Откријте го Мариово

Земи ме, моме,
Господ  да те земи!
Јаз имам, моме,
Голема сермија:
Шикла сокница
Полнаја пченица!
И јаз ќe јадам,
И село ќe дадам,
Па се надевам
Свадба да правам!

 

Земи ме, моме,
Реката те зела!
Јаз имам, моме,
Голема сермија:
Од глушче меше
Селското сирење!
И јаз ќe јадам,
И село ќe дадам,
Па се надевам
Свадба да правам!

Земи ме, моме,
Господ да те земи!
Јаз имам, моме,
Kуќa, покуќнина;
Јаз имам, моме,
Секаква посатка:
Кога да видиш —
Co прат да заманиш!
Па се надевам
Свадба да правам!

Земи ме, моме,
Реката те зела!
Јаз имам, моме,
Голема сермија:
Маќинско брашно
Шлупка орејова!
И јаз ќe јадам,
И село ќе дадам,
Па се надевам
Свадба да правам!

Земи ме, моме,
Господ да те земи!
 Јаз имам, моме,
Трло до трло:
Кога да видиш —
Едното дрсливо!
И јаз ќe јадам,
И село ќe дадам,
И пак се надевам
Домазлак да имам,
И пак се надевам
Свадба да правам!

Извадок од:
Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ
Штампарија Василија Димитријевића Скопје (1932)

{youtube}viddqoxRpDQ{/youtube}

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu