Откријте го Мариово
ЗОШТО МАЈМУН HE ИГРА ВО ПРИЛЕП – лаги, смешки, хумор од Мариово

Некогаш, во минатите времиња, во Прилеп дошол еден човек. Co него носел еден мајмун, регистриран, извежбан за изведување разни трикови.

Човекот шетал низ улиците низ Прилеп, а неговиот мајмун ги изведувал повеќе вештини, а и качување и седење на еден стап. Собрани прилепчани го гледаат мајмуно и му фрлаат семки, ореви, лешници, за јадење.

majmun-prilep
Некој прилепски мајтабџи дупнале еден лешник, го испразниле, внатре пикнале една oca и почнале на мајмуно да му фрла лешници и да викат:
– Мајмуне, ајде касни го, односно, скрши го и овој лешник!
Поред останатите лешници, прилепските мајтабџи му го фрлиле и лешнико со осата, мајмуно го дочекал в уста фрлениот лешник, го скршил и осата што била внатре во лешнико го каснала мајмуно за јазико. Мајмуно престанал да игра.
По извесно време, откако му оздравела устата на мајмуно, стопано, не знаеќи дали осата случајно или намерно била ставена во лешнико, поново дошол во Прилеп да го забавува прилепскиот народ.
Почнал мајмуно со неговите вештини, рипни овде, рипни онде, гледачите наплаќат и се смеат. Некој побарале мајмуно да се качи на стапо што го држи стопано, мајмуно го сторил това, додека некој прилепски мајтапчи донесле свој стап, на едниот крај од стапо закачиле една теловна боцка, го поканиле мајмунот да се качи. Мајмуно, незнаеќи што го чека, дека ќе биди преварен, рипнал, се качил на стапо, седнал и тело, боцката, си ‘е набодил во заднико. Почнало крв да течи, го молеле, пак, да се качи и се одбивал од тој случај. Покасно повеќе пати доваѓал во Прилеп и никогаш повеќе не се качувал на стап.
Сите велат мајмун во Прилеп не играл затова што немало кој стапо на мајмуно да му го држи, додека, пак, мајмуно велел обратно:
– Јас не сакам мајмуни стапот да ми го држат, сакам прилепчани. Прилепчани нема и затова не играм. На мајмуни не сакам циркус да му кажувам, слези-качи се на стап.

 

Извадок од книгата:
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПРИКАЗНИ
Томе Вељановски

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu