TPЕНА – Лирска песна

Booking.com

Трено, мори, Трено,

Трено ацамијо,

ја излези Трено,

надвор до под тремот.

Ти да видиш, Трено мори,

кој клука на порте

ова ноќно време,

ноќе на полноќа.

Мале, мори, мајко,

едно лудо младо,

на мејана било,

пило се јопило.

Пило се јопило,

патот загрешило

на нашите порти дошло.

 

Извор: Книга – Народни Умотворби

Автор: Стале Попов

Booking.com