Откријте го Мариово

Жалајте не мајки
и млади невести,
та што не пуштивте
многу надалеку,
многу надалеку,

преку сињо море,
преку сињо море,
преку пет држави,
преку пет држави
пуста Америка,
пуста Америка
многу прославена,
многу прославена
и со многу пари;
Фабриките свират
како лути змии,
а пак машините
како касапници!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Митре Петковски – Жиовецот, роден 1878 година во с. Жиово; работел, се оженил и живеел во с. Старавина, а покасно се преженил и живеел во с. Груниште. Во 1953 тој имаше 75 години.
Вид на песна: печалбарска

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu