Водопад во близина на село Брник

Booking.com

Во непосредна близина на Црна Река, на околу 30 мин. пешачење од Рапешкиот Мост, на чистата и незагадена Брничка Река, се наоѓа
Брничкиот Водопад.

Живописната долина го надополнува пејзажот со водопадот кој претставува реткост во овие краишта, во кој водата слободно паѓа од 18 метри височина. Целокупниот амбиент на мир и спокојство го надополнува романтичното доживување при престојот на ова место.
Водопадот е доста оддалечен од с. Брник и од сите околни патишта, теренот не е обележан, па така се препорачува негова посета само во
присуство на водич.

 vodopad_brnik

Booking.com