Откријте го Мариово

Трајанче, лозје зелено
дали ќе идеш на пазар?
-Ќе идам, нема со кого!
-Ете ти татко, па иди.

-Неќам со татко не идам
не знае пазар да прави.
-Трајанче, лозје зелено,
ете ти мајка, па иди.
-Неќам со мајка не идам,
не знае пазар да прави,
не знае пари да брои,
не знае платно да ткае,
не знае ченка да копа,
не знае нива да жние.
-Трајанче, лозје зелено,
ете ти либе, па иди!
-Сакам со него, ќе идам!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Неда Здравевска, родена 1910 година во с. Будимирци, а омажена во с. Груниште; во 1953 година имаше 43 години.
Вид на песна: љубовна

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu