Змео и стија во Височко Езеро – предание

Booking.com

Во нашето место, во Маријово, старците прикажуват, оти на Висока имало некој пат езеро. Во Височко Езеро живејал змео; се капил во него.

Тој змео бил од Пелистер, од кај Битоља; за тоа на песна се пеје: Змејче Пелистерче. Једен ден ја бендисал змео бела Неда, нашето момиче од Маријово, и на трите години ја зел на Велигден од стредсело, и ја занесол Височко Езеро. Тамо живејале три години. Мајка ји дознала, оти је тамо, и о’шла да ја види ќерка си. Он дошол једен ден змео и ја убил бела Неда, зошто дошла мајка ји. Ја убил невеста си и веднага се вознесол во Пелистерско Езеро. Од тоа време Височко Езеро је затнато. Го затпале оној народ к’ој што живејал во онија времиња. Требе да је било во илимско време, оти тија се биле Илимите. Натрупале во езеро дебели дрвја, на-врлале трње и камење и мраморни плочи, и го затнале, да не мож’ змео да му дојди и да се капи. И сега има знак од дрвја натрупани, уште да несе скапани.
Затнато езеро станало вир. Не истичало; само врти водата, а на друго место истечува. Добиток се давил вов тој вир. Једно време народо во Маријово пострадал за вода. Тоа је било преди триста години. Собрале се Маријовци, да го пуштат езерото. Туа имало и једен Турчин, бил пољак на тије села од кај Висока. Народо подигнале једен мраморен камен, и Турчино видел једин голем дзвер, се подјавил од затнато езеро. Тој воден дзвер било стија, со дванајесе глави и со четири нози, со сиви косми и со коњски очи. И викнал тој Турчин: „Пуштете ја плочата, бре, да не излези дзвер!” И народо ја пуштил плочата, прснале и избегале, сите, доједен. И од тоа време тако останало. И никој нема да удира во затнато Височко Езеро. Оти во езеро не мож’ без змеови и без стији да биди. Таја приказна прикажуват старците по темнина ваистина да је било така!
Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ
Штампарија Василија Димитријевића Скопје (1932)

Booking.com