Откријте го Мариово

Заплакало силно стадо:
-Леле, леле, млад овчаре,
што ти текна да се жениш
среде зима коложега,
кому мене ме оставаш?

-Те оставам, мило стадо,
те оставам на брата ми,
да те рани, да те крми,
да те пои ладна вода.
Стадо вели ем говори:
-He ме рани како тебе,
не ме пои како тебе,
не ме крми како тебе!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Неда Здравевска, родена 1910 година во с. Будимирци, а омажена во с. Груниште; во 1953 година имаше 43 години.
Вид на песна: овчарска

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu