Откријте го Мариово

Јучи ме, мајко мори, карај ме,
Како да лажам Бојано? —
Јучам те, синко море, карам те,
Како да лажиш Бојано:
Наврти Стамбол, синко, чаршија,
Јоткупи дзевгар волови;
Јоткупи дзевгар, синко, волови,

Изорај рамни дворови;
Извади вода, синко, студена,
Направи чешма шарена;
Направи чешма, синко, шарена,
Насади цвеќе секакво;
Насади цвеќе, синко, секакво,
Белки ќe дојди Бојано!? —

Сите дојдоа, мајко, појдоа,
Бела Бојано не дојде!
Јучи ме, мајко мори, карај ме,
Како да лажам Бојано? —

Јучам те, синко море, карам те,
Како да лажиш Бојано:
Стори се јумрен, синко, јоднало,
Белки ќe дојди Бојано;
Белки ќe дојди, синко, Бојано,
Свеќичка да ти запали;
Свеќичка да ти, синко, запали,
Водичка да си залеје;
Водичка да си, синко, залеје,
Кифчица да си набере?!

Извадок од:
Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ
Штампарија Василија Димитријевића Скопје (1932)

 

{youtube}X0JmORka3M{/youtube}

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu