ЗАЈАЧКИ ТРН – ONONIS SPINOSA (ГРМОТРН)

Booking.com

Зајачкиот трн е повеќегодишно растение, ниска грмушка со вретенест и голем корен, има исправено стебло со боцки.

Лисјата му се елиптични и на врвовите назабени. Цветовите имаат црвена или розова боја и се наоѓаат на врвовите на гранчињата.
Зајачкиот трн расте на суви места како плевел, во ливади, ниви, меѓи и покрај патишта.

 

УПОТРЕБА:
За лек се употребува надземниот дел и коренот.

zajacki-trn
Зајачкиот трн, во народната медицина се употребува за лекување на бубрезите и мочните патишта, за исфрлање на камен и песок од нив, бидејќи има диуретично дејство, се употребува и за лекување на отоци и асцит како последица на заболени бубрези, срце и црн дроб.
Исто така, зајачкиот трн ја исфрла мочната киселина од крвта, така што е погоден за лекување на ревматизам и гихт.
Надворешно Зајачкиот трн се користи за лекување на крастави рани, против грчеви, за масажа и слично.

 

Преземено од книгата:
“Лековити растенија – Ваш чудесен лек”
Автор:Живко Најдовски

Лековити растенија и билки
Порачки на телефон +389 70-614-014 или +389 47-238-605
Email: najdovskizivko@yahoo.com

lekoviti-rastenija-kniga

Booking.com