Откријте го Мариово

Учиме мајко карај ме
как да ја земам Бојана?
-Учам те синко карам те,
купи си ѕевгар волови,

изорај рамни дворови,
направи си нова бавча,
насади си убај киски,
сите девојки ќе дојдат
убај киски да наберат,
белки ќе дојде Бојана!
Си купи ѕевгар волови,
си изора рамни дворје,
си направи нова бавча,
си посади убај киски,
сите девојки дојдоа
бела Бојана не дојде.
-Учи ме мајко карај ме,
как да ја лажам Бојана?
-Учам те синко карам те,
направи чешма сред село,
сите девојки ќе дојдат,
 белки ќе дојде Бојана!
Направи чешма сред село,
сите девојки дојдоа
за вода да си залеат,
само Бојана не дојде.
-Учи ме мајко карај ме,
как да ја лажам Бојана?
-Учам те синко карам те,
стори се синко умрено,
сите девојки ќе дојдат
за свеќа да ти запалат,
белки Бојана ќе дојде!
Што ми се стори умрено,
сите девојки дојдоа
и свеќа му запалија.
Дојде и бела Бојана
за свеќа да му запали.
-Стани си синко, стани си,
еве ја бела Бојана.

Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Митре Петковски – Жиовецот, роден 1878 година во с. Жиово; работел, се оженил и живеел во с. Старавина, а покасно се преженил и живеел во с. Груниште. Во 1953 тој имаше 75 години.
Вид на песна: љубовна

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu