Еден од симболите на Македонскиот непокор – Тврдината Пешта, се наоѓа на 52 километри од Битола, помеѓу селата Градешница и Старавина.
Тврдината Пешта е поврзана со приказната за Калеш Анѓа, мариовска девојка со челична волја спремна и по цена на својот живот да ја зачува својата вера и да не се предаде на прилепскиот кадија.
Поглед кон с. Старавина од Пешта
Поглед кон Градешка Река и село Градешница лево. Кликнете на фотографијата да ја зголемите
Поглед кон Пешта од с. Градешница
Поглед кон с. Старавина и голем дел од Мариово. Кликнете на фотографијата да ја зголемите
Калеш Анѓа била заробена на подмолен начин и нејзиното спасување од домот на кадијата, на некој начин претставува вовед во организирано востание против Отоманската империја или т.н. „Мариовска буна“(1564/65 г).
Калеш Анѓа – Масло на платно – автор Дејан Макриевски
Населението во Мариово и пружило голем отпор на Отоманската војска и во неколку наврати истата и ја совладале. Сепак обиколени од сите страни од далеку помногубројниот непријател, востаниците морале да се повлечат тврдината Пешта, лоцирана помеѓу селата Старавина и Градешница. Неможејќи на сила да ја освои тврдината, Отоманската војска се послужила со итрина и го лоцирала подземниот канал, низ кој што тврдината се снабдувала со вода. Дел од изжеднетите востаници се одлучиле на борба до смрт на портите на тврдината, а додека пак другиот дел заедно со жените и децата биле земени во заробеништво.
Постојат докази дека тврдината Пешта постоела уште од времето на античките македонски кралеви и за време на Римската империја во неа имало војска. По Мариовската буна таа ја изгубила својата оригинална намена и била оставена на забот на времето. Денес разрушена, во голема мера и поради бомбардирањето во текот на Првата светска војна, таа останува како нем сведок за бурното минато на овие простори.
Како до Тврдината Пешта
Патот до село Градешница е релативно добар (40 километри асфалт и 12 км макадам ) и при влезот во селото, веднаш после мостот а пред селските гробишта, има макадамски пат кој води до тврдината. Доколку сте со лесна кола, препорачливо е истата да ја оставите пред селските гробишта, и да продолжите пеш, тврдината се наоѓа на околу 15 минути.
The site of Peshta dates from the time of ancient Macedonian kings (4th century BC) and is located between villages of Staravina and Gradeshnica. Standing in the center of Staravina, one can notice the outlines of a fortress on the horizon. There also used to be a town in the vicinity, which the villagers consider to be the birthplace of King Philip because historical dates claim that he descended from the mountains and built Pela. The closest mountain to the north-west of Pela is exactly this one in Mariovo.
Booking.com