Високо лета сив сокол,
широко шире криљата,
ми ја догледа девојка:
-Девојко мори убава,
дал ми довеза крпите?
-Дејгиди лудо и младо,
дал ми направи прстено?
-Девојко мори девојко,
девет дуќани обиду,
нигде куменџи не најду
прстено да ти направа!
-Дејгиди лудо и младо,
девет градови обиду свита,
коприна не најду
крпите да ти довеза!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач: БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Менка Таневска, родена 1907 година во с. Брник, а омажена во с. Долно Ореово Битолско; кога ги запишував песните (1959) Менка имаше 52 години.
Вид на песна: љубовна