Некогаш во старо време на верски празник, Водици кога играле девоите на сретсело во селото Крапа, Порече, дувнале некој ветрој големи и ja кренале една девона во воздух и змево ja однесол во една пештера.
Си ja зел девојката за да му биде жена. Оваа пештера и денеска постои. Девоната се викала Калина. Калина стоела во пештерата три години. Таа со змевот имала машко дете. Детето било со кршца на рамениците. Некое време отишол некој овчар тамо. Кога видел овчаров, жена седи со дете мало и женава му извикала:
– Чекај бре, да ти кажам. Еве jac сум три години овде и многу ми е добро, но што не можам да се видам со моја роднина, тоа жалам. Овде живеј еден змев, голема сила има. Се што ќе види, се јади. Toj лета по небо и ja бара ламјата да е отепа. Таа ламја го пиела енот берикет од житото. Taja се претварала како стара баба, а пак тој ja бркал и ja тепал со pовja. Кога грми, змево трча по неа и ja тепа ламјата.
Денеска ние луѓето кога ќе грми и врне бардето треба да го остајме, оти Taja ce крија во бардето од кое пиеме вода на работа или пак кога леб носиме треба да го оставиме понастрана за да не влези ламјата. Змевот и кажувал на Калина кaj се криела ламјата: „Морам со poвја да отепам и човекот што се најдува тука!”
Калина на овчаров му рекла:
– Maјка без друго да дојди овдека за да се видиме! Овчаров кога се вратил во селото Крапа и кажал на мaјка е на Калина. Мaјка е дошла кaj пештерава и се видела.
Се и кажала Калина на мaјка е, како е змевот. Мaјката и рекла:
– Мори, ќерко, ајде прашај го тој змев, али има смрт за него и одошто можи да умри тој?
– Maјко, jac со змевот убо си живеам. Утре ќе го прашам и ќе ти кажам.
По некој ден дошла мајка е и ja праша ќерка си Калина:
– Што стана?
Калина на змевот му рекла:
– Бре, мажу, еве живееме три години, а пак не сум те прашала одошто имаш смрт ти?
Змевот се насмевнал:
– Бре, жено, што те натера да ме прашаш?
– Ете, жена сум ти, да знам.
– Ете, ќе ти кажам: мене ми е смртта близу, само што слабо можи да се најди овде, само кај коблите што јада сол. Околу една торба да ми тури некој во оние кобли што појам вода и jac ќе си дојдам умрен и така ќе легнам и одма умирам!
По некој ден Мајка e на Калина пак дошла. Калина и кажа оти змевот можи да умри само од сол ако се тури во коблите. Мајка e на Калина донесла една торба сол. Калина турила сол во коблите. Вечерта ко се вратил змево, веднаш отишол кaj коблите за да пије вода. Се напил од водата и веднаш сетил. Тогаш змевот само проколнал:
– Зошто ме зеде на душа, бре, камен да се сториме сите: jac, ти и детето!
Kaj пештерата има да видиш: жена со боски, дете и змево и коблите. Коблите стојат . Има два кобли. Тие се длабоки педесет сантиметри, широки педесет сантиметри. Обата се полни со вода. Водата ниту прелива, ниту се празни. Послано се полни. Црпи со канта, пак тие се полни со вода. Се верува дека вистина било со Калина, змевот и детето.
ИНСТИТУТ ЗА ФОЛКЛОР „МАРКО ЦЕПЕНКОВ” – СКОПЈЕ
МАКЕДОНСКО НАРОДНО ТВОРЕШТВО
НАРОДНИ ПРЕДАНИЈА
КНИГА 1
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПРЕДАНИЈА
Подготвил
ТАНАС ВРАЖИНОВСКИ
СКОПЈЕ – 1986
Booking.com