Откријте го Мариово

Врне грме в планината,
кај младите јаловари.
-Нека грме, Недо ќерко,
што те гајле тебе јаде,

ништо рода таму немаш,
нити брата, ни братучед,
ниту стрико, ниту вујко.
-Гајле ми е, мила мамо,
нема мале што да правам,
таму ми е мојто либе,
мојто либе млади Стојан,
ни со гуња, ни со сакма.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Неда Здравевска, родена 1910 година во с. Будимирци, а омажена во с. Груниште; во 1953 година имаше 43 години.
Вид на песна: овчарска

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu