Етно куќа „Кај Мостот“ село Зовиќ

Booking.com
Етно куќа „Кај Мостот“ с. Зовиќ - Ethno house in village Zovik
Инфо

Етно куќа „Кај Мостот“ е сместена во прекрасното село Зовиќ, во регионот Мариово, Општина Новаци. Село Зовиќ е сместено на 680 м надморска висина и со Битола тоа е поврзано со асфалтиран пат во должина од 50 км.
Доколку сакате да ја доживеете долгата традиција на македонскиот селски живот и да имате автентичен одмор во руралните предели на Мариово, Етно куќата „Кај Мостот“ е вистинскиот избор за Вас.

Етно куќата работи единствено со претходна најава.

Тука имате можност да вкусите богат избор на традиционални јадења од регионот Мариово, приготвени на традиционален начин.
За посетителите кои сакаат да побегнат од урбаниот хаос, куќата има на располагање 4 автентично уредени соби со вкупно 11 кревети, заеднички тоалет во објектот и плус 2 тоалети надвор.

Село Зовиќ е богато со автентични традиционални градби, богато културно и природно наследство, но пред се најпознат е Камениот мост на чистата Градешка река.

Контакт

  • Етно куќа „Кај Мостот“ село Зовиќ, Општина Новаци
  • Адреса: село Зовиќ, Општина Новаци, бб
  • Координати: 41.117382, 21.713264 (Отвори на Google Maps…)
  • Тел: +389 71 206 757

Повеќе за село Зовиќ:

Локација

Контакт

Booking.com