Откријте го Мариово

Жени ме, мајко мори, ‘ваја година,
Ај, ваја година, голема гладија!—
He можам, сине, море синко, не можам,
Ај, ‘ваја година, голема гладија,

Голема гладија — голема скапија:
Кутело жито, синко, кутело пари,
Ведрото вино — сто и двајесе гроша!
Моли Бога, синко море, да молиме:
Да заврнат, сине, присатски дождеви,
Да дотечат, синко, реки суводолки,
Да донесат, сине, моми Тиквешанки!
Моми Тиквешанки — сете тутунарки!
Сете тутунарки — со меки вустанки!
Пуста Тиквешија — пуста голотија!

Извадок од:
Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ
Штампарија Василија Димитријевића Скопје (1932)

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu