Откријте го Мариово

Заблејало силно стадо
среде трло овчарово:
– Ај пушти ме, млад Стојане,
по рудини по голини!

Стојан пушти силно стадо
по рудини по планини.
-Дури Стојан не с’ожени,
трева пасев детелина,
вода пиев од извори,
а пладнував под буките.
Од ко се Стојан ожени
ме наврте по полето,
трева пасам по угари,
вода пијам од барите,
а пладнувам под стреите.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Менка Марчевска, родена 1912 година во с. Будимирци, омажена во с. Петалино а премажена во с. Груниште; тогаш (1953) таа имаше 41 година.
Вид на песна: овчарска

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu