мислеше Аќиф кога му ја вртеше главата на Толета.
Челебијата му стави до знаење на Гузепа да привардува на овој нов минер, а сметката ќе ја направи касиерот со помошта на крчмарот, фурнаџијата и другите „трговци”.
По примерот од Челебијата, сите чауши, почнувајќи од Ѓузепа до кир Андона беа си фатиле по една посестримка од младите мариовски невевчиња и чупи и секој секоја вечер се шеткаше со по една низ боровата гора, играше до неа на орото во неделините и ја водеше во својот стан сат два пред пајдосот за неколку бели череци месечно, некоја грибна, обетки, прстенчиња, синџирчиња и за некоја и друга натпишана надница. И Толе реши да не остане подолен од чаушите, па фрли очи во една русјачка, со која сакаше да ја замени Миша од Полчишта. Па и таа не му се спротиви.
Убав, млад, рус како неа, јак и снажен како ‘рслан, неженет, како си мислеше таа и како и се кажа Толе; работник — минер. A уште кога се слушна во логорот дека го турнал Ѓузепа во тунелот и му ја зел мартинката на Аќифа, Толе порасна во очите на сите работници и работнички, а најмногу во очите на Проќа. Така се викаше русата мрежичанка, на која Толе и го предложи своето пријателство.
И кога чаушите играа со своите милосници, Толе поведуваше танец со Проќа до него. Тоа беше повеќе за инает отколку за задоволство и не остана незабележано од овие управници.
Една неделина Аќиф му го зеде гајдарџијата на Толета, да му свири нему и на чаушите.
Толе вечерта го најде гајдарџијата Колета, му лупна неколку тупаници пo нос и по рилка и му се закани дека ќе го заколе, како пиле ако и до недела го направи истото.
—Шо да му права кога тие повелаат, бре Толе? — беше одговорот на Колета, кој во себе ја одобри постапката на Толета и ни малку не се спротиви на неговите тупаници.
—    Шо ќе му правиш, од дрво нозе да си направите! Ако повелаат на работата, ами и на свирката ли ќе повелаат, крастевци? Сте му го навеле грбот и ќе вјаваат, се знае. Врати му се, како мене вака, ќе видиш ќе дуе и ќе бега — го искара Толе Колета и го утеши со својата смелост и сила.
Другата неделина, уште рано, се собра орото пред конакот од Челебијата. Толе го нарача Колета уште од саботата навечер и овој даде збор дека утре само нему ќе му свири, па ако сака и самиот Челебија нека слезе да му наредува, нема да го слуша.
Коле ја зовре гајдата, Толе го поведе орото и за час се растегна по целиот чаир. Се нафаќаа машки, скоро сите што можеа да стојат на нозе, се фати и по некоја жена до роднини и блиски, а Прочка направо до Толета, без да и трепне око оти ќе и се насмееле. Се фатија некои и од милосниците на чаушите и сејмените, та ја донесе тој натемаго и црна Стојна Ѓупката, милосницата на Аќифа. И кај ќе се фати — до Проќа Толева.
Аќиф ја виде и за инает на Толета, да поткрене кавга, се фати меѓу двете жени. И сега Проќа му дојде оддесно, а Стојна одлево.
Кога го виде Толе Аќифа на тенец и уште до неговата Проќа, се запали. Веднаш застана на место и му викна на Колета.
—    Запри а гајдата, бре побратиме, да си го видиме есапот со вој пес! — И сам го извади брчалото. Гајдата запре и ораџиите ги пуштија рацете, та застанаа во недоумение.
Толе му појде на Аќифа, којшто стоеше меѓу жените, и без да проговори ни збор, го фати за затилок од широката флока и го извади од танецот. На три четири метра пред целиот танец го исправи простум, му се овргали како бивол во тиња и му се врекна со страшен машки глас.
— Шо бараш, бре пес, во танецот мој и до моата невеста? Знајш ли оти сега со нокти душата ќе ти а извада, а? Куче ниедно? — и почна да го тресе така силно та дури јазикот си го прекаса Аќиф. Го бапна на земја и тргна да го поведе танецот, доволен што си одмазди за некнежните удари со јатаганот по раце.
Аќиф се истегна на сред чаир пред сиот народ, но брзо се освести, та и во него зовре арнаутската крв. И уште Толе нефатен на танец, — рипна, го извади оној ист јатаган, со кој го удри Толета пред некоја и друга недела, по раце, и како стрела се џитна и се најде зад Толета. Целиот танец списка и се загаа кон Толета за да го одбрани од сигурната смрт, но Аќиф беше побрз од сите и замавна со јатаганот да го удри по теме. Во тој момент Толе, гледајќи ги другарите дека трчаат кон него, се заврте да види да не станал Аќиф да го нападне, но јатаганот се спушти и ја отсече неговата лева веѓа. Крвта бликна и му го облеа лицето, а Толе збесна. Co еден скок го фати сега за гуша Аќифа, му го откина јатаганот и, дури да посегне Толе и дури да го спречат другите ораџии и сеирџии што се загнаа да го откинуваа, Толе замавна и тилот од Аќифовата глава се оддели од другата половина и Аќиф се испружи на сред чаир.
„Бре што беше, бре како беше, бре што направи јок да се направиш” — го караа Толета другарите, а другите гавази со Ѓузепа на чело веќе го спетлаа со една ортома, на која слугинката на Челебијата си ги сушеше алиштата.
Се замеша веднаш Челебијата и не го даде на гавазите да го расипат на место. Изеде неколку дипшика и бастуна од Ѓузепа кир Андона и другите чауши и гавази, но главата му ја спаси Челебијата и нареди, та го заклучија во една од визбите на конакот, a сам го зеде клучот и му нареди на Ѓузепа тој лично да го варди од гавазите.
Ѓузепо не го даде ноќта Толета, макар да се опитаа неколкупати да му го земат гавазите.
Уште истиот ден Челебијата, којшто и сам беше присутен на сцената, ја изврши истрагата, распита неколку души очевидци и утврди дека Аќиф ја предизвикал кавгата и тој прв го дигнал јатаганот на Толета.
Но бидејки се пролеа човечка крв, и тоа на мухамеданец, тој го испрати со свои луѓе, со самиот Ѓузепа, на уќуматот во Витолишта, и го предаде на стариот мудур Арсланбеј, а овој со своите заптии го спроведе на кајмакамот во Прилеп.
За злочин извршен на правоверен мухамеданец, Толе беше веднаш затворен во прилепската апсана.

<hrdata-mce-alt=”5″ class=”system-pagebreak” title=”Толе Паша – Том 1 – 5″ />

 

5.

Во Ал-Шари никој не знаеше од каде дојде овој млад човек, од каде е родум, има ли некого, нема ли. Неговото отсуство ги натажи сите рудари, а најмногу русото Проќиче. Тоа неколкупати оди кај Челебијата и најпосле доби известие каде отиде Толе. И еден петок отиде дури во Прилел, доби дозвола и состанок.
Толе се изненади на неговата љубов и приврзаност, но за него таа беше бледа сенка од бело облаче, која за час исчезнуваше под светлите лачи на јулското сонце. Тој имаше други планови: да тепа Турци, а жените беа само една нишка од тој негов покров.
На испраќање и рече само толку: — „Оди ми си дома и гледај ми си работичката. За мене да не мислиш, ни да ме чекаш”.
И Проќа си киниса и си заплака. „Зар може толку брзо да ме заборави и да ме неќе? Зар тој не го закла Аќифа заради мене и сега вака наеднаш ме паде од него? He, не! Тој ме сака исто така како јас што го сакам него,но не смее да ми го каже тоа, оти не знае дали ќе излезе од затворот. А ако излезе сигурно ќе се врате. Ако неќе во Маданот, ќе си одиме во Мрежичко. Ако го стра и тамо, ќе си навртиме долу Тиквешиата, Прилепско, Битолско, Солунско”. На крајот на светот Проќа беше согласна да оди со Толета, само да не се оддели од него.
Во затворите секаде има два режима. Еден воведен од власта, другиот од самите затворници.
Прилепскиот затвор се одликуваше со својата строга дисциплина но и правичност. Башчаушот на заптиите, Шарен Мустафа, беше страв и трепет за нарушителите на внатрешниот ред, а „мајка” на послабите и мирните.
Тој не гледаше и не знаеше, но и кога знаеше не сакаше да знае, кој затворник за какво дело лежи. Нему му беше важно тоа: во затворот да владее ред и мир, та кој што сторил — ќe си најде од кадијата и ќе си отиде каде што ќе го испрати овој.
Кој е за дома, Мустафа го испраќаше со цигара тутун и вообичаениот турски збор „ѓене бујрум”. А кој беше за Љуб Куле, Ада Кале, Диар Бекир, Ерзерум, Измир и други казнени заводи, им сочувствуваше и просто ги жалеше дека не ќе можат „ѓене да бујрумат” кај него додека се таму далеку.
И на Толета му отпцала една молитва за редот и дисциплината и го затвори првите десет дена во еден тесен долап — ќелија.
Тие дни му даваа само леб и вода, но Толета повеќе го истошти бессоницата, оти немаше каде да се испружи да преспие.
Веднаш уште истата ноќ почна нешто да му тропа на десниот ѕид. Околу полноќ и пополноќ му се стори оти некој му подвика со тивок глас и тој га начули ушите како зајак кога слуша загарски лај. Гласот прашаше од соседната ќелија: — „Има ли некој во долапот? Ако има дојди во левиот ќош!”
Толе разбра надве натри и почна да кашла силно. Соседот исто почна да кашла и да шепоти за да се приближи во левиот ќош.
Толе отиде во ќошот и го залепи левото уше до самиот ѕид. Погоре, подолу, подесно, полево, напипа со рака едно дупче како од шајка. Кога го залепи ушето на дупчето сосема јасно го слушна шепотењето од комшијата.
My прошепна и тој на дупчето и разбраа двајцата дека се слушаат. Комшијата го праша Толета само зошто е затворен. И кога Толе му рече дека отепал Турчин, тој се насмеа и му рече на Толета кога ќе го извадат од ќелијата и кога ќе излева во дворот со другите затворници, да се накашлува трипати по три едно подруго за да можат да се запознаат. Но тоа да го продолжи барем некој месец оти не се знае него кога ќе го извадат од ќелијата.
—    Се разбравме нели? — беше последниот шепот на Толевиот комшија.
—    Се разбравме! — одговори Толе и не се кажа веќе преку дупче.
Скоро секој ден долго Толе прислушуваше на дупчето. Слушаше како кај комшијата вратата се отвораше; како го изведуваа и втеруваа; како викаа на него, го псуеја, ги слушаше како плуштеа камшиците и како тој сиромав стенкаше и псуеше мајка, вера, жена, деца и на султан и на валија, и на кадија, кајмакам и на сите Турци. Но не се јавуваше ни за добро ни за зло. Така му рече комшијата и Толе ќе слуша сега.
По десетина дена го извади Шарен Мустафа Толета и го втера во една поширока одаја каде имаше уште пет шеснаесет како него.
За првпат по десет дена излезе на пајдос во дворот и виде светлинка. Се накашла трипати по три, но никој не му се испули.
„Не е пушчен, сирома, ошче” — си рече со умот и душата му се натажи.
„Зошчо ли го јадат виа пци толку? Којзнае колкумина има оплескано, да му се сурови раце” — си заклучи Толе и продолжи да се накашлува секој пајдос, како што му рече комшијата.
На секој нов затвореник Толе му гледаше в очи кога кашлаше, но никој не му одговараше со ништо.
Во одајата каде што го кладе Мустафа, Толе најде луѓе од разни чешити. Некои лежеа за борч по деведесет дена најмногу, други за ќотек, трети за кражба, четврти за убиства. Само за политика немаше тука луѓе.
Тој не кажа зошто лежи. Рече само за крв, та каква крв — човечка или биволска, коњска — ништо понатаму не објасни и остана затворен спрема сите негови другари во кулушот.
Еден пајдос кога Толе се накашла трипати, му се запули едно детиште во очите и му намигна со левото око, но Толе не му обрна внимание, бидејќи истото беше толку младо и толку слабо, та на Толета му беше просто неверојатно и да помисли дека тоа дете ќе може да издржи такви напори и ќотеци.
На второто и третото накашлување Толе се увери дека тоа дете е неговиот комшија во ќелијата.
„Како да се става со него, мајката!” — си мислеше Толе и почна да си крои план.
„Ќе се степам со некого во моата одаа белки ќе ме преместат” — донесе решение.
И навистина, една сабота, кога некои од затворниците ги повикаа на видување, тој стана, им ги претури торбите и пљачките и им ги извади сите работи што имаа за јадење и им ги изеде. Нешто си кладе и во торбата. И кога тие се вратија и си ги побараа тие работи, некои од останатите им кажаа дека Толе им ги зеде, и овие го нападнаа Толета. Толе пронатепа еден, пронатепа друг, трет, сите него го нападнаа. Се направи една узбуна и Шарен Мустафа дотрча да ја поврати дисциплината.
Ја извиде работата и го најде Толета кабаетлија, та го затвори вечерта пак во бившата негова ќелија.
Толе се понакашла и прошепна нешто на дупчето, но никој не му одговори. Очигледно истата беше празна.
Утредента Мустафа го извади Толета од ќелијата и откако му удри неколку камшика по грб, го натера да си га земе пљачките од одајата и да се пресели во друга, бидејќи и неговите другари го нејќеа тука, да ги краде и им го јаде лебот и друго што им донесле од дома.
Толе ја изврши наредбата од Мустафа со задоволство и кога влезе во новата одаја се накашла трипати. Од еден ќош му одговори со кашлак и едно дете и Толе го позна она истото што му намигна во дворот. Тргна и појде право кај него. Ја остави сакмата и торбата од неговите и седна на неа скрснозе.
—    Ти беше во петта ќелија? — го праша детето Толета.
—    Којзнае коа беше, стопанка и. Бе во една десетина дена и сношчи, та пета ли е шеста ли е, кој а знае! — одговори Толе.
—    Дупчето? — вели детето.
—    Ушето? — одговори Толе и ја стисна подадената слаба жолта рака.
—    Седни, намести се поарно, навали се вака како мене — го советува детето и му се пули во очите,
—    Та го проплеска, рече, а?
—    Дури пет да речиш — одговори Толе.
—    Ами кој, голем некој или некоја опашка? — праша детето. Толе се сневесели. My беше жал, дури и срам зошто Аќиф не беше некој бег, ага, паша Валија, та му појде умот дури и до великиот везир и султанот. Како не беа некои од нив тој што го оплеска, ами ќелавиот Аќиф. И просто му се идеше да летне, да најде некој од големите Турци, да го заколе и да дојде да му се пофали на ова дете. Ами вака што да му одговори?
—    Mope, големите се вардат, токо од пашките еден стругаа — и ја наведе главата.
—    Ако, ако. И опашките треба да се поткинуваат, поарно ќе ги јадат мувите големите. Само да не е некој фукара работник, селанец, та опашките сечи, поткинувај колку што можеш повеќе — го утеши детето Толета и го стисна за рака.
—    Така. Ти вчера еден, јас утре друг, некој друг брат другиден трет, така се прават тие работи. Еден ден ќе се дигнат тие на нас, ние на нив, та господ што ќе ни даде. Доста вјаваа ако е за фајде; да ги симнеме еднаш од грбот, да си починеме и ние, нели сме душа, стопанка му — заврши детето, а Толе веќе се пренесе со мислите како ќе излезе од апцаната, ќе му појде првин на Валијата во Битола, ќе го поткастри со сите негови мезличари, со сите гавази и слуги; после ќе ги најде сите бегови од прилепско битолското поле, ќе си оди во Крушевица, та ќе ги суреди Адемовци, Селимовци, Ќемаловци и сите други како нив. Mope ќе кола, ќе кола, ќе кола дури ќе ми сечи ножот и дури ќе ми мава раката”.
—    А кој ти рече да го оплескаш? Го закла или — со пушка? — праша пак детето.
—    Mope ми, кој ми рече, баго. Никој не ми рече. Се скараме на орото и тамо го закла со неговиот јатаган — и Толе му го исприкажа целиот случај со убиството на Аќифа.
—    Слепче, ќе те обесат ако не знаеш да се браниш. Ти сега на судот ќе кажеш дека тој те нападна прв со јатаганот и ти за да се одбраниш мораше, во стравот од смртта и во лутината, да го удриш.
—    Зати така и беше — вели Толе.
—    Ќе сведочат ли гајдарџијата и другите?
—    Ами, којзнае! Дали ќе и викнат, та ако и викнат веруам оти ќе кажат како шо беше.
—    А ти зошто си овде? го праша Толе детето.
—    Ами и јас како тебе. Ти со нож ги колиш и тепаш Турците, јас со збор. Кандисувам луѓе да се дигаат против беговите и агите, да ги тепаат, да ги пљачкаат, да ставаат на оружје за да можеме еден ден да се ослободиме од нив. Што велиш ти, арна работа ќе биде да ги налегниме овие пци беговите и да им ја разделиме земјата на чифчиите, а? Уште да ги нападиме и спаиите, авалеџиите, беглиџиите и сите други дерикожи, сигурно нeмa да не колне народот!
—    Ајде бакалум, де! Ама, којзнае дали ќе дојде таков ден!
—    Иде, побратиме, иде и ќе дојде сигурно, но треба троа и запињане, не само така, скрсти ги рацете и чекај од бога топли сомуки. Како ти беше името? Заборавив да те прашам.
—    Толе ме викаа дома, та којзнае. Ми се чини Стоан су крстен — одговори Толе.
—    Ами тебе ка те викаат?
—    Ѓорѓи. Овдека, од овие блиските села сум од Ореовец, ако си го чул — одговори Горѓи Ацев, кој за првпат беше попаднал во затворот, бидејќи ги бунел селаните да не ги оставаат прилепските чорбаџии и бегови да си ги оберат лозјата, додека не платат на селото по десет гроша на дулум.
Таму, во лозјата се собраа дечишта, па и по некој возрастен и Ѓорѓи им држа реч, да се дигне народот против беговите и чорбаџиите, да коле и тепа народни изедници и на крајот да се дигне и на востание како Коприштица, Пештера, Батак и други места во Бугарија и Србија што направија и, ете ги сега слободни, та „и ние да се ослободиме”.
Co едно ура, да живее Македонија, тие Ореовчани— ги нападија сите чорбаџии и бегови од лозјата и го обраа грозјето, та затоа Горѓи уште утредента го затворија во Прилеп. Цели три месеци го држаа во ќелија каде го најде Толе и се договори преку дупчето, кое беше нарочно провртено од стари затворници.
Толе го ислуша Ѓорѓија и многу мило му дојде кога слушна дека не е сам во својата омраза спрема беговите и агите. Овде Горѓи го насрчи Толета да го продолжи својот арамилак и му вети, ако има некогаш некоја мака нека го побара него, ако излезе одовде, и тој ќе му помогне со што ќе може.
Освен известието на Челебијата никој друг не се јави со тужба против Толета, бидејќи и Аќиф како и Толе не беше кажал ни од каде е, ни што има, та никој не дојде да го побара.
Но судот, по три месеци откако го дотераа Толета, одреди ден за судење и ги повика, означените свидители во Челебиевиот извештај.
Дојде по покана и самиот Челебија, Ѓузепо, кир Андонис како и Толевите другари, та дури и Проќа.
Судот ги ислуша сите внимателно и како што стана случката така и пресуди.
Толе го отепал Аќифа во одбрана на својот живот и затоа беше ослободен од секаква осуда и пуштен на слобода.
Во Прилеп, на анот кај Саботка, им даде вечера на сите негови другари, а на Проќа и накупи секакви подаррци, и ја испрати да си оди со селаните, откако и вети дека по некоја и друга недела ќе си дојде и тој на работата.
„Их, кога ќе помине таа недела!” — со длабока воздишка се раздели Проќа од Толета, во кого беше силно вљубена.
Во Ал-Шари Толевото ослободување предизвика големо задоволство кај работниците, а голема срџба кај гавазите и чаушите. Самиот Челебија се зачуди кога судот го ослободи Толета, но тој не можеше да си го претстави случајот инаку, бидејќи и самиот посведочи во Толева полза.
„Та и во турските судии има нешто правина” — си мислеше тој. Освен тоа отепаниот Аќиф беше Арнаутин, а Арнаутите по тоа време, по битката на Шкодранецот со Садриазамот во прилепското поле, беа напреку гледани од Турците, та и таа беше една од олеснителните околности за Толета.
Толе поседе во Прилеп четири пет дена. My занесе на Горѓија четири пет тави дебело бравско месо, но не го пуштија да се види со него. Башчаушот Шарен Мустафа му го даваше јадењето на секого та и на Горѓија, и му кажуваше дека оној мариовец, што излезе му го носи.
До неделата Толе си спреми понешто за дома и си тргна кон Мариово.
Од омраза кон Адема и другите чифлигари, во Крушевица влезе доцна вечерта.
—    Кај си бре, синко, жив ли си, здрав ли си? Кај вати шо те нема цела зима? — го пречека мајка му сред кошарчето и го прегрна како секоја мајка што не го видела сина си четири пет месеци.
—    He прашај. Лели куртулиса сега, белки имам ошче некој крвав ден — и одговори Толе.
Се насобраа и другите домашни и Толе им исприкажа се.
—    Кој знае, лебами, коа непара пушчаат агите за таков кабает! Да не а стругаа некак па шо си дојде вака доцна, а?
—    He џанум. Ако има некого да лажа, ќе лажа јабанџии, не вас, моите родители. Ич за тоа гајле не берите.
Толе зборува и се некако очите од Ката не ги одделува.
Таа си седи под огниште и си го држи помалото детенце, додека постарото веќе заспало на плочата крај огништето.
Толе ги гледа и си мисли: „Еј мои максамчиња, ќе робувате и вие како виа дедовците ваши овде и ќе слушате приказни за татко ви, ако останете по него. He, не. Нема да ве остава да ве вјава Адем, Суло, Сали и другите пезевенци. Вие само растете, та ќе му се обидиме и на ниј како на Аќифа”.
Ги залага децата од стрика му и помалите братчиња и сестричиња со по некое и друго симитче, шеќерче, си повечераа и се наредија во кошарчето како секоја вечер, само оваа вечер Ката си посла во ќералчето и Толе пак проведе една брачна ноќ со неа насамо. Ја истевтиши и и се закани да не оди кај Адема, да не гледа во туѓи мажи, да си ги гледа дечињата оти ќе ја заколе и неа како Аќифа во Маданот.
Co тоа помина ноќта и дури мајка му стана рано да му сукни некоја кора на милото чедо, Ката излезе од ќералчето и им соопшти дека Толе пред зори излезе и дека и рече да не кажуваме оти си дошол.
—    Аха — си рекоа старите Кулиќовци. — Ете колку го ослободил судот. Mope, тој е избеган, токо арно оти не доседе да го вати денот да го виде некој, та да не јадат виа пци нас!
И тие им се заканија на децата да не лавнат негде оти си дојде бацко им, оти живи ќе ги испечат Турците на огнот.
Така за Толевото идење никој ништо не разбра.
Пустата му мајка — црно проноси за жив син, а тој ете, „одникаде не се јавува”.
Оттука Толе си прејде преку река и, како сношти, во темниот мрак влезе во Полчишта.
Кога стапна на Митриниот праг и им рече на домаќините „добро вечер”, на Митра и светна куќата.
—    Mope ми кај си, свети Јоване, шо те нема волку време? — го праша руса Миша и веќе му подава столче и му ја зема торбата од рамото, во која Толе ги донесе и за неа подароците како за Проќа во Ал-Шари.
Толе во Прилеп накупува се чифт подароци оти требаше и кај Митра да се отстрами.
—    Mope ми кај су, светијованее, еве ме кај су лели на пуста работа отиду, стопанка му.
—    Е, е, лели те донесе господ, сполај му, пак да се видиме — вели Трајко и ги гледаат со Митра подароците.
Толе сака и Митра како турските посестрими да е наружана на Велигден, та не заборави да купи скопец, скопци, синџири и други дрангулии.
—    Их шо е скопец, пустелникот, шо се скопци, шо е синџир! — се гизди Миша со нив и ги тропка по појасот, а враголесто му чкрипа на Толета со левото око.
—    Mope зошчо си се арчил толку, свети Јоване, шо токо а ружаш „бабата” неоти на танецот ќе се вати? — забележува Брле и му благодари за направениот трошок.
—    Mope шо арч, светијоване, неоти којзнае колку пари даду, токо, арни лоши, да ми прошчавате. Оти пак да не играе Миша? Една свети Јованка Толе има, нема триста, нека се израдува и она со нешчо од мене — одговара Толе и просто ја голта Митра со очите.
Митра наготви вечера што можеше поубава, послатка. Испржи сланина, накрши јајца во тукот и по некоја колбаса, а Трајко пушти вино. Толе во Маданот се научи да си потпивнува убавко, та и вечерва шмркна баеги од грнчето. Трајко не остана поназад, ама и на Миша и светнаа очките како на мачор в темница.
Кога дојде редот за постилање, Мише извади нова рогузина, нови покрови и нова перница и му посла на Толета на чардакот над земник.
—    Времето е, — вели — топло, а покривите се дебели, белки не ќи ти студи.
Ако сестро, ако. Јас и така во кадешот дома непара можа да спиа — одговори Толе и разбра кај мава руса Миша.
Откако си легна Толе, Митра му го однесе бардето со вода и му даде да разбере, дека ќе дојде, да ја чека.
—    Mope, му посламе на бацка Толета на чардакот, ама којзнае дали не ќе му студе — му вели Митра на Трајка, кој веќе се беше испружил на сокинатото козинавче на десниот кат.
—    Арно велиш, Мишо, ќе му студе. Требаше да му постелиш на женскиот кат, ама ете а грешиме. Тих! ќе го вате човекот некоа кашлица, ќе го земиме на душа! — се жала Трајко и мисли како да му услужи на светијованот.
Митра сака да го наведе Трајко на слизгавица и му вели:
—    Mope ми, не правиме лошо едниот од нас да одиме да му го топлиме грбот ноќеска, токо којзнае да не му дајме пак некоа живина, оти не сме преслечени брго.
—    Арно ти текна, жено! Ај оди ти и ќе се полавиш со него дури да заспие. Ете одамна не дошол. Прашај го кај беше зимоска ич шо не се објави. И ќе му го топлиш грбот. Неоти некој јабанџиа ни е? Итака јас су си учен по колибата сам. Оди, оди. Срамота е и греота, толку бакшиш ти донесе, та утре да боледува човекот — почна да ја „кандисува” Трајко Митра, која одвај чекаше ова да го слушне.
Та таа и без тоа ќе појдеше, ама вака со „изим” многу попријатно ќе ја поминат ноќта со Толета во една постела.
My го наполни шутото бардаче на Трајка и си отиде кај „бацка “си” Толета на чардачето.
Си ја помина Толе кај светијованите ноќта како „господ шо рекол”, како кај свои луѓе, а Трајко не ги забележа изутрина модрите венци под Митрините очи, ниту му текна да и погледа под затилокот на вратот и под гушалчето на гушата за да ги види белезите од Толевите заби, нити забележа дека Толе дреме крај оган.
Тоа не е негова работа. Светијован и светијованка, според него, можат да спијат како брат и сестра во една постела.
Трајко си отиде на колибата за да се врати по две недели. На кинисување и рече на Митра убаво да го гледа светијованот Толета, да не се поплаче кога ќе си дојде, оти „џуап не му дава”.
Co тоа Трајково одобрение Толе веќе безгрижно остана да си живее со руса Миша под еден покривач, та дури и во една постела.
Поседе мирен една две недели, се понајаде, понапи од Трајковата ракиичка и винце во пријатно расположение со убава млада руса невеста, го дочека по вторпат Трајка од колибата, пак заедно се нагостија и напија, та дури цела ока канатларски тутун му даде да си понесе кога тргна пак на колибата.
Трајко ја симна грижата за куќата и Митра од својот грб, гледајќи го Толета како стопански се грижи за се што е потребно.
Селанките и завидуваа. на Митра, селаните се поприсетија каде е работата, та излезе по некој збор кај пазарџиите, ама „кој чука туѓа ‘рж?” Секој си ја гледа својата работа и си се реди како што му е згодно. А во Брлевата куќа им беше згодно на сите тројца, а на Толета и Митра особено.
Co така осигурен животец Толе ја преседе пролетта и секој ден беше во врска со својот стар ортак Јована Мачникот.
Но за да се живее потребни се пари; . А од каде на Толета и Мачникот пари, ако не од некоја пљачка?
Затоа Толе и Јован почнаа пак да кројат планови.
—    Да му влеземе на Чешелка; којзнае дали ќе и најдеме тие пустињи во казанот! — предложи еднаш Мачникот. — Ама велат, дека никој не можел да посегне да земе од ниј, оти шом ќе посегниш, излегувал арап со калачка и не давал да земиш — му објаснуваше Јован на Толета за казанот лири што се наоѓал во, земникот на Сталета Чешелков.
—    Mope, да го оставиме арапот, побратиме, нека си мируа. Во земникот од Чешелка не се само тие во казанот. Има и други во ковчезите, ако не ж’ти — бели, сребро, алишча, токо работата е друга. Ако влезиме тамо, ќе не намирисаат та ќе си го расипиме меќанот во Пчишча. Ти баре знајш оти в’чицата не зема јагниња од тие булуци шо се крај дупката, да не и најдат овчарите в’чињата. Затоа јас би рекол да не ѓибаме ние вадева, ами да си прејдиме пак преку река, та шо ќе намине крај нас да си свршиме работа.
— Арно велиш, побратиме. И така на нас овде гледаат како на бела чавка. — Го потврди Јован Толевиот предлог.

<hrdata-mce-alt=”6″ class=”system-pagebreak” title=”Толе Паша – Том 1 – 6″ />

 

6.

Токму во тоа време, кога нашите ортаци бараа „поле за работа” како нарачан дојде во Полчишта авалеџијата Мефаил да собира даноци.
Така правеа секогаш. По Гурѓовден — бачило, секоја година излегуваше од Прилеп авалеџијата да собира арач, беглик; па дури и владичкото во последно време почнаа да го собираат авалеџиите. Тогаш беше извадена стоката од зимата и стопаните одделуваа и продаваа од неа да се платат и спасат од бељата. И оваа година така стана. Излезе Мефаил ефенди уште пред Ѓурѓовден со својот гаваз — суваријата Рифата и со недели заседна по мариовските села да врши работа.
И кога дојде и во Полчишта, сам им намниса на Толета и Мачникот откаде ќе дојдат до пари.
Насилијата, зулумите што ги правеа авалеџиите при собирањето на давачките, го раздразнија Толета до немајкаде. Тој беше свидетел кога протуѓерот во придружба на гавазот му го зеде бакарот на Степана Луов, до последното котле, во кое им вареше на децата бркаданик; кога на Митрета Пожарков му ги собра искинатите покровчиња со кои си ги покриваше шесте мали дечиња; на Севдиќевци им ја црпна и последната ока брашно. А Мефаил не престануваше да им наредува на Рифата и протуѓерот:
— Ако ништо друго в куќа нема, пепелта од огништето ќе им ја исцрпите и ќе ми ја донесите овде. Царот си го барат своето.
И така правеа. Вол, коњ, маска, магаре, овца, коза, што имаше добиток со четири нозе, та дури и кокошките ги собираа и ги тераа во дворот на Биринџиевци, каде што Мефаил кондисуваше секоја година и седеше по недела две, насладувајќи се од убавините на трите ќерки и двете снаи на чорбаџи Стојка Биринџиевски. Затоа тој не се брзаше со работата. Токму сиромасите му овозможуваа да си поседи кај посестримките, да им се понагледа и понасладува, правдајќи се, и пред себе и пред своите старешини, дека се задржал по царска работа. Главно беше да собере што повеќе златници, да ја наполни царската каса која беше „вреќа без газер”.
Тие пак што немаа да платат, ниту пак имаше што да им се продаде „на телал”, ги тераа гавезот и заптиите, што му ги ставаше на расположение витолишкиот мудур, со авалеџијата од село на село и им удираа. секој ден по дваесет и пет стапови по голо месо дури можеа да мрдаат, да одат со нив, а откако ќе им ги искршеа ребрата, ги оставаа да преболат кај некој роднина или пријател, со строга наредба да си одат дома, да работат, да печалат и, на есен, кога ќе дојде авалеџијата, да платат на царот, ако не сакаат пак да јадат двојни ќотеци.
Каленци, Крушевичани, Чанивци, Пештанци, Вепрчанци и други „прекуреканци” останаа испретепани во Дуње да ги ложат бабите со кромид и сол, а дунските сиромаси што немаа да платат, ги собра Мефаил со него да ги тепа во другите мариовски села и со нив да ги плаши тамошните сиромаси.
Меѓу другите сиромаси што ги собра Мефаил од Дуње беше и Андон Волканоски, сирак, без мајка, без татко уште млад — на дваесет и пет шест години но затоа удомен уште на седумнаесетте, та имаше веќе четири пет ситни деца, како од вреќа истурени.
Тој не можеше ни сув леб да им заработи, а камо ли да затишти некоја пара да се отплати. Затоа, Мефаил, откако му удри дваесет и пет стапови во Дуње, го собра и него со другите и го претера преку Црна во Старо Мариово, да ги примени и на него неговите поправителни мерки.
Бидејќи, Андон беше млад, а беше и здрав, јак, ги издржа сите ќотеци во село Манастир и Витолиште, та Мефаил го дотера и во самото Полчиште.
Тука Толе присуствуваше на секојдневната сцена; виде како десетина петнаесет луѓе пиштеа под ударите на сејменовите стапови и никој не смееше да се спротиви.
Врзани, пo двајца за раце и за гуши, со по една дебела ортома, овие клетници како да исчекуваа „да си поминат на редот” секој ден, та дури не се противеа кога гавазите им наредуваа да легнат и да се разголат за да не им ги извалка алиштата црната крв што прскаше од нивните меса.
—    Легни бре, ќерата и симни шалварите да не замавам по очи, по глава! — беа зборовите на гавазот и заптиите кога требаше „да си поминат на редот”.
И овие двоножни волови легнуваа со симнати бечви, гледајќи да легнат на рамна земја, оти ако легнат на некој камен можат и од него да настрадаат — да ги претолчат со мавањето.
—    Шо да правиме, бре брату, кога силата му е во рацете? — одговараа сиромаси кога некој ги прашаше од селаните зошто легнуваат сами.
—    Ако не легниме, ќе замава Рифат, по очи, по глава, по раце и по ребра, та ќе си останиме алипни до векот — ја правдаа својата ропска покорност.
—    Вака, ведиме глава, легнуваме, не и лутиме агите та и тиа послескум маваат, белки ќе прецалејме некако, да и куртулиме баре главите, та за маките и болките, тиа се нави.
И легнуваше едниот од врзаните, а другар му ги броеше стаповите и чекаше што побргу и тој да си помине на редот, за да можат обајцата да лежат еден крај друг и да се тешат дека вечер бабата Доста, Менка, Митра,. Јова или која било, ќе ги наложи со коприви и сол за да им спласнат сињилата и да можат утре да издржат повторно додека да се смилува Мефаил да ги пушти дома. Оти дома ќе полежат два три месеца, тоа го знаеја сите, но барем главите ќе ги однесат здрави, та иако останат без една нога, една рака, ќе питаат после по селата и ќе се хранат.
Така поминуваа сите должници на царот и така се тешеа, та и Андон од Дуње реши да ги издржи овие поправни царски мерки и да се врати во Дуње кај децата барем со здрава глава.
Но уште првиот ден кога Мефаил ги собра Полчивци на сретсело за да им ги покаже „лошите” луѓе што не сакаат да платат, Толе го забележа Андона мегу другите есири и гледајќи го така млад, јак, буен, (а Андон беше и личен скоро како Толета) крвта зовре во него. Го виде како легна пред гавазот, како ги стискаше забите кога овој маваше по неговите дебели меса, кои сега беа црни како шалварите, и го дочека да стане и да се прибере кај светијована си Ордана Гламнов, каде Орданица веќе ги толчеше зелените коприви со сол. Го наложи и го остави да се витка од болките под тремот.
Вечерта дојде Толе кај Гламнови и го најде Андона, кого и од порано го познавеше.
Одамна ли те јадат вака, бре побратиме? — го праша Толе Андона со возбуден глас.
—    Десетина петнаесет дена — одвај изговори Андон истенка, оти дури и од зборувањето добиваше силни болки.
—    Ногу ли требе да платиш за да те пушчат? — пак го праша Толе.
—    Осумдесет и седум гроша.
—    Јас би ти дал и сто и осумдесет и седум да се откупиш, ама тоа не е спасение од ниј. На есен, в година пак ќе јадиш ошче повеќе ќотек. Ами нешчо друго да направиме, ќе ме послушаш ли ти мене? — го праша по третпат и остро го погледна кон повреденото место. — Се плаќа ли со пари ваа мака и виа болки?
—    Ех, море али, се плаќа, брат Толе, токо ми и ватил камен нозете. Горе високо — долу даб’ко, шо велаат старите; шо можиме да правиме? Ајде кажувај, има ли негде спасение? — одговори Андон и длабоко издивна и застенка.
—    Одмазда, Андоне, одмазда за виа, пци. За пљачката — пљачка, за ќотекот — ќотек, за крвта — крв. Ете, тоа е спасението од ниј. Дури му го ведиме грбот, ќе не вјаваат и ќе не т’чат како добици. Јас мисла оти требе да му се вратиме. Колку тиа по нас — толку ние по ниј. Ако сакаш да не ти се повтори годинашното, ќе требе да се позамислиш над него. Како шо ти реку. За пљачката — пљачка; за крвта — крв. Me разбра ли?
—    А бре, те разбра! И те разбра и не. Ами кај ќе одиме кога ќе не запашкаат после?
—    Ех, кај ќе одиме! Ене а златната, не чека, — му одговори Толе и покажа со глава кон Сливина(Планината со густа борова гора), која ги чека сите оние што не сакаат да го ведат грбот и да ги собуваат шалварите на заповедите од Мефаила и другите властодршци.
—    А бре, да су испашитен и јас, како тебе, најпосле и тоа да го направиме, ама ете, су си а зел бељата на глава пред време навјанаа тие пусти деца. Шо ќе му прават на ниј ако а намачкам јас? Ајде, речи. давај ум, најпосле и воа не се трга.
—    Умот ти е тој, брат Андоне. За севте од тебе јас ќе барам едно да ми кажеш: Ногу ли пари собра Мефаил по селата каде шо помина?
—    А бре, собра ами не? Седум осум села, ете го, помина; ич малку, по двесте лири од село зеде, господ виделото да му го земе; тохо шо вајда дека ќе ти кажа, зар да не ни и подели нам со тебе! — одговори Андон и се потруди да се насмее, стенкајќи повторно од болките.
—    Ами шо мислиш ти, шо забележа дури те тераше со него, и праќа ли од секое село парите в град или со него и носи?
—    Ба, и праќа! He веруам. И носи со него, пците главата да му а носат. Затоа, ете, и мудурот од Витолишча му даде тричетворица заптии да го вардат да не му ги земе некој.
—    Толку сака да знам. А ти трпи дури да си киниса, па после ќе видиме; ќе мислиме нешчо, ако можеме да измислиме.
Кога мислиш да се требе в град?
—    Кознаје, лебами, баеги време како се вртка одаваде река, та за одење кој ќе ти каже.
—    Тогаш од тебе ќе барам една услуга: да ми сториш абер, макар по пиле да знајш, ама да ми јавиш кога ќе тргне за в град. И не ти треба муабет понатака. Разбра?
—    Разбра. И ќе го стора сето шо ми го велиш, ако е за вајда.
—    Вајда не вајда, стори го ти и не сакалдисувај се за плаќање. Гледај шо помалку ќотек да јадиш. Таксај му оти во Дуње ќе платиш кога ќе се вратите, та белки нема секој ден да те бијат, Позаварди го грбот и коските, оти ќе ни требат за понатака, ако сака господ — заврши Толе и стана, го остави Андона да се мисли што ќе бидат овие негови зборови.
Уште утредента Андон го измени својот одговор пред Мефаила. До вчера викаше оти нема и не може да плати, а сега го замоли да му даде мувлет дури да си отидат во Дуње, ќе бара чаре ќе смести осумдесет и седум гроша. Но Мефаил не го пушти да си оди, ами по Бешишта со сите дунски должници прејде пак во Дуње. Андон не најде пари да плати, што многу го налути Мефаила, та потера за инает само него за Прилеп.
Од Бешишта Андон го извести Толета за Мефаиловото тргање преку река.
Во Дуње Мефаил преноќи само една ноќ. Пак се наготвија мазници, кокошки, алви кај Велика Спасевска; пак се изнапија сите топла ракија, служена од убава млада невеста; пак ги протепа бешивци и полчивци и ги пушти да си одат дома и да печалат, кога ќе дојде на есен да платат, ако не сакаат да ги продаде сосе деца.
Се прости со заптиите во Дуње, бидејќи беше близу до Прилеп, а рано се спреми денски да се прибере, та не подозрувајќи никаква опасност, тргна само со својот гаваз и Андона, кого сакаше уште да го протепа патема што го излага во Полчишта оти ќе плати, кога ќе си отидат во неговото село — Дуње, а од друга страна со него сакаше и да се оправда пред своите старешини во Прилеп, дека ги употреби сите мерки, а останале понеколку души фукара од секое село што не платиле, ама барем разбрале оти живеат во царштината на Султанот, носејќи ги сињилата по телата од стаповите на авалеџијата.

<hrdata-mce-alt=”7″ class=”system-pagebreak” title=”Толе Паша – Том 1 – 7″ />

 

7.

Во еден од жешките јулски денови, кога веќе сонцето беше на средината од својот пат, седеа во карпите над патот на Скала двајца луѓе под една наддадена стена во сенката и цврсто ги стискаа берданките, бришејќи си ја потта од набрчканите чела.
—    Та велиш, ќе помине денеска? — Го запраша едниот својот другар.
—    Така нарача Андон. Сношчи собрал шо собрал во Дуње и наредил и он да се спреми со ниј. Ќе го јадат тамо, во Прилеп, краста да и јаде — одговори другаот.
—    Mope, срце ќе и јаде тригодишно, лели му застанаме овде, токо оти, човече толку задоцниа?
—    Mope, оти задоцниа. Јадат, пиат, не знајш каква е нивната работа? Па дури да се простат со посестримките. He му се оставаат аловите прегачи и чорапи.
—    А бре, ние лели и ватиме виа злани, ќе и дочекаме, токо оти да не печат во вој припек. He глеаш под сенка колку е горешчина, ами шо прават ниа сиромаси шо се печат намо по нивјето! — одговори другиот и покажа на белите ‘ржи по Каленското и Дунско поле, каде се гледаа редици полози и ставини снопје, и откаде допираше оптегната тажна мелодија, песна на вечните робови — аргатите на чивлигот од Малибег.
Зад нив се слушна чврчорење од јаребици, и една претрча пред нив, како да сакаше да им стори абер.
Очите и на двајцата другари беа впиени далеку во патчето што се одделуваше од селото на запад. Најпосле, зацрне нешто на крајот на селото. Другарите забележија два три густи дима, a пo некоја и друга секунда слушнаа два три грмежа од пушка.
—    А, ха! издивнаа обајцата одеднаш.
—    Тргнаа, побратиме, тргнаа. Ќе и мешаме капите денеска, та да видиме до кај ќе излезе! — проговори помладиот.
Црната точка се оддели на крајот на селото на две. Едната се врати назад, а другата тргна по тесното патче право на запад.
—    Тиа се, Толе, тиа. Ене и не. Навјанале, како слепци, пците крастави. И само еден пешак по ниј. Може Андона го собраа да го јадат — одговори постариот и веќе почна да ја стиска берданката во рацете. — Ајде, мори златна? Сега покажи се, та ќе те наковам по целиот кондак со ж’ти черечиња.
Во ишчекување поминаа дваесет — триесет минути. За тоа време нашите пријатели уште еднаш ги проверија пушките, фишеците и кубурите. Го утврдија планот кој на кого ќе стрела и каде ќе се најдат во случај да се загубат во ѓурунтијата.
Патниците дојдоа до каленското кладенче и Јован и Толе можеа веќе да ги распознаат што луѓе идат.
—    Двајца вјаваат, еден оди — вели Јован.
—    Значи… по еден од вјаниците — одговори Толе и му затупта срцето од возбуда.
—    Така. Ти ќе тргниш на првиот, јас на вториот. — Гледај право, да не ти отиде фишекот на бош, оти сета работа ќе отиде на бош. Ајде сега, ваќај го ти каменот под пат, јас ќе остана над пат. Ќе те чекам да тргниш ти на првиот, па јас на вториот.
—    Добро — рече Толе и како смок се свлечка преку камењето и го пресече патот, та се намести зад една од многуте карпи на Скала.
Јован го фати одредениот камен над пат и го гледа Толета одозгора.
Од каленскиот кладенец се кренаа нагоре патниците. Напред двајцата јаваници, a пo нив Андон со белата мариовска кошула.
Јаваниците ги допреа коњите и сакаат што побргу да ја поминат Скала и Слива, та навреме да стигнат при анамчињата во Прилеп. На пешакот изгледа не му се брзаше, та последниот коњаник често се обѕираше и викаше. Толе и Јован веќе слушнаа под нив остар глас.
—    Ајде, бре ќерата, повјасај, што оставаш така како прекршен кучка. Ќе вратам коњот, жими вера, ќе кршам коските. — И го позастана малку коњот.
Кога коњаникот (а тој беше гавазот Рифат што го придружуваше авалеџијата) позастана да го вика Андона, овој позабрза да не расипе работа, бидејќи знаеше дека тука, негде по Скала, треба да биде извршен нападот.
—    Ида ефенди, ида. He берете гајле вие за мене, кај ќе крша глава со една куќа деца.
Убеден дека Андон не се враќа назад, го дупна коњот со мамузите, го стигна првиот и му се придружи на песната, која овој беше ја почнал уште од кладенецот на наугорништето, гледајќи назад во далечните мариовски планини:
„Даглар, даглар, виран даглар
Јузум ѓулер карбим алар.
Пеште мали сред’м таша
Јаз’ланлар ѓелер баша.*

(* Планини, планини, пусти планини
Лицето ми се смее, срцето ми плаче
Крпата ја спрострев на камен
Но пишаното ќе ти дојде на глава)

Во тоа расположение дојде првиот пред цевката на Јована, но овој го пропушта два три метра и погледна во Толета.
Толе ги впи очите во агата уште кога се појави, и не гледаше во Јована. Чекаше само да му дојде пред пушка. Срцето му затупа посилно, но рацете цврсто ја стискаа берданката и никаква тревога или расејаност не доби.
И таман авалеџијата ја заврте главата да му проговори нешто на гавазот, Толе го зеде на мушката и ја оптегна ногата на пушката. Оваа грмна, зачади пред Толета, a пo неа се слушна од над пат и друга. Истрча Толе веднаш на патот и виде дека пушката свршила работа. На сред пат лежеше ничкосан авалеџијата, но коњот летна назад да бега. Толе тргна по него, а Јован веќе ги држеше и двата коња, бидејќи од неговиот куршум падна смртно погоден Рифат.
—    Готов ли е твојот, побратиме. — го праша Јован Толета кога пристигна до него и го фати едниот коњ за узда.
—    Ич не мрдна. Тиии! Толку алчак луѓе, мајката, бреј. Ама ни офна, ни писна, песот еден. Ене го не! Рие ничкум како свиња во тиња.
Токо, кај вати Андон? — праша Толе и почна да ги пипа дисагите на коњот од авалеџијата, па му вели на Јована:
— Овде се побратиме, овде. Еве еве, каде тропаат — удри со тупаница по десниот дисаг. — Треба да има баја.
—    Ногу, малку, наш к’смет се — одговори Јован. — Токо кај вати Андон, дали не побегна и тој?
Во тој краток разговор од под пат излезе селанец, сиот во пот утунат.
—    Mope, аирлиа работа, побратими! — викна со растреперен глас. — А свршите ли, бре мажје? — И седна на еден камен крај патот.
—    Mope, амин побратиме, токо кај вати ти? Ние си рекоме се исплаши и го вати долот. Ајде, на, држи го коњот да и преобида јас агите, та да се иставаме побрго, оти сеа ќе втаса потерата од Дуње.
—    Има ли ногу заптии во Дуње? — Праша Толе и му ја даде уздата од коњот на Андона.
—    Mope, какви ти заптии. Во Дуње нема никакви заптии. Тиа Витолишките, шо го доведоа „ефендиата”, тројцата; ама и тиа си кинисаа назад, та којзнае дали и чуа пушките. Ако се навртени долу Црна, лебами, зорт да слушнат.
Толе и Јован се поослободија. Значи, имаат време, ќе се мрднат од местото дури да се разбере работата.
Толе му се врати на авалеџијата и го клоцна в ребра.
—    Стани, ефенди, да ти плата беглик за бравите од Султо Јани. — И не наведувајќи се, со нога го заврте на грб. Под него остана локва крв и Толе виде дека палтото на убиениот беше продупчено под двете мишки. Се наведе, го распетла на брзина елекот, па кошулата. На голо, најде ќемер опашан.
—    И тука има, и тука! — му викна на Јована и овој, откако сврши работа со гавазот, кај кого најде само две бели меџудии и неколку грошеви, дојде со Андона кај Толета, водејќи ги коњите.
—    Така, демек и тука има, а?
—    И тука, ем дебелите се тука — одговори Толе и го покажа ќемерот на половината од авалеџијата.
Се наведе и го распаша од неговата половина, та го опаша на својата, бришејќи ја крвта од палтото на убиениот.
—    Е сега, да се платиме, Андоне, та да ваќаме секој на своа страна — му вели Јован на Андона.
—    Дај Толе, вади, извади од дисагите да му дадиме некоа на Андона да ни го прави алав заметот.
Толе ги симна дисагите и во нив се најдоа неколку оки „бели пари”. Во едниот дисаг беше ги одвоил авалеџијата череците, двачереци, грошеви, алтилаци и други ситни пари, а во другиот само белите меџудии.
—    Шири, Андоне, скутот! — му вели Јован на Андона и се наведе над дисагите. Зацрпе еден, два три грста бели меџудии, пет, шест грста ситни пари и му ги истури во скутот на Андона небарем круши горници му ги полни.
—    Чини ни алав заметот и позачувај понекоа, да ти се најдат за зор заман. Ај ми со здравје. Како ќе кажуаш, кажуј. Тоа е твоа работа, само нашите имиња не ќе и споменуаш. Ти одеше назад и кога припукаа пушките летна, та нишчо не виде. Тој ќе биде твојот одговор. Разбра?
—    Разбра, и од мене нишчо не излегуа, бидите раат и ајте ми со здравје — рече Андон и ја симна торбата од рамото, та ги тури парите од скутот во неа.
—    Здравје да имаш, и ти со здравје! И помни шо ти веле јас во Пчишча! — му одговори Толе и ги префрли дисагите на коњот.
—    Ајде, ај ми со здравје и носи му здраво живо на агите; нека пратат и други авалеџии и беглиџии да збираат арачи и беглици — вели Јован и го јавна својот коњ.
—    Ајде Толе, вјавај, и по мене, да го ватиме ноќеска орманот, оти овде на голото ќе не изеде в’кот.
И Толе го јавна коњот, го дупна по Јована и си ја запеа старата омилена арамиска песна:
He плачи, мајко, не жалај мори, не жалај
He рони с’лзи крвави, мале, крвави
По твојте бели јобрази, мале, јобрази
Оти ќе стана ајдутин, мале, бунтовник
Турчинот не го јоставам, мале, јостапам
Турчин да ми се башари, мале, тамбари,
На татковото јогнишче, мале, јогнишче
На мајкиното катишче, катишчо
На сестрината постела, мале, постела…
Андон си ја нарами торбичката и си тргна долу Скала. Кога дојде до кладенецот: каде што преѓеска пиеја вода, се сети дека опасно ќе биде да влегува со се пари в село. Погледна горедолу, лево десно, нигде жива душа. Се напи вода, иако не му се пиеше и кога ја накрена лејката, му падна в очи големата плоча над кладенец.
„Ќе и истура под плочата, па по некое време ќе си и прибера, ако остана жив” — си помисли Андон и така направи. По пет шест месеци откако одвај се искуба од судот, отиде нарочно на пазар и на враќаше ги собра и си ги однесе дома, за да има што Да им остави на децата кога ќе ги остави за да му се придружи на Толета, оти агите веќе го зедоа на заб и го запашкаа да го гонат.
Јован и Толе го пресекоа долот и на мракот ја прејдоа Црна кај Скаклевите воденици. Уште кај стари вечери влегоа во Полчиште и право кај Миша. Ги симнаа на брзина дисагите, ги преброија жолтите, ги тргаа белите со кантарчето, и Јован ги поведе коњите, нарачувајќи му на Толета и Митра, „ако не се врата, делот мој, троа потроа да и го дадите на старата, да и прерани децата”. И се изгуби во темницата. Уште со ноќ ја префрли Кравица и за ручек се најде во Караџова. Уште во Баово ги продаде и двата коња на поп Мишевци и Цоцот, слезе во Сабоцко, појаде, попи и по десетина дена се врати назад.
Кога си дојде дома, Толе веќе не беше кај Митра.
Дошле големи потери по цело Мариово и собрале се што им се видело сомнително. Го нашле и Толета во Полчиште, и бидејќи не можел да докаже што дошол и кај оди, го собрале и него. Но никакви траги од убиството не нашле.
— Ами сега шо правиме ал, стрико Јоване? — се притапка Миша плачејќи за побратимот Толета.
He бери гајле, невесто. Лели сте и дочуале тиа златните — црвените, се ќе направиме. Извади утре печејсет и турни а капата над око. Тиа пустињи и врзуат и одврзуат — ја утеши Јован Митра.
По дватри дена Јован поштукна од Полчишта. Оди кај оди, но си дојде по една недела оо насмеано лице пред Митра.
—    He бери гајле, невесто, јас дури су жив. Ќe си дојде побратимот. Кршиа главата тиа шо ми и даде, ама ќе свршат работа.
—    Еее! чул ми те господ златен, стрико Јоване! Пусти нека останат парите, налет нека се сторат, токо човекот да го куртулиме — се лигави Митра и си го претставува часот кога ќе го дочека светијованот. Оти пак да не го дочека кога и остави безброј злато и со оки сребро? И почна да ви брои дните, неделите. Помина месец, два. Толета го нема, a Јован ја убедува дека сврши работа.
Кон половината на третиот месец, во есента се одржа судење за убиството на авалеџијата и за опљачканите пари.
Под суд беа ставени над триесетмина ни криви ни должни. Сиромаси беа само тројца дунчани и Андон, а другите сите бендене — имашливи луѓе. И сите му тапосаа на кадијата и кајмакамот кој по десет, кој по дваесет лири; некои по педесет, меѓу кои и Јован за Толета. Кадијата беше начисто со тоа дека авалеџијата и гавазот се отепани од некој повеќе што плати, но таков не беше еден, та место сите да ги осуди, тој сите ги пушти белким и некој друг ќе отепаат да лапнат со кајмакамот уште по некоја и друга стотка жолти.
И така наш Толе пак се најде еден есенен ден кај руса Миша.
Co Јована си ги поделија паричките братски, та дури и тие што ги зеде Јован за коњите.
—    Неќу илие, вели Јован — да не ни се стори некој кедер во работата. — Рушветот што го даде за Толета, половината го зеде на себе. Поправо тој тие пари ги даде од купот и сега поделија што остана.

<hrdata-mce-alt=”8″ class=”system-pagebreak” title=”Толе Паша – Том 1 – 8″ />

 

8.

Толе реши и оваа зима да ја помине пак со Миша во Полчишта, но за да се насели сосема требаше да има затоа некоја причина.
—    Шо да работа, мајката, да можа да се врткам вадеа! — се советува Толе со Митра и Јована.
—    Тих! — што си се загајледисал па ти, светијоване? Шо ќе работиш? Види нешчо, подваќај шо било. Ене го не Палтото зиме, лете дома си седи, си клука со теслата, си прави по некое каче, крбле на недела и си ваќа по некоа паричка. Зар толку не можиш ти да купиш една тесла и еден струг, та да станиш еден мајстор? Каде каче ќе потправиш, каде букаре, бочва, бурилце, ќе се најдиш во работа, да не те бркаат. Та за печалба — не стегај се ногу. Да а изедиме со здравје и добра мисла ваа шо а напечали, пак ќе даде господ, ќе се запролети, ќе напечалите и друга со стрика Јошка.
Така Митра го даде предлогот: Толе да се прави бочвар, качар, мајстор, само и само да остане крај неа цела зима.
„Та што има поарно од тоа: зимно време да ти е погодена работичката, да ти е осигурен лебецот, меќанот, постелата со убава млада руса невеста?” — си мислеше Толе кога го слушаше Митриниот предлог.
— Пусто да остане и лето, ич не го бендисуам јас — велеше пак Митра кога се спремаа со Толета да ја проведат зимата заедно. — Ќе вати горешчина, излегол свет по жетва, по вршење, по градини, ливади, ни дење ни ноќе човек раат не може да биде. А си се пораспашала малце да и поистресиш б’ите, ете ти а некоа чанта, се враќа од градините, ќе ти се истресе и ќе те затече распашана; ја некој косач, гумнар, жетвар. Се знае ли? Сето село, цел народ е надвор в поле и не знајш од каде ќе се натресе некој. А воа зимото си е благословено. Секој се прибрал по дома, по колиби и трла, се подвил во сакмата и никаде не оди, никого не задева. А ти си си го навалила огенчето, си си го послала новото покривче крај оген, новката перничка, си си се порашчекорила, си се греиш. Си си зготвила слатко и благо и само чекаш да падне мракот да си а засурмиш вратата и да си го викниш светијованчето на постелата. — И Митра го навали Толета на посланата постела, се разбира дека пред тоа и вратата ја засурми, и зготви слатко и благо, та и винце му го наполни грненцето, кое Толе заедно со неа ќе си го испие.
—    И ќе си почниш да си го галиш сугарчето вака — и почна да му ја мазни косата како на дете годиначе.
Толе ја навали главата на нејзиниот скут и само преде како маче кога му ја мазнат опашката и го прашаат „писо мацо — дреме ли попот”.
Огнот пушта сињи пламенчиња и ги озарува двете зажарени лица и светнатите тигрови очи. He се знае кој повеќе е зажарен. Дали бујната Толева природа, или Митрината женска сурова страст.
—    Ајде, ајде мило, ајде да сториме адет, да повечераме, та да си легниме.
He ја фаќа место Миша. Предлага да вечераат, што побргу да го кладе жешкото Толево лице на своите образи и да му та понамести коските.
Гладен ли е човек кога крај себе има така убава женичка и тоа сам со неа, во засурмена куќа, каде никој не може да влезе?
Гладна ли е жена кога се наоѓа покрај таков ‘рслан што ја голта со очите, а таа сака што побргу да ја проголта и да не се освести веќе сама без него?
Сепак, „се прави адет”, вечераат и се голтаат еден со друг.
Борина во таквите случаи не се клава да не светни куќата и да ги види некој од баџата, оти за дупките Митра се погрижи та одамна ги затна со крпи: „да не и дува северот”, — им велеше на жените, кога ја прашаа што толку иззатнала.
А од баџата ако не виде свети Јован? — му се плачеше Митра на Толета во рацете кога веќе си лежеа спружени на постелката. — Море та и тој е од мајка роден. Неоти тој пак си немал некоа како тебе? — И одговараше Толе, а таа верувајќи му дека и светијован си имал посестримка, уште повеќе го стегаше со меките бели раце и го посипуваше со бакнежи и милувки. (Митра не работеше полски работи кај стариот Брлета та затоа рацете и беа меки и бели).
Ете за ова Митра ја сакаше зимата, a ги неќеше другите годишни времиња. И тоа затоа дека оваа зима и беше светијован и Толе на поседок. Инаку, кога беше сама, се едно и беше. Дури пролетта и беше помила со својот живот на природата.
Па сепак на Митра и беше празно срцето. Таа знаеше дека Толе има жена и деца, знаеше дека таа има маж и дека ќе дојде еден ден разделба.
Од средето на зимата почна да му се поразболува. He и се јаде, главата ја боли, нозете ја вијат, и се нешто и е кусо.
Толе го забележа тоа и се разжали како ќе се раздели.
— Ама, шо ќе биде ваа твоа болес, Мишо, секоа вечер се нова? — ја праша една вечер откако ја затвори вратата и си седна како секогаш крај неа на постелата.
Митра ја навали главата на неговото десно рамено и почна да издива длабоко, a веќе и солзите почнаа да и капат низ образите.
— Шо ти е, мори златна, шо плачиш, шо сакаш и шо немаш? — ја запраша Толе и зачека да си ги каже Миша своите желби, кои тој веднаш имаше да ги исполни. — Кажи, Мишо, кажи јагне, зошчо ми плачиш? Шо сакаш бацко да ти купи? Скопец, скопци, решмиња, ете имаш. Чели ли сакаш за Велигден, кошула, бугасиа, ѓувезиа шо ми сакаш? Кажи, не парај ми го срцето со линџа! — И џочна да ја бакнува и да и ги брше солзите од жешките црвени образи.
Ох, не пукај ме, Толе, не боди ме в срце со твојте скопци, решмиња, чели и други трици!. Тебе! тебе! тебе! Толе, тебе те сакам, да не се одделиш од мене!… Оф, јас кутра, шо си направи! — Офна силно и се спружи на неговите колена на грб; со рацете му го стисна вратот и му се заѕвери во очите, небарем ете сега ќе и го грабне некој и таа за секогаш ќе се лиши од она без кое не може да живее.
— Толе! — My се впи уште пострасно и почна да го бакнува по образите, челото, устата и каде стигна. — Толе! — шепотеше при секој бакнеж. — Толе! He оставај ме никогаш. Речи оти не ме оставаш! Речи! Речи или удавиме со виа твојте раце. Јас сакам до тебе, до тебе да умра — ја навали главата на неговите колена и ги затвори очите.
Толе почна да ја гали, сега тој по русите коси, и се замисли над нејзиното побледнето лице.
Во моментот му излезе пред очи неговото црно Кате како го држи машкото дете на градите и си го гали како тој Митра. Си ја претстави првата вечер со тоа наметнато девојче, како го истепа и си рече дека не го сајдисува и како нема да го доводи до крај, но на силата од Адемага не можеше да не го земе и да не се венча со него.
Ете, сега неговото срце најде жена со која ќе векува. Зошто пак да не ја остави Ката кога Митра го моли и проколнува да не ја остава?
Ами децата? Децата си имаат мајка, ќе ги одгледа, ќе ги порасне и ќе ги направи робови на агата. И пак се врати на старата мисла:
„Не, не, јас не и оставам ниј да робуваат. Дури се за мајка, нека седат кај неа, a кога ќе потпркнат, ќе и прибера кај мене. A сега ќе и кажа на Митра …” — Е шо сакаш, мори златна, шо да направиме да бидиме довек заедно? — ја праша Толе Митра, правејќи се дека не може да се сети кај мава таа.
—    Шо сакам? Зар не гледаш шо сакам? Сакам со тебе да умра. Барај чаре да ме извадиш од ваа дупката и да ме заведиш некаде далеку, далеку одовде, каде никој никогаш нема да ме врате во неа, ниту да ме има друг од тебе. Ете тоа сакам. Разбра сега?
—    Разбра, јагне, разбра. И јас тоа го сакам, само как да го направиме? Ајде, учи ти мене, јас тебе. — И се замисли Толе за миг.
—    Ќe идиш ли ти со мене каде ќе те вода? — Ја праша Толе Митра со натажен глас и ја исправи да седи до него.
—    Ќе ида Толе, ќе ида. На краот на светот води ме, само од тебе да не ме одделиш. Ете, земиме ме, кладиме во пазуата и носи ме со тебе макар и на дното на пеколот, само без тебе не можа да живеа.
Пак се избакнаа, што дојде како мелем на раздразнета рана по овие душевни напрегања.
—    Е, добро, Мишо. Ете, од ваа вечер знај дека јас ќе барам чаре да избегаме некаде далеку каде никој нема да ни пречи во нашиот живот. Само, гледај да не ми мрдниш ти од белешката! — се насмеа Толе и ја ослободи Миша дека ќе и ја исполни и оваа, колку нејзина, толку и негова желба.
Така од таа вечер Толе почна да мисли каде ќе бега со Митра.

* * *
Зимата ја протутна Толе кај светијованката Миша со јадење, со пиење, со пријатно спиење, а за да има мана зошто тука седи, отвори цела работилница под горниот трем. Го прифати предлогот од Миша да биде занаетчија — качар, бочвар, самарџија и се што сакаш, само, се разбира, на збор. А за работа — кој донесе еднаш не се поврати вторпат, бидејќи Толевиот занает беше сосема друг, та сето тоа што го мајстореше не чинеше за ништо.
Но целта беше постигната. Заптиите мудурот од Витолишча неколкупати го прашаа зошто седи тука, а тој им ги покажа алатите и „дуќанот” и тие го оставија на раат.
Од негоните ветувања Миша се успокои и остави на него тој да се грижи за времето и местото кога и каде ќе бегаат.
Најпосле, таа си беше со него непрече на ни од кого, си живееше како со свој маж и се насладуваше од својот живот.
Трајко пак, си идеше на двете недели еднаш на преслекување; после почна Митра да му носи алишта на колибата, та престана и таа непотребна негова посета; и така се беше на свое место. Паричките од Toле се подарчуваа, но тие не беа малку за да се плашат од некое свршување.
Пак и зимата им притрча на помош свети Никола како падна едно снежиште до стреи. Ги завеа сите патишта та и заптиите од Витолишча којзнае дали дојдоа два три пати, или не.
Овчарите најмногу беа зафатени. Митриниот Брле не можеше да ја напушти колибата. Но и нему му беше згодна работичката. Беше си пригодил сенце, шумичка за овците и козите, слама за говетцата и магарашките, та не пуштајќи ги на паша, бидејќи земјата беше бела, тој им скубаше сено од стогот и шума од лисниците и им фрлаше по трипати на ден и си лежеше испружен крај огнот во колибата, чурејќи си го лулето со убав канатларски тутун, што, заедно со лебецот, сланинката, сиренцето, грашецот и леќичката, редовно му го испраќаше Миша по комшијата Суклета. А уште кога знаеше дека и Миша дома со „сенката” на светијованот Толета е осигурена со се нешто, тогаш навистина беше предоволен од својот овчарски живот.
Но зимата трае додека и е времето. Дојде свети Атанас, помина прочка, настапи великиот пост, кога и зимата веќе се спрема за одење. Земјата оцрне, Брле и неговите другари мораа да ги пуштаат овците и говедата на паша. Во трлата почнаа да блеат малите јагненца, а старите да им одговараат со мајчин одѕив од пашата и да и го напуштаат булукот за да си ги подојат своите рожби.
Брле извади петшеесет јагниња, две телиња, едно ждребе и едно прле. Овие дојачиња требаше да се прифатат. Овците да се припуштат, кравите да се измолзат да не прегорат, оти телињата во прво време не можеа да ги исцицуваат убаво. Се наложи некој да му помага на Брлета за да не пропадне целата негова зимошна мака. Затоа една вечер Брле нарача по Суклета да и стори абер на Митра да дојде на колибата за слонарка, да ги варди јагнињата и телињата во аслото и да му помага во припуштањето.
Оваа наредба не им се бендиса на двајцата.
— Што велиш, Толе, да ода или да не ода? — го праша Митра Толета и со нетрпение го очекуваше неговиот одречен одговор.
—    Mope ми, шо има јас да реча, Мишо. Тој ти е стопан засега; сакаш — неќиш ќе го слушаш — одговори Толе со туѓа уста. — Јас вела да не се закаруаме со него дури не најдеме место некаде да се иставиме.
Митра ја прободе в срце ваквиот одговор.
„Дали не се насити Толе со мене и сега сака да не оставе пак на воа црното аро?” — си помисли таа и му се обеси на вратот.
—    Толе, зар дотука беше нашиот мерак? Зар се насити од мене та сакаш да ме оставиш на тој вапирот стар, да ме дави дури су жива? — Ги овргали своите сиви гулабови очи, од кои веќе почнаа да течат солзи.
—    He, Толе. Ти нема да ме дадиш повторно во неговите нокти!..’. Лели ќе ме земиш со тебе? Како ми велеше зимоска? Сети се само колку убаво си а поминаме ваа зима! Оти цел век да не си поминиме така среќни и весели? Речи оти не ме оставаш?  
—    He, Мишо, немој. He плачи, не парај ми го срцето. Јас ти реку и пак ти вела оти си стоа на зборот. Ама работата е таа шо нема сега каде да се прибереме. Лели знајш оти сака место, луѓе шо ќе не приберат. Ќама поразмисли се малку. Така токо да тргниме! Кај ќе одиме? Ами ако не збркаат заптиите? He бери ти гајле. Јас ќе а вида таа работа. Ќе најда место и ќе дојда, ќе те зема. Биди раат. А сега засега ти ќе си останиш тука и за да не се сети Трајко, ќе го слушаш како стопан, како домаќин.
Ја утеши Толе Миша и ја испрати кај Трајка на колибата во Сотница, а сам си ја зеде сакмичката и прејде преку река, та му појде на Андона во Дуње.

<hrdata-mce-alt=”9″ class=”system-pagebreak” title=”Толе Паша – Том 1 – 9″ />

 

9.

—    Добровечер, Андоне.
—    Далти бог добро, Толе.
—    Како си, шо правиш, шо чиниш, како поминуваш, Андоне?
—    Сполај богу, Толе. Ете, работа потроа, живеа. Ами ти каде вака си се накренал? — праша Андон.
—    Mope ми, каде… Ете и јас излегу од зимата, како гушчеричките. Ете, вати времемето, веќе сака да се брка некоа работа. — И му намигна со левото око, завртувајќи ја главата кон Скала, за да се сети Андон каква работа ќе брка
—    Е, арно, арно. Аирлиа нека е, господ да ти поможе — одговара Андон, сеќавајќи се на сите подробности од случката на Скала со авалеџијата.
Го почести Толета со една ракија и го задржа вечерта на конак дома. Зати, Толе дотука беше и кинисат.
По добрата вечера и пиење, откако останаа насамо, Толе му го кажа планот на Андона.
—    Јас тргна, побратиме, по тој пат и по него ќе ода. Авалеџиата ми беше втор Турчин по редот шо го оплеска, ама душата не ми седи мирно. Се нешчо ме копка однатре и ми вика „а бре тепај, море, тепај Турчин кај ќе видиш, кај ќе сретниш, тепај, треби пезевевенци. Ама гледај баре да има зошчо”. И, право да ти кажа, лута ми е душата и на некои наши едепц’зи, шо се поддаваат на агите само за пуста сермиа, пуста да му остане, а не и гледаат страмовите и резилите шо и прават со нивните жени, деца и браќа. Е, да ми паднат некои од ниј, греј не греј, ќе му го тргам пишчолот со сет кев.
—    Имаш право, побратиме. Ете и мене крвта ми зовира кога и гледам ќелешковци, распишчолени, кај виа нашите роспии, како се лигават. Ми иде од кожата да си избегам. Ама ете, на. Тиа покрај ниј збираат сермиа, и глодаат и они сиромасите, и којзнае кој се полоши. Дали Турците со своите гнасотии и мрсотии, дали нашите со својте подавства.
Ете, кај Дамчевци се настрвил Булиман; нема недела да не дојде со десетина парталковци, маната на лов по Лигураса, слегуваат долу в село и со дни и недели беснеат со таа кучка — ќерка му Ѓурѓа. Од кај него Булимановите голтаци пушчиа жили кај Сирмевци, Јошевци, Велевци, Ристевци, каде шо се најдоа и други роспии како Ѓурѓа, и сега целото село стана букураана шо велат.
Оти пак да не стане? Булиман а наружал Ѓурѓа со триста скопци,   павто,   решмиња, крстови, синџири. И купуа локуми, шекери и разни ѕрнѕурки. Другите гледаат, се оближуваат, и тиа сакаат да носат, млади се, му се носи. А оти честа пропаѓа, оти селото потунало во срам и резил, тоа никој не го гледа, слепи да прогледаат. Остави друго, ами и со арч не сосипаа. Токо ќе дојдат, ајде по куќи, нарачуј мазници, зелници, кокошки, алви, за да беснеат, бесот да и вати? беснеат, бесот да и вати?
„Ако чорбаџи Сирме, Јоше, Веле, Ристе тргаат гараметот, барем мастрафот да не паднит на нив” — ти вели Булиман. А Сирмевци, Јошевци, Велевци и Ристевци тоа го чекаат. Да му се донесе од село и тиа да трескаат, да треснат од него!
Та и јас су како тебе ифрет. Токо шо можиме, бре, побратиме, ние со тебе да правиме? Шо ќе направиме двајца, тројца па и петмина на волкава сила? Ајде кажуај, давај ум ако имаш, да правиме нешчо.
Најстина, јас су товарен со виа дечишчата мои, ами кога гледам оти еден ден ќе пораснат и тиа како Ѓурѓа, Стојна Јошева и другите, и оти и тиа може да паднат во турцките нокти, душата ми се тресе. А лек, ете, нема. Силата му е во рацете. Цартчината е нивна. Тиа повелаат, ние ќе го ведиме грбот, шо ќе правиме. — Заврти Андон и длабоко се издиши, како човек кого го потиснала несовладива грижа.
— He си прав, Андоне, во се. Во нешчо си, ама во нешчо и не си. Јас пак сосема инаку мисла: Кога царот не може веќе, или неќе, да не варде од виа изедници, тогаш сакаме неќиме сами ќе си го бараме чарето, да се вардиме. И ако станиме ние одовде, од Мариово пет, десет, двајсет луѓе, од Полето други двајсет, од Велешко трети, од Тиквешко четврти, се нешчо ќе направиме. Нема да и оставиме децата да робуваат. Доста сме биле робови ние со нашите стари. Баш за тиа деца требе нешчо да направиме, та макар и главите наши да и оставиме по ридишчата. Јас, Андоне, сосема ќе бегам в планина.
Јас, Андоне, сосема ќе бегам в планина. Ќе барам дружина и со неа ќе отплатуам на сите народни јадачи, па макар тие биле крстени или некрстени. Јадачите се јадачи, дали се крстат или се клањат — за мене се јадачи.
—    А бре, ајде ти и јас еве, да излезиме, да колиме, да тепаме, како шо велиш: ами шо ќе направиме само ние, бре Толе, бре брату?
—    Ќе направиме. Ние колку шо можиме, тиа по нас пак колку шо можат. Тоа е. Дошло, ќе се трга. Ако почнале нашите стари, се нешчо ќе имаше раскопачено досега. Вака, ако и ние со тебе не почниме, пак ќе си седат агачковци, пак ќе си јадат, пиат и маскарлаци ќе прават, а рајата, не ошче петстотини, ами и ошче илјада години ќе си робува. He е ли така?
—    Така е. Си имаш право, токо…
—    Шо „токо”? Се плашиш ќе умрат децата за леб? Или ти е жал за главата. За првото не бери гајле. Ќе се најде некој авалеџиа, бег или наш чорбаџиа шо ќе даде некој грош за децата да јадат, а за второто — неоти и вака главата ти е сигурна? Ќе му текне на Булимана, Амеда, Арслана, а сакам главата на Андона вечер на тарун, и неговите аламани тоа чекаат. Ќe ми ти а отсечат како на брав и ќе му а однесат на агата, дури пет да речиш. А вамо, со мене, од двете една — ја твоата, ја неговата. Токо, бидејќи те знам и ме знајш, ајде да се правиме дружина, да се обидиме. И така вој живот неоти е живот!
Co овие и уште многу други, Толе го кандиса Андона да го придружи во идната работа. Андон се присети за дисагите и ќемерот што го зедоа од авалеџијата на Скала; му падна малку и криво оти не му дадоа токму дел од парите, ама си призна дека не беше тогаш член на нивната дружина, та немаше на тоа право.
Покрај омразата што ја имаше секој христијанин кон Турците за разните зулуми и своеволија што ги вршеа над нив, во Андоновата глава влезе сега и новата пљачка над некој од прилепските или битолски бегови, кај кого што ќе најдат двојно повеќе и на кои пари тој рамноправно ќе учествува.
Co тие мисли му даде збор на Толета да се надева на него.
Толе стана утрото и замина за Крушевица.
Домашните не ги најде дома. Дошло време да се работи. Татко му и стрико му сеат пролетнини на Адемовите ниви; мајка му и Ката копаат афиони и лозја; само децата се дома. Голи, боси, испарталавени, како деца на чифчии, кои растат сами од себе со помошта на мајката природа. Го најде неговото Трајче наврено во едно искинато кошулче, босо, калнаво до уши. Под калта и ‘рѓата по лицето не можеше да го разликува бело или црно ќе биде. Само од косите можеше да дознае: ако му е бело лицето, ќе биде калешоцрно, бидјеќи косите му беа на мајка му Ката — црни. Си влезе во кошарата, ја обеси сакмата на колот зад врата и излезе та го зеде Трајчета на колено и почна да го гледа внимателно.
„А неќу мајка му шо а неќу, ами шо ќе му права на воа максамче кога ќе избегам со Митра? Ќе остане да го живее ропскиот живот како дедо му на Адемовиот чифлик”, — си мислеше Толе и веќе го гледаше како и тоа, како деда му, оре, копа од зори до мрак на чифлигот и оди гол и бос, гладен накаран и напсуен од агата. И почна да си зборува со него:
„Ќе му седиш ли ти, Тале, на агата или ќе дојдеш со тато?”
Малото не знаеше уште убаво да зборува, но и да знаеше, тоа не го познаваше Толета, та уште кога го кладе на коленото почна да се тегни од него за да оди кај сестричето на Толета, со кое беше оставено денеска да го преседи денот додека да си дојдат мајка му и баба му од работа. Така ја преседе Толе поручекта со децата за да ги дочека на мракот мајка си и црното Кате. Стрико му и татко му останаа со воловите долу в ливаѓе, близу до нивата, оти сака ноќеска околу полноќ да спрегнат. Лаката од Адема беше голема, пет кила семе бери, а бегот сака неделава да биде изорана и посадена царевка, инаку се знае, ќе го јадат остенот секој ден. Адем секој ден одеше кај секој од чивчиите и, штом забележеше некоја лабавост, (а тој никогаш не се ситеше со работа), им ги земаше остените и ретко кој оставаше здрав. Маваше Адем, по очи по глава, каде ќе стигнеше додека траеше остенот.
Затоа и Куле и Трајко по цели недели не си идеа дома, само и само да го задоволат Адема, да не го кркаат остенот, а што е најглавно, да не ги напади од чифлигот, да донесе други чифчии.
По мракот си дојдоа жените од работа и го најдоа Толета пред кошарата со децата, темен, задуман, натажен, само што не ревне да заплаче на глас.
—    Ми те донесе ли господ, бре сине? Добре ми дојде! — го поздрави мајка му, и како секоја мајка, го прегрна и силно го избакна по широкото бело лице.
—    Mope, еве ме, си дојду, поарно никогаш да не си ида кога ве гледам вакви — одговори Толе со тешка тага на душата.

—    Mope оти, Толе, оти сине, да не си идиш, оти да не не гледаш. Толку ли ти одмилеме, сине на мајка! Толку ли сме лоши, толку ли сме грди, ослепаго, та неќиш да не видиш. Лелее, јас сирота шо су дочекала, детето мое од мене да бега! — и почна Да плаче пред него и да крши прсти.      
—    Кој ти вели, мори мале, оти неќу да ве вида, кој ви вели оти сте ми одмилеле! Токо дека сте ми мили, затоа не ми се иде да ве гледам вака окапани, вака гладни, вака страдни, голи боси. Немој, мале, срцето да ми го параш. Јас не можа вака да ве гледам. Шо е воа, живот ли е? — покажува на децата и на нивните партали.
—    Шо правиш ти, мори црна чумо? И порасна ли Трајка и Велета да му служат на Адемовите штенци? — со обрна кон Ката и и го покажа детето, кое веќе беше се фатило за нејзината парталава фута.
Макар да беа зборовите „црна чумо”, на Ката пријатно и подејствуваа. Ги развлече дебелите испукани муцки, му се насмеа и проговори: тиме, токо камо го татко му да не пригледа со нешчо. He остави овде на дедот и бабата и којзнае каде оди, шо прави.
—    Ајде, ајде, ајде, елате си дома, да се збереме ваа вечер како господ шо рекол! — ги покани мајка му и сите влегоа во мрачната кошара, темна како душата на Толета.
Таа ноќ Толе пак ја помина со црното Кате во ќералчето и колку да беше вљубен во pyca Миша и оддели и на Ката парченце од својата страст, ако не љубов, и со внимание ја ислуша кога му раскажуваше како таа не стапнала веќе кај Адема, како Адем, не само што не ја побарал, ами дури некако избегнува да ја сретне.
На Толета му се бендисаа сите тие новини и утринта стана поразведрен.
Уште в зори тропна Муарем на малата вратничка и почна да вика:
—    Ајде Трајкојце, ајде, ставајте посабајле, излегувајте на работа да не претерат афионот, оти ќе колит Адемага, жими вера.
Старата ја отвори вратничката но во тој момент се исправи пред мајка си Толе и му се овргали на Муарема.
—    Шо тропаш, бре ќелеш, ошче со ноќ по туѓите куќи? Ај сиктер оттука да не ти излеза да ти и скрша коските со тој бастунот шо си го кренал како питач?
—    Охохо! брак, бе Толе ефенди, брак. He знаев, жими вера оти си бил дома, проштавај. Ако знаев ќе оставев да поспиеш на раат со Катето — се извини иронично Муарем и и нареди на старата да излегуваат порано со Ката.
—    He одат денеска мојте жени на работа. Така ќе му кажиш на агата. Си дошол ефенди Толе и не и пушча. Ќе почека афионот за некој ден и друг — одговори Толе за мајка си и се тргна назад.
—    Ќe кажам, ефенди Толе, ќе кажам, само да не правиш лошо. Да не фаќат теклив бегот на чифчијата, та јас оти да не кажам,  рече Муарем и тргна да ги буди другите чифчии.
—    Mope ми, шо направи, синко, оти го напади агата, ќе не јаде тој пес Адем! — почна да се тапка мајка му.
—    He бери го ти тоа гајле. Јас не су вратен, ете повеќе од пол година и сакам денеска да ве гледам со Ката дома. Да се измиете баре, ако нема шо да ми готвите. Да и видите виа децата, да и позакрпите, не гледате ли, слепи да прогледате, бетер од ѓупчиња се сториле! — му даде Толе да разберат зошто ги задржува дома.
При зборовите „сакам да ве гледам дома” на Ката и светна кошарката.
„Боже, белки ќе го свртиш надесно, да се прибере, да си и изгледаме дечињата како сете еснафки” си помисли таа и си зашетка дома да си види ред домашни работи, за кои немаше никако време, та дури ни кркмите немаше време да си ги потсече; беа и паднале до очи.
—    Шо сакаш мајка да ти зготви, Толе? — го праша мајка му откако се прибра и тој крај оган. — Ете, ние ќе клајме троа леќичка за орачите и за децата. Пост, пустелникот, седум недели не се издржуа, устите ни испукаа. Леб пипер, леб пипер, нишчо друго агата не пригаѓа, пците месата да му и јадат. Од еден сув леб нишчо друго немаме, токо ако сакаш да мрсиш ќе побарам од стриковите некоа лажица мас. Да ти сукна некоа корка да касниш. Токо пак децата да не гледаат. — Го праша мајка му со најнежен глас, трудејќи се макар со нешто да го одоброволи и расположи.
—    Неќу нишчо стара. Тоа што ќе јадите вие, ќе јада и јас. Денеска ќе ода на нивата да му занеса леќа на татка и на стрика, ако сварите повеќе, да и вида и тиа мачни души. — Одговори Толе и стана да расцепи некое дрво во дворот, колку да се најде на работа.
Муарем со трчанка си појде на кулата и му кажа на Адема, дека тој кумитата од Кулевци си дошол и денеска не ги пушта жените на работа.
—    А, ха! — вели Адем. Ќе биде лов денеска. Ќе фаќам, зерем, тој пезевенк и врзан ќе праќам на кајмакамот во Прилеп, да видиме кај одит со месеци, што правит, одошто живеит. Тој излезе неранимајко и ќе расипит чифлигот, ама Адем ќе го кршит роговите, место тој да бодит него.

* *
Се свари леќата и Толе го зеде грнето и една торба ‘ржани сомуни и отиде кај татка си и стрика си на Адемовата лака долу во ливаѓето. Старците се изненадија кога го видоа Толета со ручек. Им се озарија лицата и на двајцата, а татко му издивна длабоко и си помисли: „Ех! Сполај му на господ, белки му дојде умот да се прибере да си а гледа тајфата”.
— Бре, како си синко, бре кај си, каде беше, шо стори, шо направи? — го засипа Трајко Толета со прашања, но ниту на едно не доби одговор како што чекаше.
Толе ги изгледа од пети до глава извалканите орачи, им ги виде испуканите усти од солта, пиперта и ветерот, им ги виде босите искрвавени нозе, голите изгорени раменици под искинатите кошули, козинавите црни градници и белите глави, полни со земја и му стана чудно од каде во тие робови насмевка?
„Та тие не знаат за поарно” — си заклучи Толе и ги покани да ручаат од ладната леќа и ‘ржаните коромани.
Сонцето веќе беше излегло баеѓи високо кога Трајко и Куле ги запреа ѕевгарите и слегоа на долчето да поручаат. Седнаа близу до водата, да можат почесто да потшмрккуваат за да не им застане некој залаг во грлото, оти леќата не беше доста да можат со неа да ги поголтнуваат сувите залаци.
Орачите навалија лакомо да јадат и цели корки, голтаа, бидејќи и сношти беа без леб, та од вчера како каснаа, немаше сношти што да вечераат, ни да појадат сабајлево, а ете веќе 78 саати како ги тресат ралата и како запињаат гладни.
Само Толе проџаволи петшест залаци и престана да јаде, гледајќи ги со тага како тие лакомо јадат.
Воловите ја преживаа утринската царевковина, бидејќи тие ненајадени не можеа да ги тргаат ралата. Адембег водеше сметка за нив и пригоди доста храна, а за орачите, тоа не беше негово гајле. Тие можат и ќе ораат и гладни.
Адем го побара дома Толета, ги напсува жените што не отидоа утринава на работа и, кога му кажаа дека Толе отиде кај орачите, го јавна коњот и со трчанка отиде на нивата.
И таман старите се спремаа да го соберат лебот и да станат, се зададе тој одозгора на својот ат. Бодиња ќорлемички и вика оддалеку, се слуша псовка, но не се разбира што вика.
—    Бре, ќе не јаде… мајката, кај го намери ѓаволот да го трате! — се жала Трајко и веќе трга кон воловите во угарта. По него стана и Куле, но додека тие се фатија за рачиците, Адем се створи пред воловите и почна да се дере:
—    Што лежите, бре магариња стари, што сте остајле волојте сред угар, а вие лежите на тревата, а?
—    Аир бег, не лежиме, ами појдоме да покаснеме. Од вчера не сме јадени, ако веруаш бога — одговори Трајко и сакаше да го потера ѕевгарот, но Адем замавна со камшикот и го удри преку очи.
Очите на Трајка му светнаа како молња, а кога и отвори, не можеше ништо да види пред себе.
—    Аман бег, зошчо е ваа работа? — изусти Куле и ја крена раката над глава да се заштити од камшикот, кој Адем го насочи кон неговата глава.
—    Јадите по десет саати, анасени… ана. Гледам уште од потсело: волојте лежат на јарем, а вие, истегнати на тревата, a? He се печалит така сермија асинковци, не! Треба да запните, да роботите, ако сакате да јадите. Така, со лелсење никој леб не дават. — И пак почна да мава со грбачот ту на едниот ту на другиот орач.
Од Замавот и од мамузите коњот се разбесне. Почна да се исправа на задните нозе, та со предните го завтаса Трајка и го кутна во угарта. Како и тој да се беше разлутил на овие „неработници”, та сакаше да му помогне на бегот во извршувањето на казната.
Трајко се извалка во угарта, а Куле, некако го грабна коњот за узда и му се исправи на Адемаг
—    Чекај, бег, чекај, чекај да се разбериме. Шо е вој зулум од тебе? Шо сме направиле, та шо си се разлутил толку?
Адем се наведе на вратот на коњот и почна да мава на Кулета, но овој не го испушти коњот. Како да предосеќаше дека иде однекаде некоја помош.
И навистина, по третиот, четвртиот камшик, како од земјата изникна Толе крај Кулета и со страшен глас изрева:
—    Зошчо и јадиш, бре песу, пците месата и коските да ти и јадат? — Co молњевита брзина го зеде остенот од татка си и уште побргу му се изврте на Адема по врат и овој падна од коњот во угарта.
Адем падна, а Толе го јавна. Го зареди со остенот исто онака како тој што ги редеше орачите секој ден.
—    Однесете го вој пес на некое магаре дома,” или запретајте го во угарта ако пцовиса! — му нареди на стрика си и го јавна коњот. На неколку чекори го запре и му викна на стрика си да појде кај него, па му вели:
—    Ќе ве јадат шо ќе ве јадат виа пци, токо баре ти си помлад, гледај, позацкри се дури да се врата та ќе дојдиш со мене. Каде ќе одиме, одиме. Ако останиш ќе те расипе Адем. Стариот… господ шо ќе му поможе. Јас за три четири дена ќе ти се кажа кај да су. — Го дупна коњот долу ливадите и го фати Чаништа за черек саат.
Останаа Трајко и Куле да се штуткаат околу онесвестениот Адем.
Најпосле Трајко се присети и почна да му тура вода на главата од букарето. Полека, полека, Адем ги отвори очите и прогледа околу себе. И откако се убеди дека Толета го нема, почна стенкајќи да зборува:
—    А бре, што стана овој, бре синко? Што беше овој работа? Од кај дојде тој кумита ваш, бре да отепат мене, бре! Ееех! Дуњо мори! До кај дојдовме, чифчиите да тепаат бегојте што ги ранат, бре! Ами сега, што да правам вам бре Трајко, бре Куле, бре! Толку години живејте на мојот земја, вака ли бре џанум, дотука ли донесовте работата? Леле, мајко леле, леле, ќе загинев на мојот нива од мојот момци! — се изналелика Адем и како да се присети нешто па им рече на орачите:
—    Туку, живи вера, ќе молам и ќе колнам едно: да не кажите никому што направи тој пезевенк, a јас него ќе бркам. Знам, вие не сакавте да дигнете рака, ама ете и јас грешив малку, сега пишман го правам, ама тој беше. Ќе кажите коњот фрли Адем ага и отепа, а јас ќе помнам овој добро за многу години. Овој Трајко ништо не крив мене. A ти, Куле, лошо стори што фати коњот да дојде тој пезевенк, ама, и тебе ќе простам ако не излезе лав на мегдан.
—    Арно бег; како велиш ти ние така ќе речиме. Зати и така беше. Ние нишчо тебе не ти направивме. Тоа копиле… — се поутеши Трајко и го исправи Адема да седне.
—    Оф, оф, оф! — простенка Адем и почна да се витка. — А бре, ме сокршил мене тој ќерата бре; оти не откинавте бре, тој ајдутин бре? Леле, леле, леле! Коска здрава не оставил!
—    А бре ми, шо ќе те откинеме бег, тој и нас сакаше да не истепа, токо дип родители сме му. Ти се лути, велеше, шо му a наметна Ката та, ете, сега му дојде на колај да ти плати. Така рече и го вјана коњот, вати лимјата, да се не врате! — почна Трајко да се правда, да псуе и колне да не се врати Толе.
А со умот си велеше: „Чекај, агачко, да видиш како се кршат остените од нашите грбови. He ќе ти текне уште еднаш да ги погледаш, а не да ги кршиш од нас”.
Трајко и Куле го зедоа Бошевото магаре и приквечер Трајко го однесе Адема дома и му го растовари на Муарема пред кулата, за да го лекува анката две три недели.

<hrdata-mce-alt=”10″ class=”system-pagebreak” title=”Толе Паша – Том 1 – 10″ />

 

10.

Кај фати Толе?
Се разбира кај светијованката Миша и иобратимот Јована во Полчишта. Јован го претера и овој коњ преку Кравица и донесе седум осум лири, та си ги поделија со Толета.
Толе не се задржа долго време во Полчишта. Го дочека Јована, си дојде и Митра од колибата за некој и друг ден и Толе една квечерина си зеде збогум од обајцата за подолго време. He заборави да земе и некоја пара од Митра, убедувајќи ја дека сега ќе оди да бара место каде ќе се приберат кога ќе побегнат од Полчишта.
Митра пак со плачки и клетви го испрати, но Толевите ветувања беа така убедителни, та таа си остана со полна надеж дека не е далеку денот кога ќе се куртулиса од старото нејзино аро — Трајка.
Како и порано, пак Толе отиде кај Андона и овој го покани да преспие кај него, ама сега веќе начисто дека Толе е излезен од дома. Случката со Адема Андон ја разбра и беше сигурен дека Толе не се дава жив в раце на „тој пес”.
—    Е, кажи побратиме, ќе ми бидеш ли дружина или да барам на друго место? — отворено излезе сега Толе пред Андона. — Еве, јас пак ќе ти поможа, да оставиш нешчо на децата, ако ти е стра да не гладуваат. Толе го извади ќесето од пазамарката и истури од него десетина дваесет лири.
—    На, земи, остави и на Андоница, нека и се најдат во прво време, па попосле белки ќе ловниме некаде да му потврлиме и повеќе.
Андон уште првата вечер беше готов да тргне со Толета, но сега, кога ја виде Толевата спремност да се грижи за децата, наполно се реши.
—    Е море, така нека биде. Од вечерва твој су и под твоа куманда. Каде ќе ме водиш — води ме. Само гледај да не и продадиме кожите евтино.
—    He бери ти гајле. Толевата кожа не се продава евтино. Само ти да не се тегниш, да не се плашиш. И тиа се од месо, бре побратиме, и ниј и дупи куршум, и сече јатаган. Кога е така, ќе му се обидиме. Спремај се и викај утре пред зори. Да излезиме незабележано. Гледај, не плаши а снаа ми, децата. Речи и дека ќе одиш в град, по работа.
Така Толе го кандиса пријателот. Андон се прости ноќта со жената, ги избакна децата и таман првите петли пропеаја, го разбуди Толета и заедно отидоа во племната, откаде ја измодкна берданката и пиштолот.
Ја погледа на месечината и и проговори:
—    Ајде, море златна, со тебе сега век ќе векуам. Биди послушна како Стојна досега. — Ја избакна пушката како Стојна и децата ноќеска и ја нарами. Потоа рече „Ајде, божепоможи!”, се прекрсти и тргна во неизвесносга, да му прави друштво на Толета во неговага замислена работа.
Во зората стигнаа на нивата каде пред неколку дена го натепа Толе Адема. Како што се надеваа тука ги најдоа Трајко и Кулета, кои веќе ја дооруваа лаката.
Толе не сакаше да го тревожи стариот си татка, та го пушти Андона да го викне стрика му Кулета во долчето.
Куле дојде и се поздрави со Толета.
—    Е, стрико? Ние со побратимот тргнаме в планина. Шо велиш ти? Ќе ни бидеш ли дружина или ќе седиш ошче да те тепа и вјава Адем?
—    А бре ми, кој знае шо да ти реча, ама и мене некак непара ми се седи. Од некни кога го намерди Адема секоа ноќ не тевтише со стариот, а мене веќе дватри пати Муарем ка ме јаде. Адем те бара тебе од нас. Под дрво, под камен, вели, да ми го најдите тој арамиата или ќе ве испеча со се деца. Ако велиш ти да дојда и оти ќе има некрј аир од тоа идење, јас су готов. Решавај, гледај, прави. Оти ќе а пустиме куќата — таа се виде, ама ни вака не се живее.
—    Така е. Роб до гроб не се живее. Ќе се обидеме и по вој пат; белки ќе има некој спасибог баре за децата, та за нас се знае оти ќе тргаме маки и ќе и оставиме коските по ридиштата.
—    Добро, лели велиш; ајде бакалум. Кажуај шо да правиме!
—    Ете шо ќе правиме: ти вечер ќе си одиш дома и утре в зори те чекаме на Маргара, кај чешмичето, со некој и друг сомун леб. Кажи му на стариот дека си со мене и да не те чекаат. На Адема ќе му рече оти си се разболел и оти си отишол во Битола на доктур. Ако не неруа нека праве шо сака, а ние пак ќе правиме шо знајме и со него и со сете како него. He заборавај да а извадиш таа кремењарката од сајата на трлото. Земи го и барутот и куршумите.
—    Добро, внучко! Кога ти велиш така, така нека биде. Ајте, ми со здравје! — Ги поздрави Куле и тргна кон Трајка на нивата.
Веднаш почна да овка, да стенка, небарем навистина срце го стисна. Ги отспрегна воловите и тргна да си оди дома. Треба да нареди да се меси леб за утре.
Осамна убав пролетен ден. Снегот веќе се собра по врвовите на високите ридишта и како да стенкаше под топлината. И тука беше на издишување — на умирање. Таму каде што се беше претворил веќе во вода, брзаше долу низ долчињата да ги натопи зелените ливади и да се скрие во утробата на мајката земја за да се врати на есен или зима преку матните облаци и да се обнови. Долу, по орниците, од каде што пред неколку дена стана снегот, ги појавија своите сини и жолти главчиња качунките, а разните тревки распуштија зелени ливчиња, мамејќи ги беговите јагниња на сладок појадок. Пчелите одамна излегоа на пролетна работа и почнаа да прават нови пити — садови за нивната зимница. Дрвјата напупија, а некои веќе и се променија со бели, розови и сини празнични алишта за да го пречекаат ергенот мај што поубаво. И мравките, ене ги го изнесле својот одвишок од храна да го потсушат на благото сонце да не им се расипе од зимошната влага, а мрзливиот штурчо дебне отстрана да може да крадне некое и друго зрнце, оти прегладнел за овие три четири месеци лежење под снегот. Гората се наполни со нови гости. Врапчињата ги оставија стреите на селските кошари и копите со слама, каде што цела зима се тресеа од студ, и излегоа на слобода да ги бркаат бубачките и да прават меки седелца, во кои ќе ги одгледуваат своите мили рожби. А кукавицата не ја запира својата кукавна тажба и сега кога се се радува. Кука дење, кука ноќе и гледа кому ќе му ги поттури своите кукавичиња. А врз сето ова, онцето ги разлева своите благотворни лачи и ја вика целата природа нов радосон живот.
Само едно суштество не ја чувствуваше оваа радост; само едно суштество натеше и стенкаше под тешкиот товар, наметнато од силата и бесправието. Тоа беше беговскиот роб — чивчијата. За него немаше радост; тој не ја чувствуваше слободата што ја уживаа врапците, пчелите, мравките и целата природа. За него снегот не беше станат; тој беше потиснат. В пролет, лете и в есен повеќе отколку в зима. За него копната земја преставуваше нови стеги од бегот, каде треба да ја лее својата пот за да се насладува бегот од пролетните, летни и есенски убавини. Тој требаше повторно да се впрегне во исцрпувачката работа од зора до мрак и пак да го дочека Белчета за да дува и ука на рацете кога ќе вади слама за беговите волови, кога ќе сече дрва за беговата одаја, кога ќе го крши мразот по водениците за да сомеле што побело и поситно брашно, од кое неговата друшка — робинката — треба да меси бели погачи, да сучи танки мазници, баклави, да прави слатки алви и шеќерпариња за силникот — бегот, а таа со својата рожба да ги топи сувите корки во врела вода во котелот на верушките.
Оваа положба Толе ја наѕре и го викна, ете, Андона и стрика си Кулета, ако можат некако да ја изменат!
Овчарите на поп Стојана оваа вечер имаа гости. Уште кога се прибраа со нарамник дрва, од трлото излегоа двајца луѓе. Првиот го познаа одеднаш, но другиот им се стори нештр сомнителен.
—    Каде вака, побратиме, по мракот? — го праша Петко Толета, со кого многупати како деца играа заедно и се бореа по чаирот.
—    Ете, излегоме малку по лов со другарот, та нема време да се вратиме. А сакаме и да почекаме некоа лисица, вадеа по долот, ноќеска — одговори Толе сосема наивно, што го увери Петка.
Си повечераа леб и пипер, размешана со вода. Таква е овчарската манџа во постите која ја имаат крстено „свирипиле”.
Уште пред зори „ловџиите” ја напуштија колибата и отидоа да „чекаат лисици” во долот.
Но тој дол слегуваше од Маргара и тие се запатија право по него нагоре, та пред да огрее сонцето се најдра на врвот на чуката, каде што овдеонде уште стоеја намети од зимошниот снег, но и тие веќе се прибираа. Чуката Маргара е највисока од сите врвови од Селечката планина и како стража го гледа како на тепција цело Мариово и Битолско — Прилепското поле; се поздравува секое утро со Ниџе, Кравица, дури и со Кожув и Беласица од исток, за да се заврти и ги поздрави другите другари Пелистер, Крушовските планини, та по некојпат му намигнува дури на двата Турчина и Поповата Шапка, а преку нив му се насмевнува и на далечниот Љуботен. Преку Кравица и Соколот се поздравува и со Пајакпланина и од секаде добива по една насмевка.
Да, се смеат и се радуваат сите македонски планини на пролетните убавини. Тие се ослободуваат од белиот свој покривач и се променуваат во зелената ергенска долама. Кај нив ќе зоврие живот, тие ќе се насладуваат од него. Ќе ги слушаат песните на сите птички, брмчењето на сите бубачки, блеењето на јагнињата и медениот овчраски кавал, во топлите летни денови.
Тука дојдоа Толе и Андон. Но не да ја поделат радоста со Маргара, ами да ја опфатат со своите соколови очи својата земја во која стенкаат нивните браќа и другари. Да фрлат тажен поглед над цело нивно Мариово, низ цело битолско прилепско леринско поле да ги пренесат мислите далеку, далеку под Пајак и Беласица, во Солунско и Светогорските Метоси, каде веќе житата се класени и ги чекаат аргатите од цела Македонија.
Во капињата, над чешмата, раскастрија и ги послаа сакмите, ги оставија пушките и торбите и слегоа, та се замија образ со студената снеговица.
Времето за појадок дојде и помина, но колку да беа гладни, не споменуваше ниту едниот, ниту другиот. Седнаа во капињата и ги фрлија очите в село.
Над селото се виеше танка магличка. Кое од чадот, кое од испарувањето на утрешната роса, тоа беше поклопено со танок слој и како преку коприна се наѕираа ниските чифчиски кошари. Само кулите од Адемовци, Арслановци, Сулокци, Бомболовци и дури и утрешната магла ја избегнале со што сакаа да кажат оти нивните стопаии не ги опфаќа никаква магла. И така беше. Тие притискаа, а не беа од никого притиснати, та дури и утрешната магла ја избегнале со својата височина над чифчиските кошари.
—    Шо велиш, Андоне, ќе можеме ли да слезиме некаде в Поле? — го праша Толо Андона, колку да поддене разговор и да ги отфрли мислите од русата глава.
—    А бре, ми, којзнае. Ќе можеме да слезиме до кај Путурус, оти да не, ама дали ќе можиме пак да излезиме! — одговори расеано Андон.
—    Ќе слеваме, ќе слеваме и ќе излеваме. Путурус, Бонче, Штавица, Марул, Прилепец. Ќе и ваќаме тие наши села за да им помогнеме нешчо и ним. Ниа Мусинските, Остречките, Канатларските качаци, нема пазар да не излезат гope по Слива и да не и оплачкаат нашите пазарџии. Пред некој и друг пазар му, и собрале ќесенцата на сете и големите добици — коње, маски и и пушчиле голи сиромаси.
—    И на комшијата мој, Стоана, му a зеа масичката. Ете го, сирома, цело зимо на грб дрвца каде носи. Едвај и прегреа дечињата. — одговори натажено Андон.
—    Да се наманеме некоа ноќ натака, белки ќе удриме на ниј, да и позаплашиме малку. Само, нека дојде стрико Куле. — предложи Толе и погледа долу долот.
He помина ни саат два, по нивните дири, горе долот, се зададе човек со наметната сакма. Толе го виде и сс успокои. „Тој е”, — рече и му го покажа на Андона.
Зачекаа со нетрпение.
Куле дојде до чешмичето и свирна тивко трипати со уста, а од капињата доби одговор и отиде кај другарите.
Се поздрави, ги симна сакмата, торбата и пушката и седна до нив задуман.
—    Дојде ли стрико? — ,го праша Толе колку да проговори нешто.
—Море дојду, внучко, токо којзнае до каде ќе излезе ваа наша работа! — издивна Куле.
—    Нема назад, чичко, нема. He двоуми се. Јас те праша и ти се кандиса. Шо сега: — „до каде ќе излезе?” Ке излезе дотамо: тиа нас — ние ниј, кому побрго. Токо, дај, вади некој залаг лебец, ако донесе, да каснеме, та да го правиме планот за ноќеска. Ете, ние со Андопа намислиме да одиме некоа ноќ кај Слива, да и дочекаме ниа качаците од Мусинци, Ерековци, Канатларци и Острец, шо му и зимаат ќесињата и добиците на пазарџиите, и ако можеме некој да оплескаме, да не и јадат сиромасите. Таа е наша работа засега. Анџак е денеска сабота, ќе се враќаат пазарџиите и сигурно ќе бидат нападнати.
Куле се поразведри. Ја зеде торбата и извади сомун ‘ржан леб и еден склопец со пиперки.
—    Еве, тоа имаше, Толе, тоа донесу. My реку дома се шо ми рече ти и и остави да се чудат. Шо ќе прават, како ќе пустат, еден господ да му е напомош!
—    He бери гајле, чичко. И господ и ние по малку ќе му помагаме, ќе протутнат и тиа дури не не опласкаат нас, Па кога ќе и затвориме ние очите — татар колосан — шо сакат нека прават! Санким со нас раатот ќе го видат, та без нас маката? Тиа си се осудени на маката, нека си а тргаат. Токо дај да каснеме, дај!
Куле го раскрши сомунот и Толе и Андон убаво се напоручаа, та слегоа и се напија од студеното чешмиче.
Околу ужина време ги нарамија пушките и тргнаа право по рид за Слива.
Уште со видело фатија метериз во камењето над патот и ги видоа сите пазарџии како ги бркаат добиците, што побргу да го поминат ова страшно место, ако не сакаат да останат без ќесиња и без добици, а може некој и без глава.
Таман провлече мракот, ене ти ги четворица луѓе одоздола по Бонечкиот дол; се влечкаат на десетина метра еден од друг, како волци во магла. На острото Толево око не му откинаа, макар да беше доста темно. Тој ги виде нивните сенки и веднаш се сети дека тие ќе бидат полските качаци, за кои порано зборуваа и за кои и дојдоа овдека
—    И гледаш, Андоне, и гледаш, стрико, Куле? Ене и не каде се ложат еден по еден и право тргаат да а ватат стената, — им обрна внимание Толе на другарите и продолжи:
—    Држете сега добро. Тиа ќе а ваќаат стената и оттука ќе нападнат некои задоцнети пазарџии и ќе и пљачкаат. Затоа ние да и превариме и да и пропукаме ваа вечер та да не му текне ошче еднаш да се појават.
Ене го, ној напред шо иде ќе го земе на нишан чичко Куле, тој по него ти Андоне, a јас најзадниот. Пушчете и, нека дојде првиот сосем до стена, за да ми дојде мене поблизу третиот. Јас ќе ви дада знак за тргање.
На Кулета и Андона оваа им беше прва работа од ваков вид и затоа на двајцата почнаа да им бијат силно срцата, а вилиците да им се тресат та забите почнаа да им штракаат, небарем замрзнаа од студ во топлата пролетна вечер
Толе ги теши со шепот.
—    Слободно, слободно држете пушките и нишаните, небаре на в’ци! Тие нам нишчо не можат да ни прават во стената.
За тоа време првиот дојде на три четири чекори до стената и за негова среќа се заврте да ги повика другарите. Толе и другите го слушнаа неговиот пригушен глас — скоро шепот — „Али, Муто, ѓел, ѓел, чабук, ич бише јок (Алија, Муто, ајде, ајде бргу, ништо нема)
Тие што беа поназад се исправија слободно и тргнаа со мало растојание, едниот понапред другиот поназад.
Во тој момент Толе цмокна со устата и сите три пушки наеднаш пламнаа. Се дигна дим пред сите, а пред Кулевата најмногу Веднаш се слушна офкање и псовка — Ах, анани… ана ѓаурлари. Али, Муто, нерде сан сен, бре кардашлар? Калк аша, једилер бу ќопеклер бизе анани… ана! )
Толе изрипа од стената и се спушти надолу, белким ќе може да го јавне барем овој што вика тука пред него, но од големиот дим го изгуби од очи, та дури по некоја минута можеше да слушне тропање од човечки нозе што бегаа долу долот.
Наврте и понадолу, белим од тие двајцата има некој паднат, но и таму не најде никого, та, слушајќи ги стапките долу долот почна да вика:
— У бре, е, е, е — а, ха, ха, хаааа а! Ош, ош, ош! Држте и, бре в’ците! Чекај аго Али, Муто, Суло, чекај да видиме чиа мајка сина доила… кајчето ваше пљачкашко! Држте ги одоздола, држте да видиме шо сакаат тиа кучиња по ридот ноќеска! — И му запнаа уште еден фишек во правецот од каде идеше топотот.
По Толета слегоа на патот Андон и Куле, разволнувани.
—    Никој ли не паднал, Толе? — праша Андон и се успокојува.
—    Нема наместо, ама мене ми се чини дека му и дупнаме кожинчињата, ќе му смрди да излезат другпат вадева.
—    Ах анасана, како не оплескаме некој! Белки носеа поарни пушки, да а смене јас кремењачката моа! — се окуражи Куле и жалеше што не го погоди Салија од толку близу.
—    Има време, стрико има, ќе а смениме, пушки ќе најдеме колку да сакаш! —толку не бери гајле. Само другаат послободно држи. Иии! отсега ваки можиш ли да носиш та — Токо сега кажувајте каде ќе денуаме!
—    Каде! Маргара златна, каде на друго место поарно и посигурно! — предложи Куле.
Сали, Али, Муто и Мустафа, со бегање го фатија Бонче уште рано вечерта и ич не се обѕрнаа. Право отидоа во Ерековци без да им однесат „некој лов” на каданчињата.
И тројцата ги однесоа кожите издупчени и тоа Муто и Алија на по едно место, а Салија на десетина. Пустата кременачка на Кулета, полна со волчки сачми, му ги наполни бутовите; па дури и десното уше беше го продупчила: таман за обетка да носи.
Утредента сите тројца ги јавнаа коњите, и бргу бргу отидоа да се лекуваат.
Во прво време не сакаа да кажат, ама кога докторот им рече дека нема да ги лекува ако не му кажат, Салија му ја исприкажа вистината, а докторчето се насмеа.
„Аха! — си рече со умот — Демек и волкот змија го клукна. Нека, нека. Нека излегуваат и од рисјаните по некој белким ќе никне нешто.”
Ги преврза и ги испрати со скришна насмевка на устата. „Кога ќе ви притребам пак, дојдете!” — и ги прибра трите половини лири што му ги дадоа за преврската.
А! Уште еднаш со ум ќе фаќаме работата, еќим ефендија! — одговори Суло за сите тројца и тргнаа да си идат за Ерековци.
По тебе, по мене, се разбра рабтава! „Некои Мариовци во саботата навечер ги зачекале мусинските и острочките качаци, што ги пленуваат пазарџиите по Слива и му ги наполниле задниците со сачми”.
Некои тврдеа дека едниот паднал на место и го запретале во некој трап, другиот умрел дома, а само едниот останал жив и се лекувал негде во Битола.
—    Охоххо! да му се сурови раце! — викаше Бојко Паленѕов на сред село во Полчишта кога се зборуваше за ова.
—    Ами кој ли ќе бидат тиа мажје шо му застанале на агите, бре луѓе? — праша Степан Паргов.
—    Кој да се, да се, ама тиа се некои со врзани гаќи! — одговори Палтото.
—    Значи, ќе си и соберат пашките Суловци. Види, види, лебати и каурската дупела, пустињата! — се јави четврт.
Бојко некако се поприближи до вистината и почна да тврди дека тој другарот на Мачникот, Толе, што седеше зимоска кај Митра Брлева го нема од некое време, та не е чудо тој да им се поткажа на агите.
—    Може, може, зати тој и во Маданот му а расцепи главата на гавазот. Ем, видоте луѓе, не го осудиа! Велаат ногу јунак дете било — пообјасни Степан.
—    Mope, кој сака нека биде, лели помислил за сиромашчината, да му се златни рацете! — се јави некој од купот.
—    На крајот на краишчата ќе се разбере, токо гледајте да и позапазиме, ако се кажат некаде по Раец и Рамнишчето, — предложува Бојко.
—    Кој? лебами со шеќер и млеко ќе и рана ако дојдат кај мене — вели дедот Joвaн Паленѕов. — Каков стра имам изедено една ноќ на Слива од тиа пци, ошче срцето ми тропа кога ќе си помисла. Позадоцнеме десетина мина во Прилеп еден пазар лани. He можеме да и продајме добиците.— Јас тера две крави, Ристе Бојков едно јуне, Бојко, син ми овдеа, магаре ли, шо продаваше? Најсна, Бојко, и ти беше. Се сеќаваш, зар не?
—    Mope како не се сеќавам, бамуа! — упаѓа Бојко.
—    Та кога, ошче кај Чумово, не вати мракот! Овде, онде, кај ќе прележиме, решиме — по Слива. Коа баја се собраме, десетина мина, ви вела, та си велиме, белки нишчо нема. Ама, таман ние растовариме, и еве ти и агите озгора стената, припукаа на нас, Бре, ќе не јадат пците едни, бре ќе не оберат, ќе ни и земат добитчоките. Ама бог да прости, беше носел Стојо Корупов едно пишчолче чифте, та и тој му тргна еднаш и свика. Се сеќаш Бојко?
—    Ка да не се сеќам, да не беше Стојо, ќе летнеа масчичките — одговори Бојко, нишајќи ја главата на секој Јованов збор во знак на потврдување.
—    Та, — свика Стојо, бог да му поможе! — Елате, бре пци, да се обидеме ако ви држи! И така, ние добиците за оглави, наврламе тоа плачкуринките на ниј, и бегај долу Писокал; и ошче в зори си дојдоме дома. Та, вела, со симит, со симит и шеќер ќе и рана јас ако оплескале понекој. Па ич да не оплескале, доста е шо ќе му смрди да припарат по ридот — заврши дедот Јован, со кое го даде предлогот да ги вардат сите селани ако се јават негде такви луѓе.
И таман добро дојде тој предлог. Нашите јунаци навистина го посетија на колибата и дедот Јована, и Степана, и Бојка, и Стоја со пиштолите. И кај нив целото лето беа гости. Тие им станаа први закрилници и хранители додека фатија меќани по мариовските села. Тука беше образувана првата излезна база на Толева арамиска чета од тројца луѓе.

<hrdata-mce-alt=”11″ class=”system-pagebreak” title=”Толе Паша – Том 1 – 11″ />

 

11.

Помина недела, месец, два. Фати летото, а Толе со дружината ништо уште не заработи. А треба да се поддаде по некој и друг грош на овие што ги хранат, а Андон и Куле требаше нешто и дома да потфрлат.
И таман се прибраа еднаш дома, во Крушевица, разбра Толе од самото Кате, дека чорбаџијата Стеван, како вдовец, се престрамил и и рекол: „Шо ќе го чекаш тој ајдутин? Тој и така тебе не те сајдисуа. Ете, си има посестрими во секое село, ами ајде, дојди си кај мене, да си поминиш царцки! Ем децата ќе ги и изгледам, ем ти баре леб ќе се најадиш. He гледаш гладна си секој ден”.
Оваа новина го заскокотка Толета и уште другата ноќ му појде на Стевана на колибата и, како нарачан, го најде и него со синчето Митрета заедно.
—    Е! чорбаџи Стеване? Шо велиш, ќе a земиш ли Ката моа да се најаде деб? — и го фати за затилок. — Кажуј, де, кажуј оти немам време за чекање!
Во тоа време Андон го фати Мицето и го изведе низ врата.
Стеван се здрви и почна да се правда.
—    Mope, бре Толе, јас се нашакуа, а ти веднаш си се налутил. Ами, така си е кога си а оставил млада жена без маж. Ако не кај мене, кај друг. Ќе си го бара чарето, сиромашката! — и се насмевна, небарем ќе го одоброволи.
—    Така е чорбаџи, така. Млада жена, оставена, ќе си го бара чарето, ама таа да си го бара, а не чорбаџи Стеван да мисли за туѓи жени. — И му удри една тупаница пo нос.
—    Ha, еве, првниот бакнеж од Ката! Ти го испрати и нарача да ми донесиш довечера на Маргара, знајш кај чешмичето под Тумбата, сто лири пари и две козинави сакми. Знајш, иде есен, зима, ќе му студи на другарите. Разбра или да ти повтора? Сто лири пари и две сакми! — и го пушти.
—    Аман Толе, аман внучко! Кај ќе и најда јас толку пари, та за сакми, колај работа, и три да ти Донеса! А колку за пари, кабул да не сториш. Сета сермиа да а продада, не можа да и собера, шо е право, право.
—    Муабет понатака неќу. Еднаш Толе зборуа. А кога ќе и донесиш парите и сакмите, ќе си го земиш Мицето. Разбра ли? — My се врекна и го клоцна со ногата, го истурка со раце низ врата, а сам излезе по него, викајќи:
—    Да не те лаже умот да водиш потера или да чиниш давиа, оти мисли му. Ќе го испеча Мицето живо на ражен. Разбра? — И си тргаа нагоре кон Маргара, каде во долот го чекаа Андон и Куле со есирот Митрета.
Овците останаа сами во аргачот, пред колибата, да ги вардат трите шарени пци, кои глас не пуштија ни кога дојде, ни кога си киниса Толе.
Стеван наврте в село уште пред осамнување. Се чуди, се уми. He знае шо да прави. Пари имаше по педесетина лири, а и со сермија не беше за жалење. Само булукот кажуваше дека може да си го најде чарето. Три четири стотини овци стари, две три стотини јагниња, два триесет говеда, десетина дванаесет коњи. Сето тоа чинеше пари и можеше Стеван од кај да побара — да најде.
И ете го, крши прсти дома, не кажувајќи никому ништо, та дури ни на ќерка му што му ја гледаше куќата.
„Ќе се даваат, нема чаре. Me вати такцирот!” — си заклучи Стеван. ,Де го расипе тој пес детето, ако не му и занеса навреме”.
И тргна од бег до бег да бара на заем од кого пет, од кого десет лири, лажејќи секаде, дека купил нива на Чанишко и треба утре да му ја доплати за да го земе сенетот. Бидејќи му одговараше сермијата, отсекаде му дадоа со извесна лихва и Стеван уште околу ужина го јавна коњот, со сакмите на него, парите во џебот и право отиде горе долот.
Толе нарача Стеван да ги носи парите на Маргара, но тој не излезе горе, ами седна уште тука, близу во камењето, во долот, и кога виде дека Стеван не води потера, му излезе и го симна од коњот.
За пол саат работата се сврши, но Толе го задржа Стевана и детето дури да фати мракот, и кога веќе убаво се затемни, ги пушти, а тој со другарите се закрена горе долот, небарем ќе ја фаќа тумбата.
Но штом Стеван си отиде на колибата, тие се вратија надолу и ја прејдоа Црна спроти село Манастир, та и отидоа вечерта на руса Миша во Полчишта.
Се изнагостија убаво, убаво, преденуваа на другиот ден; вечерта појдоа дома кај дедот Паленѕа, Бојка, Стоја и другите колибари што ги хранеа по Раец и Рамништето. Ги дарува Толе децата кое две, кое три, кое пет лири и пак си наврте по колибите.
На другата ноќ појдоа кај Андоница во Дуње. Остави Андон десетина дваесет лири, да и се најдат, да ги израни децата, и пак ја фатија Маргара златна.
Гласот за првиот напад на Канатларските, Мусинските, Ерековските и Остречки качаци на Слива од Бонче се пренесе по сите христијански села во полите на Селечката планина. Почнувајќи од Бонче на југ сите села — Марул, Орле, Црничани, Подмол, Лопатица, Мегленци, Суодол, та дури и внатре во Полето — разбраа дека некои си Мариовци му застанале на патот на Мусинчани и им ги наполниле кожите со сачми.
— Бре, бре, бре! Уште ова не беше се чуло: рисјанец да дигне рака на Турчин! — :,се чудеа полјаните по тие села.
Hо насекаде таа постапка предизвика чудење и некаква кураж кај христијаните, a извесен трепет и гроза кај Турците.
Навистина, и порано имаше каури комити како Катар Ќаа, Геле Галишки, Мицко Мариовчето, Јосиф Радобилецот, прочуениот Корун, Мерџин, Стојче и Ристе од Вепрчани, Чанаккапидан, Наум капидан, Кара Коста и други, но тие со ништо не се разликуваа од турските и арнаутските качаци. И тие како овие одеа по планините, фаќаа чорбаџии, им земаа пари ако донесат и ги пуштаа заробените есири; а кој не сакаше или немаше да плати есирите ги колеа и си заминуваа други да фаќаат.
Против таквите водеше борба власта, и кога виде дека е немоќна, ги организира таканаречените „фарии”, авџитабури од самото месно население, им даде оружје и на самите каури да се бранат од арамиите.
Но овие „нови комити”, под војводството на Толета некако ги изменија арамиските правила. На местото од себичната пљачка на пари, тие, ете, си поставија и друга цел: заштита на обесправената раја.
Во првиот напад на Слива тие ја објавија таа цел и ја спроведоа. Ги одбранија сиромашните мариовски пазарџии од пљачката на Мусинските и Остречките качаци.

<hrdata-mce-alt=”12″ class=”system-pagebreak” title=”Толе Паша – Том 1 – 12″ />

 

12.

Пак на чешмичето на Маргара Толе се советуваше со другарите.
—    Требе нешчо да се работи. Им велеше тој на Кулета и Андона.
—    Е, кажи де? Кажуај! Ние сме готови одговараа и двајцата, постари по години, другари, кои безусловно се приврзаа кон него.
—    Да кажуам, токо којзнае дали ќе излезе мојот план.
—    До го чујме! — одговори Андон, чистејќи ја берданката со полата од волнената сакма што ја донесе чорбаџијата Стеван.
—    Еве шо мисла, јас: — рече Толе, — Да слезиме до кај Црничани. Тука покрај ридот пасат бравите од Велиага од Битола шо дава месо за војската. Ако ни поможе да го најдеме агата или некој од синови му, ќе и собериме со нас и ќе паднат пет стотини лири, ако не и повеќе. Ако не најдеме никој, тогаш бравите ни се сигурни. Ќе и забериме и за една ноќ ќе му и теслимиме на Јована во Пчишта, а тој веќе од тамо натака ќе си а брка неговата работа. Шо велите вие? He ви е стра да слеземе в Поле?
—    Каде ти и ние — извикаа обајцата. — Само да не сме малку. Колку овчари да има агата? — праша Андон.
—    Колку сакаат нека бидат тиа се овчари, а не кумити! — го окуражи Куле.
—    Значи, така. Вечер ќе навратиме Црничани. Co жетварите ќе влезиме в село. Имам јас еден другар — Мирче, Ќе му бидеме госје, а веруам дека и тој ќе ни помогне, — предложи Толе.
И навистина во самата вечерна мугра, кога се враќаа од работа селаните, со една група работници влегоа в село и тројца Мариовци. Кажаа дека идат некое прасе да купат, а вешто ги криеја пушките под долгите сакми.
Еден од работниците им ја покажа куќата на Мирчета Ристески и тие влегоа во широкиот двор.
Голем шарен пес ги пресретна на сред двор, залаа и почна да ја врти опашката во знак на одамнешно познанство. И животното инстинктивно почувствува дека гостите се пријатели на стопанот и идат со добри намери.
На лавежот од песот истрча мало девојче — два тринаесет години, го искара, откако виде дека гостите не се Турци.
—    Дома, ли е батко ти Мирче, моме? — го праша Толе девојчето.
—    Дома, е дома, чичко. Ене ги, дома се сете, се готвиме за вечера дури се зари, оти како слабо видело имаме. Повелете! — ги покани девојчето гостите. Тргнаа кон куќата.
Од дома излезе човек не постар од Толета, во парталава кошула, уште попарталави гаќи и пред самата стреа се сретна со гостите.
—    О! Добредојде, побратиме Толе! — со изненада се провикна младиот човек, подавајќи му ја раката на Толета.
—    Mope, добро најду, побратиме Мирче. Сакаш ли госје?
—    Повелете, повелете. Како да не сакам. Кој бега од гости? — одговори Мирче и го води под рака Толета.
Под тремот Толе го задржа Мирчета.
—    Кој ти е дома?
—    А бре, влегувај! Кој сака нека биде! Ти си мој гостин и пријател. А знаеш дека во куќава јас сум домаќин, нели?
—    А бре, знам, токо непара сме за в куќи ние дивите, а? — му прошепна Толе.
И Мирче му се обрна со шепот: — Ама навистина се слушна нешто одавде рид за Мусинчани и Остречани, и јас си помислив наеднаш: Сигурно побратимот Толе таа работа ја има свалкано. Кој друг може да биде?
—    Така нешто ќе биде, та затоа ти вела непара сме за в куќи.
—    Без гајле, без гајле. Толку поарно што си ти тој. Ех! Да знаеш каква радост сме тратиле кога слушнавме оти и каурска продупила турска кожа! Лебами, да му жугнам на селаниве оти си ти тој и оти си овдека, цело село ќе се собере да те види. Нема ден муабет да не се прави за таа работа.
—    Нека си и селаните, токо ние пак по работа дојдоме овдеа. Шо велиш ти, ќе можиш да ни помогниш нешчо во таа работа?
—    Да слушнам, Толе. Ако е до мене работа, јас со сем куќа сум готов.
—    Така те сакам, Миро. Така. Ќе требе нешчо да се работи.
—    Лесно е за работа, ами ајде, повелете дома. Анџак софрата е ставена. Да повечераме, та после ќе си одиме во сламата на гумното и ќе лафеме. Од децата не стегајте се. Јас сум ги научил ништо да не зборуваат од дома надвор. Повелете! — И Мирче ги воведе своите гости во својата тесна селска куќарка.
Од софрата станаа жена и две деца и им подадоа столчиња.
На бледата светлост гостите им се сторија на децата џинови. И уште кога ги симнаа сакмите и се прогледаа пушките, тие почнаа да се гледаат меѓу себе.
—    Жено, еве, свети Петре предвреме ни донесе гости — и вели Мирче на жената му, млада убава пољанка, преврзана со бела шамија и шарена унечка.
—    Нека добредојдат, човеку! Куќата наша секогаш е отворена и пред и по Петровден — рече жената и му направи здравоживо на сите тројца.
Вечерата беше како секаде во петровипости во христијанските куќи: леб и лук, што дал господ. Но Толе и другарите убаво си повечераа оваа вечер под покрив, за разлика од другите вечери, кога вечераа под ведро небо.
На гумното крај ‘ржаната копа Толе му го изложи планот на Мирчета за Велиага. Мирче со особено внимание го ислуша Толета и ја одобри постапката.
—    Целото село ќе се израдува ако можиме тој пес да го одманиме одовде. He се трга, бесот да го фати. На два дни, на три дни, еве ти го со тоа сејмените. Јок сме ги бркале бравите, јок сме му ја газеле тревата, сме му ја мателе водата. И дај јајца, кокошки, алви, небарем од татка му чивлигот го расипуваме.
—    Е, добро, добро, Мире. Шом е така работата, тогаш утре вечер ќе му го видиме есапот. He ќе му текне ни на префнуци му да омирисаат наваки, а камо ли на синови му.
Ти утре ќе и извардиш убаво, а ние понатака ќе си а бркаме работата.
Изутрина, уште ранорано во муграта, Мирче стана, се растресе од сламата, се протегна и размрда и ги начули ушите кон рудината. Во тивкото летно утро се се слушаше. И петлите по буништата, и пците по гумната и двориштата, магарињата по стрништата, та Мирче го слушна дури саатот од Битола како удри трипати.
Но тој со своите остри уши бараше друг глас. Heгo сега го интересуваа гласовите на клопотарците и ѕвонците што беа екнале по целата рудина и, смешани со кавалските звуци и кучешките лаежи, го исполнуваа целиот простор на сите четири страни.
Мирче секое утро ги слушаше овие гласови, но не му обрнуваше никакво внимание. Ѕвонци — како ѕвонци: клопотарци — како клопотарци; кавали — како кавали.
Тој ги познаваше по звукот сите тие ѕвонци, сите клопотарци. Ги познаваше лаежите на секој овчарски пес, знаеше кој овчар со каков кавал или шупелка свири и по тие звуци тој го познаваше секој булук на кој стопан е.
Затоа слушна лево, слушна десно, нагоре надолу и се запре на еден звук кој идеше од кон североисток.
„Тие се” — рече во себе. „Ете го клопотарецот на шарениот угич што го води стадото. Тој е, тој. Ете го и ѕвонецот од црвениот прч. Аха! ете ја и Караманка каде лае пред булук. Значи, ги наманал горе, ќе ги пладнува по Црничка пресоп, под леските. Токму ќе му ги отера на волкот пред дупка.
Отиде на долчето, се заплакна и се врати. А веќе добро се раздени. Го скорна Толета и му кажа дека бравите од Велиага денеска ќе пладнуваат по Црничка пресоп, та таман ќе дојдат како нарачани. — „Едно префрлување ќе му направиме. Место кон битолско  ќе  ги  навртиме  долу  маковското и ноќеска ќе ја прејдиме Црна”.
Толе го ислуша внимателно Мирчета, но бидејќи не ги познаваше ни бравите ни овчарите, му предложи самиот Мирче да учествува во акцијата.
— Ми е стра, — вели Толе — да нe и погрешиме со некои селцки, та да а земиме сиромашијата на душа. Вака, ќе дојдиш ти со нас приквечер, околу ужина, ќе и симниме долу рапешкото, па после врати се.
Мирче се позамисли на предлогов, но кога Толе му рече дека и тој ќе има дел во парите што ќе се добијат за бравите, си помисли во себе:
„Стопанка му. И така јас ништо немам — та немам. Вака ќе спечалам некој грош”.
А од друга страна го обзеде чувство на гордост.
„Ете, Толе се прочу по цел вилает со своите подвизи против Турците. Утре ќе се слушне и за овој, најновиот со Велиовите брави. Оти пак моето име да не се слушне?
Што ќе оставам јас? Сермијата ли или убавиот живот? Една жена, две деца и две сестрички. Нека бидат живи, јас и од планина ќе ги помагам тристапати поарно, отколку овдека да робувам сто години аргатин на Велиовци за сто гроша. — Mope, не само што ќе му поможам на Толета, ами ако ме сајдиса, ич не се враќам назад.
По еден саат Мирче му го изложуваше ова свое решение на Толета, кое необично ги израдува сите тројца арамии.
Куле го прегрна и го избакна Мирчета, Андон му ја стискаше цврсто раката и го убедуваше дека децата и жената тристапати поарно ќе живеат отколку да седи дома и да аргатува.
—    Ете, и моите пет глувци останаа дома, ама живеат како аги. Ем утре да ме оплескаат имаат дури се живи да јадат. За ниј ич гајле не бери. Доста е, бре, шо ќе оставиме едно име по нас да раскажуваат младите дека тој и тој се синови, внуци на Андона, Кулета, Мирчета, шо се дигнаа со Толета против изедниците.
Сето ова му ласкаше на младиот Мирчета и му го  зацврсна земеното решение.
—    Тогаш да и речам на жената нека подмеси некој и друг сомун лебец, та да фаќаме работа! — рече Мирче. — А вие денеска ќе излезите до Црничка пресоп, ќе лежите по ридот и околу ужина ќе ме чекате на локвите. Ги знајте, нели?
—    Како да не — одговори Куле, кој безбројпати го имаше поено вода магарето кога носеше кошеви на пазар во Битола.
—    Токму таму. Кај големата локва. Јас кај да сум жив — умрен, пред да ги скорнат овчарите бравите, ќе дојдам и ќе свршиме работа. А сега, да си покаснеме на брза рака и испаѓајте додека не се размрдале селаните.
И Мирче влезе во кошарката да накрши една тава јајца, иако беа петрови пости.
На Мирчевица и стана некако чудно, па го праша Мирчета:
—    Што луѓе се, бре мажу, овие твои пријатели? Кај одат? Што бараат? Некако многу муабет напраивте ноќеска и одутрина. Да не се некои лоши луѓе, ослепелнику, да си ја земиш бељата.
—    Мори, жено, „лоши”. He само што не се лоши, ами многу добри се. Ете дошле, сакаат да купат по некое прасе, некоја овца, брав. Туцари луѓе. Претеруваат стока по Мегленијата, та дојдоа како пријатели. Туку ајде, ајде замеси малку повеќе лебец, направи и некое зелниче за ручок, ако се вратат да се отстрамиме, оти многупати јас имам јадено кај нив.
По појадокот Толе и дружината се прости од чесната домаќинка. На збогувањето го одврза ќесето, и како што беше адетот, ги дарува двете деца по три дири, сестричињата од Мирчета по две, така што при самото излегување на Мирчета од дома, на Мирчевица и оставија десет лири. A со десет лири во тоа време се живееше десет месеци.
Мирчевица си ја поткасна долната уста кога ги собра парите од децата и золвичињата и и стана јасно дека овие не се обични трговци на свињи, брави и овци, како што ја маслосуваше Мирче. И откако ги испрати со најголема срдечност, му се фрли на Мирчета:
—    Mope ќе не земеш на душа со вакви твои пријатели, бреј! He гледаш ли, пет души сме ти се обесиле на вратот. Ако разберат агите живи ќе не испечат.
—    He бери гајле, жено. Никој не те коли, ни те печи, дури се живи пријатели. Меси ти лебец, зелниче, јас ќе му го однесам денеска горе и прибери си ги десетте лирички, нека ти се најдат, та за друго ич не му ја бакари.
—    Е, кој се, де, кој се? Сакам да знам за кого ќе месам леб, зелник. Кого ќе ранам од нашата сиромаштина?
—    Што ти треба да знајш? Јас ти заповелам да месиш и ти ќе месиш, ако ме есапиш за маж, — и се врекна Мирче и строго нареди.
Но се заинати жена. Запна:
—    Ако не ми кажеш кој се, ниту месам, ниту печам; па ако сакаш тука на прагот пресечи ми го вратот.
—    Ај, беља! Што те фати бесот сега? — Се кара Мирче, ама гледа дека жената не попушта. — Е море, кој се. Нели те фатил бесот, да ти кажам, ама ако дојди нешто и ти ќе си ја земиш бељата.
—    Ако. Каде ти, таму и јас. Сакам да знам што работиш ти и со кого.
—    Добро, ама да не бидеш пишман кога ќе те влечат агите по судиштата.
—    Влекле, не влекле, кога си кандисал ти и јас ќе идам со тебе.
—    Тогаш на тебе нека е гревот. Тој е, едниот, високиот, русиот, младиот — Толе од Крушевица — Мариово. Знајш, што кажуваше поп Петре пред некој месец, дека излегол некој Мариовец и ги брка турските качаци. А тие двајцата му се другари. Разбра сега?
—    Аааа! Значи не се арамии како другите. — Се зачуди Мирчевица.
— И се и не се. Понатака тие не се твои работи. Ами меси лебец поасолен, зелниче поголемо и потучно, та не туку пцалај повеќе. Што ќе излези понатака — ќе видиш. Гледаш, ти ги дарува децата десет лири. Прибери си ги паричките да ти се најдат на зол час — го заврши Мирче разговорот со Мирчевица и му откажа на поп Петрета да му биде аргатин денеска. Си најде мана дека си ја налапал вчера десната рака, та не може да го држи српот,
Толе со другарите излезе по ладот да пладнуваат и да го чекаат Мирчета.
Таман припна горештината, по пресопта; ги фрлија сакмите под леските на лево и десно  од локвите, наизлегоа  булуци  овци, брави, шилежиња и курдисаа да пладнуваат и тие.
Горе во тумбата излезе булук брави од пет шестотини глави со двајца овчари. Овчарите ги оставија бравите и навртоа на пресопта да ги топат опинците во локвите и да си налеат вода. Ги видоа тројцата луѓе под леските, но никакво подозрение не зедоа, бидејќи секој ден имаше пазарџии што си почиваа под сенките крај водата. Си свршија работа, накачија при бравите и легнаа да си преспијат, бидејќи цела ноќ стоеја на стаповите пред булук — зад булук, за да му направат на Велиага некоја и друга ока месо повеќе за да земе некоја и друга лира повеќе. И додека овчарите спиеја и сонуваа како ги тепа Велиага, што не ги пасат убаво бравите, Мирчевица го испече лебот и зелникот, a Толе со другарите ги прегледаа пушките и направија план за работата.
— Така — му го изложуваше Толе планот на Кулета и Андона. — Одовде ќе и урниме вечер бравите долу маковско, рапешко и ошче во мракот ќе и претераме преку Црна. Ноќеска ќе го ватиме Уруп Градешки и утре, ошче в зори, преку Добро Поле, ајде долу Пожарско. Еден од нас ќе му жугниме на Мачникот во Пчишта и тој ќе не најде долу Караџова. А кога тој ќе дојде, тогаш целиот товар за продавање ќе си го земе на себе. He му е севте нему да претеруа. Има приатели и рисјани и Турци.
Мирче дојде токму на време. Уште бравите не беа скорнати, сите четворица му појдоа на овчарите кои ги најдоа боси да режат опути за да ги наврват искинатите биволски опинци што ги топеа денеска во локвата на пресопта.
Тие беа црничани и не малку се изненадија кога го видоа Мирчета кај нив.
—    Каде вака, Мире, по ридов денеска? — го праша стариот Диме, кој беше другар на татка му и со кого долги години одеа овчари заедно кај битолските аги.
—    А бре, ми, каде, стопанка му, чичко Диме! Ете дојдов да ги видам бравиве дали убаво ги пасите. Сакам јас ќаа да бидам, та да се подучам како се пасат брави — му одговори Мирче.
По Мирчета излегоа од леските Толе и другарите.
Димче ги погледна, непознати, и некако сомнителни му се сторија, но не престана да си ги врви опинците.
—    Ами, виа браќа каде одат? Твои ли другари се или сами испаднаа однекаде? — го праша Диме Мирчета.
— Ами, мои се де, нели ти реков, јас ќе бидам сега ќаа, а тие се трговци, ќе им ги продадам бравите — одговори Мирче и се насмеа.
Диме ги остави опинците и му се заѕвери на Мирчета.
—    Кој брави ќе му ги продаваш?
—    Ами, овие што ги пасиш ти со детево.
—    Ха ха ха! — се насмеа Диме. — Ами Вели ага што ќе ни направи на обајцата, та ајде да му и продадеме, белким и ние ќе обуиме по некој. здрав опинок — пак Диме на шака му одговори на Мирчета.
—    Mope, Велиага, па ти! Каде е Велиага? во Битола. Дури да дојде Велиага, ние ќе ги искинеме опинците и ќе ги изедеме парите. Шо му се плашиш на Велиага. Туку наши луѓе сме, си живеал со татко ми, да ти кажам отворено: Ние сме дојдени навистина по бравите. И ќе ги земеме денеска. Да не ве врзуваме со детево, не правете каршилак.
Диме се вознемири.
—    Како ќе ги земеме, бре, туѓа стока? Ами кај ќе одиме после од агата? Ќе не одере, море! Знаеш оти се за аскерот, пустињите. Ќе се крене пашата од Битола со целиот аскер, да ги бара. Немој, слепче, ќе ги запустиме куќите!— почна да се жала Диме.
—    Паша — каша — матла, кој сака нека се крева, Работата е скроена и ние сега сите ќе ги наманеме долу маковско. Дури да разбере пашата, тие ќе бидат во нашите џебови. Туку, ајде обувајте се да тргаме, оти и времето врви. — Тука и Мирче го направи лицето сериозно и му го покажа Толета. — Го гледаш? Тој е Толе од Крушејца што ги брка Турците. Сега разбираш дека не сме дојдени на муабет.
Кога го слушна Диме името на Толета претрпна и ожолте.
—    Леле, мајче ти мила! Ами чаре?
—    Чарето ти е тоа. Бравите пред стап — ноќеска да ја прејдат Црна! — се врекна Толе со дебелиот глас и се фати за пушка.
— Мирче ми кажа дека си му бил пријател на татка му, та не сакам да ти посегнам на животот. Да беше некој друг овчар, ќе го оставе да виси на брестот и ќе и тера сам бравите. Вака, животот ти е сигурен, а и тебе ќе ти потврлиме некоа коска. Ајде, обувајте се, и да не ве лаже ѓаволот да бегате нешчо, оти дури тогаш ќе го омрсите вртомчето. А ти, Андоне, — му се обрна на Андона, земи го детето со тебе и скоривајте и бравите. Ајде, времето врви.
—    Е! Било такцир на старост да се страда — испушти една длабока воздишка Диме и почна да си ги обува опинците.
Куле го зеде Димета со себе, Андон детето, а Мирче и Толе тргнаа напред пред булукот.
Засени сенката од тумбата и бравите ги ококорија очите. Изгладнети, изнастанаа на викот од Димета и, место надолу на југ, кон Битолското поле, Диме ги урна на исток кон Мариово.
Толе и Мирче напред, Андон и Куле со овчарите назад, уште со видело ги навртеа на Црна и ги претераа преку река, токму по планот од Толета.
Од Чуките бешишки Толе го прати Андона до Полчишта и утрото на уруп пристигнаа со Мачникот.
Си ги претерааа денски на Доброполе, a Мачникот слезе сам до Сабоцко, та уште тука, над Пожарско доведе муштерии и им ги тапоса лира и глава.
Кој не ќе купи чукани одбрани брави лира за глава кога е сигурен дека толку ќе печали?
Си ги поделија шесте стотини лирички нашите петмина „ортаци” уште на Добро Поле. My дадоа секој по пет шест на Дима, да му даде нешто и на детето, и му ја покажаа Црничка пресоп, кај Локвите, да си одат во Црничани и да кажуваат дека бравите од Велиага ги најдоа предвреме трговците.

*****
Како нападот на авалеџијата на Скала, така и овој со бравите, предизвика голема узбуна кај власта.
Велиага ги побара бравите уште утредента и кога не ги најде ни овчарите, беше начисто дека се собрани од арамиите.
Co трчанка го извести Валијата во Битола, му отиде и на пашата Фазлибеј и овие сериозно ја зедоа работата:
— Бак, бак, бак, до каде посегнаа тие пезевенци! И од аскерот стоката да соберат! — се чудеше пашата кога Велиага го уверуваше дека стоката е опљачкана.
И нареди Фазлибеј големи потери на целата негова територија.
Правецот на бравите го утврдија уште во Маково, кога разбраа дека поминал надолу таков булук. И потерата се префрли преку Црна, да ги следи по трагите грабачите. Ги претресоа сите села, ги проверија сите селски булуци, но не се најде брав со агин катран — месечина на крстот на секој брав — та не можеа да набелат ниеден мариовски овчар за кражба.
Им остана да ги претресат мариовските планини, белким уште не се претерани преку рид. За таа работа ги собраа селаните од сите мариовски села и небарем срни бркаат, почна претресувањето на густите борови гори.
Но освен дирите и по некоја пресна брболанка ништо друго не најдоа.
Се утврди дека бравите се претерани преку рид — во Мегленијата.
И таман војската да се врати, ненадејно натрапаа Димо и детето на едно одделение.
Војската се растрча да ги фати, овие летнаа да бегаат, се отвори оган од сите пушки и Димо падна наместо, а детето се збуни и застана. Го фатија, некои селани го познаа и тоа ја раскажа целата работа како стана. Дури кажа и како се викал арамбашата.
— Тој што наредуваше го викаа Толе — рече детето. — Друг еден што не водеше нас со Димо се викаше Андон, третиот Куле и Мирче наш.
Го одведоа петтина аскери до Фазлибеј и Валијата, овие внимателно го ислушаа и утврдија дека оваа не е од старите арамиски чети — Арнаути.
— Ете уште еден трн во ногата наша — пробрбори Валијата и му се опули сериозно на пашата.
— А бре, ќе вадиме и тој трн како многу досега, туку зошто да боцкат на здраво место! — одговори пашата замислен, очевидно правејќи планови како да го извади овој трн.   ,
По оваа патрола, што го доведе овчарчето, Фазлибеј испрати заповед до потерните одделенија да не се враќаат назад додека не го истребат „тој трн”.
Потерите се растрчаа по цело Мариово да ја бараат Толевата чета од четири души.

<hrdata-mce-alt=”13″ class=”system-pagebreak” title=”Толе Паша – Том 1 – 13″ />

 

13.

Ќај фати Толе од Доброполе?
Се знае. Co Мачникот и другарите си појде во Полчишта кај руса Миша, ги остави половината пари од неговиот дел, и, откако се наприкажува слатко насамо со неа и и ја потврди решеноста дека ќе бегаат заедно, се пресели кај дедот Паленѕа и се скри во неговата јама додека помине потерата.
Добро ама, бидејќи ништо на овој свет нема тајно, така еден ден и Толета го откри потерата баш кога одеше од дедот Паленѕа кај Митра. He можеше да се стрпи без неа.
: Селото беше сето сардисано. На повик од аскерите, што правеа претрес на куќите, Толе, не само што не застана, ами отвори и оган со пушката. Сите разбраа дека е лош човек.
—    Застани, бре ќерата, да не губиш главата! — викаше башчаушот Ферад со навртена пушка кон. Толета.
Толе му одговори пак со пушката. Башчаушот пак го повика да застане и му се пофали со пашата.
—    Јас су овде паша, бре ќелеш! — одговори Толе, тргна и го кутна Ферада.
Потерата запука на Толета, но Толе продолжи да излегува од селото. Куршумите фрчеа околу него, но ниеден не го закачи. Аскерите се чудеа, како од толку близу ниеден куршум не го погоди.
Андона, Кулета, и Мирчета ги преслекоа селаните и не ги дадоа да паднат в раце.
Се собраа сите потерни одделенија во Полчишта, се врши иследување и се установи, дека тој што побегна е Толе од Крушевица, мајстор на качиња, букари, самари, ама тие — полчиштани не знаеле дека тој е арамија.
Од друга страна Паленѕовци рекоа дека слушнале оти Толета куршум не го фаќа, та ни суд го осудува.
—    Така, — вели дедот Јован — тој го отепал гавазот од Маданот и судот не го осуди. Велаат дека носи некоа амајлиа и никој нишчо не може да му направи.
Си го зедоа Ферада Турците, го однесоа во Битола и му ја исприкажаа приказната дека тој арамија, Толета, не го фаќа куршум.
—    А така, a? Toj Толе рече дека тој паша во Мариово, а? Добро, добро. Ќе видиме дали тој паша или јас. Ќе прашаме султанот кого пратил за паша на Битола, Толе или Фазли — со муртење изговори законитиот паша, фалејќи се на самозваниот Толе-паша.
Оттогаш и му остана на Толета прекарот — Паша.
Каде се зборуваше за него, особено наредбите што идеа од власта, секаде пишуваше да се фати, да се отепа, да се уништи тој Толе-паша.
А народот со понос го изговараше неговото име, а уште со поголем понос и гордост неговиот прекар — паша.
—    Ајдо биро, брее! И од рисјаните излегоа паши! — со восхит зборуваше дедот Паленѕа како најзаслужен во делото и најдобар Толев пријател.
Помина и оваа пљачка, како убиството на авалеџијата, ама за оваа веќе и Високата Порта разбра.
И Валијата, и Фалзибеј известија за случајов и побараа специјални упатства и овластувања.
Работата од Толе-паша некако е подруга од работите на досегашните арамии. Пљачката Толе ја насочил на друга посока, пљачка државни имоти, та удри, ете го, дури директно на самата војска, на столбот на царштината.
Се разбира, дека Толета го прогласи султанот за негов   непријател и нареди да се уништи со сета негова дружина, одредувајќи педесет лири бакшиш за неговата глава.
По оваа наредба валијата, а особено пашата, презеде најсериозни мерки.
Толе паѓа на пусија уште два трипати, но навистина ниеден куршум не го погоди. Сите доклади за судрувањето со Толета беа потврда дека Толе е неприкосновен.
Паднаа Мирче и Куле, а Андон ја доварди некако главата, но се загрижи кога виде дека и тој може да настрада, та почне да му советува на Толета да се истават за извесно време додека се позаборават нивните дела.
Толе се окуражи од случките, та и сам беше убеден дека куршум не го фаќа, бидејќи го штити амајлијата што му ја направи посестрима му Цвета од Дуње, и слободно почна да се движи по Старо Мариово.
Многупати самиот аскер се иставаше од него за да не напакости Толе некого, бидејќи беа веќе убедени дека Толета не го дупи куршум.  ;
Но па молбите од Андона, а особено на молбите од руса Митра да ја спаси од Брлета, Толе реши да побегне со Митра во Бугарија.
И навистина, еден есенен ден, кога веќе беше прибрана сеидбата од полето, Толе им го изложи својот план на Митра и Андона за бегање во Бугарија.
— Ти, — и рече на Митра — собери си нешчо од плачкуринките, а опаши си го ќемерчето со паричките и во петок со пазар џиите слези до Прилеп. Јас со Андона кај су да су, во сабота ќе те најда кај Биковите на ан.    
Митра го избакна пред Андона, макар да не беше чесно, им наготви слатко и благо за последен пат во Брлевата куќа и ги испрати по мракот долу Мелничка Река.
Дните од вторникот до петокот и се сторија на Митра три години.
Уште во четвртокот намеси погачи, искуба три четири кокошки, наполни кутии со маст, сирење и одвај дочека да пеат првите петли за да ја напушти омразената Брлева куќурка и да стане вистинска жена на саканиот и славен арамбаша Толе-паша.
Нејзината мисла ја однесе далеку од Полчишта, далеку од Мариово, далеку од цела Македонија, во слободната Бугарија, каде што нема Турци да го бркаат нејзиниот Толе; каде што нема да го дели ни со какво црно Кате и други мариовки; каде што ќе го прегрнува и бакнува само таа и каде навистина ќе живее со него како пашица во убави сараи, со алајќи по неа сред цветните градини од сарајот.
Оти пак да не живее кога кемерот и е полн со лири и кога Толе вечно ќе биде со неа?
Co тие мисли ги дочека првните петли и со нетрпение зачека да и тропне дедот Паленѕа, со кого требаше да отпатува. Дојде и тој чекан час.
Јован тропна, ги зеде торбите и сакмата ги натовари на неговите маски и уште со два три саати рано го напуштија темното и толку омразено планинско селце.
На крајот на селото Митра се обѕрна, по една капка солза и се развалкаа по образите, но тие не беа солзи жалосници, не беа ни солзи радосници. Самата таа не можеше да си објасни зошто и навреа тие солзи на очите.
Се заврте пак. На зората ја виде камбанаријата од црквата и без да сака се прекрсти.
— Ај, боже, поможи! — и се испушти од грлото и јавна на старата бела маска од дедот Јована.
Долу, кај Црна, се осамна и Митра веќе заборави оти живееше толку време во Мариово. Co лав, со муабет, со смеа и шака вечерта пристигнаа во Прилеп и кондисаа кај Биковите на ан.
Дедот Паленѕа си ја зеде лиричката од Митра што ја донесе до Прилеп и утрото уште рано си ги јавна масчичките, та си се врати во Полчишта, а Митра остана да го чека Толета.
***
Трајко Брле почека ден два да му прати Митра лебец, и кога му кажаа комшиите дека куќата е затворена и Митра не ја гледаат в село, ги остави овците на комшијата и си дојде дома.
Се распраша по тебе по мене и разбра баш од дедот Паленѕа дека Митра остана во Прилеп кај Биковите на ан. Го излага дека била болна та може ќе оди и до Битола кај Налевчето на доктор.
Арно ама, Брле веќе се поприсети, та му стори абер на мудурот во Витолишта, а овој на кајмакамот во Прилеп.
И еден ден еве ти го Чамичауш кај Биковите да ја бара Митра. Петко Бикот, кој веќе беше предупреден оддедот Паленѕа, ја скри кај комшиите и го матна Чамила дека била тука некоја мариовка, ама отишла во Битола на лекување.
Кајмакамот му стори абер и на валијата, ама сета мака остана попусто. Нигде таква жена не се најде, а докторот Налев потврди, дека кај него не дошла.
—    Уште поарно; — рече валијата — ќе се треби тој трн од мојот валилак — и уште истиот час му ја соопшти на пашата оваа новина.
—    Аман, де! — се изненади пашата. — Белким така ќе се требит од кај нас тој пезевенк. Гледај, прави, да не се фати жената, оти покрај неа и тој пес ќе остане! — Се израдува и пашата, и двајцата донесоа решение да не и се пречи на Митра да го одвлечка тој „пезевенк” некаде далеку.
—    Милуал алах, та ја направи таа работа! — му рече Фазлибеј на валијата кога му сугерираше дури да и помогнат на Митра да го одвлечка Толета од нивниот вилает.
Валијата му нареди на кајмакамот во Прилеп да им даде пашапорт, ако се јават кај него и да не им пречи да заминат, макар каде да сакаат да одат.
—    Евет, валиефенди (Разбирам господин валија) — одговори кајмакамот на оваа порака и зачека да му се јави мариовката.
И навистина, во кафеанчето му се приближи еден од прилепските чорбаџии, со кого кајмакамот често пиеше кафе и нарача две кафиња.
—    Имам нешто да те замолам кајмакамефенди, ама да не го земиш за зло — почна Грабула.
—    Кажи бре, чорбаџи Јован. Ако не зло, јас не можам да земам за зло, ако зло, тогаш ич не кажуј. Јас имам кој да вардит мене од злото. Нека жив Шарен Мустафа, Чамичауш со заптиите — одговори кајмакамот.
—    Mope зло, кој ќе прави зло на царски човек, туку пак реков да не излезе наопаку разбрано. Знаеш што?
Еден мариовец му ја грабнал жената на друг мариовец и сака со неа да крши главата некаде надвор од нашата царштина, та сака два пашапорта за Бугарија. Што велиш ти на ова? А ќе даде и некое кафе. My влегол ѓаволот во умот, ќе пусти две куќи, но нели тие кандисале, оти пак ние да не земеме по некоја и друга лиричка, а?
Кајмакамот само што не подрипна од столот кога го слушна Грабула.
Тој знаеше дека Грабула добро ќе плати за оваа „ситна” работа, бидејќи тие беа стари муштерии, но се изненади кога слушна дека бараната мариовка навистина ќе бара пашапорт.
„Ете ти две среќи” — си рече сам со умот, — „ем ќе правам ќефот на валијата; ем ќе лапнам некоја и друга лиричка”, та го удри Јована по рамо — дури филџанот со кафето му го истури на масата.       .
— Ами тој ли зло есапиш ти, чорбаџи Јоване? Тој добро е од твој страна. Ќе давам жими вера, сто пашапароти за џенем, ако сакат рајата да кршит глава, не два. Само гледај, некоја лиричка повеќе да паднит. Кога сакат тој пезевенк да имам туѓа жена, нека платит —заврши кајмакамот и му рече на Грабула да појде со сите податоци кај него во канцеларијата.
До вечерта Грабула ги прибра податоците од Толета, кој беше дошол и се криеше кај Митра, зеде и петнаесет лири пари и утредента ја сврши целата работа за пет лири, а десет си ги задржа за својот „труд”.
Им пазари Грабула и пајтон до Велес и ти испрати до Крива Воденица, каде, на проштавање доби од Толета уште пет лири за заметот.
Толе и Митра излегоа на Бабуна и го запреа пајтонот на преслопта, та го изгледаа прилепското поле со солзи во очите. Митра пак се прекрсти и влезе во пајтонот, кој довечерта ги донесе на велешката станица.
За првпат тие видоа воз. Кога се зададе локомотивата одоздола, Митра се прицна до Толета, бидејќи и се стори дека река дотечува и ќе ја однесе.
И навистина, возот ја зеде Митра и летна по шините нагоре по Вардар, да ги однесе двајцата во „Невратилово”.
Прицнати еден до друг тие седеа: и длабоко размислуваа.
—    Е, сега ми веруаш ли на зборовите шо и веле в село? — проговори прв Толе, префрлајќи ја својата тешка рака преку Митриното рамо.
—    Ти веруам, Толе, и сега срцето ми е наместо. Лели нема никогаш да ме вратиш во Мариово? — го запраша таа, држејќи му ја префрлената рака со нејзината и потиснувајки ја.
—    Тебе не те враќам, а за мене… не се знае — одговори Толе и се натажи.
—    Оти за тебе не се знае? Да не мислиш самата тамо да ме оставиш? — со жален и растреперен глас му се  загледа Митра очите.
—    Јас не вела оти тамо ќе те остава сама, ама којзнае шо не чека и тамо. Ти не бери гајле, кај да су, јас су твој. Веруаш ли?
—    Оф, да не веруам не трга со тебе во „Невратилово” — одговори Митра и ја навали својата руса глава на големото Толево рамо.
—    Арно ние куртулиме од виа пци, ами тиа шо останаа тамо? Шо велиш, како ќе живеат тиа?
—    Пак тој: тиа шо останаа тамо! „Како ќе живеат'” ќе живеат како досега, шо има ние да му го бериме гајлето? — му се врекна Митра и уште повеќе се прицна до него.
—    Е, добро, добро, така нека биде, само мене се нешчо ми зборуа дека и на ним треба да му се помогне — заврши Толе; а локомотивата го успори своето бегање.
Помина еден со чанта на рамо, им ги прегледа билетите, a пo тричетири станици викна:
„Усќуб — (Ќим дар Усќуб ичин хаз’р олс’н енс’) Скопје. Кој е за Скопје нека се спрема за слегување.
Многу од патниците изнастанаа и слегоа кога застана возот. Толе и Митра продолжија. На Ристовец им ги прегледаа пашапортите и Толе разбра дека ја напуштаат големата Отоманска царевина и влегуваат во нова земја.
Тие што дојдоа да им ги гледаат билетите, па и по целиот воз, не зборуваа веќе турски. Чатпат по некоја Толе им разбираше и точно разбра дека се веќе во друга држава, та го потпраша новиот патник што седна до нив и разбра дека навлегле во Србија.
—    Охохо! — се издиши длабоко Толе. My се симна товар од душата и разврза разговор со комшијата, кој му објасни дека тука нема никакви Турци, дека, и војската, и заптиите, и кајмакамот, и валијата,’и пашите, та и царот се христијани — Срби.
—    Блазе си ви вам! — му рече Толе — живеете, значи, слободно? А кога ќе биде и кај нас така? — запраша, но комшијата не можеше да му даде одговор на ова прашање, што го ожалости многу Толета.
На една голема станица, што му кажаа на Толета дека се викала Ниш, Толе и Митра требаше да слезат за да се качат во друг вагон.
„Шо бараме понатака кога овде немало Турци? — се праша Толе, ама Митра сакаше уште, уште подалеку да ја носи возот за да не може Толе да се врати. А и пашапортот и картите не гласеа за овде, туку за некаква Софија. И продолжија.
На друга станица пак им ги побараа пашапортите, пак картите и пак се сменија тие што прегледуваа.
—    Е, веќе сме во Бугарија, Мишо!—рече Толе и уште подлабоко издивна.
И навистина; по неколку станици слушнаа обајцата од еден како оној што викаше Усќуб — Скопје, Ристовац, Ниш, едно „последна гара Софија!”
Сите изнаслегоа па и нашите патници Толе и Митра.
—    Е! Мишо! Ете а и Софија! Оттука понатамо нема веќе каде. Тука ќе врлиме коски.
Митра ја зеде сакмата, Толе торбите, се замешаа во народот и излегоа на плоштадот пред станицата.
Патниците се разотадоа на разни страни; некои влегоа во пајтони, други пешки, пред станицата останаа да се чудат Толе и Митра.
Еден од пајтонџиите, што не доби патници да одвезе, им се приближи и со сосема разбирлив глас им проговори:
—    Искате ли да ве закарам некаде с фајтона?
Толе се сети што сака овој човек, та му проговори:
—    Сакаме, ама и ние не знаеме каде. За првпат идиме овде та не сме вешчи во градот.
—    Од к’де идвате? — запраша пајтонџијата.
—    Од Прилеп — одговори Толе.
—    Аха! Ја качете се в’в фајтона, ште ве закарам на Ломски хан. Там са всички прилепчани дори и ханџијата е прилепчанец.
Се израдува Толе кога слушна дека и тука ќе најде прилепчани, и тргна, та се качи во пајтонот.
Широката и права улица, големите трикатни куќи, врвелицата на многуте луѓе, пајтони и коли, големата ѓурунтија му го притиснаа срцето на горскиот паша. Тој се почувствува стеснет, ограничен во својата слобода и тешко се натажи.
Пајтонот стигна пред една жолта зграда на два ката. Уште пајтонџијата не ги беше застанал сосема коњите, пајтонот го заобиколи цел обрач луѓе. По носијата овие го познаа Толета дека е мариовец.
—    Јоване, Јоване, кај фати бре, еве ти еден вилаетлија — мариовец — кршоборец!
—    извикна еден од обрачот.
—    Како бре мариовец, кој е, кај оди?
—    се слушна пискав глас од вратата на кафето и се истрча еден шишко кон пајтотнот.
И уште Толе не слезен, шишкото се проби преку обрачот и му ја подаде раката на
Толета.:    ….
—    Mope добре дојде побратиме, каде вака со Митра?
Толе ја стисна раката од Јована, но се изненади, кога Јован ја позна Митра, па одговори, слевајќи.
—    Mope, добре најду побратиме, токо кој си ти, од кај а познаваш Митра?
—    Слези а, слези а та од кај а познавам. Прашај а неа од каде ме познава, та јас ќе ти кажа и тебе од каде те познавам — одговори Јован Гуров од Витолишта, комшија на Митра, и му ги зеде торбите на Толета, ги внесе во кафето и истрча да ја пречека Митра.
—    Mope ми, тука ли си, в’кот да те јаде! — проговори Митра и му ја подаде раката на Јована.
—    Ами кај ќе ода в реката. Лели знајш оти Арсланбеј ме напади од Мариово — одговори Јован и ја потстисна Митрината рака.
—    Тука су со Неда и чупето. Ајде, ајде влевајте внатре, ваа е наша куќа. Ич, без теклив, како кај Биковите шо бете слободни, бидете и овде, сете сме наши — прилепчани
—    мариовци, пољани, тиквешани. — Ги бодри Јован и ги води во кафето.
Целиот обрач што го захради пајтонот влезе внатре, изнаседнаа околу масата на која Јован ги седна Толета и Митра, а сам излезе, та му плати на пајтонџијата, се врати и седна до Толета оддесно и ја праша Митра.
—    Кој ти е вој, невесто Митро?
Митра ја обли црвенило до уши, но немаше каде.
—    Мори ми кој ми е, браче Јоване. Me излага тој натемаго, та ете се стори резил во векот. Го остави тоа црнилото мое, та ете — побегна со вој прикрепникот. И тој е од твоата траба, арамија, Толе од Крушевица; зар не го познаваш? — одговори Митра.
Јован беше слушал за Толета, но лично се немаше ставено со него да се запознае, ама ако лично непознат, тој си дозволи слобода и почна да им раскажува на присутните за Толета и неговите подвизи.
—    Ааа! овој ли е Толепаша од Mapиово што не го дупи куршум, а? — Се испушти од неколку грла наеднаш.
Толе се стега, се врти, гледа леводесно и се му се чини тесно. Одговара на разни прашања, ги мери луѓето околу него и се му се чини дека сите зло му мислат. Да не го најдеше Јована, кајзнае дали не ќе ја побараше гарата и уште довечерта не ќе тргнеше назад за неговото мариовско горско царство.
—    Е, море, ете, и мене ме довеа ветерот овдеа, токо којзнае како ќе поминеме — одговори Толе и се предаде наполно на Јована.
—    Е, вилаетлиа Јоване, лели те најдоме тебе овдеа сега твој касмет сме. Каде ќе не давиш со Митра, дави не, твоа бога, твоа душа.
—    He бери гајле, море, лели си стигнал дотука. He плаши се. Овдеа нема ни аги ни бегови, ни мудури, ни потери. Биди слободен, мајка Б’лгарија има еден залаг леб за вакви како нас. — Го утеши Јован и, откако се почестија сите, ги покани Толета и Митра кај него на гости додека се сместат.
Јован седеше кај сите како него, на крајот на градот, во Јуч-Бунар. Фати пајтон и го однесе Толета со Митра кај неговата Неда со малото Маре.
Неда и се израдува на Митра, а Митра, кога ја виде Неда во мариовски алишта облечена, не можеше да ја пушти од прегратките.
—    Аман, сестра да си ми, и на вој и ној век, гледајте со браче Јована да ни поможите!
—    He бери гајле, сестрице Митро, не бери. Нишчо лошо овде нема. Лели те донесе господ и јас да има со некого да се разговара, се ќе биде. Само здравје и некоа паричка ако ви се згоди да си понесоте — овде бил рајот. А, лебами, ако сте кинисале без парички и овде има сиромашиа, токо баре слободно ќе го касниш тоа шо ќе го изработиш — ја утеши Неда и ја покани да седне на креветот.
—    Мори, пусти да останат, невесто Недо, има за некој и друг месец, парички, токо не сме си вешчи ние, сиромаси, со Толета, та тука којзнае како ќе си поминеме — одговори Митра и се прицна со раката за половина да се увери дали стои ќемерчето околу половината.
Јован го внесе Толета во другото одајче и таму, почна да го распрашува за вилаетот, за луѓето, за зулумите, додека дојде и тој на ова прашање за некоја парица. И тој разбра дека Толе не е празен, а може наполно да верува, бидејќи ги знаеше Толевите подвизи со авалеџијата и со бравите од Велиага. ,
He бој се. Овде е за живот. Никој „потаки” не ти вели. Ќе видиме и некоа работичка да ватиме, да се најдиш на маслават и да имаш муабет. Ете, јас се врткам тамо по анот, та, ќе видиме, може заедно да отвориме и ние некое дуќанче, анче или нешчо слично. Ќе видиме откако ќе се поовешчиш и ти како мене. — Заврши Јован и си стави задача да се послужи со Толевите парички бидејќи беше „танок” од таа страна.
За да го има Јован пред очи Толета по три четири дена му фати „квартира” во истиот двор.
Неда и Митра само ноќе што се разделуваа, а Јована и Толета понекогаш и ноќта не ги делеше.
Толе дава пари, Јован купува што треба за живот — на едно место готват, заедно јадат, заедно пијат.
Уште утредента Јован го одведе Толета во Аомски ан. Таму пак се насобраа околу нив нови вилаетлии, прилепчани, велешани, тиквешани, охриѓани, и којзнае од каде не, од Македонија. Сите слушаа како Толе , дејствувал по Мариово и се восхитуваа на неговите смели подвизи.
Од Ломски ан Јован го одведе Толета во прилепското братство. Го запозна со сите и нагласи дека другаров нема нужда од материјална помош, но ќе треба да се прибере во Организацијата за да се исползува неговото име во општото дело.
Од разговорите што се водеа меѓу Јована и другите, а особено од прашањата што му ги поставуваат сите овие вилаетлии, Толе подразбра дека тие се занимаваат со некаква општа работа. Сите се интересираа како живее таму народот, што прават Турците, беговите, па и чорбаџиите христијани.
Толе се присети дека во апцаната кога лежеше за Аќифа имаше разговор со некое ореовчанче за вакви работи, но тој не му даде тогаш никакво особено значение. Одамна беше заборавил за него.
И немалку се изненади кога еден ден Јован му рече дека едно детиште го барало и сака да го види.
—    „Кое ќе биде тоа детишче шо ме познава?” — се праша Толе и тргна со Јована кон братството.  
Уште на вратата ги пречека млад човек, скоро дете.
— Оооо! побратиме, те донесе ли господ кај мене, бре! — Се провикна детето и му ја стисна раката на Толета.
Толе се збуни. Го изгледа од пети до глава, но се прибра, и како на стар пријател и тој му ја стисна слабата и нежна рака.
—    Mope, ево ме, побратиме, на гости кај вас со Јована, токо ајде сега… кажувај!
Дупчето? вели детето. — Ушето? — одговори Толе и го прегрна. Се познаа, Толе и Ѓорѓија Ацев, затворниците од прилепскиот затвор.
—    Е, е! лели те најду и тебе, сега знам оти не су на лошо место попаднат — се успокои Толе наполно и продолжи да си живее со руса Миша во удобната квартирка близу до Јована и Неда.
Фати зимата и настана одморот за „дивите”. Се собраа во Софија од сите краишта на Македонија секакви луѓе. Кафето „Македонија” на улица „Марија Лујза” не се празнеше ни дење ни ноќе. Многу од дејците немаше каде да спијат, та оставаа цела ноќ на „бдение” за да продолжат утре со плановите и дискусиите за ослободувањето на Македонија.
Јован и Толе беа редовни посетители на ова кафе. Малку по малку Јован го воведе Толета во. разговорите и тој почна сериозно да се занимава со таа мисла — слободата на Македонија.
Во кафето идеше и Ѓоргија, та Толе како од стар пријател и познаник голташе пламени зборови за големото. дело.
Една вечер, божиќни пости, Толе седеше со Јована и некои други Јованови другари, кога во кафето, од маса до маса, се пронесе тивок глас дека војводата Гоце Делчев ќе дојде вечерва во кафево да се види со своите пријатели и да проговори некој и друг збор.
Јован му пообјасни на Толета кој е тој Делчев и му рече дека ќе треба да го слушне. — Тој е — рече — војводата на сете кумити шо одат во турцко да се биат со Турците за да се ослободи Македонија.
Ова му го потврди и Ѓорѓија, кој исто така кратко, но снажно му ја опиша Гоцевата висока положба во Организацијата. Околу девет саатот по „алафранга” навистина влезе во кафето еден млад човек — одвај да имаше триесетина години, облечен во градски алишта, избричен, со високо чело, дебели усти, над кои убаво засуканите долги црни мустаќи му ја потврдуваа и убавината, и сериозноста на неговото машко лице.
—    Види го, како угич во брави! — проговори Толе уште пред да разбере дека тој е Гоце.
Сите изнастанаа и простум го поздравија новодојдениот, наведнувајќи ги главите.
Гоце изговори едно „добровечер” на сите вкуп и се запати кон една маса околу која стоеја само двајца луѓе. Тие беа Пере Тошев и Мишо Развигоров. Во одењето меѓу маси, тој поздравуваше лево и десно и ги развлечуваше своите дебели усти. Кога дојде до масата околу која стоеја Јован, Толе и Ѓорѓи се запре и го изгледа Толета. Ѓорѓи го поздрави Гоцета со „господин војвода” а овој го праша Толета.
—    Од каде довтаса, бре јуначе?
Толе се збуни, поцрвене и грлото му се засуши, та одвај проговори:
—    Од Прилеп, господине — и ја удри главата в земи.
Гоце осети дека Толе се збуни, го удри по широките плеќи и му проговори тивко?
—    Добредојде, добредојде. Ајде, збирајте се: колку повеќе — толку поарно. Кога ќе тргнеме, да сме поголем калабалак. — И замина преку другите маси, та отиде кај оние двајца. Се поздрави со обајцата срдечно и сите изнаседнаа. Завладеа мртва тишина и сите исчекуваа да проговори новодојдениот во кафето. Најпосле се слушна неговиот глас:
— Е, другари, времето врви и, ете, зимата уште два три месеци ќе помине. Спремни ли сте да се најдеме на своите места во Македонија?
He требаше друго ли да кажува. Од сите страни се заори едно:
Ура аааа!
Толе за првпат слушна од толку грла таква спремност.
И тој уште таа вечер реши да се врати во Мариово и да си ја продолжи својата кумитска работа. Толку повеќе, кога разбра дека не е сам тој што ќе оди да се тепа со Турците.
„А како и на кого ќе а остави Митра?” — My удри во умот, но желбата за Мариово и за тамошната слобода по мариовските планини ја потисна оваа грижа.
„Нека си седи Митра овде со Неда и Јована, на есен пак ќе си дојда” — заклучи тој и продолжи да си живее во изобилие, бидејќи паричките што ги донесе беа достаточни за да не осети некаков недостиг.
Уште околу свети Атанас началството презеде мерки за формирање тројки, кои во новата пролет ќе треба да заминат на терен, и тие веќе почнаа да се наѕираат.
Во кафето веќе можеше човек да забележи групички по масите од пет шест луѓе, кои секој ден на една маса седеа и водеа сериозни разговори.
Околу една маса стално седеа ЈованЃ, Толепаша Ѓорѓи Ацев и Глигур Соколов, и долго разговараа едно и исто. Разговорот се вртеше околу тоа, кој од нив четворицата ќе замине на терен пролетта.
Толе прв изјави желба „да е кабил уште ноќеска да тргне”. По него се изјасни Ѓорѓи, a пo Ѓорѓија — Глигур.
Значи, едната група се формира од Ѓорѓија Ацев, Глигур Соколов и Толе од Крушевица. Водач, или војвода, како ги викаа тогаш водачите, ќе биде младиот Ѓорѓија, a Толе и Глигур ќе му бидат четници, додека соберат од терен други другари на кои пак, тие ќе им бидат војводи.
Толе го замоли Јована да не и кажува на Митра за ова негово решение.
— Жена — јуда, може да ме прелаже, та да се пострамота пред другарите — му велеше тој на Јована.
А Јован пак си мислеше и кроеше како да дојде до Митрините лирички, да си ја подобри материјалната положба, а од друга страна и Миша му се бендиса, та токму ќе може да си ги исполни и двата плана ако се истави Толе од него и ја остави сама. Затоа и тој молчеше како риба пред двете жени.
Уште пред Велигден Толе и Јован донесоа по една куса манлихерка и секоја вечер ги чистеа, подмачкуваа, иако беа нови. Ги купи Јован со Толеви пари, се разбира, од Браќа Иванови, за десет лири.
На прашањето од жените зошто им се пушки, Јован им одговори дека е заведено дежурство за заштита на шефовите од комитетот, та им е потребно оружје.
— Шо има да се мешате во нашите работи?” — ги искара Јован двете жени, и тие веќе не проговорија повторно, зошто им се пушки, кај одат ноќе и кај одат дење. — Вие седете си, јадете, пиете. Ние каде да сме — ваши сме.
Помина Ѓурѓовден, наближи Дуовден и по директивите на Ѓорчета се формираа десетина тројки што ќе заминат во внатрешноста да ги зацврснат месните организации каде што беа организирани, и да ги пренесат директивите од раководството. А каде што немаше — да организираат.
Толе и соопшти една вечер на Митра дека ќе ја остави за некој месец и друг тука со Неда и Јована и ќе се врати.
Митра ја натопи перницата со солзи, но не успеа да го задржи. Се утеше со ветувањето дека ќе се врати, а убедена во неговите зборови, стисна срце и се помири со судбината.
Дојде и денот на разделбата. Co мала испраќачка Толе се прости со Митра и му ја остави на вилаетлијата Јована, а повеќе на вилаетликата Неда и замина со Ѓорѓија и Глигура за Ќустендил.
Ја поминаа границата и, преку Кочанско и Штипско, го преминаа и Вардар кај Богданци и ја фатија Кожув Планина.
Кога Толе допре со очите до Алшари и го виде оџакот од фабриката на златниот рудник, испушти една длабока воздишка, сеќавајќи се на приклучението со Аќифа, а во исто време му излезе пред очи убавата Прочка, која беше ја фрлил во заборав.
— Е, другари, одовде натамо јас ќе ве вода. — Проговори Толе и се ококори како човек кој си ја постигнал целта.
И навистина, Толе ја зеде улогата од Ѓорѓија, а и овие се согласија, бидејќи им објасни дека го познава овој крај, а има и свои пријатели.
Вечерта наслегоа до Рожденските колиби во ‘Ржаново и Толе се распореди за храна и денување. Прати еден од овчарите, Палилулевци, до Проќа, и нарача да му соопштат на Риза, неговиот другар во бараката, да се стави со него: има да му каже нешто. He заборави да му нагласи на овчарот, дека тој е оној мариовец што го отепа гавазот Аќифа пред десетина и повеќе години.
Ризо му ја соопшти оваа вест на Петка и Ристета, Толевите другари во земјанката и како топ пукна глас по Маданот за неговото блиско присуство.
Оваа вест не остана тајна ни за Челебијата. Тој знаеше дека постои тајна организација, но знаеше дека има и друга сорта арамии за пари, та ја поостри будноста да ја запази имовината на своите чорбаџии од Рим и Париз. Доведе уште гавази, ја извести и власта во Кавадарци, та оваа испрати цел одред војска да ги брани муштериите на султанот.
По таа причина и војводата Михаил Апостолов — Попето не успеа да го фати Челебијата за да го уценат султанот со голем откуп. На Влашките колиби на Пуловец четата на Попето беше откриена и планот пропаднат.
При Толета во „Михајлово” спротив Рожден дојдоа бившите негови другари: Ризо, Петко и Ристе и му го доведоа убавото Проќе.
Толе се почувствува господар на ситуацијата и ја задржа тројката неколку дена на рожденско, па откако се намилува со Прочка, го префрли Перун и се најде во витолишките борови гори на Камчева Орница.
На орницата го фатија Кулета Карабоја од Витолишта и му нарачаа да им соопшти на месните работници Стојана Мисирлијата и коџобашијата Трајка Лесната, чии имиња им ги препорача Јован Ѓуров на Толета, Глигура и Ѓорѓија.
Глигур и Ѓорѓија веќе знаеја дека се наоѓаат на територијата на прилепската кааза и со нетрпение ги дочекаа овие работници.
На Камчета Орница дојде до една несогласност меѓу Толета и неговите двајца другари — Ѓорѓија и Глигура.
Ѓорѓија побара од Мисирлијата и Лесната веднаш да ги пренесат преку Црна кон Вепрчани Беловодица, за да ја фатат Бабуна, каде ќе можат да стапат во врска со прилепското раководство, бидејќи тие беа од тој крај — Ѓорѓија од Оревоец, а Глигур од Небрегово. Но Толе се спротиви и си го покажа својот инает.
— Јас, — рече — си имам реон и луѓе. Вие кај сакате одете! — И уште истата вечер си ја нарами пушката и се оддели од нив, ја прејде Краваштинската рекичка и му отиде на дедот Паленѕа на колибата во Маклата.
Си дојде волкот на меќанот и не сакаше да знае за никаква дисциплина.
Преку дедот Паленѕа го најде Мачникот; од него разбра дека и Андон е таму и yште на другата вечер тој ја зголеми својата чета уште со еден другар. Се сторија двајца. И си ја почнаа својата стара работа.
Преку Жиово и Врпско ја помина Црна и му појдоа на гости на Стојчета во Вепрчани.
Бре „добредошле”; бре „добренајдовме”, бре „како сте”; „што сте”; се избакнаа како стари пријатели и Толе остана да четува по Клен и Дренската планина.
Турците подразбраа за неговото присуство, испратија потери. Од Вепрчани, за да не падне в раце и Стојче, им се придружи на Толета и Андона. Се сторија тројца.
Толе пак почна да крои планови кого да го фати за да се најде во работа. А и некоја паричка им притреба на сите тројца, бидејќи Толе што имаше ги остави на Миша во Софија. A пo Мариово од кого ќе зема, ако не од Адемовци, Маџаровци, Велиовци од Крушевица?
На таа страна го тегнеше и чувството на син и татко. Сакаше да ги види мајка си и татка си, а му се внуши и за црното Кате како и за неговите дечиња Трајчето и Велјанчето.
—    Како би било да прејдиме кај Маргара? — предложи еден ден Толе, седејќи над чешмата на Клен.
Андон одвај го дочека тој предлог, бидејќи и тој цела зима преседе како глушец в дупка кај дедот Паленѕа на колибата, та и нему му се заминуваше преку Дуње, да ја наѕре Андоница и децата. Само Стојче се понамурти, но не одрече.
—    Да појдиме, лели велите, токо дали не ќе нагазиме на некоа потера! — одобри и Стојче.
—    Е, потера, потера. Зошто и носиме вие пустињи, лели за тиа потери? — одговори Толе и ја удри по кундак новата манлихерка, што му ја купи Јован во Софија. — A гледаш? Нова е, од мајстор, шо се вели; ошче не су и го слушнал гласот — се горедее Толе со неа.
И предлогот Толев се исполни. Уште до вечерта тргнаа и навртоа преку Вепрчките чукари во Дуње.
Андоница знаеше дека Андон е тука и се крие некаде, но кога го виде Толета просто се изненади.
—    Mope ми, те донесе ли господ пак, браче Толе, да се видиме? — го пречека таа
—и него и му се израдува, сега уверена дека тој не го дава нејзиниот Андон да пострада.
—    Дојду пак со побратимот, да си го видиме касметот — одговори Толе и ја погледа од глава до пети. — Ти шо правиш, како a помина зимата?
—    Ех, како! Како секоа вдовица без маж — се поднасмеа Андоница и веќе се растрча да готви вечера за мили гости.
Преседоа до каде полноќ и ги нарамија пушките, та излегоа горе скала во камењето. Толе е сиот среќен.
—    Охохо! Boa се вели слобода, а не како намо во градот, да не може човек да се издише од луѓе — се протегна под една стена и задрема.
Предрема и Андон, а Стојче преседе на „стража”, да варди да не се зададе некоја потера од кон Слива.
Вечерта, Трајко Кулевски во Крушевица имаше гости. Мајка му на Толе веќе го прежала, сина си, та немаше солзи да го дочека. Неговото отсуство од куќата уште ја успокојуваше кога разбра дека се префрлил некаде преку турска граница. За тоа сега кога го виде и се стори дека повторно роди син за кој треба да се грижи.
—    Mope ми, кај вати, синко, жив ли си, здрав ли си? Ка не остави со Трајчето и Велето сами, не се врати да не видиш! — проговори таа и го прегрна.
Толе се сневесели, се засрами и натажи во исто време. Навистина, голем грев имаше спрема оваа куќа. Остави мајка, остави татко, жена и две деца и побегна со една ороспија дури во невратилово, но се утеши дека ете пак го „милуал господ”, го вратил назад за да им се најде во секоја невоља. И си помисли:
„Не, не! Никогаш веќе нема да и остава. He Митра, ами света богородица да ме вика оттука не мрднуам. Ќе се бора колку шо можа и Мариово не го оставам ошче еднаш за нишчо на светот”.
Се извиде и со татка си, ја изгледа и Ката, а кога ги виде децата веќе момчиња крај неа, навистина му се расплака тврдото срце.
—    Како сте вие со сираците, мори чумо? — Ја праша Толе Ката и посегна да ги погали децата, но овие се завртеа и се скрија зад мајка си. Како секое селско дете што се плаши и срами од туѓ човек.
—    Mope, ами асли татко ви е пустињото оти бегате од него! — им проговори Ката на децата, а нему му одговори:
—    Mope, ами како сме! Ете, пораснаме, токо како без татко, како сме.
—    Еве го и татко ви, токо зошчо ви е кога не може да ви помогне! — одговори Толе и ги викна децата кај него.
—    Седнете, де, седнете, добредошле! — ги канеше старата Андона и Стојчета — Седнете, ослепаго, белки нема да нападне ноќеска никој. — My се обрна на Андона, кого го познаваше од порано. — Од каде вие другарот? He го познавам, не дошол досега кај нас.
—    Од Вепрчани су, мајче, Стојче ме викаат, од Трајковци — одговори сам Стојче.
—    Нека си жив, токо вардете се, синко, да не ве нагазат виа пци, да и дадите главите безвреме, како браче Кулета, бог да ни го прости — рече старата и зашетка да притотви нешто за вечера.
Како кај Андона во Дуње, така и кај Трајка во Крушевица, другарите Андон и Стојче преседоа до кај полноќ. Толе прилегна со Катето и децата во познатото ќералче, ги измилува повеќе децата отколку Ката, ја распраша да ли не и има престрамено некој друг, но и од самата појава на Ката се убеди дека никој муабет не и прави.
—    Mope, откако го окубате чорбаџиата Стевана, на сете му смрди да ме погледаат, не да ми престрамат — го убеди Ката Толета во нејзината верност.
—    Е, арно, арно. Седи си ти тука со децата и со старите, јас дури су жив ќе ве пригледуам, та откако ќе умра, шо знајте правите — беше последниот Толев збор со Ката.
Околу полноќ станаа сите тројца и уште пред зора го фатија врвот од Маргара.
Преденуваа над чешмичето во леската и уште во муграта ги нарамија пушките и тргнаа кон Орле.
—    Ќе одиме вечер во Орле, — предложи Толе. — Тамо виа дни станала ѓурунтиа со некои орленци и маковските бегови Белоперевци. Да видиме шо прават тие пци и шо да му се праве. Безбели некого од орленци ќе најдеме да ни раскаже понатанко,
Уште над село втасаа еден пристар човечец со товарено магаре дрва.
—    Добровечер, чичко!
—    Дал ви бог добро, синко!
—    Шо правите, шо чините по Орле? — го праша Толе и оди ѕевгаречки со старецот.
—    Mope, шо правиме синко, од кука нога — од камен глава, шо има да правиме. Си и плачиме дните, санкин не гледате шо правиме! — почна да се оплакува старецот.
Од него Толе разбра дека Белоперевци ги дотерале нивните булуци на Орленско, та не само што пасат низ синорот, ами и седбичката на сиромасите им ја упропастиле.
—    Ете — вели старецот — вој сиромашецот Најдо Бечко имаше по пресопта една нивичка со ‘рж, и пушчиле овчарите од Белоперевци тоа бравите, а завлекле, а истресле, ни кутел сиромаот нема да земе од неа.
Тој пак и видел однекаде, отрчал со секирата — по врат на еден два брава, и кутнал на место. My се загнале овчарите да го тепаат ама тој јунак, му а навртил секирата, та и еден од овчарите кутнал наместо и еве ти беља на целото село. Најдо избега, се крио некаде, а тиа, не можејќи да го ватат него, токо го стегаат селото: ,.Ја батакчиата да го предадите, ја да го платите човеко
И така, виа дни сете селани беа печесдена држани во Маково, некои ошче се тамо; маки, бељи. Ете како живејме — заврши старецот. — Ами вие каде одите вака по мракот.
—    А бре, каде одиме. И ние ќе го побараме Најда, да видиме шо направил тој пезевенк — му одговори Толе.
—    Лебами, зорт да го најдете. Селото реши да не го предава, та којзнае дали ќе ви го кажат. Ами кој сте вие, некој туџари да не сте? — пак праша старецот.
—    Туџари, сме, туџари. Го бараме Најда да ни и продаде бравите од Бедоперевци — се пошегува Толе и веќе го наближија селото.
—    Ами кај ќе одите на конак, имате ли некој пријател в село? Или повелете да си лежиме кај мене. Еве, ваа е моата кула — заврши дедот, втерувајќи го магарчето во едно одградено двориште.
—    А бре сполај ти, чичко, токо којзнае дали и тебе Белоперевци не ќе те врзат ако дојдиме кај тебе.
На дедот му стана чудно.
—    Зошчо да ме врзат? Зар вие сте толку лоши?
Толе се реши да му се кажат кои се.
—    Mope, лоши, чичко. И лоши сме за лошите, и арни — за арните. Баш кога не каниш — да не ти одречиме. И така немаме некои пријатели во Орле. Ако милуваш да не прибереш да преноќеваме, арно ќе сториш. Ама ќе ни го најдеш и Најда, а? му шепна Толе на ушето и застана на едната страна на магарето да го растоварат со дедот.
Дедот се присети па го изгледа внимателно Толета и неговите двајца другари. My ги завитка ортомите на магарето и го пушти да скубне некој трн по дворот.
—    Повелете, де, повелете дома! — ги покани и почна да вика.
—    Бабо мори, Стојно, Стојно мори? Кај вати, в реката да појдеш? — Mope, за кодење се виа жените — се обрна кон Толета и сам ги поведе, та им даде столчиња под тремчето.
—    Седнете, добредошле. Седнете, кој да сте, мој касмет сте ноќеска, — He берете гајле, нишчо лошо не иде кај мене на краот.
Седнаа сите тројца на подадените столчиња, а дедот се навали до дирекот.
—    Да а почекаме, може ошче не е дојдена од копање.
И навистина по некоја и друга минута си дојде и бабата.
— Мори ајде, стара, кај си, госје ни донесе господ, отварај, барај вечера — ѓоамити и се врекна стариот.
—    Mope ми кај су, зар не знајш, на работа — одговори старата и отвори, та си влезе дома.
—    Е кој сте де, кај одите, зошто ви е Најдо, кажете си го алот, да знам; и јас белки ќе можа да помогна со нешчо, ако су стар.
—    А бре, да ти кажеме лели сме ти дошле в куќи — одговори Толе.
—    Јас cy Толе од Крушевица, тој арамиата, ако си слушнал за него.
Дедот се исправи простум.
—    Ти си Толе Паша шо те викаат?
—    Ја су, дедо, целиот Толе Паша, а виа ми се другари. Сега знајш зошчо го барам Најда, лели?
—    Е, е, е! Разбирам. Токо, којзнае дали ќе го најдеме. Многу е заплашен, сирома, да не падне во рацете на ниа пци во Маково. Ама лели те донесе господ тебе, веруам оти ќе ти се каже. Поседете вие со бабата, да вида јас дали ќе направа работа. — Заврши старецот и викна.
—    Кај вати мори стара? Ајде, барај нешчо вечеричка за луѓето. Јас ќе појда до Ѓурѓа наша за еден час. — и излезе низ дворот
Толе токму беше удрил на дедот Волчета Мијов, дедо му на Најда, бидејќи Најдовица му беше ќерка на Волчета. И кога Толе му се кажа, Волче се израдува и си рече: „Ајде, белки има касмет да а спасе главата” — и со трчање отиде кај ќерка си.
Кога и раскажа каква е работата, таа ништо не проговори, се издиши длабоко и му рече да почека дури да се врати да му каже.
Најдо се криеше во јамата на стрика му Петрета Бечка, но освен стрина му и Ѓурѓа никој друг не го знаеше.
Ѓурѓа и жугна на стрина си, оваа влезе дома, отиде долни крај и поткрена една штица од јаслите. Се направи отвор и од јамата излезе Најдо, жолт како пламенот од кандилото што го носеше стрина му Петревица.
Влезе и Ѓурѓа и му објасни дека некој гостин кај татка и го барал. Рекол тој дека ќе му помогне ако се стави со него.
— Кој е тој непознат човек шо сака да ми помогне? — праша Најдо и се протегна да ги размрда мускулите, да му се раздвижи крвта, бидејќи ете, неколку дена како лежи во темната јама без воздух, без светлина, бетер од оние во прилепскиот затвор и во Катилане во Битола.
Влезе и дедот Волче и му го кажа името на човекот што го бара.
— Толе Паша?! — Извикна Најдо и го прегрна деда си Волчета. — Од каде тој разбрал за мене? Кој му кажа, кога дојде, кај го најде ти? — Зареди Најдо да прашува, сиот растревожен и радосен. — Е, сполај му на господ. Лели тој ‘рслан допрел до нашето село, белки ќе има некој спасибог. Ајде, ајде да одиме да го вида! И тргна Најдо со деда си, a пo нив и жената му Ѓурѓа.
Уште патема дедот Волче му објасни како случајно го втасале над село тројца луѓе и како ги поканил на конак без да знае кои се тие.
— И ете, се погодиле баш тие шо требе — рече радосно Најдо.
—    Какви се? Шо носат? Пушки, пишчоли, бумби? — праша Најдо, не можејќи да се стрпи сам да ги види.
—    Пушки носат, и виду под тоа сакмите, та друго не знам — одговараше дедот Волче и веќе влегоа во одградениот негов двор.
Под тремчето седеа тројцата луѓе како што ги остави дедот Волче, но кога видоа дека преку двор идат три четворица тие станаа од столчињата и едниот тргна преку двор кон овие што идеа, а двајцата го фатија ќошот од Волчевата куќа.
—    Ние сме, ние, не берете гајле — се јави дедот Волче и се стави со тој што тргна кон нив.
—    Еве го, бре зетче; вој рече оти е Толе Паша од Крушевица, та тој ли е или ме матна да те предада, ете го него, ете те тебе. Ако се некои потерџии — расправај се ти сега со ниј.
Толе го изгледа дедот Волчета малку попреку, но во темницата овој не го забележи.
—    Јас су, Најдо, јас су Толе од Крушевица, ако си слушал за мене. Ич не бери гајле. Ни су бил потерџиа ни ќе бида.
Најдо се ракува со Толета и појдоа пак под тремчето.
Толе ги викна со знак другарите и тие се вратија и изнаседнаа на столчињата како порано.
Најдо се поздрави со Андона и со Стојчета и во кратко си ја исприкажа маката.
—    Ако ме ватат Белоперевци, ‘Рслановци, Раиф и Малибег, коска здрава не ќе остават од мене. Јас, ете, каде се криа петшест дена и нема предавање на ниј. Ако е кабил да ме земете со вас. Анџак господ ве донесе како да нарачуа по вас. — Отворено рече Најдо и го запре здивот за да го слушне одговорот од кој зависеше неговиот живот.
—    А бре, да те земиме, ама којзнае дали ќе можиш да го тргаш нашиот живот — рече Толе. — Ете, ние сме тргнале по ѓаволот, та ногу ногу на господ не се ни надеваме. Та и ти. Ако можиш да скиташ со нас по планините, да бркаш и да бегаш, де бакалум! Кај тројца нека бидеме четворица.
—А бре, јас а кладу главата в торба ошче кога локна нивна крв, та сега ваша бога, ваша душа. Ако не ме приберете вие, ќе ме јадат тиа пци ошче безвреме. Токо јас сакам да оплескам баре ошче неколку такви, та иако оди моата најпосле — изговори со натажен глас Најдо.
—    Ајде да видеме шо машко ќе излезиш! — се согласи Толе и го праша:
—    Имаш ли пусат, шо било, или ќе треба да земам од некој заптиа.
—    Имам едно старо шејшане — одговори Најдо.
—    Шејшане, шејшане, само да не си голорак. Потака ќе видиме да најдеме некое поасолно.
Дури се водеше овој разговор под тремот баба Волчевица направи вечеричка, Ѓурѓа ја изнесе софрата и тука, под тремот, по месечина, седнаа та повечераа сите седум души.
Кога бабата предложи да им постели за спиење, Толе одби и рече дека ќе спијат некаде надвор од селото, бидејќи таков им е занаетот. А Најда го натера да си го земе шејшането, сакма и некој залаг леб.
Најдо си отиде дома со Ѓурѓа, си ја зеде козинавата сакма, го извади шејшането од сурмето на големата врата, се избакна со Ѓурѓа и дојде кај деда си Волчета, каде и се придружи на Толевата чета.
—    Е, седи со здравје, дедо Волче. Благодариме на пречекот — се поздрави Толе со домаќинот и тргна напред како вистински паша пред „многубројната” војска.
Се поздравија и Андон и Стојче. Баба Волчевица го избакна Најда и со едно „ајте ми со здравје, господ да ве чува” и со солзи на очите, ги испрати идните војводи.
Уште на сто — двесте метра од селото Толе седна на еден камен над патот.
—    Е, Најдо, ела сега да ни кажиш шо направи та шо те поткачиа Белоперевци, ‘Рслановци и други пезевенци бегови.
Најдо му го повтори она што им го кажа дедот Волче при влегувањето и се наостри за одмазда.
—    Е шо мислиш да му правиме на тие пци? — го праша Толе за негово мислење и план.
Е шо мисла? Јас шо мисла да им го даде господ ошче ноќеска! Да изгорат сете како глувци сакам. Ама, ах, шо не ми стига ,  рака да;му го направа!
Зошчо не ти стига рака? He ти ваќа ќибритот? — го праша потсмешливо Толе. ;Ако сакаш да изгорат, де бакалум, ене и во Маково. Сега се заспани, ајде да му влеземе и да и запалиме. Баре таа не е тешка работа. Ќе му дадеме еден оген на копите, на трлата, говедарниците околу куќите, и ете ти и печени, како шо и сакаш.
Најдо ги ококори очите и ги рашири носните дупки, та почна брзо да дише. Срцето му затропа силно и рипна на нозе.
—    Аман де! Ако го сторите тоа, дури тогаш твоето име ќе остане вечно.
—    He ако го сторите, ами ако го сториме, речи. Ете, и ти си сега со нас. Зар ти не ќе идеш со нас да го сториме тоа? — Го поправи Толе.
—    Како, џанум, не ќе су идел? Збор ли е тоа? Анџак јас вриа на ниј, а не ќе су идел, ами реку: вие дали ќе дојдите.
—    Кога велиш ти и ние ќе велиме, кога ќе велиме ние и ти ќе велиш. Така ли е другари? — се обрна Толе кон Андома и Стојчета.
—    Ние сме кинисале дружина и шо ќе рече еден — ќе речеме сете — потврди Андон.
—    Е, тогаш стегајте се Да и огрејме маковчани ноќеска — просто нареди Толе.
Најдо се израдува што така бргу ќе му се исполни желбата да си одмазди за нивата и маките во јамата од стрика му.
—    Јас — рече — ќе ода напред. Го познавам дворот и гумното ногу убаво и секаде каде треба оген клавање, јас ќе го клада. Вие само да му припукате на другата страна од гумното за да не ме забележат мене кога ќе пала.
—    Ногу арно — потврди Толе. — А каде ќе се најдиме после свршената работа?
— Јас вела во Брник да накачиме. Имам тамо светијован — Трајко Кралот, тој ќе не засолни во прво време — одговори Најдо.
Тргнаа право за Маково. Над селото ги проверија пушките. Најдо го зеде кибритот од Андона и ги одведе до гумното од Белоперевци.
На кулата светкаше слаба светлост од едно прозорче.
Пците ги осетија стапките и потрчаа кон нив, но тие се затаија и пците се вратија назад, лаејќи на ветар.
Најдо, покрај ѕид, се заврте од спротивната страна и се добра до првата копа слама.
Толе, со Андона и Стојчета, фати метериз крај калето, што ја одделуваше кулата од патот. И таман дочекаа време да појде Најдо на другата страна, Толе се накашла и тропна на камењето, тапците пак се фтурија кон нив.
Од прозорчето се слушна гласот на стопанот.
—    У бре, ач,  Тут Караман, Шарко, Ѓурѓо! — ги нареди сите имиња на кучињата.
Во тој момент Толе нанишани во отворениот прозорец и тргна со манлихерата, за првпат откако ја купија со Јована. Крушумот удри во горното черчеве, го проби дрвото и се сплеска во каменот зад него.
—    А така ли е работата? Се провикна глас од одајата и се угаси светлината.
Во кулата се направи збрка. Велоперевци, едни од многуте лоши Турци со христијанско презиме, беа цел табор од браќа, братучеди, внуци и стрикови, та секогаш по еден беше на штрек, додека другите спиеја. И не требаше многу време да се разбудат и да ги фатат метеризите во кулата. Толе повтори, потрети. Се слушна Андоновата и Стојчевата мартинка и се заврза борба.
Толе и другарите знаеја дека Белоперевата кула е добро вардена и не мислеа да влегуваат во неа, но требаше Најдо да си ја сврши работата. И успеаја.
Најдо од другата страна ја потпали копата, им појде на трлото и говедарникот, та им запна по една свивка запалена слама, a потоа и на кошарата во која што спиеја чифчиите.
Жените и децата припиштеа кога видоа дека гори куќата и летнаа да бегаат надвор од дворот.
Пците, осветлени веќе од пламенот што го зафати копата, говедарникот и трлото, исплашени од пушките, се изнапикаа под амбарите, некои избегаа надвор од дворот.
Најдо фати пусија на другата страна, над кошарата што гореше. И кога се распламтеа сите запалени сосови, тој виде како се отвара вратата од кулата. Плашејќи се да не излезат агите да го угасат огнот, му запна еден истрел од шејшането на тој што ја отвори вратата.
—    Ах анани… ана! — се слушна остар глас и вратата се затвори.
Покрај ѕид, над кула, Најдо се префрли на источната страна откаде стрелаа другарите и со едно — „у хахааа!” им даде знак дека треба да ги напуштат позициите.
Огнот толку се распламте, што целото село светна. За такциратот на соседите од Белоперевци, дувна едно ветерче откаде Смечот, та искрите од запалените сосови ги потфатија и блиските копи и кошари.
Целото село стана на нога и гледаше како горат Белоперевци. Турците почнаа да стрелаат на ветар, а христијаните да кршат прсти и да се жалат, оти утре ќе ги јадат овие „пци”.
Толе со другарите го слушна Најда и со последната пушка му викна на тие што стрелаа од кулата.
—    He арчете си фишеците, ќе ви требат за утревечер! — и преку огради го фатија сите тројца долот, та прејдоа наспоред, во растот, да гледаат што прават агите. Го видоа и Најда по нивната трага и уште тука се собраа сите четворица.
Агите долго не смееја да излезат од кулата, та ништо не презедоа да се спречи пожарот. Само чифчиите и комшиите фрлија по некој и друг котел вода, но и тие се насладуваа на пожарот.
Жртви не паднаа ни од едната ни другата страна, освен Најдо со шејшането што го закачи Раифа Белоперевски во рамото кога ја отвори вратата, но и тоа беше плитко за да може нешто посериозно да предизвика.
— Бак, бак, бак, дигна глава рајата, ќе расипит раатот наш! — му се жалеше Адем утредента на маковските чифлигари. — Гледате, ако не беше кулата здрав ќе печеа, зарем, како глувци.
— A ope, не сиот раја лош, бре, — одговараше Уско — и во неа има добри луѓе, ама ете имат некои и пезевенци. Жими вера, ако не требит царката тие лошите, којзнае до каде ќе дотераме! — се опреа сите на помошта од „царката” и се растрчаа по сите уќумати по Битола — Прилеп, да чинит абер за нападот на Белоперевци.
Следењето им влезе во трагите на напаѓачите.
Кој беше, што беше, се разбра, дека тој пезевенк, Толе Паша, што ги плени бравите на Велиага од Црничани пак се вратил, Валијата и Фазлибеј, пашата, уште за малку што не ги удри дамла.
—    Е, многу лоши луѓе имат, многу, ама како тој, не излегол уште во нашата царштина —, рече Фазлибеј, замислен пред валијата.
—    Ами чаре? — се прашаа двајцата властодршци и крепоземци на битолскиот вилает.
—    Чаре! ќе се требит, само ќе дадит мака на аскерот, — со сигурност одговараше пашата, — и пак нареди авџи табури да заминат за Мариово.
Најдо ги одведе другарите уште ноќта во Брник кај светијованот Трајка. На нивното тропање Трајко излезе со навртена мартинка, но го позна Најда по гласот, та се смири.
Кога го виде Толе овој џин за малку што не му се поклони. Трајко беше обдарен со снага. Крупен, висок и развиен. Црната коса на големата глава стоеше како руно, шарените биволски очи влеваа страв на секого што ќе го погледаа, црните мустаќи му ги покриваа дебелите усти и висеа надолу како два пискула од црвени кочани, а во устата се гледаа големите бели заби. Засуканите ракави ги покажуваа неговите црни раце, кои со ништо не се разликуваа од Најдовите нозе над колената, а широките гради, обраснати со црна коса, личеа на мечкини плеќи, накострешени при напад. И двете нозе беа достатно дебели за да можат да го крепат и носат ова џиновско тело.
Во таков Трајко, во неговите силни раце, Толе ја виде долгата берданка како пукало од бозеј во рацете на осмогодишно дете и навистина го обзеде, за првпат, страв од човек.
„Е, вој е за нас” — си помисли Толе. — ако можа него да го прибера со мене не се плаша од целата пашина војска. Трајко ги прибра гостите дома, убедувајќи и дека нема никаква „смрдеа” во нивното село и се постави како домаќин — да пречека мили гости.
Тој го знаеше случајот со Најда, ги слушна и пушките во Маково, та не му беше тешко да погоди дека сето тоа е нивна работа.
—    Ама и запржалите Раимовци во Маково, како ми се чини — се обрна Трајко кон Најда.
—    А бре и запржиме, ама останаа недопржени — му одговори Најдо. — Нека се живи другарчињата, ќе и допржалиме дореда.
—    Ами, кој се, Наце, од кај се вие другари со тебе?
Најдо со гордост одговори:
—    Ами кој се. Голема среќа су имал јас, бре Ташо. Сношчи и донесе господ, сполај му, од каде Маргара. Вој е нашиот војвода Толе Паша од Крушевица. Сигурно си слушал за него.
Трајко одеднаш се поднаведе, подавајќи му ја раката на Толета и извикна:
—    Толе Паша? А бре ми как да не су чул? За горскиот паша кој не слушнал во цел битолски валилак, та остави во Мариово?
—    Добредојде, Толе, добредојде, пашо! Откаде на моата куќа волкава чест? — се поздрави Трајко со Толета, му ја стисна цврсто раката и Толе ја осети целата негова сила.
—    Добренајду, Трајко, добренајду, токо ногу на високо ме кревате вие со Најда, — одговори Толе и пак почна да се занимава со мислата како да го прибере Трајка со него. Но пак продолжи. — Ами, како сте вие по Брник ваш, со Раиф ефендиа? He и пушчаат ли неговите овчари овците по вашите ниви? — сакајќи да разбере како е расположен тој спрема Турците.
—    А бре, како поминуаме, Толе… како пците на Василица, како ќе поминуаме. Тиа удри, ние веди грбовите, ете како, како сета раја во Турцко — одговори Трајко со глас на покорниот роб.
— Е, оти да го ведите грбот, бре Трајче? Тој ли грб е за ведење, бре брату! — и го изгледа пак Трајка од пети до глава.
—    А бре, ми оти… Ете оти: царшчината е нивна, нивна е и силата. He гледаш? А некој нешчо мрдни, триста потери ќе втасаат од сете страни. Ете оти. Арно ти си се решил и си му се спротивил. Ете и каде и пржиш понекаде, ами ние шо да му правиме! He вјанале, ќе и носиме како магарето самарот, шо се вели. —
—    He си прав — му одговори Толе. — Луѓето со таква сила и здравје не треба да го ведат својот јак грб. Врати му се еднаш, да видиш како ќе дуваат и ќе бегаат — го куражи Толе.
— Е море, сете не можат тоа да го сторат, та кога би го сториле, белки и агите ќе си и пособерат пашките — пак Трајко одговори, осеќајќи се понижен пред овој горски паша.
„Ќе си дојиш и ти кај мене — си мислеше Толе — токо дури кога ќе ти и понамести коските Раиф ефендија”! — и го сврте разговорот во друг правец.
Трајко ги пречека гостите домаќински и уште околу полноќ ги испрати горе Смечот, за да им однесе по три дни леб со магарето и да си набере дрва.
Од врвот на Смечот Толе и другарите ги забележија потерите од Фазлибеј, кои преку Ореовска и Црничка пресоп навртоа долу Маково, Рапеш, Брник да ги бараат џелатите.
Мулазимот Рифат — ефендија кондиса со педесет души аскер во Брник и немаше ден да не се печеа два три брави, десетици кокошки, стотици јајца, котли со алви, за да се избегнат зулумите од овој катил забит.
Но и покрај тие „честења” катилот си остана катил.
Тој инстинктивно осеќаше дека тука има трага од џелатите и треба да ја најде по секоја цена.
Селото го држеше сардисано и само со негово разрешение можеше некој да излезе и влезе, а секој ден тепаше барем по еден двајца селани да ги кажат комитите.
Од еден до друг селанец, дојде редот и на Трајка да биде распрашан. А тоа „распрашан” значеше да изеде сто оки ќотек. И кога го побара коџабашијата Митре, и му кажа дека го вика мулазимот Рифат, Трајко му од овори:
—    Еве, да си и преобуа пинците, ќе дојда. — А во умот му дојдоа сите Толеви зборови.
Коџабашијата отиде да викне друг селанец, а Трајко навистина си ги преобу опинците, си го престегна и ременот, та си кладе едно парче леб во пазувата, си ја најде мартинката, и потпирајќи се на неа, како на ластагарка, тргна од дома, но место кај мулазимот, тој го фати долот, нагоре од селото, и преку дрезгите се измушна на крајот на селото.
Стражарот беше завртен на другата страна, а Трајко му ја наврте мартинката и тргна право кон него. Во три четири чекори беше до него на пет шест метра; и кога овој се заврте и го виде, нозете му се затресоа, забите почнаа да му штракаат, а гласот му се зеде. Сакаше да ја симне пушката од рамото, но рацете не се потчинуваа на наредбата од мозокот. Тој застана со втренчени очи во Трајка и почна нешто да мрмори.
—    Ааааман ѓаур ефенди, аман „бенде кусур деил ич бише (Јас не сум крив за ништо) — и просто се тргна на земја, та ја фати ќелавата глава со двете раце за да ја заштити од идните удари, што ги очекуваше од Трајка.
Трајко беше сигурен дека ќе го совлада стражарот, но не претполагаше дека тоа ќе биде толку лесна работа. Најмногу го тревожеше мислата дека ќе треба да пука, та истрелот ќе го открие и ќе си има расправија денеска со целото потерно одделение. Но самиот стражар, ете, му ја олесни целата работа.
Како рис му се фрли на легнатиот војник, го јавна и го грабна со двете раце за врат.
He требаше многу да го држи. Танкиот врат на измачениот султанов војник не го издржа ни првото стегање. Скрцнаа прешлените на вратот и се одвоија еден од друг, и кога Трајко го исправи да го грабне за гркланот, виде дека нема потреба да го прави тој замет. Главата се обеси на градникот и тој ги виде двете испапнати очи на војникот.
За секој случај уште го стискаше, сега за гуша, и ги стискаше повеќе забите од рацете.
По една две минути се увери дека навистина жртвата е безопасна. Го пушти на земја, му ја одметна маузерата, му ги сопаша коланите со најголема брзина и го остави трупот, со желба да му се поврати животот на овој маченик, мислејќи дека навистина и тој умира за сметка на беговите, пашите и султанот.
Ho неговите ‘рслански шепи му ја извадија душата и тој не мрдна веќе, како што нe мрдна ни овчарот од Белоперевци по Најдовиот удар со секирата.
Трајко ги нарами двете пушки — неговата мартинка и маузерката, лаласките со фишеците, та уште со време го фати Смечот. Го најде Толета со четата и му се придружи.
Толе го виде со две пушки и му се израдува до лудило.
—    Е, така те сакам, да ми дојдеш како јунак, а не да го ведиш грбот — го пречека тој уште оддалеку и се стрчна, та го прегрна и се избакнаа.
Се избакна Трајко и со Андона, Стојчета и Најда и во кратко им го исприкажа денешниот настан.
—    Бравос, бравос по сто, илјадапати, бравос! — се восхитуваше Толе од Трајковиот подвиг.
— Е, сега, јас ти се предавам тебе, Толе Паша. Ти си мојот бег, ти си мојот господар, ти си мојот султан. Кажувај шо да права! Или ме неќиш со твоата дружина? — рече натажено Трајко.
Толе пак го прегрна и долго го задржа во својата прегратка. Во тој Толев гест беше одговорот на последните Трајкови зборови и тој го почувствува со целата душа.
—    Ајде, ајде, тука му е местото на сете како тебе. Шо е тоа збор „те неќу?” И да знајш, јас не су ти ни паша, ни господар, ни султан. Јас су твој другар, како шо си ти мој. Така ако кандисуаш, ела со нас, инаку најстина те неќу. Ако сакаш ти паши, господари, султани, имаш тамо долу безброј, ама јас знам, дека и ти, како нас, и мразиш ниј, затоа дојде — заврши Толе и ги праша сите четворица каде да се истават ноќеска за да не ги намириса потерата утре.
—    Секако ќе требе да се иставиме малку подалечку одовде — предложи Стојче и намекна да преминат пак кон неговото Вепрчани.
—    He ќе биде згодно ни тамо — одговори Андон. — Ете, оттаму ти киниса, можат да помислат оти и јас тамо се врткам, та не ќе бидиме ногу сигурни. Ами да бараме некој друг крај.
—    Добро, — вели Толе. — Јас се согласувам и вела да прејдиме преку Црна. Ете, јас имам пријатели по Старо Мариово, во П’чишча, Витолишча, ама и тамо не имаат намирисано. Затоа ние сега ќе прејдиме во Бзовиќ, Старавина, Градешница, а ако видиме некој јак зорт можеме да преврлиме и до Пожарско, Баово и долу Караџова, додека помине потерата — предложи Толе и сите прифатија.

<hrdata-mce-alt=”14″ class=”system-pagebreak” title=”Толе Паша – Том 1 – 14″ />

 

14.

Околу стари вечери сите петмина веќе навртоа над Рапеш, но не сакаа да му се кажуваат на никого, за да не го откријат правецот на движењето.
Ја поминаа и Црна, та го фатија орманот и накачија гope на Голем Врв, над Груништа, каде преденуваа.
Вечерта, уште во муграта навртоа долу Дуков Рид и седнаа над лат во царевката на Мијаковци, бидејќи слушнаа глае одзад нив.
He поминаа ни петдесет минути, се зададе човек со две магариња сено товарени.
—    Вој е нашиот к’смет вечер — рече Толе и слезе од царевката на патот. Ги пропушти магарињата да поминат и му рече „добровечер” на терачот.
—    Дал ти бог добро! — одговори тој и му се запули на Толета за да види кој е. Го изгледа убаво, ама кога не го позна, позастана пред него и го праша кој е и каде оди.
Се повтори оној ист разговор што го водеше Толе со дедот Волчета Мијов над Орле, со еден исклучок што не му кажа веднаш кој е, ами го матна со друго име и оди да бара некое добитче да купи по овие села.
На педесет сто метра ги настигааа другарите и секој за себе го поздрави човекот со „добровечер”.
Тодор Кикирезовски — така се викаше терачот на магарињата — им одговори на сите и се позачуди, гледајќи ги наметнатите сакми, а го позна Трајка и го виде со пушка на рамото, но не му стана чудно, бидејќи Трајко секогаш носеше пушка, а во темницата не можеше да ја познае што пушка е.
—    Mope, каде Тодоре, вака по мракот? — почна Трајко разговор со Тодора.
—    Mope ми каде… лели су и јас едно парче работник, стопанка му. Ете, ода, работа,” сака куќа да гледам — одговори Тодор и запраша:
—    Ами ти каде вака со другарите? Шо волку доцна?
—    Ете и ние предоме ваки; по некое добитче, ако најдиме; сакаат виа браќа да си купат, та ме зедоа со ниј дружина — потврди и Трајко она што го рече Толе, бидејќи го слушаше Толевиот разговор со Тодора.
—    Е, добро, добро. Ќе најдиме добици, стопанка му, ете анџак утре е недела, луѓето ќе се приберат од работа — одговори Тодор и веќе се приближија до кладенецот кај гумната над село.
Тодор беше земјоделец и по малку туџарка, џамбас, та веднаш си скрои план:
„Ќе и зема вечер кај мене и утре ќе му кажа кај има за продавање добитци, белим ќе капне некој черек и друг. Ако нишчо друго, пијалокот ќе излезе” — и со таа мисла ги покани гостите со се срце.
Без да покажат и најмала тревога, гостите се запатија кон Тодоровата куќа, која сега не беше на крајот, како дедо Волчевата, туку токму на сретсело.
Во секоја куќа светеше борина, шеткаа жени низ куќи, ги растовараа мажите добиците со сено, трева, дрва; се прибираа аргати од работа.
Кулата од Јована Сивев светеше и на чардакот седеа околу масата чорбаџијата Сиве, шура му Тоше Нале, зет му Митре Најдов, даскалот Димо Гулушов, битолскиот чорбаџија Данабаш и стариот Арсланбеј мудурот од Витолиште, со еден заптија.
Убавата летна вечер им го правеше животот весел и тие знаеја да ја исползуваат и својата висока општествена положба, и убавата јасна летна вечер, осветлена од полната месечина, украсена со смевот и кикотот на убавите старавински моми, насобрани на чешмата пред кулата.
На чардакот, боса по алови чорапи, во нова алова мариовска носија, со срмени кистови, скопци, павти, решмиња и гушниче од петолирки, ги служеше Сивевите гости убавата Велика Бендерова, чиј што маж, Митре Бендеров, беше вечен момок кај Сивета, зарди нејзината младост и убавина.
И тој верно и предано му служеше на господарот, без обѕир на тоа што Велика спиеше со него на двете недели еднаш. Тој беше доволен и од тој редок оброк, Велика да биде негова макар и на една — две недели, и да си живее во изобилие, отколку да мизерува и без никаква женичка.
Ете зошто тој се согласи уште пред три четири години да ја земе Сивевата посестрима Велика за жена, та да си остане доживотен момок кај Сивета.
И ене го сета, како Велика предано што го служи чорбаџи Сивета и неговите „одбор” гости, така и тој го врти јагнето на раженот во градината, на оган од лозови прачки, наполнето со ориз и суво грозје.
На чардакот се слушаше смев, висок разговор, а потоа ѕвекна Сивевата тамбура на две жици.
Co неа Јован го развеселуваше друштвото, поправо ја отвараше веселбата. He знаеше да свири убаво како колџијата Сула или како шура му Тошета, но редот го носеше, како домаќин, прв да почне. И секогаш ја почнуваше истата песна, единствена што ја знаеше:
„Мори, пијан идам од града, Велико мори,
Сретнав моме в ливада
Сен ѓузел, Вецо, на коњ трева береше…”
Оваа песна Сиве научи да ја свири и да ја пее кога се вљуби во Велика и му остана до живживоти единствена — омилена.
И вечерва, кога ја засвире, и се испули на Веца во убавото бело лице, се сети за првите љубовни приклученија, та се издиши длабоко.
— Тури мори, Вецо, да се напиеме; нека пукнат душманите, нека се радуваат пријатели! — заповеда чорбаџи Сиве и посегна да ја земе чашата од дизгот. Сакаше да ја потфати за левиот образ, но таа му направи ишарет со глава, покажувајќи му ги мудурот и заптијата, и тој ја тргна раката. Се сети дека ќе предизвика апетит кај стариот мудур и заптијата, та ќе треба да си има расправија ако посегаат и тие да ја потштипнат.
Ги изреди Велика сите гости со дизгот; се напија по една, две, три ракии, којзнае колку беа, та се распиштолија и настроија за џумбус и веселба.
Од чешмата пак се слушнаа пискавите гласови на водарките.
—    Ахахаааа и хи!
—    Види, види ка се запалиле Сивевци вечерва! — проговори гласно Марија Милетова, една од убавите, но и „улави” старавински моми.
Тоше му ја зеде тамбурата на Јована и удри да свири за своја сметка.
Како Јован што беше мерактисан на Велика Бендерова, така и Тоше ја имаше „обесено пушката” кај Митра Мачкарова во Градешница, но тој немаше кураж да ја прибере Митра кај себе, бидејќи нејзиниот Трајко не сакаше да му служи под тие услови, под кои Митре Бендерот му служеше на Зована Сивев.
Во големата љубовна желба Тоше сам испеа песна за сиромашката Митра, со која песна ја жалеше и молеше да му се предаде.
И сега, ете го, пак со таа песна ќе почне.
Ја проба тамбурата дали е нагласена, ги понаплука бургиите што ги стегаа теловите, засвири и викна да пее:
Отруј се, отруј, Мишо, мори,
Зошто да си жива!
Ајде, фудул Митро, мори,
При твојата мака…
Но како нож му го параше срцето нејзиниот одговор, кој беше го поместил самиот Тоше во последниот стих и тој со натажен глас го заврши.
Врви си по патот, лудо, море.
Мене не задевај!
Ајде, лудо младо, море,
Крши си  го вратот!
При последните негови зборови Марија пак се провикна од чешмата толку силно, та се слушна на кулата многу убаво.
— О ох! — Сирома Тоше, изгоре за пуста Миша ама на! — И сите водарки пак извикнаа; та одекна реката во ноќната тишина, а неколку кучиња залааја на крајот на селото.

***
Тодор ги доведе гостите дома, го растовари сеното и се распореди за вечера.
Им донесе столчиња под тремот и тие изнаседнаа да се одморат од „долгиот” пат. За кратко време селото се смири светлината угасна, та во таа тишина се слушаа не само песните од Сивевата кула и извиците на водарките, туку и секој збор што се изговоруваше на кулата.
Толе разбра дека кај Сивета има гости, но разбра дека меѓу тие гости има и некрстени — Турци. Ha ‘рсланот му замириса пресно месо и се наежи.
Секој слушнат турски збор од кулата му ја буричкаше бујната природа и можеше уште истиот момент да се најде на кулата и да се расправа со агите и нивните ортаци: Сивевци, Тошевци, Данабашовци, на нему својствениот начин.
Но требаше да се притрпи за да разбере од домаќинот Тодора каква е положбата, колку Турци се, кои се, кај одат и што бараат. Требаше да разбере да не е некое од потерните одделенија на Фазлибеј, кое токму него го бара, та да си има главоболија во непознато место. Да беше во Полчишта не им се плашеше, но овде сепак. треба да се позасолни, ако не за себе, барем за тројцата другари, што беа „тазе” комити.
Затоа Толе се воздржуваше и не даваше знак на возбуда.
Уште пред да се стави софрата Толе поддена разговор со Тодора за најобични работи: дали ќе најдат некое добитче да купат; како се со цена, како е сеното, седбата, овците итн., додека една голема врева од кудата не им го обрна вниманието, та Толе го праша Тодора:
—    Кој се ниа тамо, шо се смеат толку цела вечер?
—    Ами кој се… Чорбаџијата Јован Сивев секоа вечер има госје, кој ќе биде друг! Слушаш како беснеат? Треба да има и некои од агите, ете, се слуша и турцки! — одговори Тодор и му запна една псовка на адреса на нивните жени.
—    Ами, има некој аскер виа дни во вашето село! — праша пак Толе.
— До сабајле немаше аскер, не разбра јас, та денеска ако дошол нешчо!… лели гледаш, јас со вас си дојду, не знам.. Ако ве интересуа можа да ода до Сивевци да разбера — предложи Тодор.
—    А бре, да не има некои потери да си а земиме бељата, лели знајш: денеска дури да се разбериш — си го окркал ќотекот. Та ако има нешчо, да си излеземе утре сабајле по совреме, како шо влеговме вечерва.
Ова „да си излеземе” го растревожи Тодора, бидејќи му се расипуваше планот со пазарлакот, та ќе му се слизнат некој и друг черек, или барем пијалокот, та стана и тргна кон Сивевата кула.
—    Поседите вие дури да втаса вечерата, a јас ќе вида шо има — шо нема в село — рече и слезе долу до кај кулата.
Во градината зад кулата Митре Бендерот го вртеше јагнето и го пробаше дали е печено. Тодор му се приближи и заподена разговор.
—    Пак со чорбаџиата печете јагне. Сигурно некои мили госје имате? — го праша Тодор Митрета.
—    Mope, нели има јагниња, госје колку сакаш — со гордост одговори Бендерот, небарем тој беше самиот чорбаџија Сиве, иди, во најмала рака, неговиот наследник.
— Ами, кој се госјето, бре Мице? — го праша Тодор.
Митре му ги наброја Сивевите „мили” гости и Тодор разбра дека никаков аскер нема в село, бидејќи, ако го имаше, забитот сигурно ќе беше Сивев гостин.
—    Дошол Арсланбеј, мудурот од Витолишча, да види џекои давии на селаните и да се прошета, a со него само Селимчауш и еден заптиа, ама Селим отиде вечерва во Градешница, та мудурот остана гостин на Сивета само со заптиата — му објасни Бендерот на Тодора и овој си тргна, та отиде да ги утеши своите гости.
Толе го ислуша убаво, убаво, Тодора и му рече:
—    Како би било да му бидеме и ние госје вечерва на чорбаџи Сивета?
—    Како, џанум, госје на Сивета кога се тамо Тошевци, Данабаш и мудурот? Оти? Зар мојот леб не ве бендисуа? Или немам јагне да ви исприча? Шо е тоа лав да а оставате моата куќа ноќеска? — се растревожи Тодор и се натажи дека не може и тој како Сивета да им испече јагне. — Седете, седете, стопанка му, ќе си поминиме со леб и пипер, шо дал господ. Стига братството и муабетите да ни се слатки, ако не ни е толку слатка вечерата. Па ако ви е толку внуш за јагне, имам и јас три четири, стопанка му, ќе појда утре ошче рано, ќе свиткаме и ние едно како чорбаџиата — просто ги замоли Тодор гостите.
—    Е Тодоре, Тодоре — рече Толе — да знајш кој сме и кај одиме не јагне и леб, ами отров не би ни дал.
Тодор ја отвори устата, ги ококори очите и дури сега внимателно ги измери сите четворица. Дури сега забележи дека секој под сакма носи пушка, дури сега му падна на ум да им погледа во суратите и ги виде обрастените лица во коса. Се зачуди и така остана неколку секунди во мислење.
—    А бре, кои да сте — вечерва сте мои гости и јас не давам да излезете надвор дури не јадите еден залаг леб во моата куќа. Откако ќе вечераме одете кај знаете, а ако има нешчо за работа кажете ми и мене, да дојда, да подработа со вас заедно.
—    Така нека биде! се согласи Толе. — Тогаш, ајде, побрго да касниме, та ќе ти најдиме и тебе работа, нели сакаш да се замешаш во нашите работи.
Додека вечераа, Толе му се кажа на Тодора и му го изложи планот за фаќање на бегот, Сивета, Тошета и Данабаша. Тој знаеше дека сите овие чорбаџии располагаат со добри парички, та ќе може да ги уцени и да направи еден „алашвериш”, како ги викаше тој своите подвизи. Од друга страна, пак, имаше да му падне в раце стариот мудур, на кого му имаше кимка и за старите прогони од Полчишта. Затоа рече:
—    Значи, ваа вечер ќе и ватиме сете топтан и ако не сакаат да се откупат—се знае.
Отпрвин Тодор се порастревожи, но кога Толе му го изложи целиот план, а особено дека и тој ќе има некоја фајдичка од оваа работа, се прибра и се согласи тој да биде посредувач меѓу пленетите и арамиите.
—    Јас — рече — ќе му ода на чорбаџиата и ќе му го изложа планот ваш. Ќе му реча дека врзан ме дотерате и дека сакате.. — тука застана и праша: — Колку да му реча, „сакате”?
Толе се позамисли и ги праша другарите.
—    Двесте лири — рече Андон.
—    He џанум? Двесте за петина дебели чорбаџии, шо ќе бидат — рипна Трајко. — Ако го мрса ножот — да го мрса на крмнак, а не на заек. Пет, пет, петстотини. Зар Сиве нема да даде со две илјади јарци во Крапа, или Тоше, со дванаесет тенекии злато и половина Битола маази; или Данабаш, со триста чивлизи; или мудурот пак нема, шо го оплачка цело наше Мариово? Пет стотини ако дадат ќе и носат главите ошче некоа година, инаку пушчете ме мене, јас ќе се расправа со сете тие легачи.
—    Е, ќе имаат ли толку пари кај себе, Тодоре? Го праша Толе Тодора.
—    Ќе немале тие пци, оти да немаат? Кај му се парите?
Најпосле, ако немаат — по врат; баре ќе се куртулисаат сиромасите од ниј — рече Тодор.
—    Е, добро. Сега ние ќе те врзиме тебе и ќе те пушчиме гope по скали, да му кажиш дека кулата и селото се сардисани од педесет души кумити и да не прават никакво противење. По тебе ќе дојдиме јас и Трајко, а Андон, Стојче и Најдо ќе а сардисаат кулата од сете три страни. Лели немало аскер в село нема одошчо да се плашеме.
Планот се скрои и сите настанаа ги проверија пушките и го врзаа Тодора, та се запатија кон кулата.
Чорбаџиите, таман беа навлегле во пиење и скоро сите, освен Сивета, кој слабо пиеше ракија, за да пие вино, беа наполовина свесни.
Тодор ја познаваше кулата многу убаво. И тој, и другите селани, често идеа кај чорбаџи Сивета по разни причини: На стриг сите идеа да му пострижат на неговите две илјади и триста овци, за да му го платат мамелето за позајмените педесет сто гроша кога дошол авалеџијата, да не ги тера врзани во Витолишта; за Божиќ или Велигден — да си купат чевли или опинчиња за децата; некој позајмил пари да си купи добитче; и се знае ли на сиромав зошто не му притребале пари? .
А чорбаџи Сиве, за тие работи, секогаш им се најдуваше. He одбиваше никого, но исто така не забораваше да се погоди каква работа ќе му сврши должникот што ќе се услужи со неговите пари и до кога ќе треба да го причека.
Бидејќи и Тодор беше како сите старавинци — сиромав и тој многу пати одеше кај Сивета главно: или за некоја пара, или да му го одработува интересот. И затоа вечервава не му беше ништо тешко да ја отвори влезната врата, која уште беше на мандало притурната, бидејќи Митре не беше готов со јагнето, а сестра му Стана и другата слугинка не беа готови со другите манџи и алвата, што ја пржеше внук му Најдо, дете од тринаесет четиринаесет години.
Тодор му ја покажа на Трајка тајната дупка од мандалото и овој со нарочно скриеното дрвце дупна нагоре. Мандалото се поткрена и ја пушти десната пола од вратата, та оваа се отвори. Тргнаа сите по скала нагоре, и кога веќе беа на чардакот, Тодор почна да се моли, ама така тивко и нажалено, како човек што јал сто оки ќотек.
—    Аман господине, аман. Еве и ефендиите, еве ве вас, шо знајте правете си, шо су крив јас, шо ме топате? — застенка тој и падна на чардакот, на неколку метра пред масата каде што седеа гостите и чорбаџи Сиве.
Сиве рипна од масата и се загна кон Тодора, уверен дека е некоја шега, какви во разни случаи правеа мариовците еден на Друг.
—    Кој си ти бре, ќерата, шо си се испружил тука како крмнак? — викна Сиве и сакаше да се наведе да го фати за затилок, но во тој момент се исправија пред него Трајко и Толе со навртени пушки во него.
—    He мрдај оти загина! — Чкртна со забите Толе.
Јован се здрви на место кога ги виде оѕверените лица на двајцата џинови, но пак го зеде на шега, па проговори:
—    Ајде, ајде, повелете да се напиеме, та оставете а шаката! — и се заврте кон гостите, кои, тукушто се прибраа од песната и свирката и почнаа да гледаат што се прави на чардакот.
—    Држи го ти него на пушката? — му рече Толе на Трајка. — Јас ќе се расправа со другите — и како ‘рслан кога ја напаѓа жртвата се најде до масата.
—    Јас су Толе Паша арамиата. Да не се вате некој за пусат оти загинате сете! — викна Толе силно и застана да командува:
—    Станете сете простум и рацете горе! Сите изнастанаа. Почнаа да трептат со очите, да се трезнат, да се разбудуваат од дремката што им ги беше навалила очите од претераното пиење.
—    Јован, бре, Јован, недер бу, што е овој, бре синко? — се провикна стариот мудур и го побара Јована, но Трајко веќе беше го втерал Јована во една одаја, та тој не можеше да го чуе.
— Ни глас да не слушна оти тргам — се провикна Толе и им нареди:
—    Сете напред во одајата, ако ви е мил животот! — искомандува и ги потера пред него по широкиот чардак.
Тоше, којшто, исто така како Толета, располагаше со добра физичка сила, се заврте да го види Толета и намисли да преземе некоја одбрана, но Толе го шибна со кундакот и тој тргна по другите.
Го најдоа во одајата и Јована, потпрен крај зидот: го држи Трајко и не му дава да проговори; ги наредија сите седумина како апостолите на иконостасот во црквата.
—    Ти, Трајко, држи а пушката и пукај ако мрдне некој, a јас ќе вида кој има пусат — му рече на Трајка, а кон гостите еден по еден:
— Ајде, вадете пишчолите ако сакате да и дочувате главите!
Почна прво со Јована. Тој имаше и пушка, и пиштоли, но беа обесени во одајата каде што спиеше во Веца.
Истото се покажа и со другите гости, што беа го оставиле оружјето кај што ќе спијат, та од сите шестина само заптијата го сопаша револверот — алтипатлакот и му го фрли на Толета пред нозе.
—    Е сега, да си го кажиме алот — проговори Толе. — Јас су арамиата Толе Паша, како шо ви реку. Може сте слушнале за мене, бидејќи секој ден ме брка потерата. Ете, ме донесе тој едноногиот вечерва во вашето село и ќе ми прошчавате што ви го расипа ќевот, ама, ете, секој со занаетот. Чорбаџи Сиве е трговец; Данабаш — чивлигар; Тоше — чорбаџија, Димо даскал, Митре — овдека чифчија и овчар; бегот си е мудур, a заптиата — заптиа. Сете вие си имате по еден занает, а ете и ние арамиите си го имаме арамилакот. И сега, ако ви се мили животите и кулата од чорбаџи Јована, и овците негови, и јарците, и маазите од чорбаџи Тошета и Данабаша, ќе ни броите овде пет стотини лири и ќе си ја продолжите веселбата. He броите ли, сете ќе падните на душемето и ќе и го дадиме огнот на кулата, да не се мачат селаните да копаат утре гробови. Ајде бакалум! — заврши Толе и зачека.
Јован се посшедри. Та што се за него петстотини лири кога има две илјади овци дамазлак и три илјади јарци за трговија? И почна да зборува:
—    А бре, Толе и ти Трајко — (го позна и Трајка). — Вие сте и клале главите во торбите и си имате право, но работата е тамо, шо не ме погодите при готови пари. He се ногу парите, но се растурени во јарците. Ако е кабил, нешчо да дада, а за кусурот да ме причекате. Ќе дојдете и другпат, баму бељата! , — удри  малку  и  на  шега  Јован.
—    Ете, јас имам со мене триста; за двесте, ене и јарците, ако не ви и натокма за десет дена моата стока секогаш ви е в раце
—    заврши Јован и почна да го распашува појасот, а од под него и ќемерот со парите.

—    Аман бре, чорбаџи Јован, што правиш така, што даваш толку пари? Право ли е овој што прават овие луѓе? — проговори мудурот.
—    Добро де, добро. Ти не давај бег, ќе дојдиш со нас малку, да видиш каде се криат арамиите да му кажиш на Фазлибеј и валијата во Битола — го дочека Толе и ги пекани другите.
—    Ајде вие чорбаџии, вадете кесгавата, ќемерите, или и вие ќе дојдете со нас?
Кога го слушнаа, сите почнаа да се распашуваат, та и самиот мудур. Само заптијата немаше што да распашува и почна да се тревожи.
—    Жими вера, јас немам повеќе од еден бела меџудија — проговори тој.
—    Ајде, бре, голо еден, ти ќе платиш со кожата кога не си наплачкал пари — му вели Трајко и го прибра ќемерот од Јована. Го фрли ќесето и Данабаш и рече дека носи само осумнаесет лири, го фрли Тоше ќемерот и рече дека има во него токму сто; го фрли мудурот и рече дека има шеесет и пет. Митре и Димо немаа ни по грош; останаа должни седумнаесет лири.
И Трајко ги прибра ќемерите и ќесињата, а Толе рече:
—    Чорбаџи Јоване, седумнаесет лири ќе ми и борчиш. Кога ќе се видиме другапат ќе ми и дадиш. Ајде, останете си со здравје и чинете алав. И да не излегуа некој до утре, да не нагази на некого од нас, да пострада. —
И назадички и двајцата со Трајка ја напуштија одајата во која остана Јован со своите одбор гости.
Штом излегоа Толе и Трајко, Јован прсна во смев.
Ахаха! Шо стана бре Тоше, бре јунаку, бре, сердаре, бре? Како ми се валеше оти од никого не ти е стра, бре?
Тоше ја наведе главата и црн срам го изеде.
—    Седумина мажје се дадоа да ги опљачкаат двајца пезевенци. Тих! За црни резили се сториме! — пробрбори Тоше и пак почна да се фали: — Ти се мола, Јоване, не задевај ме, оти ќе пукна од јад. Каде ни беа рацете, бре, да и ватеме: парчиња ќе и направеме.
—    Остави и, остави и, нека си одат со здравје и нека си и јадат со здравје паричките! — пак се насмевна Јован.
—    Ајде; ајде да излезиме и да видиме дали е готово јагнето, та за парите не берете гајле. Нека е жива рајата, ќе и натокми — заврши Јован и тргна, ја отвори вратата и излегоа на чардакот, т,а зедоа чист воздух.
Јован слезе до кујната и виде дека вечерата е готова, алвата таман ја потуриле, и од разговорот со Најда и Стана разбра дека тие абер немаат што стана горе.
Ја побара Велика и праша да ли слезе таа в кујна; Стана му рече дека не слегла кај нив.
Јована го штрекна бодеж в срце и си помисли.
„Ами ако а имаат земено со ниј? Дури тука ќе а расипиме калимерата”. — И се растрча по сите одаи. Се успокои кога ја најде скриена во земникот, кај ковчезите, легната под веленцата. Кога го позна оти е тој, стана сета разбушавена, заплашена и уплакана.    ,
—    Шо сторите, бре, јок да се сторите, баби ниедни? — му се врекна на Јована и тргна да излегува.
— Ние сториме шо сториме, токо нели не појде и ти во нивниот џеб, м’чи! — ја утеши Јован и ја погали по влажните образи.
Толе и Трајко излегоа од кулата, појдоа во градинчето, му го зедоа јагнето на Бендерот и му удрија еден дипшик, за да разбере и тој дека Толе Паша со дружината влегол во Старавина и ги опљачкал чорбаџиите.
Митре истрча горе да му каже на Сивета, но овој го пречека насмеан и го утеши дека тука тој — Митре — ништо не е крив.
—    Нека каснат и тиа печено јагне, и тие се душа — рече Сиве и се качи на чардакот да им ја соопшти и оваа новина на гостите.
—    Ах, анасени — ах аврадини! — испсуваа сите, а Јован со својот хумор и ведар дух им го поврати настроението.
—    Велико! Вецо, мори! Кај вати? Ја дај ошче по една ракиа да се напиеме, сега за аирлиа! — се провикна Јован и ги покани гостите да седнат.
—    Бре, бре, бре! Ете ова се велит како во сон! — проговори стариот мудур и почна да мисли од кого ќе ги собере земените лирички.
Во неговиот ум се родија сите пакосни мисли.
„Море, ќе фатам од секое село по десет души и ќе земам десетпати повеќе, ама оти да ме намагарчат вака на стари години?
Нејсе, таа се стори”. И си продолжија да пијат, пеат и свират, ама повеќе од јад, одошто од ќеф.
Тоше, од таа вечер, не можеше да кркне пред Сивета и со нешто да се пофали.

** *
Толе со другарите го одврзаа Тодора, кој веднаш побегна од чардакот и ги дочека во дворот, го однесоа јагнето кај него дома, та повечераа. Што остана го кладоа во торбите. Тодор им даде два сомуна леб и тргнаа да си одат околу полноќ.
Како секогаш и секаде, Толе извади триесет лири од мудуровиот ќемер и му ги даде на Тодора.
—    Земи, побратиме, да ти се најдат на зол час, оти виа ефендиите ошче утре ќе те грабнат. Кажи му како шо зборуаме овдеа, дека те најдоме на патот, те врзаме да ни a кажиш Сивевата кула. Ќе јадеш некоа и друга ока ќотек, токо прави го алав. Ако сме живи нема да те заборавиме — заврши Толе и се прости со Тодора.
—    Е, сега, браќа, каде да ваќаме? — ги праша Толе другарите над село во гумната.
—    Јас вела да го ватиме Соколот, Лаките горе, па ако дојде некој зорт да преврлиме Караџова — предложи Трајко.
—    Така е — одговори Толе — и јас су на тој ниет.
Сега мудурот ќе го извести Фазлибеј и еве ти и потерите.
И тргнаа гope Јанина плоча, ја фатија Церова Полена, Петте Чешми и се најдоа на Соколот.
Преседоа ден два, се допреа до Налевата бичкија во Магарева Падина од каде што зедоа леб, но разбраа дека никакви потери нема долу по овие села, та преку Рамнобор ја пресекоа Врткова Ливада и се прицнаа пак до дедот Паленѕа, кој си ги пасеше јаловињата по Тановиот Гроб, Папарливата Орница и Кучкин Камен. Тука им беше сигурен и лебецот и заклонот во големите елови и борови гори.

<hrdata-mce-alt=”15″ class=”system-pagebreak” title=”Толе Паша – Том 1 – 15″ />

 

15.

Јован Сивев им советува на мудурот, Тошета, Данабаша и заптијата да не го кажуваат случајот нигде, да не се прават за резил.
— Ако ви е за парите, ете јас ќе ви и натокма на сете, само и само да не излегуа страмотилакот на мегдан, — им велеше тој и тие се согласија. Затоа големи потери не прејдоа одовде река.
Чудно, и може нелогично излегува Јовановото држење во овој настан, но за да се има јасна претстава, не правиме лошо ако се запознаеме поблиску со овој мариовски бег.
Јован Сивев, или како подоцна го викаа просто Сиве, по презимето, беше чистокрвен мариовец од Будимерци, едно селце од оние дваесет и пет што го прават горно и долно Мариово..
Татко му, Сиве Јованов, беше толку сиромав, што одвај вадеше парче леб да ги храни двете деца и жената.
Од имотец, освен едно криво магаре, немаше ништо, та беше принуден да прави катран од големите борови во блиската планина, да го продава во Битола и да носи на две недели по едно осмаче ‘рж или царевка.
Едно лето Сиве си го зеде магаренцето и косата и отиде во планината да накоси некој врзом трева за зимовиште да не му умре магарчето. Во Маклата, тревата беше пораснала поубаво одошто во Градешките ливади та Сиве ја смолкна косата и почна да коси околу изворчето.
Мавна еднаш, уште еднаш, на третиот пат косата му се закачи во нешто и тој почна да тегне. Од голема сила, тревата попушти и косата се покажа на опкосената ледина, но Сиве виде за неа закачен човечки череп
He малку се исплаши сиромашецот Сиве оклештените заби и пропаднатите очни дупки, но веднаш се сети дека не е жив човек и се заинтересува за неговата судбина.
Пораскоси наоколу и го виде целиот скелет. Токму тука беше најубава тревата. Сиве со косата го извлечка скелетот на опкосеното и пак замава да коси. Но на еден два метра лево, косата пак закачи и Сиве веќе си мислеше дека и друг костур ќе најде, та почна да тегне. Но косата сега повлече нешто друго.
И кога Сиве ја разгрна тревата, што да види! Косата се забола во еден кожен тагарџик полн со нешто.
Сиве ги ококори очите и му светнаа разни мисли, но ја извади косата и го опкоси тагарџикот. Потоа го разгледа од сите страни и го одгрна онаму каде што беше го продупчила косата.
На големо негово изненадување внатре светнаа жолтици.
Сиве, без да сака, се обѕрна на сите четири страни, со уплав да не го види некој и да му се придружи, та да му ги земе половината. За неговата среќа никој не идеше тие дни во планината, бидејќи сите беа зафатени со полски работи. И така тој си го отвори тагарџичето и ги разбуричка жолтиците, кои веќе беа почнале да „мувлосуваат” од влагата.
„Охохо!” — се издиши длабоко Сиве и почна да си крои планови што ќе прави со толку пари. Си ги претури во торбата што ја понесе да ја наполни сливи за да ги залаже децата и сакаше да си киниса, да ги суредува парите дома, но се сети дека може да предизвика сомнение што се враќа рано и празен, та дури можеше некој и да му буричне во торбата и да ја открие работата. Затоа ја однесе торбата на десетина метра од него и ја скри во душната папрат та продолжи да коси, сега повеќе носен со надеж дека и друг тагарџик ќе најде:
Но тоа беше само надеж. Се разбира дека целото макло не беше полно со коски, па ни со тагарџици, та Сиве накоси трева за пет товари, а најде само еден тагарџик со пари.
Та малку ли му се петнаесет оки злато кога тој немаше ни петак во ќесето? Ама а, човечкото око не се сити.
Си ги наполни врзмите со трева, во десниот ја кладе торбата и си тргна в село, сиот затресен.
„Ами ако ми преврте магарето да испадне торбата?”
„Ами ако ме пречека некој заптиа в седо да му требе трева за коњот, та да ми го растовари и да ја најде торбата?”
„Ами ова? Ами она?” — Се знае ди колку лоши мисли во главата не му дојдоа додека си дојде дома и ја викна жена си да му прикрепи да растовари? Ги внесе врзмите во племната и ја скри торбата во ланската слама, но му се виде несигурно, та преку ноќта зеде копачка и една латвица, та, потемница, ги претури од торбата во латвицата и ја закопа длабоко во истиот ќош.
He заборави да задржи и кладе во ќесето десетина парчиња.
Утредента Сиве не отиде на работа в планина, но купи цело кило пченица и на двапати по осмак ја однесе на воденицата и до вечерта донесе сто оки брашно.
Сивевица се израдува, и се исплаши.
„Откаде на Сивета толку пари: педесет, шеесет гроша за цело кило пченица?” се прашаше сама со себе, и умот и појде како на секоја млада жена што си го сака мажа си, во женски — машки работи.
„Да ватил некоа чорбаџичка посестрима вој Сиве? — ја штрекна првото шило во срцето”. „Не веруам, ама пак којзнае”, — си вели Мара.
He е чудо. Сиве беше млад и многу личен маж, та може и да тргнал по тој пат за да излезе на крај со слепата сиромаштија, што ја беше наследил од татка си Јована.
И кога ни другиот, ни третиот ден, па ни цела недела Сиве не излезе со магарчето в планина, Мара веќе зовре од љубопитство и го закачи една вечер.
— Де ќе ми кажиш оти не одиш на работа! Од каде ти се вие пари шо и арчиш?
Сиве преку неделата накупи: маст дваесет оки, сирење педесет оки, та Мара слушна в село дека тој и маска пазарел, ама не ујдисал. Значи, има повеќе парички отколку отпрво што си мислеше таа.
Сиве се брани, објаснува дека ги позајмил од овој, од оној, ама Мара не му веруваше, бидејќи тие Сиве што и ги споменуваше понапред ни пет оки брашно не му даваа на заем, а камо ли пет десет лири, колку тој што поарчи и сакаше да даде за маската.
Немаше чаре, да не се дига кавга секоја вечер, и кажа дека најде пари во планината.
Мара не се задоволи само со кажувањето, но го натера да ги ископа, да ги видела, и ги прекрија сега во три помали грниња, a Сиве задржа стотина на рака и намисли да тргува со нив.
И навистина, сиромавиот Сиве се стори трговец. Направи неколку пазарлаци, купи брави, овци, кози, ги затера во Битола, се поврати уште еднаш двапати. Печали по неколку лири и веќе до зимата се прочу со пари.
Почнаа луѓето да се прашат од каде му се тие пари, но тој ги матна дека ги дигнал на заем од бабата Цвета од Битола.
Но нели знаеше и жената му, работата не остана тајна. От тебе до мене, се разора дека Сиве нашол пари во Маклата! Некои тврдеа едно ќесе, други еден ѓум, трети понагодија — еден тагарџик, а четвртите веќе рекоа дека го товарил магарето — цел товар. Луѓето им го најдоа и потеклото. Некој си арамија од дружината на Катар Ќаа го раниле други арамии по Мегленијата долу, го забркале вариите и накачил горе во Папради, та тука, во Маклата, се напил студена вода од изворчето, испуштил душа и го оставил тагарџикот со парите.
„Нејсе, касмет му било на Сивета, нека си ги јаде со здравје” — рекоа сите пријатели и непријатели.
И Сиве се поткрена и се прочу, како по цело Мариово, така по битолско, леринско, прилепско, тиквешко, та дури и долу Меглениата, воденско, а лебами, и во Солун разбраа за него кога отера наеднаш триста дебели чукани јарци.
А и тој самиот не се криеше веќе.
„Ми дал господ, оти пак да се права слепец и да го вида сајбијата?” — си велеше сам во себеси.
Арно ама, дружината од Катар Ќаа ја разбра работава и реши да си ги прибере паричките од својот другар што ги најде Сиве. Таа уште помисли оти Сиве, го има, дотепано нивниот другар, та не малку ги налути и се спремија за одмазда.
Една вечер, откако Сиве си легна со Мара и децата, доцна, околу полноќ, му притропа некој на големата врата. И бидејќи Сиве си ја имаше мувата на капата, ја отвори малата врата и сакаше да избега за да не падне в раце.
Но на малата врата го грабна за рахавчовек и Сиве се здавелка со него. Овој го фати убаво за рака и го викна другар си да го совладаат Сивета, да не им побегне.
Трчајќи, тој одоѕгора со изваден нож, сакаше да го онеспособи Сивета, замавна да го удри, но место Сивета, го удри другар си така силно по глава, што тој се заниша и падна како ќутук под стреата. Сиве начека прилика и побегна во темницата и на десетина метра почна силно да вика.    
— Де е видел господ, арамиите влегоа в село; бргуте, браќа, откинувајте ме од виа пци!…
Грмнаа пците в село, a пo малку се слушнаа две три пушки од разни краишта на селото. Се слушна и од неговата мала врата грмење на неговото чифте, кое во стравот и брзината не го зеде со него, а на Мара беше и текнало, та кога ги слушна селските пушки и таа ги испразни двете цевки по ветер.
Арамиите го извлечкаа ранетиот другар надвор од селото, утредента Сиве стори абер на мудурот од Витолишта, ама реши да се исели од Будимерци. Купи куќи во Јени маало во Битола и се пресели…
Јован го знаеше целиот овој историјат, та затоа кога му посакаа Толе и Трајко петстотини лири, се пренесе во тоа длабоко минато и си рече: „дојде Катар Ќаа пo неговото, требе да му се одборча” — и почна така шегаџиски да се однесува со нив, како боже со благодарност им ги враќа нивните пари што му ги дале на заем.
Затоа и предложи да им ги надомести на мудурот, на Тошета и Данабаша нивните, бидејќи тие ништо не му должеа на Катар Ќаа, чии претставители беа сега Толе и Трајко.
За татка му Сивета и за Јована тие пари беа аирлии зашто, преку трговијага, беа ги умножиле десетина и дваесет пати, та Јован навистина со алав им го фрли ќемерот и ги покани гостите да ја продолжат веселбата, што им беше чудно на сите.
Едно само му се налути на Толета, шо му го зеде печеното јагне та не можеше убаво да ги нагости гостите; но тие сами видоа дека кривицата не е до домаќинот и се задоволија со кокошката, пржено сирење и јајца, та поминаа на алвата и виното.

<hrdata-mce-alt=”17″ class=”system-pagebreak” title=”Толе Паша – Том 1 – 17″ />

 

17.

Дедот Јован Паленѕа ги скорна јаловињата од дебелата сенка на борјето во Грбла и ги замана кон Торнезата пресоп, та, потпирајќи се на дебелиот овчарски стап, почна да накачува по нив нагоре.
Шарко, Мрчо, Караманка, како секогаш, одеа пред овци да проверат да не има некој од волчковци да дебне во честарот, та така и денеска тие први излегоа по пресопта и дедот Јован ги слушна сите три гласа одеднаш кога залааја. На првиот лаеж тој застана, се потпре на стапот и се провикна — „Убре е е, ааа! — но веднаш се вслушна и по лаежот разбра дека пците лаат на човек; завјаса, колку што можеше, нагоре, да види на кого лаат.
Пците навалија, но почнаа да цикаат и да бегаат надолу, очигледно бркани од човек со камења.
Штом не е волкот или мечката, овчарот ги мами да не им додеваат на луѓето, оти може да му се случи и да удри некој некое од кучишата да им искрши нога, ја да им истера некое око, та да боледува живинчето и да не може да си ја врши определената работа.
Ете затоа и дедот Јован ги помами пците и тргна да види на кого лаат.
„Некои дрвари, боринари врват патема сигурно” — си рече сам со умот — „Ај белки носат тутун, да го нап’на лулето, ако непомчнат дури да излеза”, — и уште повеќе забрза.
Кога излезе од орманот пците се враќаа на неговото мамење, но така накострешени, што одвај чекаа да им рече „тут Шарко, Мрчо
—    де бре!” Цикаа околу него и пак се назагнаа кон патот, по кој дедот Јован не виде никакви дрвари ни боринари.
„Може поминаа” — си рече со умот и излезе пред овци на патот; сакаше да седне под големиот бор.
Но пците не се задржаа крај него. Го пресекоа патот и, небарем дира од дивеч тераат, почнаа да лаат. Отрчаа преку пресоп кон чешмичето во стената.
„Аха! Сигурно имаат ојдено дрварите на чешмичето да се напиат вода”, — си заклучи стариот и тргна таму да ги побара, да скрши некој и друг лав и да тргне некој и другпат од нечие луле, ако не му дадат да го наполни неговото.
И таман се наближи до чешмичето, од папрата изрипа Турчин со готова пушка на рака.
— Зошто машниш пците, бре ќерата?
—    My се врекна остро на стариот и нанишани во Шарка, кој одеше напред пред другите пци и пред дедот Јована.
—    Аир ефенди, кој и машне? Ете, слушна оти и помами да се вратат! — почна да се правда дедот Јован и ги искара пците да се вратат кај овците.
Тие про’ржаа, процвикаа и се вратија назад кон булукот, а Турчинот го поведе дедот Јована кон чешмичето.
Околу чешмичето седеа десет дванаесет војници со еден онбашија, двајца заптии и двајца витоливци во селски алишта. Дедот Јован направи „ногу ви години ефендии”, но место одговор од ефендиите, го пречекаа селаните.
—    Аха! тебе те бараме, стара кумито, ти ли си шо и машниш пците на царцкиот аскер, а и раниш’ арамиите? — проговори едниот и му се заврте на онбашијата.
—    Еве, тој е Јован Паленѕо шо го рани и крие Толе Паша. —
Дедот Јован претрпна, но како стар мајстор за јатакување, не покажа знаци на возбуда. Се потпре на стапот и му се запули баш на тој што му проговори, та му рече.
—    Mope, какви арамии, Трајко, — јас ли на старост ќе и бркам тиа работи! He ме гледате една вреќа коски су се сторил и ошче се плашите од мене, баму бељата — и се насмеа под мустаќ да не се забележи тревогата во него од вистината што ја погоди овој негов продаден комшија.
—    Како викаат тебе, бре дркул? — Го запраша онбашијата.
—    Ами како, Јован Паленѕов су јас, од П’чишча, — одговори дедот Јован и сакаше да седне на тревата.
—    Аааа! демек ти Паленѕа, a? Ox, ох, ох! Токму донесе тој натемаго на нас. Ами ние тебе бараме, бре Паленѕо, по небо; ти бил по земја. Види, види, жити вера; само месо в куќи дошло. Така, де. Така. Сега ќе водиш нас кај Толе Паша да правиме еден темане на него. Испрати нас мудурот и милаземот од Витолиште да му носиме здраву живо, да повелит да дојдит на бајрам, — почна онбашијата да тера шега со дедот Јована.
—    Е, е! Лели дојде сам, да не бараме тебе, ќе земиме и тебе на бајрам. Ќe дојдиш, нели?
Дедот Јована го пријаде јасник, но се прави глупав како овчар та му одговори:
— Mope, нека ви е честит бајрам, ефенди; токо јас кај можа да и остава виа пустињи сами овде во планината, ќе и исколат в’ците.
—    Ќе најдиме чарето, ќе најдиме. Јас водам овдеки овчари за мерак. Ќe попасат овците додека честиташ ти бајрам на бегот и ќе враќаш назад. А сега ќе носиш нас кај арамбашата Толе Паша да поканиме и него на бајрам.
Ова го рече онбашијата и стана та му се приближи на дедот Јован и му се заѕвери крвнички.
—    Ајде де! Што чекаш, ајде напред! — па се заврте кон аскерот: Ајде, ин чуџуклар, калк’н’с ише башлајалам (Ајде момчиња, ставајте да фаќаме работа.).
И аскерот настана како под команда, и го обиколи дедот Паленѕа.
Двајцата селани застанаа од двете страни на онбашијата, во средето на обрачот, и почнаа да го советуваат дедот Јована.
—    Ајде, ајде, дедо Јоване, ајде тргај напред кај Толета. Ние го знајме каде е, токо да не правиме некој ќедер на аскерот, да не напакостат некого, та да си а земиме бељата сете села. Вака, ќе појдеме заедно, ќе му кажиш ти оти се сардисани и белки ќе се теслимат кога ќе видат дека не можат да се спасат — заврши Трајко,
—    Ама кај ме тераш ти мене, Трајко? — му се врекна дедот Паленѕа на Трајка Ташков, кој одеше потера со Турците како варија — за пари. — Кај го знам јас Толета, кој е тој Толе шо го барате вие од мене?
Во тој момент онбашијата го клоцна со ногата по стомакот така силно, што дедот Јован офна, се фати за стомак, се свитка и легна на тревата.
Откако постенка ја исправи главата и рече, гледајќи во онбашијата:
—    Зошчо, ефенди, ме клоцаш? — Но онбашијата повтори потрети — сега во ребрата, та дедот Јован просто го запре здивот и се испружи како мртов.
—    Да е видел господ загина на правди бога во оваа пустелиа! — се провикна тажно и ги затвори очите.
Онбашијата се наднесе над него и почна да му зборува:
—    Ќe водиш нас кај Толе паша или да вадам ножот да одерам жив. Жими вера, ако не кажиш каде тој пезевенк ќе одерам тебе и ќе обесам овде на овој борот, да колваат орли и гарвани. Ајде, ајде ставај и тргај право кај него. Да не лажит умот да излажиш оти ќе палит царот целиот твој тајфа сосем глувци, разбра.
Дедот Јован сакаше да се исправи да седне, но болките во ребрата, особено под левата мишка, толку го стегаа, та само се налакти па десната рака и” почна пак да се правда:
—    He знам, ефенди, не знам. Ни Толе знам ни Толевица. Еве овде е танко. Сечи, заколи ме, да не су жив, на моата старост да тргам маки и срамови. — И покажа со раката на гушата.
Во тоа време пците почнаа да лаат, но бргу се смирија. Онбашијата се заврте кон двајца војници и им рече нешто на турски. Тие ги зедоа пушките на готово и се загнаа кон патот каде што лаеја пците.
He помина ни петдесет минути, по патчето откаде што дојде дедот Јован, се вратија војниците со еден селанец пред нив, кој си водеше маска со две торби и секира на самарот.
—    Е еве ошче еден кумита — проговори Ташко, кога го виде и позна Бојка Паленѕов, најстариот син на дедот Јована.
—    Каде вака, бре комито, со торбите?— му се фрли онбашијата и нареди да се симнат и претресат торбите и самиот Бојко.
Сиот озеленет, Бојко му се овргали на Трајка и испушти една тешка воздишка, гледајќи го овој расипан христијанин како им служи на Турците за мизерни две лири месечно и зачкрта со забите.
„Море, ќе те дера како jape на стриг, само ако ми падниш некогаш” — си помисли во умот Бојко, очигледно изненаден што набаса на потерата баш кога не требаше.
И навистина лошо попадна Бојко.
Во торбите, покрај двете, погачи една две кокошки, еден мазник, потерата најде и две оки тутун, ока шеќер, ока ракија, та дури и ока локум. И кога сите овие работи ги растури онбашијата на тревата, и само со очи му ги покажа на Бојка, овој ги наведе очите и проговори:
—    Е, море, тоа е сега. — Но пак почна да се брани.
—    За стариот, — вели, — му месиле обете ќерки по една погача, му осукале и мазник, па јас реку да му донеса и тутунец, ракиица, стар човек е, да се поткрепи.
—    Хахаха! — се насмеа самодоволен онбашијата. — Убаво раниш ти твојот овчар, машала убаво. Са ваков раначка и јас одам овчар, жими вера. Ја локумот, бре едепс’з, за кого носиш. Толку ќе правиш будала нас Турците?
—    Ами, ете и деца има со него, ефенди, тиа не пиат ракиа, не пиат тутун, та реку да и зарадуам и ниј. И, после… не ми се виа овчари мене момци. Вој ми е татко, а децата шо се со него, ми се мои — синови — продолжи Бојко да се правда, ако не гледаше никаква можност за оправдание.
—    Бак, бак, бак! — се продера онбашијата. — Мижи Асан да ти бајам, што велите вие каурите. Кого лажиш, бре ќерата, на очи! Санќим ние задоени во ушите та што маслосуваш? — My се овргали право в очи, и како на дедот Јована преѓеска што му удри една клоца во слабината, сега и на Бојка му удри една уште посилна меѓу нозе, та, макар да беше силен, млад и јак не помалку од Брниклијата, Бојко се фати за удреното место и се свитка на тревата крај дедот Јована.
—    Оф, мајко мори! Me касна за срце, змиа лута да те касне, да рече господ златен, од куршум да не куртулиш? — Викна Бојко така силно, та дури ехото повтори во долот во Врткова Ливада и се разнесе по целата гора до Кучкин Камен нагоре.
—    Машала, машала, убаво си можел да викаш, — почна да му се руга онбашијата.
—    А викни уште еднаш да слушнит Толе Паша, да откинит? — и пак го клоцна сега по ребра како дедот Јована.
Бојко почна да протестира.
—    Шо е вој зулум од вас, ефенди? — Шо сакате вие од мене што ме тепате? Кажете шо кабает најдоте во мене? Ќе права давиа дури на царот, да знајте.
—    Хахаха! — онабшијата пак се насмеа.
—    Кажи бре, ќерата, за кого носиш овие работи? — и пак погледна во растурените погачи, мазник, кокошки, тутун и локум.
—    Ами јас ви кажа, ефенди, за овчарите мои, за татка ми, и за децата мои. Оти, забрането е да јадат овчарите локум и мазник? — одговори Бојко и се витка од болките по ребрата, а најмногу првата што го удри на лошо место.
—    А бре, кажуј каде се комитите, та не продавај маславати тука! — се издере сега онбашијата сиот претворен во ѕвер и почна со двете нозе, едно за друго, да ги клоца: и Бојка и стариот Јована.
Бојко почна да вика колку грло што го држеше, та целата шума одѕеваше. И лисјето на блиските буки се затресоа, но срцето на онбашијата не трепна. Тој продолжи да ги клоца обајцата легнати Паленѕовци и да ги псуе со најгнасни псовки.
И таман побара некое дрво од аскерите да не го болат нозете, наеднаш се истури залп од пет шест пушки и еден бесен вик од стената над чешмичето.
—    У бре! аааа! Држте и бре в’ците, мајчето нивно!
За миг аскерите прснаа да бегаат надолу низ папратта, оставајќи го онбашијата, Трајка, Ташка и еден војник да клоцаат и да се валкаат во тињата под чешмичето, да стенкаат со забите, сега тие, како преѓеска Јован. Избеганите се собраа Тановиот гроб.
Бре што стана, бре како стана оваа работа што го нападна аскерот на ден пладнина? Одвај си ја собраа душата.
— Тој е, кој ќе биде друг. Толе со дружината — објасни останатиот селанец, Стојан Мегленецот, и испратија двајца од аскерите да сторат абер во Витолиште на мулазимот и мудурот.
А, еве како стана работата. Како што знаеме, дедот Јован Паленѕа бсше стар јатак на Толета и по настанот со Сивета во Старавина, Толе се прибра кај него и се провртка некоја и друга недела.
Мудурот, макар да не го изнесе случајот во Старавина на мулазимот, сепак го наговори да испрати една десетина, да прокрстари малку по нивниот реон колку да се види дека власта е будна, та да не се случи да му влезат и во самиот конак некоја ноќ, или да го запалат да изгори, како што му се фалеше Толе кај Сивета.
Толе, пак, со дружината денуваше таму, околу овците на дедот Паленза, и од кого добиваше и храна и известија за потерите. Но оваа потера излезе вечерта, и преку ноќ накачи горе и го фати орманот, та дедот Joван не ја забележи за да му стори абер на Толета да се засолни. А Толе го избра за тој ден баш тој кичер над чешмичето и уште пред да дојде онбашијата, тој се намести со другарите во честарот околу чешмичето.
И кога потерата дојде, Толевци ја видоа, и колку души се, и кој се со нив од селаните, но Толе не сакаше да ја нападне и да пролева невина крв. Co еден збор, тој не ги мразеше бедните војници, кои и сами стенкаа под железната дисциплина по десет петнаесет години во султанската армија.
Токму тој ден требаше и најстариот син на дедот Јована, Бојко, да им донесе нешто за јадење и пиење, тутунец, та дури и локумче за тие што не пушеа тутун — Најдо и Брниклијата, — и така Бојко натрапа на потерата, на која и стана сомнителен со донесената храна. Уште кога го дотераа војниците дедот Јована, тие сите од честакот и гледаа, и слушаа што прават со него и што го прашаа. Уште тогаш Брниклијата наскокна да се расправи со агите, а особено со оние пезевенци — селаните, но Толе го задржа за да се понаостри повеќе.
И најпосле, кога го дотераа и Бојка и почнаа да го бијат Толе го донесе решението за спасување и одмазда.
И така дојде само до еден плотун. Зедоа на нишан по еден од тие што стоеја околу Бојка и Јована, а сам Толе го зеде онбашијата.
Пукнаа пушките, паднаа тројца, а Стојче и Најдо промашија, што многу го ожалости Толета.
Co бесен вик се назагнаа надолу и со петшест скока беа кај Јована и Бојка и видоа што стана.
Онбашијата, Ташко и војникот смртно погодени ги издиваа последните воздиви, a дедот Јован и Бојко уште повеќе се испружија, плашејќи се да не ги закаче и нив некој куршум ако се повторат плотуните.
Се собраа сега пак Толевци околу Јована, Бојка, како преѓеска онбашијата со аскерот и во кус разговор се разбраа.
—    Ами сега шо правиме? — почна да се тагува дедот Јован. — Ќе не избесат виа пци утре.
—    Е море, бесат, колат тоа е сега — одговори Бојко. — Санќим ако не беше воа ќе не оставеа живи? Било такцир ќе се страда. Токо, јас едно мисла татко — му се обрна Бојко на Јована.
— За мене веќе враќачка нема. Ако ме декшава Толе со неговата дружина ќе си а наметна и јас, та до кај ќе даде господ.
—    Е, море, ќе а наметниш, шо ќе правиш. Ако се предадиш нема ич да а остави мулазимот — се издиши длабоко старецот, и го виде веќе сина си арамија во Толевата дружина.
Така Толе ја зголеми својата арамиска чета уште со еден другар. И тоа каков другар. He послаб од него и Трајка Брниклијата, порешителен од сите нив во четата.
И Бојко ги имаше сите оние својства, и душевни и физички, за на сила да одговори со сила.
И тргна да комитува.
Дедот Јована уште утрото го собраа заптиите во Витолиште, а откако дојде комисија и направи „ќеш”, над отепаниот онбашија, Ташко и војникот, го отераа во Прилеп, a оттаму во Диар Бекир, откаде не се врати да ја види главата од сина си Бојка, кој падна од потерата на истиов овој мулазим и бег од Витолиште по двегодишно кумитување.

<hrdata-mce-alt=”18″ class=”system-pagebreak” title=”Толе Паша – Том 1 – 18″ />

 

18.

Мулазимот го извести пашата, мудурот го извести кајмакамот и пак се собраа двајца големци да размислат како да го уништат овој царски непријател.
Фазлибеј ќе пукнеше од јад кога разбра дека се свампирил Толе Паша. Ги засили потерите по цело Мариово од двете страни на Црна, но поминаа недели: немаше никаков абер ни да удрила потерата на Толета, a камо ли да паднал в раце.
Пашата ги накажа командантот и командирите на потерните одделенија, ги смени и испрати други; валијата го смени кајмакамот и мулазимот на заптиите, но сето остана напразно. Толе в земи пропадна.
И таман се утешија, дека кршил глава пак во Бугарија кај таа „ороспија”, му дојде друг абер од битолоkиот кајмакам.
Од селото Букри, во полето, пред носот на валијата и пашата, беа собрани триста овци млекарици и двесте брави пак од контракчијата (лиферантот за војската).
„Ах, анасани! Ах, аврадини”, испсуваа двајцата крепоземци во битолскиот вилает и не можеа да се начудат на смелоста и дрскоста на оваа арамиска банда.
По недела две се најде отепан Турчинот, Катил Шериф, на патот за Прилеп; по друга недела две Тоше Налев им стори абер дека го видел Толета во Битола како се шета по атпазар, та се осмелил дури и на ан кај него да појде и да му ги побара седумнаесетте лири што му остана должен Јован Сиве во Старавина.
— He чуди се ако се исправи некој ден кај тебе и побара да му го отстапиш местото, — му рече валијата на пашата небарем на шега. Море каква шега! Никаква шега, ами навистина се затресе пашата и се замисли што да прави ако му дојде Тоде еден ден да си ги бара сметките што го брка толку време по Мариово.
Гласот дека Толета пушка не го дупи, уште повеќе страв му влеа на сите Турци, a особено на чифлигарите, што секоја вечер се тресеа да не ги нагази негде Толе, та се прибираа уште со видело и се затвараа во кулите. А Толе се осмели до лудило. Влезе во Ерековци, на саат место од Прилеп, го извади крволокот Авмеда и над Алинци го закла со ножот, та го натера Андона да напише на една пачавра, што му ја закачи на минтанот на градите:
„Вака ќе помине секој Турчин шо ќе дигне рака на рисјанин”,
Сите давии зборуваа само едно. Идат луѓе: пет шест десетина, фаќаат Турци прочуени со нивните зулуми, земаат пари ако имаат, и ги изведуваат и колат.
Се разбра работата по цело Битолско — Прилепско Поле, а во Мариово веќе слабо се решаваа Турци да навлезат во помал број. Дури и официјалните потери што ги праќаше пашата се тресеа и секој гледаше да не дојде во допир со Толевци, оти кога и да идеше некое одделение, даваше по неколку жртви. А од Толева страна не паѓаше ни еден, ни жив ни мртов.
Но затоа пак во очите на рајата Толе порасна. Насекаде се зборуваше за него каќо за јунак што не може да се победи. Многу старци и старици се пренесоа во далечното минато и почнаа да тврдат дека овој ќе биде Крали Марко, кој преспал петстотини години во некоја пештера по Мариово, каде, кога влегол ја закачил сабјата во стената, која сега сама паднала, го разбудила и му рекла дека дојде времето кога треба да му одмазди на Турците за нивните зулуми.
И легендата се прошири кај сите што чекаа ослободување од несносното ропство.
И Толе ја осети својата сила и големина. Почна јавно по Мариово да шета. Си купи и наружа бел коњ со сите ѕрнѕулки, узди, ремења, а пушките од сите негови четници ги накова по кундаците со жолти черечиња и половини лири. Jа избриша од тевтерот и руса Миша што ја остави во Бугарија и си фати скоро во секое село во Мариово по една посестримка, а црното Кате го продаде за пет лирина некој вдовец од велешките села.
Во Градешница фрли мерак на убавата Неда Романова, та го натера стариот поп Тодора да го венча горе во ливадите; во Старавина и го слушна гласот на Марија Милетова кога го опљачка Сивета и, кога ја викна да ја суди што одела со Мушон Евреинот од Битола, кој имаше дуќан во Старавина, место да ја осуди, тој се загледа во неа и си ја фати посестримка за тоа село; во Бзовиќ пак се фати свети јован со Петрета Мијаков заради неговата млада Севда; во Вепрчани со Јана Којдова, и така со ред, та и од таа страна си го уреди животецот: да не му врви времето напразно.

<hrdata-mce-alt=”19″ class=”system-pagebreak” title=”Толе Паша – Том 1 – 19″ />

 

19.

Гога Ацев и Глигур Соколов, испратени од самиот Мисирлија по создадениот веќе канал од формираната ВМРО, дојдоа во Врпско. Ризо Ушков ги прејде преку Црна и во Гудјаково им ги теслими на Ивана Колев и Стевана Војчев, овие му ги предадоа на Димитрија во Вепрчани, кој ги одведе до поп Пана Мицев во Беловодица и за неполни два дена, односно две ноќи, се најдоа во Оревоец, откаде Диме Бачко го извести прилепското раководство на чело со Јордна Стамболџија, Јован Грабула, Алексо Гермовчето и Алекса Бајракот, та дојде и до средба. Глигур се поткажа и дома, во Небрегово, та прибра со себе некои западени работници и ги доведе кај Гога; така ја направија четата седумосум души.
Организацијата веќе почна да фаќа корени насекаде, а Мариово во прв ред беше организирано, бидејќи со своите густи гори тоа беше природен заштитник на оние обесправени што сакаа да се борат против тиранијата на султанот.
Но Толевата слава и смелите подвизи како да ја засенчуваа Организацијата, та кога се појави четата на Петре Ацев, брат на Гога, селаните ја пресретнаа со извесно сомнение, дури и подозрение.
Толе, кај одеше, што земаше — секаде плаќаше преку разни бакшиши на децата — награди за извршени услуги и други подароци на посестримки и нивни блиски.
Честите судрувања со потерите, откаде тој излегуваше секогаш победник го направија силен и симпатичен во очите на мариовските селани, додека четата од Организацијата имаше сосема друг став.
Таа не плаќаше ништо што земаше. A земаше секој ден по една две овци, леб, мазници, кокошки. Бараше од раководството од секое село да им праќа луѓе за караули — стража — каде што денува и кога почна да ги собира сите црквени пари под изговор дека со нив ќе купува пушки, кај селаните изгуби секаква симпатија и доверба.
На чорбаџиите им се фрли нов намет. Од десет овци едната да е готова за четата кога ќе допадне во нивниот реон; сиромасите беа терани на стража во работните летни денови, кога можеа да заработат по некој и друг кутел житце, а потоа дојде и индивидуалното оданочување, според силите, пак да се купуваат пушки.
Напразно беше целата пропаганда дека Организацијата ќе ја донесе слободата.
Толе ги имаше сите адути над Организацијата да се истакне како ослободител. Тој на дело покажуваше дека се бори против Турците, а ги штити христијаните. He бараше ништо од селаните, а плаќаше се што земаше. Извор на неговите материјални средства беа пљачката од тие што напљачкале. Неговиот лозунг беше: од еден земи многу, на многу дади по малку.
И навистина во моментот инаку и не можеше да биде кај народ кој спие петстотинигодишен сон, без национално и општочовечко сознание, каков беше македонскиот, односно мариовскиот селанец во крајот на XIX век.
По тој начин Толе стана кочница на Организацијата и оваа почна сериозно да се занимава со неговата положба.
„Да се ликвидира по пат на терор?” — паѓаа предлози.
„Не бива, се озлоби народот кој во него гледа вистински заштитник” — одговараа против предлозите.
На крајот се донесе паметното решение: да, се прибере Толе во мрежата на Организацијата и да се исползува, како неговата лична храброст, така исто и неговиот легендарен авторитет. Од ова поправилно решение — здравје.
Ете зошто прилепското раководство му даде задача на учителот Во с. Дуње, Атанас Иванов и мариовскиот реонски началник Трајка Бешот да дејствуваат во овој правец.
Толета тешко можеа да го најдат потерите, но селаните оекогаш го знаеја каде е и дење и ноќе. Затоа и на Бешот не му беше тешко да се стави со него.
Еден ден дојде Атанас кај Бешот во Полчишта и овој го одведе на она исто чешмиче на Торневата нива каде се расправи Толе со онбашијата и откаде тргна со него и Бојко Паленѕов.
Јаловарите од Рошковци ги ставија со Толета на чешмичето и овие му ја пренесоа пораката на Организацијата за спојување на двете чети.
Се поддена разговор кој траеше неколку саати.
Е, Толе, ние дојдоме кај тебе по една голема работа, — почна прв Трајко откако го извика Толета насамо под големиот бор, каде пладнуваа Рошковите јаловиња и му го претстави учителот Атанаса, за кого Толе беше слушал дека и тој се меша во некакви комитски работи.
Толе ги овргали големите очи и му се загледа право во устата.
„Да не е дојден да ме кандисуа да се предада?” — си помисли Толе отпрвин, знаејќи го Бешот како стар коџабашија, но веднаш му побегна таа мисла, гледајќи го и Атанаса со него. Затоа му рече:
—    Да чујам Трајко. Ако е за арно, повели, кажи, ако е пак за лошо…
Трајко почна:
—    Ти беше во Бугарија со Митра, нели?
—    Бе, тоа сете го знајте, — одговори Толе.
—    Добро. Co кого си дојде и зошчо толку бргу; и а остави тамо неа?
Толе се збуни. Првото прашање не го боцна, па и второто, но третото му испадна сомнително.
„Да не е дојден да ми се свети шо а остави брачеда му”; — си помисли Толе, бидејќи Митра му беше прва брачеда на Бешот.
Но веднаш одговори:
—    Може знајш дека си дојду со Ѓорѓиа и Глигура.
—    Знам, знам — рече Трајко. — А зошчо си дојде? .
Тука Толе се позамисли, небарем сакаше да си ги собере мислите и да го најде одговорот, па рече:
—    Ами зошчо си дојду! Ете за воа шо го работа. Да му помогна нешчо на виа нашите робови. Да проплескам понекој ага, кога веќе тие не се сеќаваат да се бранат сами, a царот кренал рака од нас и не оставил да не глодаат сете негови пци.
—    Затоа и а остави Митра наша во вит виделиа сама?
—    Е, море затоа. Затоа ами зошчо, Јас не мисле, право да ти кажам, да се враќам, ама кога виду шо се бара од еден работник пред лицето на нашата раја, Митра ми се виде ситна и залудна работа, та киниса со тие другари за поголеми работи.
—    Е, добро си сторил шо си кинисал со ниј, ама каде се тиа; ти и остави, или тиа те неќеа со ниј?
—    Mope како ме неќеа, токо, јас и остави, оти мисле дека ќе ми пречат во работата.
—    Аха! Е, шо мислиш ти сега? Ќе можиш ли да свршиш сам работа или ти требе помош?
Толе пак се замисли, и по малку молчење пламна:
—    Ама кажи, Трајко, направо шо сакаш од мене?
Бешот го донесе муабетот и му го остави на учителот Атанаса да мy каже тој што ќе сакаат од него. И тој почна:
—    Толе, ти си наш човек, мариовец, наруден човек, јунак си и веќе прочуен не само наше Мариово, ами и по Прилепцко — Битолцко. Ти почна една добра работа и а доведе до еден пат. Ама понатака не можиш да а тераш сам.
—    Оти да не можа? — го прекина Толе.
—    Еве оти. Оти не е само наше Мариово кое треба да се ослободи. И со еден човек, со една чета, колку да е јуначка не се урива турцката сила. Требе да се ослободи цела Македонија. А за таа работа требе, Толе, сете луѓе да стапат во борба. Твојот начин на работа луѓето, не само шо не и дига во општа борба, ами дури и успива, надевајќи се на твоата сила. Тиа чекаат на готово, да и исколиш ти сете Турци идаи ослободиш. А ќе и исколиш ли ти сете Анадолци со твојте петшестина другари?
—    Сигурно не ќе и искола — одговори Толе и длабоко се замисли, па постави сега тој прашање.
—    Ами како да се сврши таа работа?
—    Е! тоа е сега прашањето! Еве јас шо сакам да ти кажа тебе: ти сигурно разбра во Бугариа дека овде кај нас во Македонија постои една организација, која а нарекоа Внатрешна македонска револуционерна организација.
—    Знам — рече Толе, — дури го виду и најголемиот војвода во кафето „Македонија” во Софија. He знам како ми го рекоа; Белче ми се чини го викале.
— Делче. Гоце Делчев — го поправи Атанас. — Така тој Делчев, некој Сандански, и ред други умни глави решиде да работат за ослободувањето на Македонија. Ама и тиа, макар колку да се умни, макар колку да се јунаци, како вас со Бојка, Трајка, Андона и Најда — тиа знаат дека сами не можат да свршат работа; та затоа, ете, образувале една организациа во која ќе го соберат целиот наш народ, од сете краишча на Македонија и потаму, од одринцко. И кога ќе биде целиот народ готов да загине за своата слобода, кога ќе биде добро наоружан, ќе му дадат, пак они, знак и во еден час ќе се дигне и ќе и истера Турците од нашата земја, да си одат во Анадол откаде шо дошле пред петстотини години.
Ете, јас су пратен од таа организациа да ти го кажа воа и тебе, како шо го кажуам на секој наш човек кој шо сака да му помогче на својот народ. A јас су уверен дека ти сакаш, и се гледа дека сакаш, ама не умееш најарно да работиш.
—    Е шо велиш ти, шо велат тие умните глави, како да работиме? — праша Толе, кој дотогаш ги голташе Атанасовите зборови.
—    Тоа е друга работа сега! — Еве како: ти си Прочуен војвода, те познаваат и ти веруваат селаните. Затоа ошче отсега ти ќе си почниш со таа работа. Ќе и учиш селаните да стапуваат во организациата, да си прибираат оружје, да и пазат луѓето шо ќе идат кај ниј, да не жалаат оти ќе дадат парче леб на такви луѓе и; шо е најглавно, да се спремаат за големиот ден кога ќе му се каже да се дигнат сете како еден во оружана борба.
— Аха! — изусти Толе. — Ами јас нема ли да можа да протепам некој и друг ага ако ми падне в рака како досега?
— Како да не! И не само еден. Ти аги тепај колку ти душа сака, но ќе гледаш да не биде лошо и за селаните каде ќе и тепаш агите. А за да биде се како шо треба, ти ќе требе и сам да влезиш во организациата и таа ќе ти кажуа шо треба да правиш.
—Ама пак да бида со врзани раце од Ѓорѓија, Глигура и други? Пак тие да ме повелаат? Не можа, даскале, не можа! Јас не можа глава да веда на никого, бил тој Турчин или рисјанин. Јас сакам да су слободен. Кога ќе ми текне да дојда одаваде река, да дојда, да прејда отаде — да прејда; ода во ноа село — ода. Седа — седа, лежа — лежа. Да нема кој да ми кумандуа. А вака, ако ми кладите некој коџабашија над глава, ќе ми a земите слободата. А зошчо јас излегу кумита? Ете баш за таа слобода. Сакам да су слободен прво јас, па после сете луѓе, — одговори Толе и го изнесе своето разбирање за слободата.
Атанас гледа, не се витка така лесно Толе и го продолжи разговорот белким ќе го подотера да разбере:
— Така е Толе, така е. Секој човек требе да е слободен. За таа слобода и а создадоа тиа наши големи луѓе таа Организациа, шо ти вела јас да влезиш во неа. Ама изгледа ти не ме разбра шо сака да ти кажа. Ти ќе бидиш слободен како и досега шо беше. Ќе можиш да си и обиколуваш нашите села, ќе можиш да и браниш од Турците, да тепаш народни изедници, како шо тепаше досега. Организациата ќе ти помага со своите луѓе, ќе ти каже, можеби, и кој ага да го проплескаш. Та и таа е за тоа создадена, не е да и гали Турците? Ама едно, едно требе да се знае. Твоата работа да биде во тој правец, во кој шо е и работата на Организациата. A тоа е: да се буди целиот народ и да се спрема за востание. Целиот народ да знае зошчо одите вие по планините и да ве варди. He се доста само по двајца тројца луѓе од село да имаш јатаци, а другите да спиат. И тиа твои јатаци шо те вардат, те вардат оти му даваш бакшиш на децата, те вардат оти имаат извесен ќар од тебе. Организацијата пак сака друго: Секој наш човек — рисјанин — да постане јатак, секој да постане селцки кумита; дење да ора и копа, ноќе да тргне со тебе да ти помогне во твоата работа ако ти е тешка сам да а свршиш. Co еден збор, Организациата сака да направи од целиот наш народ војска, аскер, послушен кој утре ќе се дигне и наоружан ќе и нападне. сете турцки уќумати, ќе и исколе сете мудури, кајмаками, валии и паши. Тиа што ќе откинат и побегнат, да не можат да се вратат веќе, макар колку аскер и заптии да доведат. A сами вие кумитите, сигурно ваа работа не можите да а свршите. Како и сам шо гледаш. Го отепа ти Катил Шериф од Чумово, ама те поткачиа кајмакамот и пашата и и остави селата, та побегна во нашите планини. А организациата сака да а тепа змиата од глава. Да го тепа Султанот и неговите слуги, та да се требат, и аскерот, и заптиите, и мудури, кајмаками, валии и паши. Само така ќе а постигнеш и ти твоата цел — ќе го ослободиш и наше Мариово, а ќе помогнеш да се ослободи и целата наша Македонија. Me разбра ли брат Толе? — го заврши Атанас своето убедување, трудејќи се колку што може и не може да му објасни на Толета каде е патот кон слободата.
Толе длабоко се замисли. Почна да ја префрла пушката од рака в рака да ја врти главата де на една де на друга страна и почна да го повторува она Атанас што му го зборуваше небарем одговараше пред учител, кој му зададе нов урок.
—    Демек, јас ќе си остана на моето место и ќе си а прод’жа работата?
—    Ќе си останеш, ќе си а прод’жиш, та дури и ќе а засилиш. Се разбира, за се ќе ти се даде право. Но без изим ќе гледаш да не правиш некои работи по селата шо би донеле штета предвреме. А главно, твоата работа ќе биде, како то ти реку: да и будиш селаните, полека, полека. Да разберат и тие дека треба сами да се запрегнат ако сакаат побрго да бидат слободни. А кога ќе почнат да се будат, ќе гледаш да и тераш, но не со сила или фалби, со убаво, со благо, да се наоружуваат. Секој да има по некое пусатче со кое ќе може утре да тргне во нашата војска.
—    Mope таа e лесна работа, даскале! Пушки во Софија колку сакаш, имаш ли пари само! Еве а ве, моата златна за пет лири Јован ми а купи како ние во Прилеп палечници шо купуаме.
—    He е така лесно, не е Толе, како шо мислиш. Софија е далеку одовде. Па и петте лири секој сиромав и нема да и даде, ама за сето тоа мислат нашите големи глави и тиа ќе ни кажат шо требе и како требе. “Видиш! ти за пет лири си добил убава малихерка. Ако дадеше педесет — ќе замеше десет вакви малихерки, а за петстотини — сто пушки.
Ете а твоата помош на народот. He само со тепање аги, ами и со друго се помагало — заврши Атанас.
На Толета му се симна превез од очите.
„Види, види, шо ми изнаприкажа вој даскалот. — Ти! ами јас шо чудо пари врли за бамбадиала! Само тиа бакшиши шо и даду виа години може двесте, триста пушки да купа и да и раздела на двесте триста наши момчиња, еве ти цел табур наша војска” — си помисли Толе и уште тука му вети на Бешот и Атанаса:
—    Од мене, Трајко, и ти даскале, и од дружината моа за сега имаш сто вакви пушки, — и ја удри малихерката негова. — A оттука натамо шо ќе „даде господ”, ич никому нишчо не давам. Сете пари ќе и чуам само за пушки, лели велиш оти ќе ни требат,
И уште тука Толе се распаша, го извади ќемерот од Арсланбеј што му го зеде во Старавина со шеесет и пет лири, во кој беше ги сместил и оние од овците од Букри, та ги истури на сакмата и почна да ги брои по десет.
—    Шири капата, побратиме! — му вели на Бешот.
—    Десет, дваесет, триесет, сто, двесте, и педесет.
—    Еве, за педесет пушки јас плаќам, a за педесет ќе ме почекаш за некоа и друга недела. Имам троа вересиа да собера и ќе ти и натокма — се пошегува, мислејќи на Јована Сивев, кој му остана должен седумнаесет лири, па продолжи: — Само едно ќе ве молам да му кажите на нашите големи луѓе: да не ми пречат во моите работи. Јас разбра сега шо сакаат, тиа, и зошчо тоа го сакаат, и како ќе ме вати умот, ќе работа, бидејќи патишчата, и мојот и нивниот, на едно место воделе. Бидите раат, и ако ви притребам секогаш можите да ме најдите, a јас веќе, Трајко, те знам каде си, ако имам нужда лесно ќе те најда… А за Митра не бери гајле. Таа е сместена и има пари да поседи со Јована Гуровчето во Софија.
Co овие зборови Толе им даде на Трајка и Атанаса да разберат, дека семето што го фрлија падна на плодна земја и убаво ќе изникне.
—    Mope Митра, шо барала нашла, јас неа ни муабет не а права, токо, така, ти a напомни за да те обида да не си врзан за неа та да ни побегниш некој ден пак кај неа — одговори Трајко и станаа, очигледно сите задоволни од разговорот.
На Толета му се отворија очите и се осети окуражен кога разбра дека и други како него мислат за она што сам си го постави за цел; а Трајко и Атанас, задоволни што ја исполнија задачата што им ја возложи Организацијата, дури и со факти ќе докажат со двесте и педесет лири, дека Толета го завртоа на нивна страна.
Отидоа кај другарите на чешмичето, и во знак на успешно свршена работа, ручаа заедно.
На разделба Трајко му рече на Толевци:
—    Ете, отсега да знајте, кај ќе одите, ќе и барате нашите работници од Организацијата и тие ќе ви даваат јадење и меќан без да плаќате ни грош. А тоа шо ќе го печалите вие — „се знае.” — и му намигна на Толета.
—    Се разбра таа, џанум, се разбра. Ај ми со здравје и носи му здраво живо на мудурот да си и бере парталите, оти ошче еднаш ако ми падне в раце нема да му a остава кожата здрава.
Се избакнаа Трајко и Атанас со сите Толевци и си навртоа доволни во Полчишта.
Толе си зашета сега од село в село, но со одредена цел.
He мислеше само на фаќање бегови и што поголеми пљачки, ами од арамија се претвори во одличен агитатор.
На третиот четвртиот ден од разделбата со Бешот и Атанаса, Толе префрли на Градешко и во Уруп го најде на бичкијата, како нарачан, Илија Гуцев каде си бичи штици за домашна потреба. Покрај Илија и мајсторот Наума вечерта се прибраа пет шестината трупари.
Илија беше предупреден од Бешот за станатиот пресврт кај Толета и му беше возложено да го примаат како човек од Организацијата, но со една резерва: да не направи некои испади предвреме, та место да помогне, да спречи некои работи.
Речи си, Илија повеќе и затоа дојде на бичкијата и, ете добро се најде.
На поздравите од трупарите Толе сега со сожаление погледна.
„Еве и, ве! Работат како волови и дење, и ноќе и пак голи, боси и гладни одат. А да му речиш: де земете пушките да го истераме Турчинот”,’ќе ти а расцепат главата со балтиите, или ќе те предадат на Раиф ефендија. „Спиат, — шо рече Бешот” — си мислеше во моментот Толе и во исто време спремаше клоци да ги разбудува.
Затоа уште тука почна:
— Шо правите вие, бре кршоборци, по планината? — им се обрна на сите кога седнаа да ја кршат топлата ченкина погача и да тураат во паниците жолта вода, во која леташе по некоја граова шлупка.
Храната на бичкиџиите се знаеше: царевна погача и вода од петшест зрна грав. Така им беше пазарот со чорбаџи Тошета Налев: да сечат по десет трупа на ден, секој да ги дотера на бичкијата, да ги избичат ноќеска половината свои трупје, а половината да остане за мајсторот што работи само дење.
За тие четири стотини штици, колку излегуваа од педесет трупа, чорбаџијата плаќаше седум бели череци или 35 гроша — на трупарите по еден черек, два на мајсторот дневно, та така него го фаќаше неполни десет пари штицата, а ја продаваше тука, на бичкија, по грош и шеесет пари.
Но затоа и ги хранеше со царевно брашно и граова вода.
Трупарите се позачудија на Толевото прашање, но тие го познаваа и од порано, та беа слободни пред него, бидејќи не беа предмет за неговото внимание. Немаше зошто да се плашат од него, бидејќи немаше што да им земе, та еден се насмеа и му рече:
—    Ами, кога ме неќиш ти со тебе, шо ќе правиме, ќе му валкаме трупје на чорбаџи — Тошета, да го јадиме лебот и да а сркаме водата од граот.
Mope јас ве сакам внучковци, токо не ви се врзани гаќите вам — се нашегува Толе и продолжи:
—    Елате де да ве вида шо мажи сте? Ајде, камо ви пушките да грабните, да му појдиме на мудурот во Витолишча, да го проплескаме или да го нападиме во Анадол од каде шо дојде.
—    Е, камо пушки, де? — праша пак оној трупар и голта топли залаци од погачата.
—    Камо пушки? Јас сакате да ви донеса пушки на сете? Ене и кај аскерот, во кашлата витолишка, двесте мамѕерки. Де бакалум, да му и земеме, ако ви стискаат скопчињата.
—    Е, лебами, тиа пушки не се земаат со колај — пробрбори друг од трупарите.
— А вие како сакате, да ви и донесат агите овде на бичкијата? — почна Толе да ги боцка трупарите. — Mope, ако не си a врши в’кот работата сам — не бидуа дебел во вратот, браќа, не! Токо, освестете се и вие и опечалете се, белки сете нешчо ќе направиме. Та вака со лежење ќе не вјаваат, не ошче петстотини, ами и ошче илјада години, агите. А покрај ниј ќе ве вјава, еве, и чорбаџи Тоше. Вие ‘ргате овде и ден и ноќ, а тој си свире со тамбурката по Градешница и Старовина и си и п’ни тенеќиите со лирички од вашата пот. He е ли така, Иљо? — му се обрна на Гуцето, кој просто беше замајан од пресвртот на Толета.
—    Така е, Толе така. И јас понекојпат му го вела воа, ама тиа ме прават будала. Ми се биат шега и велат дека со глава ѕид не се туркал. Mope да видиш како се турка., ама требе повеќе глави да се поискршат, да видиш како ќе се турне!
—    А бре, кој има јака глава, де баканека удри, ама нашите не се толку јаки можат ѕид да туркаат — се јави пак првиот трупар.
Ho друг ce замеша:
—    Mope, имаат донекаде право војводата и Илиа, имаат. „Сложна дружина — планината а поткрева”, вели даскалот Димо. Та и ваа работа ти е така. Ако стане цел народ, да видиш како се турка и ѕид со глава!
На Толета му светна лицето.
„Аха! — си рече во умот. — He се сете кукавици и баби, но требе да се разбудат, како шо рече Бешот.
Co тоа решение Толе вечерта тргна со Илија заедно за Градешница, и околу стари вечери влегоа сите седум души на горниот крај на селото каде што беше Гуцевата куќа, на крајот, како нарачана за вакви работи.
Во соседството на Илија беше и куќата на другиот работник — Митрета Гулев, кој беше оваа година и селски коџабашија.
Илија му соопшти на Митрета за гостите и овој не малку се изненади кога разбра дека Илија ги довел в село.
—    Како, бре слепци, баш ваа вечер најдоте да влезите кога мулазимот од Витолишча со педесет души аскер е в село? — му рече Митре на Илија и почна да се возбудува да не стане некоја штета баш тука, во селото, за кое тој одговара по две линии: како коџабашија пред турската власт, и како организациски човек — пред Организацијата.
Но Илија ова го предвиде уште на бичкијата кога го повика Толета да слезе в село.
И сега, ете то, го теши Митрета и му го изложува својот план:
—    Каде е на конак аскерот?
—    Долно маало — одговори Митре.
—    Мошне арно. Ногу убаво си сторил шо си го распоредил Долно Маало.
—    Ами како шо знајш. Лели сме го правеле пустиот план. За дивите горно, за питомите— Долно Маало— рече на шега Гуле. — Токо шо мислиш сега?
—    Шо мисла и ќе направа. Само ти смести и Толевци во племната на Бурлиата за некој час и друг, дури да се истребат агите, та после ќе бркаме работа.
—    А ти кај ќе одиш?
—    Каде е мулазимот на конак?
—    Кај Трајка Мачкаров; знајш оти сете аги бараат црвен чарап, та тамо ги кладу, да му и замагли очите невестата Милка.
—    Мошне арно, мошне. Еве шо: јас сега ќе запала цигара (оти на човек без цигара ноќно време патролата не му викаше ни да застане, ами веднаш стрелаше на него, сметајќи го за комита) и ќе слеза до Мачкарови, та ќе му кажа на муљазимот дека на бичкијата дојде Толе. Паша. И шо мислиш ти, шо ќе направе тој?
—    Ќе го дигне аскерот ошче ноќеска — одговори Митре.
—    Тоа се Џара засега — се насмеа Илија и веќе ја запали цигарата.
—    Ами кога ќе и стегне мулазимот трупарите, нема ли да му кажат дека ти со ниј заедно тргна? — пак се беспокои Митре, сега за Илија.
—    He бери гајле. И таа е наредена — одговори спокојно Илија и му објасни на Митрета, дека тој им рече на трупарите и на мајсторот да и кажат на потерата дека дојде Толе Паша, зеде леб и фати нагоре орманот, а од нивна страна веднаш тргна Илија да стори абер в село.
„Ако кажете инаку, ќе ви речат зошчо не дојдоте вие, некој, да сторите абер” — им рече Илија горе на трупарите, та така со таа обмана, ем не го издаваат Толета, ни Илија, ем ќе бидат оправдани пред потерата.
На Митрета му се бендиса одличниот план и длабоко се издиши, небарем товар симна од грбот.
—    Ногу убаво си а скроил — и му ја стисна подадената рака на Илија, кој го поведе и им го претстави на Толета.
Во кратко им ја објасни на Толевци положбата и Толе си ги спомна зборовите на Бешот: „каде ќе одете барајте леб и меќан од луѓето на Организацијата”. А Бешот му ги кажа скоро сите работници од сите села, затоа Толе наполно им се предаде на овие во Градешница.
Митре ги зеде Толевци и заедно со Илија ги смести кај Бурлијата, а Илија тргна за долно маало.
Селото Градешница се спростира на двесте триста метра по десниот брег на Урупската река, а на средето е разделена од еден висок мел, така што повеќе личи на две отколку на едно село.
Затоа и мулазимот оваа ноќ постави стража и одреди патрола само за долно маало каде беше сместен аскерот и тој.
Илија си зачури со цигарето и покрај мелот, по тесното патче, се приближи крајната куќа од долното маало.
Стражарот го забележа огнот од цигарата и ја зеде пушката на готовс, но знаеше дека кој чури цигара не е лош човек, та го дочека на десетина метра пред него и силно викна:
—    Ќим с’и сен (Кој си ти?)
—    Бен’м коџабаши (Јас сум кметот) — одговори Илија и му се приближи.
—    Каде така ноќески, коџабаши? — го праша стражарот на македонски јазик.
—    А бре каде, ефенди; (за рајата сите Турци беа ефендии) носа еден важен абер на муљазимот. Токо, ајде брго да ме одведиш кај него.
—    Толку важен тој абер што ќе будиме сега ефендитата? — Почна да се мисли стражарот, но Илија му рече дека е важен и тој го предаде на својот другар за да не го напушта стражарското место.
За неколку минути Илија со војникот стоеше на портата од Трајка Мачкаров и викаше.
Стариот дедо Трајко му отвори, а муљазимот, како секој потереџија кој спие на штрек, се појави на прозорчето со револверот в раце.
—    Кој тој сега шо тропат, бре чорбаџи Трајко?
—    Еден селанец сака кај тебе да влезе ефекни — му одговори Трајко, а војникот пo турски му објасни.
—    Ела ваму, бре ќерата — му се врекна муљазимот на Илија, очигледно незадоволен што го буди и вознемирува во најслаткиот сон.
Илија влезе кај муљазимот и со два збора му кажа зошто дојде и од кај иде.
—    Да си жив бре, синко. Ете, така треба. Да кажувате на уќуматот каде одат тие пезевенци. Така. Ти не можеш да фаќаш нив, ама барем да кажиш. А велиш, ќе врткаат таму бичкиџиите дури да втасат аскерот?
—    Така рекоме, ефенди, да и врткаат. Кај ќе одат, сакаат неќат, нема леб на друго место. — Го маслоса Илија мулазимот и го доби пак оној војник, да го спроведе до дома, но Илија рече дека ќе преседе тука, кај Трајка, додека се раздени.
—    Како сакаш — му одговори муљазимот и му проговори нешто на војникот по турски.
—    Евет, муљазим ефенди (Разбирам, господине потпоручниче.) — одговори војникот и излезе низ порта.
За пет минути се врати со буризанот заедно. Стражата и патролата знаеја каде е буризанот, а тој секогаш беше, или заедно со муљазимот или во најблиската куќа. И вечерва, да се насладува сам муљазимот со невестата Милка, барем со очи, го смести буризанот кај Јована Мачкарот, деленица на Трајка.
Како што очекуваше Илија така и излезе. Буризанот ја наду буријата и засвире узбуна.
За час се створија, во дворот на Мачкаровци прво патролата, а потоа и сите педесет души војници.
Co „анани”, со „аврадини”, муљазимот тргна баш преку горно маало и уште петлите непеани, ја напушти Градешница за да го брка и фати Толе Паша во Уруп.
А Толе кротуваше во тоа време во племната на Бурлијата. За секој случај тој го задржа коџабашијата кај себе, без да мисли дека може да предизвика сомнение, ако го побара муљазимот. Но овој не се сети, па немаше и зошто да го бара. Толку поарно што каурите не ќе знаат во кој правец се движи потерата.
Селото се исчисти од „оваа смрѓева”, како викаа селаните. Но Толевци останаа во племната до сонце огревање.
Кога се раздени убаво,прво излезе Гуле, ги предупреди и домашните од Бурлијата, кои, освен стариот другите и не разбраа дека имаа гости ноќеска.
Околноста со потерата токму им ја нареди работичката на Толевци.
Муљазимот беше наредил вечерта селаните по еден од куќа, да се соберат утре, да им држи некакви поуки и совети околу редот и безбедноста во селото, по кое обично ги тераше да прават и оро, та да се насладуваат на убавите мариовски моми и невести. Толку повеќе што утредента беше недела, та ќе се собере цело село.
Кметот и азите беа се распоредиле и за ручек, беа нарачале да се донесат дветри овци, брави; да се осучат мазници и неколку кокошки за муљазимот, чаушот и онбашиите.
И така, сега за Толета, дојде жива згода.
Илија го слушна на бичкијата како пламено им зборуваше на трупарите, та се посоветува со Митрета и Бурлијата и решија, место муљазимот, да излезе на сретсело Толе со другарите, и тој да ги одржи поуките и советите.
Од кај дојде, што дојде — тие ќе кажат дека народот беше нарачан од муљазимот и се собра на сретсело пред црквата, а Толе никна како од земја.
Па најпосле, иако протепаат Турците по некого; освен тројцата, никој друг и не знае кога и од каде дојде Толе.
—    Ујгун работа излезе! — рече Толе кога му го предложија ова. — Таман јас ќе му кажа на виа наши поспанковци да се разбудат од тешкиот сон.
—    Ама гледај, да не а цапнеш некоа ни за в телци, ни за в говеда! — го предупредува
Илија Толета, плашејќи се од неизделканоста негова и од бујната природа.
—    Така како шо им зборуаше на трупарите на бичкиата, така и тука ќе зборуаш. Се разбраме, лели?
—    А за невестата Неда, лесна работа, има време, ќе се видите — се нашакува Митре, знаејќи ја слабата страна на Толета.
—    Остави и тиа работи, Митре! — го опомена Илија Митрета. — Сега имаме поважни работи од жените.
Толе вети дека ќе се држи како вистински проповедник.
Ја уредија работата кога и како Толе „ќе никне” на сретсело, кога ќе бидат селаните собрани, а Митре ќе позадоцне со излегувањето: да не го распрашаат селаните и да разберат дека муљазимот си отиде, та и тие да се растурат.
Бидејќи беа нарачани од вечер по еден од куќа, a се погоди недела, црквата се наполни со народ.
Поп Тодор пропеа што пропеа и даде отпуст. Сите како што беа в црква останаа на сретсело, кое беше токму до самата црква, и го зачекаа муљазимот да се појави.
—    Пак се има некој ѓавол појавено, шо не собира муљазимот цело село — почна разговор Марко Попов.
—    Mope, ѓавол, Марко… тој ти е ѓаволот. Толе Паша се има поткажано некаде и агите — ајде по села за Кркање, краста да и јаде — одговори некој од купот.
Ами, оти ошче го нема, до кога ќе не држи, ќе умриме за јадење — се јави трет.
—    Mope, да не не собере сете, вака џумле, и да не нареде крај зидот, да не истепа, та јадењето ќе го простиш — проговори четврт. И со ред, секој за себе правеше разговор со соседот, додека некој не запраша:
—    Ами, камо го коџабашиата Митрета, бре луѓе?
—    Mope, камо го!… ами и тој како агите се успал — одговори некој.
—    Навистина, ама, нема од сабајле, не виду јас аскер. Толку да се успани? — забележи Марко и сите потврдија дека селото некако пусто им се виде одутрина.
—    Mope тука се, в река да појдат, кај ќе одат ноќеска? — потврди некој.
—    Ама мене ми се стори оти засвире буриата ноќеска, ошче пред петли, та кознае!
—    пак Марко се приближи кон вистината.
—    Дај боже и света неделичка мајчичка, де! — се слушна од неколку грла утешен глас.
Разговарајќи така, и чекајќи го муљазимот или некој од чаушите, наеднаш се направи буричканица меѓу селаните.
—    Mope луѓе, кој се ниа сега одозгора?
—    се слушна еден глас.
Сите ги завртоа очите rope по улицата откаде се зададоа шест наоружани луѓе и двајца селани.
По алиштата — бели бечви со црни гајтани, јакучки, со дебели сакми и јанински опинци, а особено кога го видоа белиот коњ, лесно ги препознаа нашите комити.
Многумина го имаа видено Толета отпорано, та сега од неколку грла се испушти една тажна воздишка.
—    Леле, мајче ти мила! Ами кај крше глава сега овде бре, шо ќе направе, бре, ќе го изгоре селото, в реката да појде да не се врате! Ти ии! шо такцир сме имале, живи да не печат агите, бесот да и вати и едните и другите!
Се раздрма народ, некои почнаа да се собираат на купчиња; тие што беа по на крајот се измушнаа и избегаа.
Го видоа ова Илија и Митре, и овој последниот позабрза пред Толета и уште оддалеку почна да вика:
—    Селани! He бегајте, не плашете се! Дојде прв, и како селски човек, почна да ги теши селаните.
—    Стојте тука, стојте. Таа се стори шо се стори, ами колку повеќе ќе бидеме овде, — толку поарно за селото.
Ете, муљазимот нарача да се соберете, да ви држи слово, ама пашата дојде — пушти малку хумор Митре.
—    Ами кај вати аскерот, бре Митре? — праша пак Марко Попов.
—    А бре ми, кај вати… отиде да го бара Толе Паша по Уруп. Лели гледате, нишчо нема в село; не берете гајле! — ги теши Гуле селаните.
—    Mope, ќе го изгорете селото, бреј, папокот ќе ви гори! Ами кај оде Толе, кај го носат ѓаволите црни сега? Ами ако не беше станат аскерот, шо ќе станеше денеска?
Митре се понасмевна и одговори:
—    Шо имаше да стане, ќе си и окркаа бравите и кокошките агите, а Толе ќе гледаше од Пешча како се гошчаваат.
Во тоа време пристигнаа Толевци, водени од Гуцето.
Од десетина дваесет чекори и Гуцето, како Митрета викна да не се плашат селаните од настанов, а веќе и Толе приближи до купот луѓе, кои инстиктивно се притиснаа еден до друг.
Толе се понасмевна и испушти едно:
—    Доброутро, браќа! Сакате ли госје? — и рипна од коњот.
—    Дал ти бог добро, Толе. — Но кога Толе се приближи да фати рака и направи здраво живо, секој од присутните гледаше да биде поназад, мислејќи дека со тоа ќе му биде утре полесно наказанието од агите.
Се слушнаа стотина растреперени гласови. Пак Марко Попов прв фати рака со Толета, како угич прв што скака во реката a пo него сите овци и јагниња.
—    He бојте се, стопанка му, шо се плашете, не ме ли познавате? Се провикна Толе и се замеша во купот, поздравувајќи се и со најмладите.
По Толета прошетаа и другите другари низ купот и се поздравија.
Многумина се познаа како комшии, што си одеа и идеа на гости. Бојко ги најде и своите братучеди; Брниклијата се сретна со Босеа, со кого пред некоја и друга година се бореше на Илинден баш овде, на ова сретсело; некои го познаа и Најда Орленчето, Андона и Стојчета.
За час се осетија како да се на оро, а не собрани од муљазимот да ги кара, а може и протепа по некого.
—    Е, како сте, бре браќа, шо правите, шо чините, како живејте? — праша Толе, откако седна на урнатото ѕидче од црквеното кале, што го поткреваше за една човечка глава од сите селани што стоеја.
Но место одговор Толе виде само наведени глави. Никој не се решаваше прв да влезе во разговор со овој горски цар. Дали Толе им беше висок, голем, страшен; дали не то разбраа што праша, или се плашеа од неговата сила, тоа никој не знаеше да објасни, но секој осеќаше дека му се фаќа јазикот, та не може да одговори на вака прости и јасни прашања.
„Види, види, завалиите!” си помисли Толе. „Научени да м’чат и да и ведат главите пред агите, та и пред мене и наведоа и збор не пушчаат од уста”. И пак проговори:
—    Ногу ли ве стра од муљазимот, бре луѓе?
Марко се реши. Некој мора да почне:
—    Mope ми не стра, ами не? Зар дека вас не ве стра тики и нас. Ете, ти си а нарамил малиќерката, та колку неговата манзерка шо пука — толку и твоата малиќерка. Ами ние со голи раце, како да не се плашиме?
Таман го донесе муабетот Марко.
—    Ах! да си ми жив. Марко. Така ли е работата? Демек и моата малихерка пука колку неговата манѕерка, а?
Сите селани ги начулија ушите кон разговорот.
—    Пука, ами не пука! — потврди Марко.
—    Е сега, да се разбереме селани? — Се обрна Толе кон сите. — Марко вели дека и моата малихерка пукала колку манѕерката од муљазимот.
—    Така е, пука — се слушнаа уште неколку гласови од тие што беа околу Марка. Се окуражија уште неколку души да проговорат макар само едно „така е”.
—    А сега, да ми одговорите на моето прашање: како сте и како живејте со агите?
—    Mope ми, како живејме!… зар вие не знајте; како вие шо живеете пред да и наметните, како татковци ви и дедовци ви. Шо не прашаш за тоа шо го знајш. — Пак Марко одговори за сите.
—    Е, ошче ли мислите така да живејте, како татковци ни?
—    Ами шо да правиме бре, Толе? Ајде, кажувајте вие, ете понапред и кладоте главите во торбите; шо велите вие, ќе има ли некој спасибог од тоа вие шо го направите?
— се замеша сега и коџабашијата Митре, зборувајќи во името на сите селани.
Толе стана простум, и како што беше поткачен на ѕитчето, излезе за цел метар и повеќе повисок од селаните, та сега можеа да го видат, и да го слушнат и последните од купот. И го почна своето важно слово.
—    Браќа рисјани, градевци и вие сете мариовци, Маќедонци!
Купот занеме. Многумина ги отворија устите и така подзинати чекаа да го слушнат арамијата Толета, кој ќе ги уцени сега со илјада лири, за да излезе од село, да не го најдат тука Турците и да го изгорат селото. Таква претстава си имаа селаните за Толета, како за секој арамија.
Но Толе сега имаше друга цел и тој почна да си го кажува алот зошто оди по планините.
—    Вие ме знаете мене како арамиа. И така си е. Јас су арамиа. Но сакам нешчо овде да ви кажа на сете, а тоа е: дека има арамии и арамиии. Досегашните арамии шо беме, одеме, тепаме, ваќаме чорбаџии и му земаме пари. Од тоа друго не знаеме. Ама имало, браќа, и други комити, и други арамии, ако можиме да и наречеме ниј арамии, шо не е право. Може сте чуле дека јас забега дури во Бугарија, лели?
—    Знајме, знајме, — потврдија неколку гласови одеднаш.
—    Е, слушајте ме сега, да ви кажа шо виду и шо разбра во таа слободна земја. Тамо најду, западени наши луѓе од цела Македонија. И поткачиле агите одовде и тие прерипале преку граница, каде слободно шетаат и работат. Сакаат, браќа, да не видат сете нас така слободни како шо го гледаат слободен тој народ тамо
—    Да се живи, ако има такви луѓе — му се испушти од устите скоро на целиот куп.
—    Има, браќа, има. И тоа. не еден, ами безброј. Токо слушајте ме понатака. Тиа луѓе решиле и Македониа да биде слободна како шо е Бугарија, Србиа, Грциа, Влашко и други земји, каде Турците се истерани.
—    Де бакалум! — изусти Марко.
—    Ама не е доста само тиа да решиле и ние — оп! — утре слободни. Вие а гледате турцката сила колкава е.
Селаните ги наведоа главите.
—    Голема е, лели? Тоа го знаат и тиа наши големи луѓе. Затоа и тиа бараат лек на таа болка. А лекот го нашле, ете, пак кај нас, кај народот. Велат оти народот сам требе да се ослободи.
—    Е, ех! ќе се ослободиме ние со паличниците, секирите и косите, — со воздишка одговори пак Марко.
—    Чекај Марко, чекај, шо трчаш? — му се подврекна Толе на Марка.
—    Ние, ние со паличниците, со косите, со секирите, ние со испуканите раце требе да тргниме да се ослободуаме; та на тиа шо го имаат оружјето в раце, чии раце се меки, најадени, напиени,, наспаки каква слобода му е требна? Тиа си се слободни. Токо ние, калнокапците, сиромашиата, голотиата, босотиата, ние требе да се дигнеме и да бараме слобода.
—    Mope кој ни а дава нам таа слобода, бре Толе, шо ве лаже умот! Токо ајде, кажуај понатака — му упаѓа стариот поп Тодор.
—    Ама чекај попе, не вјасај. Ете баш тука е работата, шо нема да а бараме да ни a дадат агите слободата. Секој е будала ако мисли дека ќе ни а дадат со молчење, со пари или за атер на некого. Тука е клучот на работата. Слобода се зема со борба, со крв, шо се вели, а не се дава бакшиш. Ни еден народ не а има добиено слободата без борба. Помогни си сам ако сакаш и господ да ти помогне! Вака „месен — обесен” кај си видел ти, Марко?
—    Е, ех! Та лели така? Да можеме ние сами и досега не и трпеме Суловци, ‘Рсланбејовци и сете други аги и бегови шо не вјавале пет стотини години.
—    Ако сме не можеле досега, ќе можеме отсега. Го гледаш мелот под куќата од вашиот ковач? Денеска троа утре троа — го поткопала реката и ене го, каменот се одвалкал. Така и ние. Ние овде малку, други на друго, трето место, и ене го — агата се напрчил!
Се разнесе смев сред купот.
—    Mope, кој знае, баси го, да ли ќе го препрчиме; како ногу корен ватил! — се јави пак некој скептик.
—    Е, арно решиле тиа наши браќа, ами ќе дојдат ли они да ни поможат? — праша поп Тодор.
—    Како не ќе дојдат, џанум! Та еве сме. Ние мариовците во Мариово, прилепчани — во Прилеп, битолчани во Битола и така со ред. Ви вела тиа се нашите луѓе. Само ќе требе и вие сами да се спремате, вие нам да ни помогнете, ние вам еве и сега кај вi помагаме, и ќе помагаме шо можиме. Ама пак работата е тамо: сете, браќа, сете ако станеме, тогаш нешчо може да биде. А вака, само пет десет души, се знае — нишчо не прават.
—    Е, е! Се разбра работата, џанум. Ти велиш сете ние да се спремаме, да му се загниме на агата и да го нападеме. Де бакалум! Ако е речено од господ белки и тоа ќе биде. Ама… — Пак Марко не верува.
—    Нема „ама”, бре Марко. Ако се собереме ние дваесет и пет села, тука има дветри илјади души, ами со нозе ќе и изгазиме сто двесте души во Витолишча, баму бељата — му се врекна Гуцето на Марка и продолжи сега тој место Толета:
—    Разбраме, Толе, разбраме. Ти кажа дека има организациа, кумитет, шо го викаат, и тој ќе си работи за секое село. Ќе си и прибира селаните околу себе, ќе му помага во неволите, ќе и наоружува полека, полека, и кога ќе се нареди одозгора ќе и поведе во борба против агите.
—    Токмо така, Илија. Ете, јас ќе забораве најважното да го кажа — одговори Толе и пак почна.
—    Ете го најглавното, Илиа го кажа. Вие, кај ќе одите, шо ќе правете, ќе гледате да си најдите по некое пусатче. Пушка, пишчолче, чифте, тек. Колку поздраво — толку поарно. Се знае оти со гола рака змиа не се ваќа. A Организациата од своа страна ќе ни испраќа и таа колку шо’ има и шо може. Но главното е ние сами да си го бараме чарето, оти на нас ќе пукаат агите со манѕерите. А гледате ли моата куска? — Ја поткрена малихерката.
—    Ете, за пет лири во Софија а купи, како секира шо купуаш на пазар. Та и вие. Кој не може сам тука да најде, Организациата ќе ни испрати колку шо може да пренесе. Ама не е лесно да пренесиш од Бугариа илјадници пушки. Затоа, вела, сами да се спремате. А сега да видиме ошче една работа…
Купот се поразмрда и почна да ги коментира Толевите зборови.
Некои викаат дека бошлав ќе излезе и ова; други тврдат дека не е никакво чудо ако се дигне цел народ како во Бугарија, Србија и Грција, трет вели: „Море, ако не беа Русјаковци, Московот, ни Срби, ни Бугари, ни Грци, никој не ќе го истераше агата”. Ама на сите им се читаше извесна надеж дека ќе се куртулат од беговите и агите, барем тие што ќе останат живи по борбата. А сите не ќе не исколат Турците? И тие се од месо и крв!
Коџабашијата ги смири селаните.
—    Да чујме, да чујме ошче малку, та ќе си одиме! — рече Митре.
Пак се смирија.
—    Еве шо, — рече Толе. — Во секое село требе ние да си кладиме наши луѓе за работата. Просто да си направиме сами уќумат, шо велат Турците, оти сете нема да судиме и да и бркаме тиа работи. Еден началник, како го викаат во Бугариа и печес помошници.
—    Како коџабашиата и азите шо се — објасни Гуцето.
—    Тој ќе биде главабашиа на селото. До него ќе идат наредбите од горе и тој ќе си го бере гајлето за се шо ќе се наредуа.
—    Ама и тој напред ќе тргне утре на кашлата во Витолишча — пак Марко вика.
—    Така е — потврди Толе и праша: Кого велите вие да го кладиме?
Целиот куп се расшепоти.
—    Mope ми кој, Толе!… Кој е тој шо ќе си а клава главата в торба? Ние на Митровден избраме коџабашиа и аази. Шо треба сега други да избираме? Нека бидат и во ваа работа истите, — предложи поп Тодор. — Тиа се наши луѓе, како и бркаат тие селцки работи, нека а бркаат и ваа.
—    Ногу арно вели попот, ногу. Еве, Митре вчера беше со муљазимот денеска со вас, утре со други. Нека си бидат пак тиа! — се прифати предлогот попов од многу души.
Митре се провикна:
— Селани, браќа! Јас му служа на селото кај Турците, ќе му служа и кај Организациата, ама едно да знајте: Кај Турците ве брана колку шо можа, со јадење, со пиење, со придавачки, рушвети, со маривети и лаги, само и само да не паднете во беља. Овде е сосема друга работата. Тука сака најголема послушност. Утре ќе се нареди книга да се однесе, чета да се пречека, да се нарани, да се скрие. Најпосле, да се тргне со оружје во рацете во бој. Немој некој да го лаже умот да се противи, да не послуша, да оде дачини давии кај мудурот, кајмакамот, валијата и пашата! Да се разбереме овде. За такви Организациата нема апцани да и затвара, да и праќа сургун по разни градишта по Анадолиа. Едната казна шо може и ќе а врши она — тоа е куршумот в чело. Немој да мислите оти виа се детински муабети. Оген валиме на сред гумно. Поразмислете малку, та за мене веќе се знае. Еден од вас утре ако изусти пред мудурот, моата глава ќе висе на колот. Ако бидете послушни, да ризате шо ќе ви нареде Организациата, да ваќаме работа, ако не — да не се земаме на душа еден со друг!
—    Ти ќе бидеш, ти Гуле. Ние тебе те знајме за утач на селото и кај ќе рипаш ти, ќе рипа и целото село — пак поп Тодор предлага.
—    Е, море, јас, јас, попе, токо пак сосем вас, со село, со селани. Ама јас, ете не су писмен. ќe дојде писмо, сака да се отпее, да се напише друго.
—    Марка Попов, Марка ќе ти го дадеме за ќатип — се разнесе од неколку грла.
—    Така некако пак иде на ред. — одговори Митре, очигледно доволен оти и Марка ќе го втераат внатре.
Марко промртка малку и се прими ама и тој одржа слично слово како Митрета и им се закани на сите непослушковци и шпиони дека сам лично ќе им го трга куршумот овде, на сретсело.
—    А сега, — рече Толе, — нека ви е честит новиот уќумат и шо има — да има, тој ќе ви суди и пресудуа, никој нема да оди ни кај бег, ни кај кајмакам, ни паша. Вој, вие, — покажа на Митрета, околу кого беа собрани азите и како нов член Марко Попов — виа ви се мудури, виа кајмаками, вие кадии, валии и паши.
—    He, не! — паша ќе бидеш ти и така веќе те крстиле Паша. — Се провикна Марко, а Толе слезе од ѕитчето и му честита на новиот комитет во Градешница.
Митре веднаш стапи на новата должност.
—    Ајде, Пеце и ти Трајче, одете еден на Пешча, еден на Црквишче — да вардите да не се врати муљазимот однекаде, та да направиме ошче денеска попара без мас.
И децата без збор ја извршија наредбата од својот христијански уќумат. Селаните се разотидоа.
—    Каде Толе, кај сакаш на конак да бидиш денеска? — го праша Илија Толета.
—    Нема кај сакам, другари! Јас сакам тамо каде ќе речете вие. И тоа за конак. — сполај ви. Нека се замрачи, ќе одиме понатака да бркаме работа — одговори Толе, придржувајќи се на упатствата што му ги даде Бешот.
Илија ја знаеше слабата страна на Толета и го однесе ручокот кај Неда Романова, а за другарите — кај Босеа, бидејќи беа комшии.
За гозбите денешни што да прикажуваме: тие беа нарачани сношти за педесет души аскер, за два чауша, пет онбашии и еден муљазим, а сега ги јадоа само шест души Толева дружина и седум членови од новиот комитет.
„Не за кого е печено — ами за кого_е речено” вели народната поговорка.
И додека Толевци кркаа од бравите, кокошките и мазниците во сред Градешница, муљазимот со аскерот топеше пексимид на Налевата бичкија во Уруп и ги распрашуваше трупарите каде се крие арамијата Толе Паша.
Толе се одмори кај посестримката Неда до кај ужина, Бојко и другите другари кај Босеа, та станаа, и уште со видело ги нарамија пушките и сакмиите, си го кладоа во торбите печеното мевце, мазниче,што им остана; Толе си го јасна Белчета и излегоа токму нагоре по дирите на муљазимот. Цело село, и горно, и долно маало ги виде каде отидоа. Сите се чудеа на оваа постапка. Излезе работава не муљазимот да го бара Толета, ами Толе него.
Но таа си е проста работа. И зајакот многупати ја кршка трагата и се враќа баш од каде дошол и го заблудува загарот, та ја спасува кожата, па после си продолжува каде што мисли.
И Толе така. Тргна нагоре да го видат селаните, а над село скршна десно и вечерта му појде на Ристета Белгашчето во Будимерци.
Иако не така јавно, како во Градешница, со помалку луѓе, ноќе по темница, Толе и овде оформи комитет, макар што тој постоеше од неколку души, како што постоеше и во Градешница. Главното беше тоа, што селаните разбраа дека Толе не е арамија за пари, ами се бори за нивно добро, за нивното ослободување од Турците, та така неговиот лик доби уште поголема симпатија насекаде.

<hrdata-mce-alt=”20″ class=”system-pagebreak” title=”Толе Паша – Том 1 – 20″ />

 

20.

И продолжи Толе по сите мариовски села да се движи како врховен заповедник над сета оружена сила.
Преку своите луѓе Организацијата разбра за Толевата работа и зеде решение да го прибере овој самоволен работник и да го исползува неговиот авторитет, бидејќи и времето веќе назреваше за масова работа.
Еден ден војводата Петре Ацев му даде налог на својот четник Крсте Гермовчето Шаќира да се стави со Толета и да му предложи некакво спојување на двете чети: да се упрости работата, да не се двојат силите и цепе народот.
Идниот ден Толе наврати во селцето Лопатица и вечерта ги собра селаните да им понаговори да се вооружуваат. Како самороден војвода со неограничена од никого власт, тој почна и да заповеда заканително.
— Ќе соберете сто лири пари за да купите баре дваесет пушки! На секоа куќа по една, ако не на секој маж! — викаше Толе вечерта во една од селските куќи, откако оформи и тука комитет за своја сметка.
Во таа негова наредба и расправија влезе Шаќир со еден од селските работници и ја прекина дискусијата, поправо Толевата викотница, оти Толе слабо даваше некој да му пререкне за ова прашање.
Појавата на Шаќира го тргна од мислите и работата и се изненади, но веднаш разбра дека не ќе биде предаден, бидејќи со него дојде и Стојче, кого Толе го познаваше како здрав човек.
И селаните се позарадуваа кога го видоа Шаќира, бидејќи и него го знаеја од каде иде и што работи.
На поздравот од Шаќира сите одговорија со „добровечер, добредошол”, а Шаќир се запати кон Толета и срдечно се поздрави, стискајќи му ја подадената рака.
Стојче му објасни во кратко на Толета кој е овој човек, и откаде иде.
Толе беше предупреден од Бешот дека постои организација, дека постојат и други комитети освен него, но оваа беше првата негова средба со луѓето од таа Организација.
Во првиот момент се осети потчинет, ограничен во своето самовластие, но веднаш се успокои, и како да му се симна некаков товар од грбот, па му вели на Стојчета: — Шо има ново? Шо ќе правиме сега? Стојче го праша Шаќира што мисли. Овој во кратко ја разбра работата од Толета и наполно ја одобри. Но да не ја разберат криво селаните, дека тој е поголем од него, го остави Толета да продолжи, та дури на крајот и тој ги потврди Толевите зборови, дека ќе треба да се вооружуваат.
Co тоа се сврши таа конференција и Толе ги пушти селаните да си одат по дома.
Шаќир остана со Толета и цела ноќ му објаснува како треба и тој да се стави под командата на Организацијата, поправо под командата на реонскиот војвода за да стане посилен, покористен на делото за кое и сам се бори.
Во Толета се разви душевна борба. Неговото самољубие не трпеше никакво ограничувањето на неговата слобода. Но од друга страна, пак, неговиот патриотизам и љубов кон народот му говореа дека поарно ќе ја сврши баш таа работа што ја започна тој, со помошта на други како него.
Осум дена Шаќир го кандисува да се стави со војводата Петрета, осум дена Толе се бореше со овие две чувства. Најпосле победи патриотизмот и тој со голема тага на душата испушти една воздишка и рече: „Добро. А давам своата слобода за слободата на народот. Води ме кај твојот војвода да му се предада”, — и му ја подаде големата рака на Шаќира. Овој ја стисна цврсто и ја бакна.
Шаќир беше уште младо момче на дваесетина години, та како на стрико или вујко му бакна рака на постариот Толета, кој беше токму двапати постар од него. На тој Шаќиров гест и Толе се разнежи, го прегрна цврсто и го избакна како свое чедо. И во суровото Толево срце се разбуди нежност и тој не можеше да ја скрие пред благодарноста на младиот пратеник што дојде да го прибере овој суров човек и го впрегне во благородниот јарем за општото народно дело.
Тој ден и Шаќир, и Толе не можеа да се изнаприкажуваат и изнапеат.  А и дружината го осети постигнатиот споразум, та и таа ги подели тие чувства. Во тоа име, во името на споразумот, Брниклијата и Андон вртеа по еден брав крај чешмата на Клен како последен курбан на Толевото самстојно четување по Мариово.
Шаќир го извести војводата Ацев за постигнатиот споразум со Толета и овој се израдува. Курирот му донесе извештај каде и кога да се сретнат војводите и да се изврши спојувањето на двете чети. Поправо да се прибере Толе со неговите другари.

<hrdata-mce-alt=”21″ class=”system-pagebreak” title=”Толе Паша – Том 1 – 21″ />

 

21.

На познатата Ливада, крај студеното изворче, во ситната, но честа како ‘рж букова горичка, се вртеа во еден летен ден три јаловици и еден брав. Околу огновите, испотени, шеткаа десетина необични луѓе. Потонати во бради и коси, одамна непреоблечени, во чудна облека, ни малку слични на месното население — бели бечви со црни гајтани, арнаутски ќепиња, дебели клашнени обијала на нозете, завиткани со црни врвци до над колена, а на нозете меки говецки опинци, цврсто стегнати. На главите — „влашки капи”, со две коски цеваници и мртовечка глава, а под нив натпис: „Смрт или слобода”. На појасите и преку градите патрондаши со пo стотина фишеци; на колковите висеа штикови. Секој од овие луѓе цврсто стискаше по една манлихерка во рацете, а исто така вешто придржуваше на десното или лево рамено по една тешка козинава сакма, a под неа — кожена торба, тагарџик, во која не секогаш се најдуваше парче леб или месо.
Од јагодиците, што не беа покриени од небричените бради, светеше црвенило, свежест и младост, а живите сиви или црни очи стрелаа на сите страни и можеа да познаат човек на цел километар. Се движеа како диви кози, без да ја згазнат земјата, без да им пречат карпите и долиштата. Кога ставаше нужда,.за час се наоѓаа на друга планина, и прескакнувајќи ги длабоките долишта и урвини. Тоа беа четниците на прилепскиот војвода Петре Ацев, коишто денеска особено беа расположени.
Во честарот, спружен на својата сива сакма, потпрен на десната рака, со кусата манлихера во левата, лежеше навален возрасен човек, на триесет до триесет и пет години. Но неговата долга брада и големи мустаќи обесени надолу го правеа многу постар отколку што беше. Широкото чело, наборите на неге, испупчените јагодици, длабоко пропаднатите очи, големите веѓи и големиот шапкаст нос, навистина заслужуваа да му се даде епитетот „дедот Петре”, како што го викаа селаните од сите околни села каде дејствуваше овој премлад старец. Уште ако ја дадеме неговата јако развиена телесна градба ќе ни биде јасно зошто толку голема беше неговата фигура во очите на тие што имаа работа со него.
Но, не само на изглед тој беше таков; и сите обноски му беа достоинствени, сериозни, умни, та дури ни од просвета и наука не беше лишен. Тоа беше војводата Петре Адев од село Ореовец, Прилепско, бивш учител и организатор, потомок на Ацета Симоновски убиен од турските зулумџии, и брат на Мирчета и Гога Ацеви.
Вака навален на десната рака Петре разговараше со својот другар Митрета и ја вртеше главата, потсмевајќи се задоволно.
—    Што велиш, ќе дојде денеска Шаќир со Толета? — го праша Петре Митрета и се исправи, та седна на сакмата.
—    Верувам оти ќе дојде, — одговори Митре. — Кога ќе рече нешто Толе никогаш не поречува. Такви се тие. Тешко да го кандисаш да рече, та после илјадници да го одвраќаат не го гази зборот.
—    Голема работа ќе свршиме ако го прибериме Толета. Барем Мариово ќе ни биде сигурно кога ќе дојде до борба. Гледаш? Само Витолиште што има аскер стотина души. Ќе се расправиме со него во една ноќ и целата оваа територија ќе ни биде слободна. He е мала. Сто квадратни километри. Некојпат такви територии претставувале цело царство — потфрли Петре и погледна на исток и југ, ја опфати целата мариовска котлина, па продолжи. — А да ги налегнеме оние сто, — двесте души аскери во Витолишта, доста е само Толе со Мариовците. Што велиш, а?
—    Така е, Петре. Тој многу ќе ни помогне ако го прибериме.
—    Верувам оти Шаќир го има свиткано овие седум осум дена, та ете дури и средба нагласил.
Во овој разговор од падината се слушна кучешки лавеж.
Петре стана простум и наслуша. Се насмевна задоволно и му вели на Митрета :—
„Идат. Тоа е Крсте. Ајде да слезиме до кладенчето, да видиме што прават момчињата и да го дочекаме Крстета, ако не и Толета”, — предложи Петре и тргнаа кон другарите.
Крај букашот, нагоре по падината, одеа еден по друг седуммина луѓе два по два, и тргаа право кон кладенчето.
Првата двојка тивко разговараше: — Тој, со големата брада и долгите, надолу наведени мустаќи, тој е војводата Петре Ацев, — му објаснуваше Шаќир на Толета и го држеше под десната мишка, очигледно претпазливо, да не му текне во последниот момент да се пишмани и да се врати. Толе пак мислеше како да се однесе кон својот сопарник. Да бара ли некои привилегии за себе и четниците, или пак да се предаде на „милост и немилост” на овој нов господар на неговите мариовски планини и села? Но веднаш му излезе гласот на неговото родољубие и си рече:
„Јас го даду зборот пред оној Толе шо истепа толку Турци, за да му помогна на виа новите Толевци шо тргнале да и истепаат сете Турци. Сега ќе тргна со ниј. И, доколку тиа ќе го прод’жат мојот пат, ќе се радуам и ќе му помагам. Го напушчиа ли тиа тој пат, ќе си се оддела и од виа, како шо се оддели од брата му Гога и ке си а бркам работичката сам, како што си а брка и досега”.
И со тие мисли веќе се приближија до кладенчето, каде Петре ги собра своите дванаесет души четници и застана пред нив да го дочека парламентарот Шаќира, a со него и арамбашата на легендарната арамиска дружина — Толе Паша.
Средбата излезе возбудлива:
На пет чекори пред војводата, Шаќир застана мирно и со комитскиот поздрав: „Смрт или слобода” го поздрави Петрета и рапортира по војнички:
— Господин, војводо, задачата што ми ја возложи успешно ја извршив. Еве го прочуениот Толе Паша пред тебе. Вие двајцата разбирајте се понатаму! — и се истави од пред Толета, та се замеша и застана на десниот крај на четата од Петрета.
Толе остана лице во лице со Петрета. Зад него, — растревожени, стоеја неговите: Андон, Стојче, Трајко, Бојко и Најдо, растревожени и готови на борба, мислејќи дека Шаќир ги доведе во клопка и помина на страната од четата на Ацев. И дури тие чекаа да се заврти Толе и да им даде знак за напад, овој ја симна пушката од десното рамо, се приближи и тој како Шаќир, но без да застане мирно, го поздрави Петрета со истите зборови: „Смрт или слобода”. Потоа му ја подаде кусата манлихера, накована со златни и сребрени пари, и му рече со отсечен машки глас:
— Слушна, војводо, дека и вие се борите против Турците, но по некој друг пат. Јас досега се боре како шо знае и може, а отсега еве ти а пушката и мојте другари — теслим. Употребете а и неа и нас за доброто на рајата! — и ја кладе пред нозете на Петрета, та застана со наведена глава за прв пат пред човек, кого, ни го знаеше, ни го познаваше, без да ја обиде својата сила; се свитка како леоќова прачка.
Петрета го трогна ова постапка. Тој очекуваше расправии, кавги, може и до инцидент да дојдеше, според она што беше слушал за тврдоглавиот и суров самозван војвода Толета. Тој не издржа пред возбудата, пречекори и го прегрна „горскиот цар” кој доброволно ја наведе главата пред него. Солзи му навреа во очите и почна да го бакнува.
—    Толе, брате, тебе господ те испрати денеска да му помогнеш на својот народ. Смрт или слобода, Толе. Тоа се бара од нас, — и почна да го удира по големите плеќи.
Ова го разнежи и Толета. Се разнежија и четниците, и Толевите другари. За час се измешаа и, место предвидуваните пречканици, овие „диви луѓе” сред пустата гора почнаа да се прегрнуваат, бакнуваат, удираат по плеќи, да си стискаат рацете како вистински браќа, што и беа заправо.
Откако се нагледаа со влажни очи Толе и Петре, последниов издаде команда.
—    Чета, строј се!
Четата се построи, Толевите другари се одделија и застанаа на страна со Толета, a Петре ја зеде пушката откаде што ја остави Толе и отиде кај него.
—    Еве ти ја, брат Толе, пушката. Co својата работа и со своето име ти си го добил името војвода и никој нема право да ти го земе ни името, ни оружјето. Оди брате, и работи како што си работел досега за доброто на нашиот народ. Ене ти ги слободни другарите. А ако имаш нужда од помош, кажи да ти ја дадеме од нас.
Толе ја зеде пушката и ја бакна. Сега таа му се стори благословена и од господ, и од народот и се заколна во себе дека ќе ја употреби само на народни душмани па макар кои да бидат тие.
Свеченоста се заврши со заедничкиот ручок. Тука Петре од името на Организацијата го ополномошти Толета за мариовски војвода преку река старо Мариово и за секретар му го даде баш оној Крстета Гермов — Шаќира, што го кандиса да му се предаде. He ги заколна Петре овие јунаци, бидејќи знаеше дека се веќе толку пати преку крв крстени и заколнати.
Така, место да го уништат Толета и неговата дружина, Петре го вклучи во Организацијата и Толе стана нова сила во неа.

Стале Попов Собрани дела
*
ТОЛЕ ПАША прв том
Лектор: Трна Кондарко
Издавач
ООЗТ Книгоиздателство „НАША КНИГА” — Скопје Печагч&ш во печатнпца 003Т „13 Ноември” при НИК ..Наша книга” — Скопје во тираж 5 000 примероци. Печатењето е завршено во месец септември 1976 г.
Изданието е помогнато од Републичката заедница за култура на СРМ

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu