Три години, Димко, се лагавме,
четвртата, Димко, се видовме
таму долу, Димко, под селото,
под селото, Димко, кај чешмата;
малку време, Димко, постојавме,
од сабајле, Димко, до пладнина,
од пладнина, Димко, до вечера;
не видоа, Димко, комшиите,
как ќе кажам, Димко, как ќе лажам!
– Вака кажи, Кате, вака лажи:
јас бев, мамо мила, во градинче,
да си скинам, мамо, росно цвеќе,
ми се скина, мамо, колан ѓердан
дур да берам, мамо, сонце зајде!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач: БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Митре Петковски – Жиовецот, роден 1878 година во с. Жиово; работел, се оженил и живеел во с. Старавина, а покасно се преженил и живеел во с. Груниште. Во 1953 тој имаше 75 години.
Вид на песна: љубовна