Троскотот е едногодишно зељесто растение кое има цврст, тенок, вретенест и разгранет корен, има жилаво стебло членковито полегнато и долго до 60 см.
Лисјата се ситни, елиптични или лацентни и изострени. Цветовите се бели и ситни со мали дршки. Троскотот е плевел што расте насекаде во ниви, лозја и други места.
УПОТРЕБА:
За лек се користи надземниот дел и коренот, за смирување на болки во стомакот, против колити и дијареи, заболувања на уринарните органи, крварења од внатрешни органи, особено бели дробови, матка, хемороиди, воспаление на дишни органи, бронхит и кашлица. Надворешно, троскотот се користи за лекување на габични инфекции на кожата.
Преземено од книгата:
“Лековити растенија – Ваш чудесен лек”
Автор:Живко Најдовски
Лековити растенија и билки
Порачки на телефон +389 70-614-014 или +389 47-238-605
Email: najdovskizivko@yahoo.com