ЗДРАВЕЦ – ERODIUM CICUTARIUM, GERANIUM MACRORRHIZUM

Booking.com

Здравецот е едногодишна или двегодишна билка, со разгрането стебло, обраснато со влакненца, високо до 60 см. и има долг корен.

Лисјата му се долги и перјесто изделени и благо назабени. Цветовите имаат виолетова боја, со кратки цветни дршки. Здравецот цвета од април до септември.
Расте на влажни и суви места, во шуми, а може да се сади и во дворовите.

zdravec

 

УПОТРЕБА:
Се употребува надземниот дел на билката, заедно со коренот.
Здравецот се користи против крварења од внатрешни органи, од матката и хемороиди. Потоа може да се користи при болки во стомакот и цревата. Против шеќерна болест, заболени уринарни органи, бубрези и мочни патишта. како и против отоци, болни очи, за испирање на уста, инфекција на бешика, тестиси, матка и вагинален секрет, ХПВ вирус. Исто така, здравецот се користи и за јакнење на организмот и против сите видови на рак. Може да се користи и против воспаленија на кожата и кожни болести.

 

Преземено од книгата:
“Лековити растенија – Ваш чудесен лек”
Автор:Живко Најдовски

Лековити растенија и билки
Порачки на телефон +389 70-614-014 или +389 47-238-605
Email: najdovskizivko@yahoo.com

lekoviti-rastenija-kniga

Booking.com