Турцка посестрима со коњи рашчешната – предание

Booking.com

Во старо време некој Турчин од Прилеп одел со некоја Маријовка од Вепрчани, ја држал како посестрима. Многу години ја држал; ќе биди некоји петнајесе години.

Таја невеста имала једно чупе малечко, и во тоа време чупето израснало големо. И тој Турчино, побратим на мајка ји, врлил мерак на чупето, оти било помладо и поубаво од мајка си. Једен ден рекол Турчино: „Посестримо, мори, ај да ми го прелажиш чупето, за да терам лубов со него, да ми биди посестрима; ќe ти дадам десет-петнајесе лири турцки”. И мајка се наватила, за да му го прелажи и подведи ќерка си. Ден по ден, секој ден мајка го кандисувала чупето за да му се предаји на Турчино, оти многу пари давал. Ами оно неќело, не го сакало.
Е, по тоа време, мајка му не можела да го кандиса чупето со добро, и му рекла на Турчино: „Побратиме, ќe ти го затворам; со сила вати го!” И она му го затворила во куќата. И Турчино го ватил со сила, за да му биди љубовница, да ја заљуби. Оно, чупето, се бранило многу време. А кога видело, да не може да се добрани од Турчино, и кога го насилил тој за да го бесчести, немало веќе како да куртули, оно го ватило Турчино за шулиња и го искилило. И тој Турчино од тоги паднал болен и, дур да си појди до градо, липцал.
Тој Турчино, што го умрело чупето, имал једен син. Тоги уште је бил помал. Кога порасна за некоја година, разбрал каква била работа и одошто умрел татко му. Отишол тамо во Вепрчане на село, за да тера тој љубов со тоа чупето. И чупето, к’о еснаф, му се заљубило со него. Одело со него некоје време како посестрима и станало трудно од него. И кога родило дете, го врлило некаде копилчето во лозје.
За тоа врлено копилче во лозје и за таја турцка копиљашка разбрале сељани, докажале на кмето, и он докажал на земскијо кмет. Вепрчани било под полчишкијо земски кмет. И тој наредил на селскијо кмет, да ја рашчешнат копиљашката, оти врлила детето во земја, и за тоа толчело град многу време во тоа место и по тије села. Кмето ја след’вал копиљашката: „Оти ‘вака, мори, напраји? Копилче нема закон; тоа го неќат, не го примат, ниту вода, ниту земја, оти је испогането. Да го врлиш во Црна Река, она 40 ќe се дига, талас голем ќe рипни и, ако си блиску, ќe те земи и тебе, и ќе те удави. И земјата, колко здраво да је закопано, дури не го откопа, не го остава; ќe се дигат облаци, дож ќe врни, град ќe толчи, земја ќe тргне место со вода и ќe го ископа копилчето. Ами, дури не го ископа, није ќe страдаме. , за тоа, што го напраји, ти; проклетнице, турцка посестримо, ќe те рашчешнаме!
И селскијо кмет ји собрал сете од селото, и стари и мали, и машко и женско, рашчешнување да гледат, ука да се учат. Нашле два коња, ји врзале на копиљашка по једна нога за секој коњ, избркале коњето, једен влево, једен вдесно, и ја рашчешнале на две парчиња. А друзите гледале, сете гледале, за да земат пример, да не прават и друзите така. Тоа било преди сто години, во дзадно земско време, тоги и до сега никој пат вeќe во Маријово!    

 

Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ
Штампарија Василија Димитријевића Скопје (1932)

 

Booking.com