Кинисаа Маријовците на пазар. Ојдоа, појдоа. Најдоа на пато една лубеница. „Шчо ќe да биде, шчо ќe не биде овоа?”
Никој не знајеше, и си рекле: „Ајде, да го занесеме кај Итер Пејо, тој ќe знаје, шчо ќe да биде, шчо ќe не биде овоа?” И го однесоа. А Итер Пејо го гледал, гледал, и му кажа на Маријовците: „Видете го, да неје од камила јајце?”И Маријовците го гледаа, гледаа. И Пејо му кажа: „Земете го камилското јајце и квачете го — ќe ни излезе од него камилче!”
Сетне го зедоа и ќe го квачат Маријовци камилско јајце: секој ден еден по еден човек ќe се редат. И со ред, еден по еден, го квачиле, квачиле. Ами, кај шчо збрдно место беше, некој ден кога дојде, се истркала лубеница од тој Маријовец шчо дојде на ведењето, да ја кваче, и од тоа место низ рид падна во трњето. Тогај рипна еден зајак од трњето. Трчаа сите Маријовци, Итер Пејо најнапред: „А, бре, трчете брго, да го ватеме камилчето, тоа се исквачило, ќe ни избега!”
Сетне трчале, трчале, сите Маријовци, Итер Пејо напред, да го встасат камилчето. Ами, кај шчо пештери, дупки, тоа место имало, се пикнал тој зајак во една дупка мечкина. Стасале Маријовците и се прашале: „Кој ќe да влези, кој ќe да не влези внатре?” А Итер Пејо, к’о најитер, кажвал: „Јаз ќe влезам! Застанете туа, да си земам една ортома од куќа ми”.
И си отиде Итер Пејо дома и ји кажа на домаќинка си: „Жено, ајде, брго, најди ја ортомата!” — „Зошто ти је?” — „Најдоме едно камилско јајце и го квачиме со ред, еден по еден; кога го исквачиме, тоа ни се сега отркало на ведењето, оти збрдно место беше, и ни падна во едно трње, а од трњето ни избега камилчето во пољето; там’ си најде една дупка мечкина и се пикна во неја! Сега барај орто мата, да го извајеме камилчето!” И таа му кажа тогај: „Мажу, ќe го вјанеме камилчето и ќe ојиме кај татка ми на гости”. A тој ји кажа на жена си: „А, мори, будало, да го прекршиш камилчето! Уште је малечко!” Зеде еден стап и ја удри десетина пати. Тогај зеде ортомата и отиде кај дупката, да си го извади камилчето.
Кога дојде кај дупката мечкина, му кажува Итер Пејо на другарите: „Врзете ме со ортомата нагоре; ко’ ќe ја нишам јаз, тогај вије да тргате надзад”. И влегол внатре 40 со ортомата, да го извади камилчето. Ама ‘натре, во дупката, имало мечките, и му скинале на Итер Пејо главата. Ко’ му ја скинале главата мечките, ортомата се тресла. Маријовците тогај тргале ортомата надзад; го извадиле од дупката надвор и кога пулеа: Пејо без глава! Се прашва: „Али имаше ли Пејо глава, али немаше ли?” И никој човек Маријовец на знајеше: имаше ли Пејо глава, немаше ли?
Најсетне се согласија Маријовците: „Ајде, ќe ја прашаме Пејовица; таја ќe знаје!” Ојдоа, појдоа. Дојдоа сите кај Пејовица дома ји и ја прашаа: „Е-е-еј, Пејовице мори! Али имаше ли Пејо главица, али немаше! Таја се думала, думала, и му кажа на Маријовците: „Ама, куј го знаје, бpaќo, имаше ли Пејо глава, немаше ли? Толку си знајм арно: когај си одеше Пејо на пазар во градо, тогај си ку-пуваше од година на година по една валавка! Ама, имаше ли Пејо глава, немаше ли — не го знајм!”
Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ
Штампарија Василија Димитријевића Скопје (1932)