Вербената е едногодишно или повеќегодишно растение, високо од 30 до 80 см. со разгрането стебло.
Лисјата се триделни и назабени, а на врвот се цели. Цветовите се ситни и собрани во ретки соцветија, беличесто-виолетови.
Расте во влажни и напуштени места, во ниви, покрај патишта.
УПОТРЕБА:
За лек се употребува надземниот дел.
Вербената има широк спектар на лековити својства и затоа се користи за лекување на многу болести. Благопријатно делува кај заболени бубрези и мочен меур, отоци предизвикани од заболено срце и црн дроб.
Се употебува при настинка и температура, предизвикува потење, добра е за жолчката и црниот дроб.
Вербената е многу популарен лек за јакнење на организмот при изнемоштениот и физичка исцрпеност, како и психичка напнатост, и
слаб сон.
Надворешно, вербената се употребува за лекување на рани, при изгореници и кожни болести.
Преземено од книгата:
“Лековити растенија – Ваш чудесен лек”
Автор:Живко Најдовски
Лековити растенија и билки
Порачки на телефон +389 70-614-014 или +389 47-238-605
Email: najdovskizivko@yahoo.com