Откријте го Мариово

Земала Јана, земала,
Стотина кара-грошеви
и уште толку влорини;
Јана ги зема на шала,

Турчин за шала не знае.
Јана си мете дворови,
Турчин си бере сватови:
– Врлај си, Јано, метлата,
земај си, Јано, ножици,
пресечи си ги косите,
ќе бидеш турска кадана,
турски санови ќе миеш
и турски деца ќе гледаш!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Неда Здравевска, родена 1910 година во с. Будимирци, а омажена во с. Груниште; во 1953 година имаше 43 години.
Вид на песна: семејна

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu