Откријте го Мариово

Тргнала Донка по друмо,
на друм ми најде меана,
в меана седе терѕиче.
-Терѕиче младо терѕиче,
да ми сошиеш елече,

без конци да го сошиеш,
без огон да го испеглаш!
-Слушај ти ваму Донке ле,
ти да ми месиш погача,
без сито брашно да сееш,
без вода да го замесиш,
без огон да ја испечеш!
-Терѕиче младо терѕиче,
низ прсти брашно ќе сејам,
со солзи ќе го замесам,
на гради ќе ја испечам.
 .
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Ристе Ристевски, роден 1903 година во с. Старавина. Беше оженет и живееше во с. Груниште; тогаш (1953) имаше 50 години.
Вид на песна: љубовна

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu