Вилиното сито е повеќегодишно растение со голема розета.
Лисјата се долги до 20 см, перјесто засечени и со многу боцки. стебло нема, а на средината на розетата се развива соцветије, цветна главица со беличеста боја, а коренот е долг и дебел 2 до 3 см.
Вилиното сито расте на суви, каменести и сончеви места, а за лек се користи коренот.
УПОТРЕБА:
Вилиното сито се употребува како лек против воспаленија на уринарните органи, за исфрлање на песок од нив, за зголемување на мокрењето и елиминирање на мочната киселина. Исто така и за гихт, отоци, асцит, за потење и намалување на температурата при грип и настинка како и против висок шеќер.
Преземено од книгата:
“Лековити растенија – Ваш чудесен лек”
Автор:Живко Најдовски
Лековити растенија и билки
Порачки на телефон +389 70-614-014 или +389 47-238-605
Email: najdovskizivko@yahoo.com