Трајко Крало – с. Брник – предание од Мариово

Booking.com

Од битолското село Брник (Мариово) е познатиот војвода Трајко Кралов. Постои легенда дека фатил педесетмина Цигани кои го кодошеле на туркиот аскер, и ги фрлил во Црна Река.

Една силна Циганка го фатила и него, но бил посилен и одвај се спасил. Еднаш, пак, со својата чета која ја сочинуваа комити од Брник и околните села, во мариовското село Зовиќ (Битолско) го опколиле турски војници и полицајци во една куќа. Цел ден не можеле, да го покорат. Една баба му дала казма и ја дупнал куќата па така им побегнал пред очи на непријателите. Понатаму се говори како дошле во Брник триесетина гркомани и убиле 18 невини луѓе. На Кралов му ја убиле сета фамилија, a се спасила само жена му. За тоа војводата страшно им одмаздил на мнозина гркомани. Им внесол таков страв што не се осудувале долго време да нападнат на брничкиот простор.

 

Booking.com