Откријте го Мариово

Запеал ми сиви сокол
на врв висока планина,
на ајдушката рудина:
– Чуеш ли цару, чуеш ли,
Турци ти раја пленија
носеле ми ја носеле,

околу колу земјата,
токму до девет години;
украле ми го украле,
на царицата коланот
со девет реда алтани.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Неда Здравевска, родена 1910 година во с. Будимирци, а омажена во с. Груниште; во 1953 година имаше 43 години.
Вид на песна: пролетна (извикана)

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu