Витолиште (Vitoliste) село во Прилепско Мариово

Booking.com

Витолиште се наоѓа во југоисточниот дел на истоимената општина, односно во прилепскиот дел на областа Мариово, чиј атар се издига на планината Козјак, каде што се допира со територијата на Општината Конопиште.

Населбата претставува рурален центар. Селото може да се смета како ридско, на надморска височина од 830 метри. Од градот Прилеп населбата е оддалечена 46 км, но во поново време до оваа населба е изграден асфалтен пат. Витолиште има мошне голем атар, којшто зафаќа простор од 63,3 км2, и на него сите три вида аграрни структури, заземаат големи површини. Така, обработливото земјиште зазема површина од 1.424 ха, на шумите отпаѓаат 1.428 ха, а на пасиштата дури 3.132 ха. Селото, во однос на земјоделството, има мешовита функција. Во него работи осумгодишно училиште, има амбуланта, пошта, продавница и споменик за НОБ.

Селска слава:  Св. Атанасиј Велики (31 Јануари – зимен)

vitoliste_pano_590

Панорама (Отвори цел екран)

 

ППотекло на името Витолиште 1

Стале Попов во својот роман „Крпен живот” за потеклото на името Витолиште пишува: :,Легендата кажува дека многу одамна, а кога – не се знае, живееле долу крај реката Црна во селиштето Разлог тројца браќа: Раде, Гале и Вите. Се разбира, тие тогаш се занимавале со сточарство, лов, пчеларство и помалку со земјоделие.
Кога виделе дека земјата им се поиспостила, а тревата речиси секоја година горела од жешкото сонце, тие намислиле да побараат погодни места, кои во тоа време ги имало во изобилност. На оваа мисла ги навеле и нивните коњи, кои бегајќи од низината крај Црна, летно време накачувале горе кај Зелка, Гурѓишча, Перун и Трибор, барајќи сочна трева.
Прибирајќи ги есено време коњите, Вите видел убави ораници со богата паша, па една есен си направил нешто маќенец – колипка во полите на овие високи планини, презимувал, а пролетта си ги дотерал и овците и говетцата.
Така Вите се заселил во оваа котловинка и ги удрил темелите на сегашното Витолишча; по неговото име го добила името и самата населба”
 
Потекло на името Витолиште 2
Во однос на историјатот на село Витолиште постои предание според кое неговото основање претрпело неколку преместувања, а местото каде што е тоа денес расположено, во почетокот – до населувањето, преставувало една месност обрасната со борови дрвја на којашто се простирале богати пасишта.
Двајца браќа, живеејќи во некое далечно село, дошло време да се разделат според обичајот. Откако си го поделиле рамноправно сиот имот, наследен од татко им, помалиот го напуштил брата си и се населил во месноста Опстраница, бидејќи тука нашол неопходни услови за одгледување на овци, коњи и говеда со што предимно се занимавал. Набргу потоа си изградил куќа и колиба. He поминало многу време од неговото населување кога, на свое големо чудење, забележал првин случајно, а потем се почесто, како коњите му бегаат и само по долги трагања успевал да ги пронајде во месноста на денешното село Витолишта. Немало каде, најпосле тој ги прифатил советите на брата си, кој исто така се населил во близина и со кого се допрашал претходно, да се премести од тука и заедно со семејството и добитокот да се насели на она место каде што му бегале коњите. Така тој ја поставил основата на денешното село Витолиште.
Подоцна тука на привремен престој дошол и брат му, којшто со себе довел и други семејства, и на таков начин новото селце почнало да се зголемува. Постариот брат, како и сите новодојдени селани, макар што тука се преселиле целосно, продолжиле да комуницираат со своето бившо село. Но така не било засекогаш. Кога новото село пораснало уште повеќе благодарение на новите дошлаци, кога кај последните се развил пожив стопански интерес, кога – со други зборови – нивните имоти почнале да се зголемуваат, како резултат на што се појавиле завист, омраза и соперништво, посмелите од нив решиле да го убијат постариот брат којшто, со постојаното селење ту во едното ту во другото село, станувал причина за ширење на гласот дека селото Витолиште поседува погодно место за населување.
Неговото убиство било знак за прекин на секакви врски меѓу двете братски села. Оттогаш селото Витолиште почнало да се развива самостојно и да се смета веќе за стопан на местата чиишто граници биле одредени токму со извршеното убиство.
Го нарекле Витолиште веројатно од зборот „витост” што според селскиот жаргон ја означувал подмолната постапка која била извршена спрема братот на основачот на селото. Непријателските односи меѓу двете села продолжувале и подоцна.
 

 

Потекло на името Витолиште

Стале Попов во својот роман „Крпен живот” за потеклото на името Витолиште пишува: :

,Легендата кажува дека многу одамна, а кога – не се знае, живееле долу крај реката Црна во селиштето Разлог тројца браќа: Раде, Гале и Вите. Се разбира, тие тогаш се занимавале со сточарство, лов, пчеларство и помалку со земјоделие. Кога виделе дека земјата им се поиспостила, а тревата речиси секоја година горела од жешкото сонце, тие намислиле да побараат погодни места, кои во тоа време ги имало во изобилност.

На оваа мисла ги навеле и нивните коњи, кои бегајќи од низината крај Црна, летно време накачувале горе кај Зелка, Гурѓишча, Перун и Трибор, барајќи сочна трева. Прибирајќи ги есено време коњите, Вите видел убави ораници со богата паша, па една есен си направил нешто маќенец – колипка во полите на овие високи планини, презимувал, а пролетта си ги дотерал и овците и говетцата. 

Така Вите се заселил во оваа котловинка и ги удрил темелите на сегашното Витолишча; по неговото име го добила името и самата населба” 

 

друга верзија за Потекло на името Витолиште

Во однос на историјатот на село Витолиште постои предание според кое неговото основање претрпело неколку преместувања, а местото каде што е тоа денес расположено, во почетокот – до населувањето, преставувало една месност обрасната со борови дрвја на којашто се простирале богати пасишта.

Двајца браќа, живеејќи во некое далечно село, дошло време да се разделат според обичајот. Откако си го поделиле рамноправно сиот имот, наследен од татко им, помалиот го напуштил брата си и се населил во месноста Опстраница, бидејќи тука нашол неопходни услови за одгледување на овци, коњи и говеда со што предимно се занимавал. Набргу потоа си изградил куќа и колиба.

He поминало многу време од неговото населување кога, на свое големо чудење, забележал првин случајно, а потем се почесто, како коњите му бегаат и само по долги трагања успевал да ги пронајде во месноста на денешното село Витолишта. Немало каде, најпосле тој ги прифатил советите на брата си, кој исто така се населил во близина и со кого се допрашал претходно, да се премести од тука и заедно со семејството и добитокот да се насели на она место каде што му бегале коњите. Така тој ја поставил основата на денешното село Витолиште.

Подоцна тука на привремен престој дошол и брат му, којшто со себе довел и други семејства, и на таков начин новото селце почнало да се зголемува. Постариот брат, како и сите новодојдени селани, макар што тука се преселиле целосно, продолжиле да комуницираат со своето бившо село. Но така не било засекогаш. Кога новото село пораснало уште повеќе благодарение на новите дошлаци, кога кај последните се развил пожив стопански интерес, кога – со други зборови – нивните имоти почнале да се зголемуваат, како резултат на што се појавиле завист, омраза и соперништво, посмелите од нив решиле да го убијат постариот брат којшто, со постојаното селење ту во едното ту во другото село, станувал причина за ширење на гласот дека селото Витолиште поседува погодно место за населување. 

Неговото убиство било знак за прекин на секакви врски меѓу двете братски села. Оттогаш селото Витолиште почнало да се развива самостојно и да се смета веќе за стопан на местата чиишто граници биле одредени токму со извршеното убиство.

Го нарекле Витолиште веројатно од зборот „витост” што според селскиот жаргон ја означувал подмолната постапка која била извршена спрема братот на основачот на селото. Непријателските односи меѓу двете села продолжувале и подоцна.

 vitoliste-mariovo 1

vitoliste-mariovo 2

vitoliste-mariovo 3

vitoliste-mariovo 4

vitoliste-mariovo 5

  

Број на жители по години:

СТАТИСТИЧКИ   ПОДАТОЦИ за Мариовската нахија во

Име на селото

Витолишта

Дефтер бр. 4 од 1476/77

Хане

80

Неженети

10

Вдовици

10

Годиш. приход

4663

Дефтер бр. 16 од 1481/82

Хане

112

Неженети

 

Вдовици

 

Годиш. приход

6877

Дефтер бр. 73 од 1519

Хане

188

Неженети

27

Вдовици

8

Годиш. приход

9143

Дефтер бр. 149 од 1528/29

Хане

204

Неженети

20

Вдовици

5

Годиш. приход

11459

Дефтер бр.232 од 1544/45

Хане

55**

Неженети!

5

Вдовици

 

Годиш. приход

5124

 

 

Вкупно

Македонци

Албанци

Турци

Роми

Власи

Срби

Бошњаци

Останати

Витолиште (-) 1948

1 091

..

..

..

..

..

..

..

..

Витолиште (Витолиште) 1953

1 343

1 328

1

5

1

0

4

..

4

Витолиште (Мариово) 1961

1 291

1 286

1

0

..

..

2

..

2

Витолиште (Прилеп) 1971

1 110

1 107

0

0

0

..

2

..

1

Витолиште (Прилеп) 1981

664

649

0

0

0

0

4

..

11

Витолиште (Прилеп) 1991

377

373

0

0

0

0

3

..

1

Витолиште (Прилеп) 1994

290

289

0

0

0

0

1

0

0

Витолиште (Витолиште) 2002

170

167

0

0

0

0

2

0

1

Фуснота: 
Извор: Државен завод за статистика

 

Литература:

1. „ЕНЦИКЛОПЕДИЈА НА СЕЛАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“  ГЕОГРАФСКИ, ДЕМОГРАФСКИ, И АГРАРНИ ОБЕЛЕЖЈА
АВТОР: МИТКО ПАНОВ,  Скопје, 1998

2. „Крпен Живот“ Стале Попов

 

 

Booking.com