Жнала Јова, жнала,
на врв на планина,
на Голема Нива,
на бела пченица,
со помали девер.
До пладнина жнала,
жнала ем пеала;
од пладнина жнала,
жнала ем плакала.
-Јово мила снао,
што убаво жниеш,
што убаво пееш
уште да си моја!
-Братче мило брате,
јас лели сум ваша,
во вашата куќа,
за твоето братче!
-Јово мила снао,
мое само мое
што се вели мое
на една постела,
на една перница,
на рака десница.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач: БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Доста Волчева, родена во с. Груниште, тука и омажена; тогаш (1953) имаше 65 години.
Вид на песна: аргатска