Градешница – монографија – дел 2/2

Booking.com

„Градешница” – монографија – автор: Трајко Босеовски
Година на издавање: 1997 // УДК 908.497.17

Градешница во предвечерието на Втората Светска Војна
Работливите градевци својата перспектива и иднина претежно ја гледаат во земјоделството и сточарството, бидејќи Кралството Југославија во Македонија, a со тоа и во Мариово, не нуди некои други стопански гранки.

Секоја педа од земјата се обработува, a се освојуваат и нови површини, дотогаш неизорани ледини. Сточниот фонд, исто така се зголемува. Има семејства во Градешница кои чуваат од 200 до 300 грла овци и кози, 10-20 грла крупен добиток. Познати сточари во Градешница се: Дојошеви, Марковци, Мачкаровци, Чавдаровци, Гулевци, Мавревци, Џанцуровци, Босеовци, Баснаровци, Пластовци и други. Населението во Градешница во предвечерието на Втората светска војна повторно нараснува над 1000 жители, како од пред Илинденската епопеја, кога според пописот од 1900 година Градешница броела 1170 жители.

Се до завршувањето на Втората светска војна, во Мариово, па и во Градешница, се живее во поголеми семејни заедници на чело со најстар член – старешина во семејството. Благодарение на вековната традиција, во повеќечлени семејства и домаќинства владее ред, дисциплина и меѓусебно почитување и разбирање. Пример за тоа е семејството на Петко и Водичка Гулеви, кои имаат три оженети синови (Пејо, Алексо и Јане), а секој од синовите имале по четири деца. Сето семејство броело 20 члена.

Најстариот член во семејството ги држело клучевите, и тој дава распоред на секојдневната работа сврзана со обработка на земјоделските површини, чувањето на стоката, водењето на домаќинството итн. Домашниот амбиент на тогашните повеќечлени семејства многу се разликувале, споредено со овој денешниот. За сето семејство се готви храна во кујна со оџак. Се спиело на рогузини послани на патосот или на кревет со сламарици.

Во предвечерието (1935-1941) на Втората светска војна, Градешница има околу 600 активни – работни лица. Стопанските гранки, како што се земјоделието и сточарството и во Градешница се надополнуваа една со друга. Според релјефната положба, околу 2/3 од градешките површини се користат како пасишта за стоката, додека другата земја се користи како обработлива површина.

Во поднебјето на Мариово, односно Градешница, се одгледуваат и се застапуваат оние култури на кои климата и другите педолошки одлики се поволни. Од житарици застапени се пченица, р’ж, овес, пченка, јачмен. Од индустриски земјоделски култури се одгледуваат: афион, тутун и сончоглед. Од градинарски култури застапени се: компир, грав, пиперки, патлиџани, праз и друго. Од овошките застапени се: јаболка, круши, цреши, сливи, кајсии, ореви, лозовата прачка и друго.

Земјата се обработува со дрвено рало и железен плуг, a како влечна снага најмногу се користи ѕевгарот (волови), ретко коњите. Вршењето на снопјето се врши со коњи. Жетвата се работи со рачен срп.

Површините под житарица правата година се угарат, на есен се сеат, а наредната година се жнеат, односно површините со есенски жита се користат во две години еднаш. Повеќепати од површините, на кои се сее житарицата се сади пченка, претежно се ѓубрат со арско ѓубре.

Воденичарството како дејност постоела и е организирана уште на самото заселување на Градешница. Житото се мели како исхрана на луѓето, а во форма на крма се дава и на стоката. Како погон за водениците се користи водата на Градешка Река. Воденици имаат семејствата:

Воденица на Васил Налев

Во предвечерието на Втората светска војна, односно во четвртата деценија од XX век, бичкии (чаркови) за бичење на даски по течението на Градешка Река имаат Петко Гулев, Ѓоре Бурлиов и Јован Босеов во месноста наречена “Стипта”. На “Уруп” во почетокот на XX век бичкии имало и семејството Налеви.

Во воденицата на Митре Гулев, Тодор Гулев изградил шарлаганица за преработка на шарлаган, која била единствена од таков вид во целата мариовска котлина.

Покрај споменатите дејности, во Градешница постојат и казани за варење ракија. Во составот на своите воденици, такви казани имаат Васил Налев, Митре Рушитков (поединечен казан), Ѓоре Бурлиов, Трајко Чавдаров, Крсте Босеов, Јован Босеов, Петко Гулев, Митре Гулев и други.

Во селото постои и трговска дејност за промет со индустриска стока. Ваков дуќан – бакалница во селото држи Васил Налев. Во селото се формира и селско – продажна задруга, која исто така, е доста добро снабдувана со индустриска стока. Помал дуќан има Вело Велков.

Пазарните вишоци, како што се житарици, сирење, волна, жива стока и друго, градевци ја носат на пазарите во Битола (оддалечено околу 50 км) и Прилеп. За откуп на јагиниња, трговци доаѓаат од Битола и други центри од Вардарска Македонија. Градешките јагниња, преку Солун се извезуваат и на грчките пазари.

Во Градешница во четвртата деценија од овој век, единствен шивач е Никола Мемов. Самарџии се Спасе Самарџиев и Мио Миов. Ковач за клепање паличници, изработка на перустии и други домашни потреби е Трајко Ковачов (карски циган). Жените домаќински покрај народната мариовска носија ткаат и јамболии, дифтици, ќилими во мал формат, черги и други домашни ракотворби. Чевларскиот занает речиси не е никако застапен.

Мал број социјално загрозени селани, својата егзистенција ја наоѓаат со измеќарување, односно, чување стока кај поимотните (газди), селани, првенствено кај оние што имаат повеќе овци и кози. Слугувањето се договара за една година, од Митровден до Петковден. Склучување на договорите обично се прави во недела меѓу Петковден и Митровден. Има газди и газдарици, кои добро се однесуваат кон слугите, во однос на редовно перење, хранење од иста храна и друго. Кај добрите газди, слугите остануваат да чуваат стока и по повеќе години. Има случаи и обратно, газдата и слугата предвреме да го раскинат договорот. Во тој случај, слугата бара работа кај некој друг газда. Но, и газдата е приморан да бара друг слуга – овчар, за чување на стадото.

Во предвечерието на Втората светска војна не можевме да најдеме статистички податоци за бројот на добитокот. Ho, по исказите на некои современици, во цело Мариово во тоа време имало околу 100.000 грла овци и кози. Само во Градешница имало 10.000 грла овци и кози. Околу 1000 грла крупен добиток. Свињи и кокошки се чуваат колку да се задоволат домашните потреби, без вишок за на пазар.

Во четириесеттите години од нашиот век, во Градешница никнуваат и двоспратните куќи на Трајко Чавдаров, на браќата Алексо и Јане Гулеви, на Трајко Пластов и други.

Во Кралставото Југославија задолжително е основното образование до четврто одделение. Тешко е да се помисли од економско – материјални и политички причини, некое селско дете да продолжи да се школува во гимназија или некое средно стручно училиште. Co Шестојануарската диктатура од 1929 година, неколку гимназии и средно стручни училишта во Вардарска Македонија се укинати од големосрпските власти.

За сето владеење на Кралството Југославија, не се памети некој градешец да се има здобиено со средно образование, со исклучок на Д-р Ставре Налев, чие семејство веднаш по Илинденското востание од Градешница се има преселено во Битола. Co таков образовен систем и никаков индустриски развој, малиот човек од село својот исход, односно позив судбински е приморан да го сврзува со земјоделството и сточарството.

Стопанско – земјоделските и социјалните услови на живеење допринесуваат да доаѓа до одреден судир меѓу постарите и помладите генерации и во Градешница, уште во почетокот на четириесеттите години.

Најголем судир во некои семејства настануваат при женење на синовите, односно мажење на ќерките. Родителите цврсто стојат на старите – конзервативни сфаќања, дека тие се најповикани да одлучуваат и да го даваа последниот збор и согласност при стапување на младите во брак. Од друга страна, младите бараат тие самостојно да одлучуваат, за оној, за нив, важен животен чин. Денес овие судири веќе се надминати. Стројниците (сводници), кои што порано имале главен збор при склучување -посредување на бракот, денеска, исто така, ја имаат изгубено својата улога кај секој мариовец, без разлика каде тој живее.

Од експлозивните остатоци на Првата светска војна има настрадано неколку градевци, меѓу кои: Ставре Чачев, Јован Марковски и други.

Изминаа 20 години од завршувањето на Првата светска војна, а веќе се закануваше уште посурова – Втора светска војна.

Асимилаторска политика на окупаторот
Бугарската фашистичка влада настојува, окупацијата на Македонија ја прикаже како „ослободителна” мисија и проширување на границите на голема Бугарија.

Во таа смисла, бугарската власт прави напори во повеќе насоки. Покрај војничкиот и полициско- административниот апарат, таа создава и голем пропаганден апарат во Македонија. Овој апарат има за задача со својата пропаганда, македонскиот народ да го поистовети со бугарскиот, односно, дека и двата народа имаат една иста историја, исти културни и национални обичаи итн.

Во учебната 1941/42 година бугарската влада отвора основни училишта речиси во сите поголеми селски населби. Во Вардарска Македонија се отворени околу 800 основни училишта, 180 осмолетки, 10 полни и 7 неполни гимназии9

(Историја на македонскиот народ, книга трета, стр. 293)

Бугарските власти покажуваат грижа за прибирање на што поголем број ученици Македонци, со цел за нивно „бугаризирање”. Во Градешница, исто така, е отворено основно училиште со бугарски наставен јазик, а за учител е назначен извесниот Димитар (презимето не успеваме да му го идентификуваме). Во селото Старавина е отворена осмолетка, а за нејзин директор е именуван Димитар Вчков. Во оваа осмолетка се опфатени децата од селата Градешница, Старавина, Будимерци, Груништа и Зовиќ. Отворањето на осмолетка во Старавина има за цел кај младите да се всади духот на „бугариштината”, бидејќи во минатото населението од споменатите пет мариовски села право се под грчко, a пo Првата светска војна, под српско влијание и воспитување.

Како и во други места во Македонија, Бугарите и во осмолетката во Старавина меѓу учениците со свои експозитури ги создаваат национално – фашистичките организации „Браник”, „Орле” итн. Меѓу селаните кои за време Балканските војни и Првата светска војна се мобилизирани и се борат на бугарската страна, се создадени организациите ,,Ратници”, „Ополоченици”, „Резервни офицери”, „Борци од фронтот” и други. Овие организации се создаваат со цел македонското население кон Бугарите да гледа како на свои „ослободители” и „заштитници”. Денационализаторската и асимилаторската политика над македонскиот народ, бугарската власт ја спроведува и преку пропагандната политика, како што се Радио Софија и Радио Скопје (директор Димитар Ѓузелов – Ванчо Михаилов). Потоа весникот ,,Целокупна Бугарија”, кој секојдневно излегува во Скопје и се растура низ сите краишта на Македонија, вклучувајќи го и Мариово. Овој и некои други бугарски весници, повремено од Битола во Градешница ги пренесуваат селските пазарџии или поштарите.

Бугарската окупаторска власт во асимилаторската политика кон македонскиот народ ја вклучува и црквата. Секој свештеник по богослужбата во црквата е обврзан да говори и за успесите на фронтовите на фашистичка Германија и за успесите на сите полиња на „големото царство – Бугарија”. Тоа мора да го прави во црквата ,,Св. Никола” пред верниците од Градешница и поп Тодор Попов од истото село. „Неблагонадежните” свештеници од некои македонски цркви се отпуштени од служба или преместени на служба во Бугарија за „превоспитување”.

Во есента 1941 година па се до 1943 во бугарската окупаторска армија се мобилизирани младинците родени во 1921, 1922 и 1923 година. Од Градешница се регрутирани Божин Пенуков, Илија Дојошев, Петко Дамчев, Димо Зулумов, Мирче Славев, Ѓорѓи Кралев, Косте Ковачот, Волче Пластов, Стево Менчев, Јован Бандев, Грујо Ѓезвев, Ристе Пашков, Ристе Чавдаров, Ристе Белејков, Трајко Бурлиов, Трајко Маврев, Стојко Шкреков, Стојан Баснаров, Стево Тапанџиов и други. Сите тие се распоредени воениот рок да го служат во северна и источна Бугарија. односно во градовите Плавен, Шумен, Русе, Пловдив, Варна и други. Сите регрутирани Македонци „отслужија воен рок” во бугарско окупаторската армија речиси по 2 до 3 и пол години. Исто така, сукцесивно на воена вежба од 5,9 и повеќе месеци повикувани се постари воени обврзници од Македонија. Меѓу другите, од Градешница се мобилизирани резервистите:

Кристаќи Мемов, Пејо Зулумов, Ристе Трпчев, Митре Попов, Марко Петревски, Јован Паланзов, Петре Куртов, Јане Гулев, Најдо Гулев, Најдо Мојанчев и други. И тие се испратени на ,,заспас” на Бугарија, а за нивните семејства, државата Бугарија не води никаква грижа, во однос на материјално помагање.

Поради грабежите, реквизицијата, мобилизацијата на мажите, асимилаторската политика итн. се повеќе расте омразата кај македонскиот народ кон бугарскиот окупатор.

Градешница вo народноослободителната борба
Развојот на Народноослободителното движење во селото Градешница и Мариово непосредно е поврзано со народноослободителното движење во Битола, Прилеп и пошироко во Македонија.

Во Градешница веднаш по нападот на полицискиот учесник од страна на партизаните во Прилеп се пренесе веста на 11 октомври 1941 година. Уште тогаш окупаторот се вознемири.

Во првата половина на месец декември 1942 година, Битолскиот партизански одред „Ј. Сандански” во јачина од околу 20 борци, од Леринско преку Кајмакчалан се префрлува на теренот во Мариово. Одредот една вечер преноќева во селото Будимерци, во куќите на Митре Недановски и Митре Петревски.

Според кажувањата на првоборецот Петре Новачевски, борците на Одредот мошне топло биле примени од двајцата селани. Домаќинките за борците за вечера спремиле мариовски зелници. Домаќините биле одушевени, кога дознале дека партизаните се борат за идеите на Гоце Делчев, Даме Груев, Ѓорче Петров и другите илинденци, особено за ослободување на мајка Македонија. Партизаните се интересирале кај домаќините, дали има многу војска и полиција во соседните села Старавина и Градешница.

Следното утро под завесата на мугрите, Одредот се упатува кон манастирот „Чебрен”. По пристигнувањето, борците се сместени во конаците на манастирот, според договорот на старешината – игуменот на манастирот Павле Поточки, командантот – Ѓоре Велковски – Коста и политичкиот секретар на одредот Ванло Прке – Сермен. Договорено е, по партиска линија, тука во манастирот да презимат одредите „Јане Сандански” и прилепскиот одред „Ѓорче Петров” Но, кај манастирот „Прилепец” кај Селачка Планина, одредот Ѓорче Петров на пат за Мариово е предаден и разбиен од бугарската окупаторска полиција. По една недела, во неизвесни околности и одредот „Јане Сандански” го напушта манастирот „Чебрен” и се префрла пак во Лавци, Брусник и други подпелистерски села. Веста за престојот на партизаните на мариовскиот терен се пренесува во Градешница и во другите мариовски села. За тоа дознаваат и воените и полициските окупаторски сили во Старавина, но за тоа не се превземени некои значајни истраги и потери. И кај окупаторот, стравот се повеќе се вовлекува во коските од „шумкарите” како што ги викаат партизаните. Во планинскиот венец Кожуф – Козјак – Кравица – Добро Поле – Ниџе во 1943 година почнуваат да крстарат Тиквешкиот партизански баталјон „Страшо Пинџур” и Битолскиот партизански баталјон „Стив Наумов”. На 11 март 1943 година и градот Битола осамнува блокиран.

Тоа трагично утро плач го исполнува еврејскиот кварт. Под силна полициска стража во 7 часот битолските Евреи засекогаш ги напуштаат своите родни домови. Од Битолската железничка станица со сточни вагони се транспортирани за Скопје, а оттаму, по неколку дена, се транспортирани во логорот на смртта – Треблинка во Полска.

Оваа кобна вест бргу се пренесува и низ битолските села, а меѓу кои е и Градешница. И градевци оваа вест ги здоболува до душа, зошто и од нив, меѓу битолските Евреи, има нивни пријатели од кои пазарувале. Ги нема повеќе Исак Албираха, Хаим Асаел, Моше Ергас и други трговци од кои и Васил Налев се снабдувал со стока за својот дуќан – бакалница во Градешница. Хитлеровата машинерија се уште работи со полна пареа.

Летото 1943 година на „Самата Бука” кај Кравица, партизаните го бесат шумарот Тодор (презимето неиндификувано) на служба во село Градешница. Тој катил – шумар, градевци ги казнува за секој товар огревно дрво.

Летото 1944 година вооруженото востание се повеќе се разгорува. Караорман, Пелистер, Ниџе, Плачковица, Козјак, Шара и други македонски планини се полни со партизани. Партизанските одреди прераснуваат во баталјони и други поголеми партизански единици. Тоа лето од Градешница прв во партизани заминува Стево Тапанџиовски. Бугарските окупатори неможејќи да ги уништат партизаните, се одмаздуваат над невиното цивилно македонско население. Бугарските војници во повеќе наврати ги пљачкосуваат селаните no колибите, а потоа ги претепуваат, наводно дека со леб ги снабдуваат „шумкарите” (партизаните). Авторот на овој макотрпен труд од бугарските војници исто така е претепан на својата колиба во месноста „Поројот”.

По одржувањето на Првото заседание на АСНОМ, на Илинден 1944 година, борците на Битолскиот партизански одред „Стив Наумов” од манастирот „Прохор Пчински”, преку Осоговските Планини, Плачковица и Вардар се префрлуваат на планината Кожуф, каде пристигнува и Вториот битолски баталјон, кој е во составот на Втората македонска бригада. По пристигнувањето на двата баталјона и други новодојдени борци од теренот, на 22 август 1944 година во с. Зборско под Кожув (Егејска Македонија) официјално е формирана Седмата македонска бригада, која е составена повеќето од борци од Битолско и Прилепско. На денот на формирањето, бригадата брои 320 борци и старешини, распоредени во три баталјони и придружни чети од минофрлачки и тешки митралези.

Постојат и извиднички вод, заштитен вод и одделение за снабдување и санитетско одделение.

Штабот на бригадата го сочинуваат: командант Васко Карангелевски, политички комесар Илија Илиевски, заменик командант Пецо Гудовски, заменик на политички комесар.

Васко Карангелевски

Пецо Божиновски – Кочо и началник на штабот Александар Велјановски.

Младински раководител во Бригадата е Бошко Станковски. Назначени се командант, политички комесари и нивни заменици и по баталјоните како и командант на придружните чети. Должноста баталјонски и четни санитет и болничар повеќе им се доверени на жените – партизанки.

Борбите нa подрачјето нa селото Градешница
Bo согласност со наредбата на Главниот штаб на HOB и ПО на Македонија, веднаш по формирањето, Седмата бригада тргнува во незапирлив борбен поход, право на мариовскиот терен, а потоа се префрлува на битолско – преспанското подрачје.

Во текот на ноќта 23/24 август 1944 година, Бригадата го напушта селото Зборско и избива на грчко – македонската граница, кај Кравица. Според разработениот план за напади и борбени дејства во текот на попладневните часови, Вториот баталјон добива задача прв да ја нападне караулата Уруп, а Првиот баталјон караулата Царева Полјана. Водич на патот на Вториот баталјон е борецот Стево Тапанџиовски – градешец, кој добро му е познат теренот на Градешката Планина. Пробивајќи се низ буково – боровата шума, без да бидат забележани, партизаните наближуваат во непосредна близина на Урупска Пресоп. Ударните партизански групи лазејќи како мачки, наближуваат на стотина метри до караулата Уруп. Бугарските војници токму тогаш, завршувајќи со ручекот и некои распашани почнуваат да пишуваат писма за дома. Ниеден од војниците не помислува дека партизанските ударни групи ги држат на нишан од своето автоматско оружје и пушки. На дадениот знак, партизаните отвораат силен оган од оружјето. Некои од војниците паѓаат мртви во дворот на караулата, други се даваат на „јуначко” бегство надолу крај Урупска Река, трети со дигнати раце се предаваат.

Партизаните на јуриш тргнуваат и влегуваат во зградата на караулата. По кратко време е заземена и караулата на Царева Полјана. По разбивањето на посадите на двете караули, бугарските војници во панично бегство тргнуваат да се повлекуваат кон ,,поројот”, ,,Речков Рид”, „Цериката” и „Воденикот” кон селата Градешница и Старавина. Трештењето на митралезите, пушките, минофрлачите и другото оружје ги вознемирува гумнарите кои по нивите ги вршат своите снопје, сточарите, косачите, дрварите и другите селани кои се на некаква работа надвор од селото. По зачестените пукотници, повеќе од селаните почнуваат да се прибираат во своите домови во Градешница.

При настапувањето на партизаните, со своето громко „у-р-а! и Напред, другари:” на чело на стрелачкиот строј чекори бестрашната партизанка Еврејката Естреја Овадија – Мара. Кај месноста „Водник” на непријателот со камиони им доаѓа помош од Битола и Прилеп. Но, поставените непријателски митралески гнезда над Градешница, за кратко време се разбиени од минофрлачката партизанска чета, со која раководи прецизниот стрелец и нишанџија Италијанецот Стефани (доброволно приклучен кон партизаните).

Пред зајдисонце, партизаните тргнуваат на јуриш и го приморуваат непријателот да се повлече кон участокот во Старавина. Потоа, седмобригадирите со развиорено македонско знаме влегуваат во селото Градешница, одушевено пречекани од населението. Во селото се одржува митинг, а потоа борците се распоредени во групи по куќите на вечера. Штабот на бригадата е сместен во куќата на браќата Алексо и Јане Гулеви.

Истата ноќ во селото е формиран селски народноослободителен одбор, а за претседател е избран селанецот Трајко Ѕулков. Во текот на ноќта, исто така, доброволно е собрано од куќите леб, сирење, грав и друга храна потребна за наредните денови на борците.

sl 28 Естреа Овадија Мара (втора од лево)

По вечерата, на сред село во Горно Маало се развива партизанско оро, се пеат и партизански песни:

„Абре, македонче,
за каде се спремаш,
борба те чека,
борба за Македонија…”


Потоа песната:
„Обичам, мамо, млада партизанка да станам,
на Пелистерска планина…!”

Околу полноќ на 24/25 август 1944 година командантот Васко Карангелевски од својот револвер испукува црвена ракета, а тоа значи дека Бригадата треба да се припреми за тргнување. На бригадата и се приклучуваат нови борци, меѓу кои: Борис Велков, Стојко Бацов и некои други. Борците на Бригадата, поздравувајќи се со градевци, ја напуштаат Градешница и во долга колона се упатуваат кон Бела Река, Базерот, Кајмакчалан. Двајцата тешко ранети борци од претходните борби се сместени во една галерија кај месноста „Стењева Пресоп” и се дадени на чување на доверливи селани од село Градешница.

При разденот кај Бела Река се констатира дека во Бригадата ја нема партизанката Лена Ташковска. При патувањето таа заспала, во непосредна близина на патот кај месноста ,,Воденик”. Следното утро на неа наидува селанецот Петко Мојанчев. Тој ја пробудува партизанката и ја води во Бригадата. Партизанот Панде Ташковски се враќал од Бела Река кон Градешница, да ја бара својата братучетка Лена. Но, на сред пат се сретнуваат, при тоа партизанката возбудено ќе рече на својот братучед:
– Панде, овој градешец е вистински Македонец. Ако не беше тој, бугарските војници можеа на спиење жива да ме фатат и да ме погубат!…

– Да токму тоа можело да се случи – потврди партизанот Ташковски.

Откако се поздравиле партизанот и партизанката, заминуваат во Бригадата, а селанецот Мојанчев свратил на својата колиба кај „Стењева Пресоп”.

На 25 август Бригадата се разместува кај Влашките колиби на Ниџе и тука преноќева. На 26 август 1944 година Бригадата презема напади за ликвидирање на бугарските караули на планинскиот масив Ниџе. Првиот батаљон ја ликвидира бугарската посада и ја освојува караулата и капелата на Кајмакчалан. Вториот баталјон ги освојува караулите на Старков Заб и Старков Гроб.

Јуришот на Третиот баталјон е запрен кога се приближува на утврдените непријателски позиции од караулата ,,Доктор Рајс”. При оваа борба храбро загинува заменик на командантот на баталјонот Мордохај Нахмијас – Лазо. Тука загинува и курирот – борец Јован Налев – Џони. Во оваа борба херојски паѓа и Естреја Овадија- Мара со уште двајца борби од заштитницата. Подоцна, Естреја е прогласена за народен херој.

На 27 август 1944 година Седмата македонско – битолска бригада се повлекува во селото Попадија, јужно од Кајмакчалан, потоа се префрлува на планината Баба. Од Кајмакчалан во Градешница се враќаат со својот добиток Ристо Вржалков и Димитрија Босеовски. тие ја пренесуваат жалосната вест (носејќи ја храната за бригадата) за загинувањето на бестрашната партизанка Естреја и другите загинати борци. За многу борци од седмата бригада и борбите што таа ги води на подрачјето на Градешница, градевци долго ќе се сеќаваат и прераскажуваат, по ослободувањето на нашата татковина.

По ослободувањето, во една пригода во Битола, заменикот – командант на Седмата битолска бригада, Пецо Гудовски, ќе ми рече:

– Другар, Босеовски, во борбата што Седмата бригада ви водеше за ослободување на Градешница, загинаа 12 бугарски војници, а бригадата имаше двајца тешко ранети и тројца полесно ранети борци.

Градевци вo НОВ
Треба да се одбележи, дека при ослободувањето на Македонија, во борбите за ликвидирање на балистичките банди во Гостиварско и Кичевско, при крајот на 1944 година, како борци на НОВМ загинуваат градевците Никола Г. Младеновски и Бранко Димов Бандевски.

При пренесувањето на нивните мошти во родната Градешница и погребот на селските гробишта, се собра многу народ, при тоа се одржани пригодни погребни говори.

Во чест на овие загинати борци, на сред село во Градешница во 1951 година е подигната спомен – чешма од страна на Основната организација на СБ од НОВМ од с. Градешница.

Во есенските месеци 1944 година, по наредба на Главниот штаб на HOB и ПО на Македонија, Народноослободителниот одбор во Градешница, исто така, ги повикува сите родени селани од 1914 до 1926 година да се јават во редовите на HOB на Македонија. Оваа наредба беспрекорно е извршена. Новата народна власт и во Градешница за борците на фронтовите собира и испраќа храна, облека и друг воен материјал, се до конечното ослободување на Македонија, односно Југославија. Значи, сето цивилно население живее и работи за фронтот.

Bo HOB на Македонија посредно или непосредно учествуваат од селото Градешница вкупно 95 борци, од кои 67 се вклучени во партизанските единици и со оружје во рацете учествуваат во борбите за конечно ослободување на земјата од фашизмот. Другите борци работат во позадината помагајќи го народноослободителното движење во храна, облека и друго.

Од последиците здобиени во HOB починуваат следните борци од селото Градешница:
Ѓорги Парговски
Ристо Чавдаровски
Коле Чавдаровски
Стојко Пластовски
Ристе Вржалковски

Во текот на НОБ и Револуцијата со старешински чинови се здобиваат следните борци – градевци:
Трако Кралевски
Митре Ќиќерковски
Стојко Шкрековски
Трајко Бурлиовски
Мицко Велковски и други.

По ослободувањето како активно војно лице во ЈНА со офицерски чин се здоби и градешецот Пројче Бојковски.

Во чинови на резервни војни старешини во ЈНА беа назначени и други градевци.

Градешница по ослободувањето
По превратот што настанува во Бугарија на 9 септември 1944 година, бугарските окупатори почнуваат да се повлекуваат и од Македонија.
Пограничниот тринаесетти участок на чело со поручникот Ангел Кавалеров, кој се наоѓа во село Старавина, исто така со сето свое оружје и воена опрема почнува да се повлекува кон север, односно селата Мелница – Витолишта и натаму кон Кавадарци – Гевгелија, за Бугарија. Се повлекува и другата власт.

Во времето од 1 до 4 ноември 1944 година Седмата бригада води жестоки борби со германските единици од групата „Штајерер”. Дефинитивно на 4 ноември Германците се приморани да се повлечат од Битола и единиците на Седмата бригада до 10 часот го ослободуваат и овој град, познат како Град на конзулите. Co ослободувањето на Битола и битолските села, се создаваат услови за слободен и творечки живот и во с. Градешница.

По Првото заседание на АСНОМ на територијата на Македонија во 1944 година се формираат три обласно НОО -Скопски, Битолски и Штипски. Исто така, во октомври 1944 година се формираат 29 околински, повеќе општински и речиси во секое село се формира и местен народноослободителен одбор. Основната задача на народноослободителните одбори (НОО) е да ја организираат заднината, како база на развој на НОБ, да преземаат мерки за обнова на земјата, да ги решаваат основните животни проблеми на населението, да ја зацврстуваат и организираат новата држава и друго.

Во ноемвриските денови на 1944 година, и во Градешница се формира општина, која е сместена во куќата (новоподигната) на Мемови во Долно Маало. Месниот народноослободителен одбор во селото се проширува со нови членови, меѓу кои се: Митре Попов (секретар), Кристаки Кочков – претседател и други членови на одборот.

Во речиси сите селски населби, а така е и во Градешница, се формираат основни општествено – политички организации, како што се партиска, организација на народниот фронт, организација на АФЖ, младинска пионерска организација итн.

Врз база на решението на Президиумот на АСНОМ од 2-5 септември 1944 година, Поверенството за просвета издава упатство за организирање на аналфабетски курсеви за возрасни и задолжително преку народноослободителните одбори организирање на основна настава за учебната 1944/45 година, речиси на сета ослободена територија на Македонија. Основната настава е организирана и училишното ѕвонче заѕвонува и во училиштето во с. Градешница. Според некои современици, како прв учител по ослободувањето, односно во учебната 1944/45 година бил Леонида Валков, роден во соседното село Старавина. Во првата учебна година, основна настава во с. Градешница, на македонски наставен јазик посетуваат околу 150 деца, кои образованието подоцна го продолжуваат во осмолетката во с. Старавина.

Од 29 октомври 1944 година почнува да излегува дневниот весник ,,Нова Македонија”, кој повремено доаѓа во с. Градешница. За учениците во основното училиште во селото почнува да пристигнува и пионерски весник „Пионер”, од кој учениците (поради немање на учебници за основното образование на македонски јазик), читаат песнички, мали раскази, едночинки и други просветни настани во Македонија. Се слуша и гласот на Радио Скопје.

Младинскиот актив во Градешница повремено за месното население приредува културно-уметнички програми, придружени со „скечеви”, песни итн. Младинскиот актив презема и неделни локални акции за поправање на локалниот пат Градешница – Старавина. По ослободувањето, селото Градешница е преполно со луѓе. Според пописот од 1948 година, селото брои 173 домаќинства со 1.013 жители. И по ослободувањето, Градешница е едно од најголемите мариовски села. Во 1953 година домаќинствата бројат 174, а жителите 1085 лица. Од 1953 година бројот на населението ќе почне постојано да опаѓа.

И по ослободувањето, значајни стопански гранки со кои населението од Градешница се занимава се земјоделието и сточарството. Речиси секое од 173 домаќинства имало ѕевгар – волови за орање, а некои домаќинства имаат и по две ѕевгари (браќата Гулеви). Секое домаќинство најмалку 1-2 товарни добитоци. Според некои современици, по ослободувањето во Градешница има околу 15.000 овци и кози и над 1000 грла крупен добиток (говеда и коњи). Градешница по ослободувањето располага со 2077 хектари под пасишта и 123 хектари под ливади за косење трева, односно сено за зимска исхрана на стоката.10

 

(„Мариово” – Сточарство стр. 303 од Васил Граматиковски)

По ослободувањето, за жал се донесува закон, со кој во периодот 1946 – 1948 сите кози во Република Македонија, а така е и во Градешница. се уништени (исклани за месо), наводно токму козите ја уништувале шумата на македонското поднебје.

Од полјоделските култури, и по ослободувањето најзастапени се житата – пченица, рж, јачмен и овес, односно 75,4% се застапени житата во однос на индустриските култури (тутун, афион) и градинарските култури (пиперки, патлиџани, компир итн.).

За одбележувањето е да се спомене, што како и меѓу двете светски војни, и по ослободувањето во слободното време многу градевци одат по градешките ридови и собираат секакво железо, останато од Првата светска војна, а тоа железо се откупува од државата за добри пари, во тоа време.

По ослободувањето посебно внимание му се посветува на индустриското искористување и шумското богатство на градешките планини, кои всушност се држави. И мариовските гори во минатото служеле и како заштитници на борците, кои се бореле за слобода на македонскиот народ, Мариовските планини се заштитници на голем број востаници од Илинденската епопеја, потоа борците од НОБ. Шумите во Мариово покриваат 230.208 хектари, а тоа е 26,8% од вкупната површина со шуми во Република Македонија. Иглолисните шуми во Мариово зафаќаат површина од 18.528 хектари или 61,6% од вкупната површина со иглолисни шуми во Република Македонија.

Вкупната дрвена маса за индустриска обработка и огрев (бука и даб) изнесува 8.598.000 кубни метри (66,6%), иглолисната дрвна маса изнесува 2.623.000 кубни метри (20,4%) и мешовита дрвна маса изнесува 1.679.000 кубни метри (13,0%). По ослободувањето формирани се шумски стопанства за искористување и експлоатација на шумите во Република Македонија. За експлоатација на шумите од битолскиот дел на Мариово е формирано Шумското стопанство „Кајмакчалан” во Битола (потоа прераснува во дрвно индустриски комбинат – ДИК). Производствените капацитети на овие шуми изнесуваат 10.800 м (кубни метри), а погонските капацитети во Битола можат да преработат 10.000 м3 (6,69%) во текот на една година.11

(,,Мариово” – Александар Стојмилов; Шумарство стр. 309)

Во селото Старавина првобитно е сместен гатерот и другите машини за бичење на трупците и друго за обработка на дрвото. Во шеесеттите години погонот за техничка обработка на дрвото од Старавина се преместува во Битола, а кое нешто допринесува на овдешното население за миграција село – град.

При шумското стопанство (ДИК),,Кајмакчалан”, особено при погонот за сеча, секогаш од неговото постоење се вработени по 20-30 дрвосечачи и од Градешница. Покрај околината на планината Ниџе, ДИК „Кајмакчалан” ги експлоатира и шумите во реонот на Петте Чешми, Урупска Пресоп и други делови на мариовско – градешките планини од Битолско. Извесно време од боровата шума во Мариово се изведува смоларење, при што се добива квалитетна смола за потребите во индустријата. Во мариовските планини населението од овој крај во слободното време собира и лековити билки, како што се: печурки, смрекинки, кантарион, боровинки и други лековити билки, кои ги откупуваат разни трговски организации пример „Агрокооп”, „Бор” итн. Но, и покрај постигнатите резултати при експлоатацијата, пошумувањето на мариовските планини треба да е составен дел на Мариово и на ДИК „Кајмакчелан” од Битола. За одбележување е да се спомене, што по ослободувањето во шумското стопанство „Кајмакчалан” извесен период, како раководител, работи и нашиот истакнат романописец Стале Попов.

Во 1946 година почнува да се гради младинската пруга Брчко – Бановиќи во БиХ, а во чија изградба учествуваат и младински бригади од Македонија. Во третата смена, во состав на IV-та младинско – битолска бригада на изградбата на оваа пруга учествуваат и младинци од Градешница, а меѓу кои се: Јордан Кочовски, Мирко Миовски, Ристе Лавуровски, авторот на овој труд – Трајко Босевски, Сиве Крајчев и Богдан Сребринов.

Морам да признам, дека имам првпат патувано со воз. Речиси на сите поголеми железнички станици, каде што минувавме: Велес, Скопје – Ниш – Белград – Винковци – Брчко и други градови, се уште можеа да се видат изгорени вагони, разурнати згради и други остатоци и белези од Втората светска војна, бидејќи раните од војната се уште не беа излекувани. На улиците можеа да се видат воени инвалиди со патерици во рацете. На трасата Брчко -Бановиќи работиме три месеци со голем ентузијазам, a со паролата за братство и единство и никогаш повеќе да нема војна. Каков апсурд нели?

По ослободувањето, и населението од Градешница верува дека и за него силно светнал нов ден и дека новата слобода ќе им донесе нов поубав живот. Никој не веруваше дека новата власт ќе направи катастрофални грешки врз грбот на селското населението. Прво, се почна со високи даночни давачки и високи набавки на жито, месо и други благодети, што селаните ги создаваат со деноноќна работа и макотрпен труд. Некои од селаните почнуваат да се прогласуваат како „кулаци”, иако всушност меѓу македонските селани, според фактите и логиката, такви не постојат. Се уништуваат козите како „штетни” за шумите.

По 1948/49 година, и во Градешница се формира СРЗ (селска работна задруга), всушност копија на руските „социјалистички” колхози. Повеќе од домаќинствата наводно „доброволно” се зачленуваат во СРЗ, на која и го даваат името на загинатиот борец Бранко Димов. Но, некои селани не сакаат да влезат доброволно во СРЗ (бидејќи и законот за задругарство предвидува доброволно влегување и членување во нив). И во Градешница почнуваат да доаѓаат инструктори од УДБА, да ги убедуваат и да вршат притисок врз оние селани што даваат отпор и не сакаат својот, со векови печален имот, да го внесат во СРЗ. Меѓу оние што даваат отпор се: градевците Трајко Клоштев и Дано Марковски. Повикувани се и во Битола. He изостануваат малтретирањата, застрашувањата, шиканирањето и тепањето, само да го скршат духот на оние чесни селани, познати во Градешница како мошне работливи и трудољубиви селани Дано Марковски е висок, крупен и жилав човек, типичен мариовски маж. Тој е човек што има преживеано многу патила и војни. Неговиот тврд и разумен дух не можат да го скршат ни најзакоравените Удбевци.

Судбината на СРЗ е позната. Тивко пустошење на селските имоти. Претседател на селската задруга, односно на задружниот одбор е Кристаки Кочков, секретар Трајко Бурлиов, претседател на Надзорниот одбор на задругата Стојко Судиов. Организационо во задругата се формираат работни бригади на чело со бригадир и бригадирите во посебна тетратка водат евиденција за изработените трудови денови на селското население. Кој нема трудови денови, од задружниот магацин не може да земе брашно за месење леб, сирење, шеќер и други прехрамбени артикли. Некои од селаните се прогалсуваат за „саботери” во колку се фатат да берат огревни дрва во „општонародниот имот”. Непослушните задругари се повикувани на испитување и сослушување при народната милиција во станицата во селото Старавина. Некои ,,прекршители” се казнувани од судијата за прекршоци.

Во тоа време се врши окрупнување на народноослободителните одбори. Се формира општина за селата Градешница, Старавина, Будимерци, Груништа и Зовиќ. Седиштето е во с. Старавина. Претседател на општинскиот НОО е Јован Бандев од Градешница, а секретар Коста Мемов, исто така роден во с. Градешница, населен во Битола. Во месниот НОО во Градешница извесно време е и Никола Зулумов, но тој по реорганизацијата на локалната власт и гледајќи се што се случува со градевци пикнати со притисоци во „колективот” т.е. СРЗ сам доброволно се откажува од власта. Никола беше човек со цивилизирана култура. Повеќе години како печалбар има работено во Америка.

Сл 29 Дано Марковски

Бунтовници против колективите
Ретки се селаните во Македонија со бунтовен дух како што се мариовците.

Како што напред споменавме во овој труд, Мариовци уште во XVI век први на Балканот дигнале буна против турската империја. Прогонствата, убиствата, затворањата, предавствата, палежите, разурнувањата во времето на Илинденската епопеја, за време Балканските и Првата светска војна, делбата на Македонија, па Втората светска војна и вооруженото востание, за Македонецот, односно за Мариовецот е како ручек или вечера. Ставени на раскол, многу Мариовци привидно или отворено се бунтуваат и против колективите (СРЗ) руски изум на „големиот” Сталин.

Будимирецот Петре Палчев за време окупацијата е мобилизиран од страна на бугарската власт, но по извесно време ја напушта Цар Борисовата армија и стапува во редовите на HOB и ПО на Македонија. Велат дека храбро се борел против окупаторот. Добива подофицерски чин во ЈНА и служи во пограничните единици кај с. Фурка – Гевгелиско. Слушајќи дека будимерчани и другите Мариовци се бунтуваат, а некои и добиваат ќотек, поради отпорот на колективизацијата, но сега не од окупаторот туку од сопствените браќа и македонската власт, од УДБА, напросто е разочаран и огорчен.

Во 1950 година, будимирецот Палчев вооружен од ЈНА се одметнува и се префрла во мариовските планини. Воспоставува врска со своите соселани, притоа вооружени, на Петре Палчев му се приклучуваат Михајло Сталев и Јован Крстев од Будимерци и едно воено лице (неиндификувано по име).

Групата на Палчев ноќно време ја пали општината во село Маково, запленува неколку грла говеда од Градешница итн. Палчев, преку писмо му става на знаење на началникот од УДБА во Битола Тома Каменков, дека се борат за насилно растурање на колективите и соборување на власта и социјализмот.

Мариовците неколкупати ноќно време доаѓаат во судир со потерите на ЈНА, милицијата, УДБА и цивилните селски стражи.

Бунтовниците или „Бандата”, како што ги нарекуваше актуелната социјалистичка власт, исто така ставија до знаење, дека ќе кренат востание против СРЗ и актуелната власт. Во пролетта 1951 година, кај месноста ,,Калуѓерот” близу македонско грчката граница, недалеку од Кајмакчалан, вооружената група на Палчев е разбиена од повеќебројната потера. Палчев успева да се пробие преку границата, загинуваат Јован Крстев и одметнатото воено лице. Ранет и заробен е Михајло Сталев, кој јавно е суден во село Старавина. По издржувањето на казната Михајло се префрлува во Грција, за некогаш да не се врати во родната Македонија. Бунт против колективите има и во Радовишко, Светиниколско и други места во Македонија.

СРЗ „Бранко Димов” од с. Градешница е формирана 31.02.1949 година од 160 домаќинства, со вкупно 954 членови. Вкупно обработливи површини 1349 хектари, 3569 грла овци, 250 волови за орање, 154 рала, 34 плуга и друг инвентар.12 Во 1953 година и во Градешница доаѓа „ферман” (решение) не од Стамбол туку од Белград, лично од Едвард Кардељ да се растурат колективите (СРЗ) како неуспешен руски експеримент.

(12 Архив на Македонија – подрачна единица Битола. Фонд околиски народ. одбор Битола – книга број 3, книга за СРЗ – стр. 24)

Електрификација на селото
По донесувањето на сојузната одлука за расформирање на СРЗ, некои селани извикуваат ,,Да живее Кардељ!”, „Да живее Моша Пијаде!”, но има и кои беа против растурањето на колективизацијата, а така е и во село Градешница.

Одлуката од Белград мора да се спроведе во живот. И задругата во Градешница се расформира. Посебна комисија го разделува задружниот имот, по принципот кој селанец колку внел, толку треба и да земе. Многу од селаните не можат да си повратат ни половина од живата стока. Но, се поделува што е поделено. Се почнува се одново. Секое семејство почнува индивидуално да работи, стопанисува и печали.

Но, инфраструктурата во Мариово останува иста. Патната мрежа и врска со Битола, Прилеп и другите градски центри остануваат непоправени, како уште од турско време. Селата неелектрифицирани итн. Гледајќи дека не постојат ни основни услови за живеење, некои млади луѓе и од Градешница почнуваат да бегаат преку граница во Грција, а од таму заминуваат некои во Америка, Канада, Австралија и други прекуокеански земји.

Меѓу првите млади градевци што бегаат преку граница се Илија Т. Босеовски, Митре Босоевски и Стале Босоевски, кои преку Грција свое гнездо прават во градот Торонто – Канада, каде и денеска живеат и работат. Некаде во 1955 година преку Грција за Америка заминуваат и градевците Пројче Босеовски и Ристе Баснаровски, а следат и други напуштања на родната Градешница. Јане Гулев прв од Градешница ја почнува миграцијата село – град. Тој речиси веднаш по ослободување од Градешница со своето семејство се преселува во Битола.

Големо значење за подобрување на условите за живеење на селаните е електрификација на селата и во Мариово. Поттикнати од индустријализација на земјата, Мариовци преку општините во Битола, Прилеп и владата на Народна Република Македонија по писмен пат поткренуваат иницијатива за електрификација и на нивните села. Иницијативата на Мариовците е прифатена од сите општински и републички органи на власта.

Присеќавајќи се на ентузијазмот на постарите градевци при изградбата на сопствените разурнати домови, изградбата на основното училиште, црквата ,,Св. Никола” по Првата светска војна, и помладите градевци се впрегнуваат во доброволна работа и со парична помош да го електрифицираат своето родно село. За кратко време се донесени дрвени столбови за електричната селска мрежа. И електромонтерите од претпријатијата од Прилеп и Битола, што ги изведуваат работите на електрификацијата, работат со голем ентузијазам. Градешница дефинитивно е електрифицирана во 1968 година. По домовите светнуваат електрични светилки, засвируваат радиоапаратите, во некои куќи се внесуваат и електрични апарати, се донесуваат електрични машини за обработка на дрво и друго. Но, за жал електрификацијата и во Градешница пристигна, кога миграцијата и емиграцијата веќе има земено голем замав и во ова убаво мариовско село.

сл 30 Учесници во електрификација на селото

Во 1957 година во с. Старавина е изградена убава зграда за учење на децата од V до VIII одделение од селата Градешница, Старавина, Будимерци, Зовиќ и Груниште. Осмолетката ја посетуваат околу 500 деца, но тој број постепено почнува да се намалува. при што дефинитивно во 1978 година на зградата од осмолетката и се стави клуч.

Мариовските села се повеќе се празнат. Патната мрежа во Битолско Мариово останува како од времето на турското владеење.

Во Градешница постоеше и фудбалски клуб, кој се натпреваруваше со фудбалските екипи од селата Старавина, Будимерци и Зовиќ.

сл 31 Фудбалска екипа од с. Градешница 1955 год.

Незапирлив миграционен процес

Поради општествено – историските и социо-економските услови, с. Градешница, пак и цело Мариово, до Втората светска војна има обележје на одење на мажите на печалба во прекуокеанските земји, за потоа па да се вратат на своите родни огништа.

Од ослободувањето до 1961 година емиграционото движење во прекуокеанските земји и миграционото движење село – град има благ пораст. Меѓутоа, од 1961 година па наваму миграцијата село – град зазема поголеми размери. Исто така, и емиграцијата во прекуокеанските и европските земји како движење се зголемува.

 

32

Продавница во с. Градешница

 

Основни причини за масовна миграција и емиграција доаѓа поради занемарување на нашите села, особено недоволно внимание се обрнува на социо-економскиот развој на Мариово, и тоа повеќе години наназад.

Развојот на индустријата и инфраструктурата во градовите, школувањето на децата, потрагата за подобар живот итн. исто така се причини за овие миграциони и емиграциони процеси. Овие процеси се карактеристични за цела Република Македонија, па и за селото Градешница, односно Мариово, кое останува без регионална патна мрежа.

Бројната состојба и движењето на домаќинствата по години во општина Старавина е следната:

 33

(13   “Мариово” – Д-р. Митко Панов)

 

Карактеристично е да се спомене, дека со намалувањето на бројот на домаќинствата, слабее и нивната работна способност, бидејќи се создаваат стари и самечки домаќинства, кои се неспособни за стопанисување.

Следејќи го движењето на бројот на жители низ пописите од почетокот на овој век, се доаѓа до заклучок дека и Градешница спаѓа во најемиграционите села во Мариово, така што денеска ова подрачје е најретко населено, при што на 1 км2 живеат по 1;38 жители.

Бројното движење на населението по години на општина Старавина е:

 34

Карактеристично е да се одбележи, дека драстично намалување на населението во општина Старавина се случило меѓу пописните години 1981 и 1991 година, при што бројчено општината е намалена за 1467 жители. Во овој период и во селото Градешница најмногу е намалено населението за разлика од претходните прописи, дури за 411 жители.

Намалувањето на населението на ова подрачје е поврзано со миграцијата и емиграција. Покрај иселувањето на поединци, се иселуваат цели семејства. Иселувањето на младото активно население е многу неповолно за мариовското подрачје, особено за активноста во земјоделието, сточарството и другите стопански дејности.

Големи миграциони движења се забележани при крајот на 18-от и почетокот на 19-от век, при што селаните биле принудени да мигрираат во градовите, каде имало поголема законска заштита, за разлика во селата каде агувале агите и насилства вршел распашаниот башибузук. Миграцијата и емиграцијата во втората половина на XX век на Македонија како што спомнавме напред, претежно е од социјално – економски карактер. Од историски аспект во овој труд ќе се обидеме да ги cпоменеме мигрираните градевци како поединци или членови од нивните семејства.

35

Градевци на свадбена веселба во Битола

 

 

Мигрирани градевсци во град Битола:

Мите Пенуковски

Стаќа Пенуковска

Бошко Пенуковски

Султа Дојошевска

Јован Дојошевски

Илија Дојошевски

Трајко Дојошевски

Воислав Димовски

Маса Кокошовска

Јован Зулумовски

Коста Пенуковски

Алта Пенуковска

Ристе Дојошевски

Лазо Дојошевски

Стојанка Дојошевска

Илинка Дојошевска

Нада Дојошевска

Крајче Кокошовски

Велика Кокошовска

Ѓело Зулумовски

Блаже Зулумовски

Крсте Пушински

Косте Мемовски

Кала Мемовска

Димо Пушински

Митре Дојошевски

Стана Силимчевска

Блаже Силимчевски

Проќа Пушинска

Лазо Богоевски

Доста Смилкова

Петко Дамчевски

Ристе Дамчевски

Благој Бржевски

Јован Бржевски

Паца Зулумовска

Ристе Зулумовски

Велика Сребриновска

Марјана Чачевска

Пецо Ѓоковски

Ристо Зулумовски

Лазо Зулумовски

Неда Марковска

Гордана Ковачевска

Блаже Славевски

Трајко Славевски

Ѓорѓи Мачкаровски

Маса Мачкаровска

Атанас Чачевски

Сава Мачкаровска

Кита Мачкаровска

Неда Зулумовска

Боќа Пушинска

Кристаќи Мемовски

Митре Пушински

Стојче Пушински

Никола Силимчевски

Севда Силимчевска

Ѓорѓи Дојошевски

Миле Пушински

Кала Богоевска

Јован Смилковски

Стојна Дамчевска

Пецо Парговски

Стојан Бржевски

Чона Зулумовска

Доста Зулумовска

Богдан Сребриновски

Миле Чачевски

Трајко Ѓоковски

Слободан Ѓоковски

Орда Зулумова

Водичка Кочковска

Стојанка Биџовска

Горица Ковачевска

Петре Славевски

Стојна Славевска

Проќа Мачкаровска

Ковика Мачкаровска

Крсте Мачкаровски

Цане Мачкаровски

Мио Ковачевски

Трајко Мачкаровски

Тодор Мачкаровски

Пецо Мачкаровски

Благој Мачкаровски

Султа Мачкаровска

Ристо Мачкаровски

Ленче Мачковска

Стојан Мачкаровски

Блаже Марковски

Ристо Рушитковски

Атанас Рушитковски

Доста Рушитковска

Rpno Младеновска

Ристе МаЈсторовски

Илија Ковачевски

Стојанка Ковачевска

Стево Ковачевски

Велјан Трпшевски

Трајко Трпчевски

Менка Трпчевска

Пецо Миовски

Гоце Дојошовски

Мирко Дојошевски

Велика Клепчевска

Трна Ежовска

Ристо Ежовски

Менка Поповска

Наталија Поповска

Дано Марковски

Јованка Шипинкарова

Петре Шипинкаров

Стојна Мачкаровска

Доста Мачкаровска

Ѓорѓи Мачкаровски

Наташа Мачкаровска

Бошко Мачкаровски

Милка Мачкаровска

Митре Мачкаровски

Трајко Мачкаровски

Трајанка Марковска

Јованка Рушитковска

Мара Рушитковска

Петко Брајановски

Крста Момковска

Пецо Ковачевски

Марија Ковачевска

Ката Ковачевска

Марија Ковачевска

Менка Трпчевска

Митре Трпчевски

Марија Трпчевска

Снежана Миовска

Ката Дојошовска

Ристо Клепчевски

Јован Клепчевски

Кала Ежовска

Ташко Поповски

Блага Поповска

Тодор Поповски

Стојко Кочковски

Ристе Шипинкаров

Љубе Бојковски

Димитрија Бојковски

Стојан Младеновски

Олга Лавуровска

Јован Пластовски

Коста Манџуковски

Стојо Манџуковски

Ѓорѓи Бандевски

Митра Бандевска

Митра Куртовска

Ѓурѓа Ѓезвеска

Гроздан Илиовски

Илија Крвачевски

Злата Крвачевска

Веса Мавревска

Тода Грковска

Митре Баснаровски

Ристе Шкрековски

Славчо Судиовски

Јана Босеовска Крстевска

Стојна Босеовска

Стана Гулевска

Митре Гулевск

Љубе Гуцевски

Петре Ѕулковски

Доста Мојанчевска

Трендафиле Мојанчевска

Муне Ѓорѓиевски –  Муневски

Петко Мојанчевски

Проќа Мојанчевска

Велјан Лавуровски

Ѓоре Лавуровски

Петко Пластовски

Трајко Пластовски

Митра Манџуковска

Јован Бандевски

Јован Бандевски

Верка Поповска

Љубе Куртовски

Чона Ѓезвева

Донка Илиовска

Софија Крвачевска

Цветко Мавревски

Ката Мавревска

Петре Грковски

Стојко Шкрековски

Калина Босеовска

Стојко Судиовски

Ристе Босеовски

Јован Гулевски

Доста Гулевска

Ѓурѓа Гулевска

Леца Ѕулкова

Марко Мојанчевски

Јован Мојанчевски

Јован Мојанчев

Менка Муневска

Неда Мојанчевска

Доста (Рушиткова) Мојанчевска

Ристо Мојанчевски

Чона Мојанчевска

Проќа Роглевска

Неда Шкрековска

Муне Чаушовски

Василка Босеовска

Тодорка Босеовска

Зоран Босеовски

Ристе Пашковски

Кала Мемовска

Петкана Биџовска

Јованка Самарџиовска

Јован Сунчевски

Неда Гулевска

Тодорка Гулевска

Петра Гулевска

Митра Гулевска

Тодор С. Гулевски

Паца Гулевска

Цвета Гулевска

Неда Чавдаровска

Бранко Чавдаровски

Трајанка Секиовска

Мара Белејкова

Митре Ќиќерковски

Коста Ќиќерковски

Велика Шкрековска

Менка Шкрековска

Митра Бурлиовска

Софија Бурлиовска

Петра Поп Најдова

Јован Мојанчевски

Стана Роглевска

Јован Роглевски

Неда Паунина

Илија Босеовски (Маџаровски)

Јован Босеовски

Летка Босеовска

Стале Марковски

Стана Пашковска

Јован Биџовски

Босилка Самарџиовска

Неда Сунчевска

Пецо Сунчевски

Велика Гулевска

Атанас Гулевски

Водичка Гулевска

Стале Гулевски

Петко Гулевски

Ристо П. Гулевски

Илија Чавдаровски

Трајко Чавдаровски

Степан Севдиовски

Јован СиЌиовски

Леко Клоштевски

Ристе Ќиќерковски

Ристе Шкрековски

Султана Шкрековска

Ристе Бурлиовски

Илко Бурлиовски

Стојна Бурлиовска

Трајко Секуловски

Неда Секуловска

Најдо Сиќиовски

Рада Белејкова

Богданка Босеовска-Костадинова

Велика Сиќиовска и други.

 

 

Ристо Лавуровски – с. Ореово Битолско

Ристо Дојошевски – с. Штрбово Ресенско

 

 

Мигрирани градевци во град Скопје:

Васил Ѓуровски

Јана Баојковска

Велика Бојковска

Никола Бојковски

Благоја Бојковски

Стале Сабовски

Перо Гулевски

Митре Илиовски

Неда Сталевска

Менка Сунчевска

Ристе Пашковски

Леца Слабовска

Пео Мавревски

Мена Сунчевска

Ѓорѓи Сунчевски

Петра Муневска

Неда Кочковска

Петруш Ристевски (Босеовски)

Митре Мачкаровски

Димче Мајсторовски

Митра Илиовска

Тодор Бојковски

Трајко Бојковски

Златко Бојковски

Стојна Бојковска

Летка Бојковска

Јован Чачевски

Ристо Вржалковски

Доста Илиовска

Блага Сталевска

Дилко Вржалковски

Велика Сабовска

Миле Сабовски

Ристе Сунчевски

Никола Сунчевски

Стојан Мавревски

Стојанка Белејковска

Јован Кочковски

Петко Мачкаровски

Славе Славевски

Дојко Илиовски

Ристе Илиовски

Неда Грковска-Кузевска

Стојко Н. Мојанчевски

Стале Муневски

Кристаќи Кочковски

Методи Поп Најдовски

Стојко Мачаровски

Димо Зулумовски

Ристо Муневски

Трајко Кочковски

Трајко Белејковски

Нада Мачкаровска

Паца Бојковска и други.

 

 

Мигрирани градевци во град ПРИЛЕП:

Митре Ристевски (Босевски)

Стојанка Чачевска

Снежана Ѓоковска

Виша Комаровска

 

 

ВО ОХРИД:

Јован Шипинкаровски

Виослав Димовски

Олга Чачевска

Неда Петревска

Неда Шипинкаровска

 

ВО СТРУГА:

Алексо Лавуровски

 

BO ТЕТОВО:

Живко Клапчевски

Неда Клепчевска

Марија Клепчевска

Менка Клепчевска

 

BO КАВАДАРЦИ:

Никола Дамчевски

Стојна Дамчевска

Зоран Парговски

 

 

ВО ШТИП:

Трајко Ј. Босеовски

 

ВО РАДОВИШ:

Мирко Димитровски

Ристе Босеовски (Босеовски)

Бојана Босеовска

Божана Босевска

 

Во Србија – Крагуевац

Перса Гулевска

 

Во Словенија:

Петко Роглевски

 

Во Хрватска:

Ставре Мавревски

Доќа Мавревска

Божана Гулевска итн.

Емиграциони процеси од Градешница
Општествено – историските и социо-економските услови допринеле емиграцијата како економски феномен и во Мариово да се појавува уште во првата половина на XX век.

Но, емиграционтие процеси во поголем израз во Градешница и другите мариовски села доаѓа во втората половина на XX век, особено по 60-те години, а тоа може да се види и од табелата на страна 39 од оваа книга. Во споменатиот период градевци најмногу емигрираат во прекуокеанските земји – Американско-Канадскиот континент, Австралија, потоа Скандинавија и некои други европски земји.

сл 35 Испраќање на Градевци во странство на железничка станица во Битола

На железничката станица во Битола речиси секојдневно, во туѓина со болка во душата заминуваат цели македонски семејства од Градешница и други македонски села. Разделбата од родната грутка и родната Македонија е придружена со песни и музика. Ho, разделбата од своите најблиски е потресна и трогателна со солзи во очите во растреперените срца. Според сфаќањата и писмено – усните кажувања на повеќе современици од Градешница (писмено – службени податоци не можевме да добиеме) на Американско- канадскиот континент, особено во градот Торонто работат и живеат следните иселени сонародници од Градешница:

Митре П. Босеовски
Неда М. Босеовска(2 чл.)
Стево Босеовски
Марија С Босеовска
Јован Босеовски-прота(7 чл.)
Трајко Д. Босеовски (Паунин)
Илија Т. Босеовски (4 чл.)
Стале Л. Босеовски (4 чл.)
Тодор Л. Босеовски (6 чл.)
Стојко П. Гулевски
Паца Босеовска Балтовска (5 чл.)
Стале Т. Босеовски (4 чл.)
Мара Босеовска Тивтевска (5 чл.)
Јованка Босеовска Стојчева( 4 чл.)
Менка Босеовска Ристевска (4 чл.)
Трајко С. Босеовски-прота (5 чл.)
Стале Т. Босеовски (4 чл.)
Петре Босеовски (4 чл.)
Пауна Босеовска Лашковска (4 чл. Мара С. Гулевска (4 чл.)

 

 

С А Д

Дано Џанџуровски (5 чл.)

Сребре Џанџуровски (7 чл.)

Алексо Т. Џанџуровски (5 чл.)

Стојан Ј. Џанџуровски (4 чл.)

Дано Ј. Џанџуровски (5 чл.)

Трајко С. Најдовски (4 чл.)

Јован Г. Ѓоревски (7 чл.)

Перо Г. Гулевски (5 чл.)

Ана Гулевска Грамовска (4 чл.)

Јован М. Чачевски (4 чл.)

Јордан Д. Кочовски (8 чл.)

Петранка Чачевска (Стефановска) (4 чл.)

Митре М. Чалевски (4 чл.)

Евдокија Ј. Кочовска

Дано Ј. Кочовски

Јован Вржалковски (5 чл.)

Калин М. Стојовски ( 3 чл.)

Марија F. Чавдарова (5 чл.)

Јован Ѓ. Шипинкаровски (3 чл.)

Дунава Пјер Шипинкарова (4 чл.)

Крајо Т. Пушиновски (6 чл.)

Снежана К. Димитровска (4 чл.)

Живко С. Мојанчевски (2 чл.)

Стојанка Дојошевска Котевска

Ставре И. Мавревски (3 чл.) итн.

 

 

ЕМИГРИРАНИ ГРАДЕВЦИ ВО АВСТРАЛИЈА

Петко Романовски

Кристаќи Т. Мемовски

Никола К. Мемовски

Мита Кралева –

Зулумовска

Неда С. Чачевска

Никола Мачкаровски

Дамјан Мачкаровски

Ѓорѓи Кралевски

Јован Кралевски

Трајко Кралевски

Стојан Кралевски

Јованка Манчевска

Петре Куртовски

Леца Шипинкарова

Василка Ќиќеркова Трпковска

Ристе Ѓуровски

Петра Ѓуровска

Јана Биџовска

(Пашковски)

Ристе Данчевски

Мена К. Мемовска

Ѓорги Парговски

Мита Дојошевска

Митко Дојошевски

Димитрија Мачкаровски

Петре Мачкаровски

Малина Кралевска

Митре Кралевски

Стево Кралевски

Ѓорѓи Манчевски

Никола Куртовски

Трајан Тепчевски

Божана Ќиќеркова Митревска

Илвана Сунчевска

Мита Ѓуровска

Стојко Биџовски

Доста Биџовска

Петра Кралевска

Петко Паланзовски

Јован Палензовски

Јана Момоковска

Неда Младеновска

Јован Петковски -(Поповски)

Неда Смилевска

Флоринка Поповска

Крсте Смилевски

Стојо Јовановски

Неда Јовановска

Владо С. Босеовски

Петкана Трпчевска

Струма Трајковска

Јован Мавревски

Султа Шкрекова

Волче Шкрековски

Севда Мачкарова

Стана Биџовска

Блаже Ќиќерковски

Марко Ќиќерковски

Велика Ќиќерковска

Станко Гулевски

Проќа Гулевска

Трајко Гулевски

Стојко Ќиќерковски

Менка Костадиновска

Стана Ќиќерковска

Коста Бандевски

Лазо Илиовски

Дунава Кралевска

Софија Паланзовска

Митре Момоковски

Ристо Младеновски

Мирко Петковски (Поповски)

Пенчо Смилевски

Менка Поповска

Божин Смилевски (Бојчев)

Трајко Јовановски

Маса Јовановска

Трајко Ќиќерковски

Илвана Босеовска

Неда Шкрекова

Менка Гулевска

Менка Белејковска

Кристаќи Шкрековски

Неда Шкрековска

Коста Костадиновски

Велика Биџовска

Ѓуро Ќиќерковски

Стојко Ќиќерковски

Мирче Гуцевски

Петре Гулевски

Стојко Гулевски

Паца Судиовска

Цане Ќиќерковски

Стојан Џанџуровски

Петко Богдановски

Славе Менчевски

Стојанка Ѓокевска

Илинка Ѓоковска

Велика Ѓоковска Зулумовска

Бошко Вржалковски

Ана Ќиќерковска

Неда Босеовска

Петре Зулумовски

Трајанка Вржалковска

Мара Ќиќерковска итн.

 

слика

Градевци на свадба во Австралија

 

 

 

ЕМИГРИРАНИ ГРАДЕВЦИ BO ШВЕДСКА -СКАНДАНАВИЈА

Лазо И. Босеовски

Ило Босеовски

Милан Чавдеровски

Илија Кочковски

Мио Стојовски

Јана Стојовска

Јова Стојовски

Стале Зулумовски

Нада Поповска

Трајко Мавревски

Јанче Мојанчевски

Стојанка Гуцевска

Ацко Стојовски

Раде Стојовски

Душанка Стојовска

Проќа Босеовска

Јован Мојанчевски

Доста Самарџиова

Богоја Гуцевски

Илија Стојовски

Горица Стојоска

Гордана Стојовска

Петре Поповски

Митре Најдовски

Стана Самарџиева (Неданова)

Неда Кочковска

Ристо Стојовски

Милан Стојовски

Силвана Стојовска

Дончо Зулумовски итн.

 

 

 

ГЕРМАНИЈА

Марија Шкрековска

Јован Марковски

 

 

АМЕРИКА

Пројче Ј. Босевски

Ристе М. Баснаровски

 

ЧИЛЕ

Миле Мавревски итн.

 

Треба да се спомене дека од Градешница во Битола се иселени околу 290 градевци, во Скопје околу 50, Канада над 160, Австралија над 110, Шведска околу 35 итн. На сите оние чии имиња и презимиња ги имаме пропуштено од оправдани причини (заборавеност или немање на’ соодветни списоци за сите иселени градевци) во оваа пригода најдлабоко им се извинуваме. Многу од младите жители родени во Градешница, по иселувањето од родното село, формирале свое, формирале свое семејства во градовите на Република Македонија или надвор од неа, при тоа ги изминале своите презимиња (женскиот пол), ја изминале својата квалификациона структура, се настанати и други семејни промени, интересни за овој труд, но многу тешко се доаѓа до тие податоци, токму поради раселувањето и населувањето на градев-ци, односно на Мариовци, речиси на сите меридијани на Земјината топка.

По педесеттите години од овој век, особено летно време, во Градешница мошне често има престојувано нашиот познат романописец Стале Попов, при собирање на податоци за своите литературни дела, посветени на неговото родно Мариово. Подолго има престојувано при собирање на податоци за романот ,,Толе Паша”, бидејќи за овој мариовски војвода, селото Градешница претставува како негова „престолнина”. Податоците Попов ги собира од тогашните стари градевци, како што се Илија Гуцев, Петруш Клепчевски, Ристе и Димитрија Босеовски, Нада Чачевска (братучедка на писателот) и други преживани современици на вој-водата Толе Пашата.

Просветителното дело и градевци
Познато е дека само знаењето и просветно-научното дело водат кон прогрес и напредок.

Знаењето од секоја научна дисциплина се стекнува во текот на образовните процеси, кои можат да бидат институализирани или да течат слободно. Но ретко кај нашиот народ може да се слушне поговорката: „Човекот се учи додека е жив”. И градевци доследно ја следат оваа поговорка.

Свесни за прогресот што го носи современото образование на младите генерации и селаните од ова мариовско село, истите вложувале напори за образување на своите поколенија.

Од кажувањето на постарите градевци се дознава дека ќелијното основно училиште при црквата „Св. Никола” почнало да работи уште во втората половина на XIX-ти век. Наставата се изведувала во тремот на црквата. Во последните децении на XIX и почетокот на XX век наставата се изведувала на грчки јазик, потоа на бугарски, па на српски и дефинитивно по ослободувањето, наставата се изведува на македонски јазик.

сл 37 Основно училиште – 1961 год III одд

Стојат горе
Љубе Гуцев
Дончо Куртов
Алексо Марковски
Јован Роглев
Димо Зулумов
Мијо Миов
Трајко Тапанџиов
Петко Романов
Петре Зулумов
Пецо Паргов

Среден ред
Стаќа Ковачева
Неда кочова
Доста кложтева
Тодор Гулев
Ристе бурназов
Коло Мемов
Коле Попов
Ташко Попов
Крајче Карев
Цане Мачкаров
Бошко Дамчев
Линка Ѓокова
Менка Бандева
Менка Марковска

Седат
25 Митра Трпчева
26 Василка Ќиќеркова
27 Неда Сиќиова
28 Менка Белејкова
29 Кала Марковска
30 Мара Комарова
31 Неда Пенукова

Учител – Ѓорѓи ничев
32 Менка Ѕулкова
33 Стана Пашкова
34 Неда Босеова
35 Менка Мојанчева

По Првата светска војна во Градешница е изградено убаво училиште, во кое е организирана настава од прво до четврто одделение. Основното образование во ова училиште се изведува до 1991 година. Од петто до осмо одделение децата од Градешница посетуваат настава во осмолетките во с. Старавина, а потоа во с. Новаци и градот Битола. Co средно образование градевци се стекнуваат во средните училишта (гимназии, средно стручни и занаетчиски) во Битола, Прилеп и други градски центри во Република Македонија па и надвор од неа.

По ослободувањето, во учебната 1944/45 година основна настава во основното училиште во Градешница следат околу 150 деца. По раселувањето на населението, од учебната 1959/60 година и бројот на учениците во градешкото основно училиште почнува постепено да опаѓа. При затворањето на ова училиште се регистрирани само 23 ученици од прво до четврто одделение. По ослободувањето основното образование го завршуваат речиси 95% од генерациите. Повеќето го продолжуваат своето образование.

Градевци се свесни дека новото време бара образовани и културни луѓе. Затоа, своите деца ги ориентираат кон образованието. На тоа му погодуваат широко отворени врати на образовните институции од сите степени во Република Македонија и надвор од неа.

Во основното училиште во с. Градешница учителувале следните лица:

Просветни работници:

– Славко Петаковиќ – Србин (1920-1941)

– Александар (Каџо) презиме неидификувано

– Андреј Вучиќ – Србин

– Александар Петровиќ – Црногорец

– Јован Живковиќ – Србин (до 1941 година).

– Трајко – Бугарин (учебна 1941-1944 г.)

 

– Ленка Партизанката – Македонка (учебна 1944/45 г.) Следните години учителуваат:

Леонида Валков, Јанко, Тошо, Бавтир (презимиња неин-дификувани).

Најдо Поп Најдовски

Трајко Стојановски

Круме Стојчевски

Јован Ѓуровски

Ѓурѓица Спасовска

Слободанка Николовска

Јован Кузмановски

Ратка Николовска

Стојко Илиевски

Ристе Босеовски (Ристовски)

Митре Босеовски (Ристевски)

Алексо Џанџуровски

Стефо Крстевски

Пецо Магдевски

Милка Спасовска

Роза Цикалова

Милка, Елена и Војо (презимиња неиндификувани)

На сите чии имиња и презимиња се пропуштени, најдлабоко им се извинуваме.

И покрај напорите евиденцијата и архивата од основното училиште во с. Градешница не успеваме да ја најдиме. Училиштето е затворено 1991 година (кажување на Стојко Чачевски – курир).

Пословици и поговорки
Ќе наведеме само некои покарактеристични пословици, одомаќинети во Мариово, па и пошироко во Македонија.


Без мака нема наука.

Без бога нема добрина.

Без труд не се ора со плуг.

Бели пари за црни дни.

Бело му е лицето, а црно му е срцено на нажален човек.

Бог да го прости, си почина.

Бог да не чува од неразбрани.

Бог да те чува од домашен арамија.

Брат за брата, сирење за пари.

Брат брата не рани, тешко кој го нема.

Брза како некоја стрела.

Ако баба лажи, трап не лажи.

Ако уште еднаш бидам невеста, знам како да гувеам.

Ако знаев кога ќе умрам, сам ќе си ископав гроб.

Ако мажот е пијаница, жената ќе е маченица.

Ако не врни, барем ќе капни.

Ако те удри со камен, ти удри го со леб. (Така рекол Христос).

Ако жената ти е многу лична, не пуштај ја сама на свадба.

Ако се сториш овца, секој ќе те стрижи.

Ако си мома, седи си дома.

Ама што дрвена глава имал.

Арен збор царски врати отвора.

Арниот јунак дома не умира.

Арно јади, ама и арно работи.

Варди се да не се поболиш, оти тешко можеш да оздравиш

Верата Христова го омекнува човека.

Видела камилата уши побарала и рогови

Викај по волкот, додека не влегол во булукот.

Вјасај брзо да стигнеш, но гледај и да не се препнеш.

Во волов рог да се скриеш, смртта пак ќе те најде.

Во едното уше му влезе, во другото му излезе.

Во Прилеп мајмун не игра. Прилепчани се сметаат за поитри

Во сон се родив, со сон живеам, во сон ќе умрам.

Времето си врви, нам ни се куси.

Во вреќа скината што да ставиш, се ќе истечи.

Врзи прст да најдеш лек, секоја баба ќе ти баи како што знаи.

Газ и нос не знаат за чест.

Гајрет на болниот, додека не му излези душата.

Галена невеста не ја сака свекрвата.

Галени деца и на трпеза се качуваат.

Галена мачка оро не игра.

Галена кокошка просо сонува.

Голем залак голтни и голем збор кажи.

Голи сме се родиле, голи в земја ќе влеземе.

Го надул носот како мисир (налутен човек).

Голо здравје, готова болка.

Господ вели: помогни си сам, та и јас да ти помогнам.

Господ да те чува од лоши пријатели, а од душмани сам ќе се чуваш.

Господ на можи на секого да му угоди.

Господ дал, господ зел.

Го стемнило и не го осамнало (кога некој ненадејно ќе умре).

Грешен човек, жив во гробот е закопан. Грми, врни, патот врви.

Дај милостина, за гревовите да ти се простат.

Дал ти господ добро (кога некој ќе рече: ,,Добро утро”).

Два лути камења не мелат брашно.

Две раце за една глава.

Добра работа човек го збогатува.

Добриот збор се слуша надалеку, а лошиот се слуша уште подалеку.

Добрината со добрина се плаќа (враќа).

Добриот владика и на сиромаси помага.

Добрите пријатели и од браќата се помили.

Дури не фрлиш семе во нива, не никнува, а трње никнуваат и несеани.

Дури не фрлиш рипче, не фаќаш крапче.

Додека не заплачи детето, мајка му не му дава млеко.

Дури не посеиш, нема што да жнииш.

Дури човек е жив, се е пари.

Душата ми дошла во забите.

Ѓаволот ни копа ни ора, само ги учи луѓето да се караат.

Една овца што се дели од булукот, ќе ја изеди волкот.

Една прачка полесно се крши, а повеќе помачно.

Ем гол ем зол.

Жабите се плашат и од зајаците.

Железото дури е жешко се чука.

Жена, пушка и коњ не се даваат на туѓи раце.

Жена лоша вечна мака.

Жена прокопсана – куќа отвора.

Животот со пари не се купува, оти дар од Бога се дава.

Заврна снег, се покрија трагите.

Залудно работи, залудно не седи.

Зошто му е глава кога му е празна.

За светот кој плачи, без очи ќе остани.

Збирај на младост, да имаш на старост.

Зборот дупка не дупнува, ама се памети.

Зборува како празна воденица.

Здравјето за човекот е најголемото богатство.

Зар и од врба чекаш да се родат маслинки.

Има господ и за нас.

Јазикот прави добро, јазикот прави и лошо.

Каков што е таткото, таков е и синот.

Магаре вјавај – коњ фали…

Прекари
Во текот на минатото, па и денес, покрај презимето многу семејства во Градешница, како и во други места во Македонија, носат посебни прекари, кои во месните жаргони се викаат парамони или надимоци.

Постарите жители на Градешница се сеќаваат на некои семејства, кои немаат оставено свои наследници, изгаснуваат и нивните прекари. Прекарите се добивани по разни поводи, но почесто по името на најстариот, односно главата на семејството. Бојковци го носат прекорот од некој си Бојко, кој во Градешница се доселил од Бешиште. Петревци по некој си Петре, Марковци по некој си Марко. Биџовци прекарот го добиле по селото Биџово, Егејска Македонија, бидејќи потеклото им е од тоа село. Босеовци од некој си прадедо кој веројатно поради сиромаштија на работа мошне често одел бос.

Според едно предание, кое од колено на колено се пренесува, семејството Гулевци прекарот го добиле наводно од некој си пра или чучук дедо, кој веројатно, пак, поради немаштија на работа одел полугол. Надимакот Луповци доаѓа од некој си Лупа. Самарџиовци, повод е самарџискиот занает. Ковачовски, пак е повод ковачкиот занает. Баснаровци повод е баењето во семејството (баеше дедото Ристе, па ќерка му Мара). Поп Најдови, поради професијата, свештеникот Најдо т.е. чинот поп.

До денешно време, во Градешница, се задржани над стотина прекари: Пенуковци, Дојошевски, Кокошовци, Пушинци и други. На страна 23 од оваа книга се споменати сите прекари во селото, што успеавме да ги дознаеме. Многу од иселените градевци до денешен ден си ги имаат задржано своите прадедовски прекари.

Преданија
Едно од многуте преданија за орачот и денденеска и во Градешница е зачувано и се прераскажува од колено на колено.

Имено, кога човекот почнал да ја ора земјата, Господ поминал покрај него, престорен во старец, подзастанал и почнал да се чуди на орањето.

– Што гледаш, старче? – прашал орачот. Можеби не ти се бендисува моето орање?

– Синко, не ми се бендисува кога гледам како се мачиш и ти и воловите – одговорил Господ. – Ами, оти така ораш? Откако ќе ја завршил браздата, назад празен се враќаш, за пак од другата страна да започнеш нова бразда? Ами, еве, види, јас како ќе ти покажам: откако ќе ја истераш браздата открај, отаде врати го плугот со орање и изорај друга бразда. така побргу ќе ја изораш нивата и нема да се мачиш. Ајде обиди се.

Зафати така орачот и му се виде полесно и отогај до денеска така си ораат орачите.

По некој ден, Господ пак поминал од кај орачот и прашал:

– Братче, кој те научил вака да ораш?

– Господ ме научи, бре, брате, кој може друг вака да ме научи? – му одговори орачот на Господ.

– Е, нели Господ те научил, тој ќе ти го благослови и семето што ќе го посееш. Од едно зрно што ќе посееш, најмалку четириесет зрна да ти се родат и од тебе другите да чекаат да јадат и да живеат – благословил Господ и си заминал.

Народни верувања и кобења
Мнозина старци, најповеќе овчари знаат да прогнозираат какво ќе биде времето, особено зимата.

Таа прогноза ја темелат врз белези на дрвјата, ѕвездите и други природни знаци. Некои дури прогнозираат и кажуваат каков ќе биде денот, месецот па и годината. Еден стар овчар од Мариово прикажувал дека земјата се врти, а не дека Сонцето оди како што верувале и учените луѓе.

Во Градешница, па и во некои други македонски села, постои верување, наводно, ако те јаде дланката ќе земаш пари.

За да не ти се урочи детето, ќе треба, наводно, да го истркалаш на местото, каде што седела таа жана или маж.

Ако се измиеш глава ноќно време, водата не чинело да ја истуриш надвор за да не те боли главата.

Постои и верување, ако ти е испружена ногата и некој ја пречекори, не ќе си растел.

Ако ти се запри првиот залог, многу лошо ќе те снајдело.

Болва во сечко не чинело да отепаш, оти во летно време болвите многу ќе те јадат и штипат.

Ако се посери коњот кога тргаш на пат, се верувало, дека бргу ќе се вратиш од патувањето.

Во есен ако заколеш свиња и сплинката ако напред е потесна, а назад поширока, зимата напред ќе биде полесна, но назад постудена и потешка.

 

14 Народни верувања – книга 7 – Марко Цепенков

 

Во декември ако загрми, се верувало дека ќе нема напредок на житото.

Постоело верување, ако во годината се роди многу бериќет, ќе се отвори војна некаде на земјината топка.

Во недела ако се роди дете, ќе биде многу касметлија и дарлија.

Кај населението во Мариово, па и во Градешница, се верувало ако ти се отвори вратата сама, чекај гости ќе ти дојдат.

Се верува, дека е грев со нога да нагазиш на ронки – леб. Грев е да се смееш на слеп и сакат човек. Се верува дека денот Благовец е благ за луѓето, но тој е благ и за пилците, ѕверовите, па дури и за арамиите.

Рано на Ѓурговден се верувало, дека добро било човек да се напие вода од бардаче.

Постои и верување, дека кога човек ќе почине, неговото тело се закопува во гробишта, а неговата душа оди во задгробниот живот, при тоа за мртовецот на глас тажат неговите најблиски роднини. Во оваа пригода ќе ја споменеме тажачката на Мита Босеовска за нејзиниот 29-годишен починат син Петко Босеовски:

,,Леле, синко, златен синко!

Како, синко, ќе се разделиме?

Ти, ми беше уште многу млад

и, ти, веќе не остави.

Ќе си одиш друга земја,

Таму дедовци и баби те чекаат

И други наши роднини,

Сите ќе излезат да те пречекаат!…”

После тажењето при погреб или помени, на присутните роднини и пријатели им се дели јадење, како раздавок за да му се најде за душа на покојниот. При погребот или помен, според христијанските обичаи, присутен е и свештеник, кој прави богослужба за упокоениот.

Постои верување, дека на погребот на мртовецот, во неговата куќа првата ноќ по погребот не треба никој да спие, односно домашните преноќеваат во некои куќи од роднини и соседите.

Свадбарски обичаи
Градевци и сите други мариовци на свадбениот чин уште од памтивек му посветуваат посебно внимание.

По веридбата или давање на дума, свадба и датата на нејзиното одржување е правен според договор на двете страни. Свадбените обичаи почнуваат уште во четвртокот, кога се канат на свадба роднините и пријателите. Во петокот деверите берат здравец за венец на невестата. Во саботата кај младоженецот се меси погача, се прави плетеница на венецот, се пеат и пригодни песни. Вечерта на невестата и се носи венецот и други предмети од кај младоженецот. Другарките на невестата, при таа пригода пеат пригодни песни.

Во недела пред пладне, свадбари накачени на коњи со младоженецот заминуваат по невестата. Во куќата на невестата влегува прв младоженецот, а потоа свадбарите дојдени до куќата на младоженецот Невестата е во посебна соба, каде и се придружува и младоженецот.

Невестинската мариовска носија е една од најатрактивните македонски носии, а во која е облечена невестата. Невестата од куќата на родителите обично ја изведуваат нејзините браќа. Во тие моменти нејзините другарки је пеат песната:

„Проштевај, мамо, и ти, тате,

И роднино голема!…”

По неа се пее песната:

„Цереша се од корен корнеше,

мома се од мајка делеше!…”

Невестата се качува на коњ, a ја придружуваат нејзините браќа. Младоженецот, исто така, се качува на коњ и заедно со сватовите се оди на венчавање. Во Градешница венчавањето се прави во убавата црква „Св. Никола”.

По венчавањето, невестата пред куќата на младоженецот ги дарува роднините на зетот. Невестата во куќата на младоженецот влегува со машко дете во рацете, со што се симболизира желбата за продолжување на лозата на младоженецот. Веселбата со гајда или музика продолжува до доцна во ноќта, кога се објавува чесноста на невестата. Во понеделник се пие блага ракија, а попладне невеста се води на вода. После недела – две се прави првиче, каде се оди на гости кај роднините на невестата, и обратно, роднините на невестата доаѓаат на гости кај младоженецот.

По ослободувањето, свадбените обичаи и во Мариово се поедноставни и изменети на градешки начин, особено при избегнување на големите трошоци. Младоженецот, покрај купувањето на скапите подароци, треба да даде одредена сума пари и за купување на својата идна брачна другарка.

Празници
Населението од Градешница и подрачјето на цело Мариово до ден – денеска со респект и почит се однесува кон православните – христијански празници и православната – христова вера.

Влегувањето во светиот храм – црквата за работливото мариовско население, уште од дамнина претставува духовна радост и духовна почит. Најстарите празници што се почитуваат и во кои не се работи се неделите. Co најголема радост и почит се пречекуваат православните празници: Рожденство Христово -Божиќ, Воскресение Христово – Велигден, Воснесение Христово

 

– Спасовден, Петровден, Пресвета Богородица и други. За селски празник многу одамна во Градешница е прогласен Свети Илија -Илинден. Градевци до ден- денес ги слават фамилијарните празници, како што се: Митровден, Петковден, Св. Ѓорѓи, Св. Никола и Св. Јован.

Од паганските празници во минатото најмногу се прославува Ѓурговден.

Постарите градевци во недела задолжително одат во црква за да запалат свеќи и да се помолат на севишниот – Господ. По богослужбата, постарите мажи се враќаат во своите домови на доручек, а потоа по шестдневните напорни работни денови се одмораат, собирајќи се на разговор во некоја од куќите или пак седејќи на улица пред своите куќи. Таквите еснафски собири се придружени со разговори за полски работи, бериќетот, родноста на годината, за стоката, за односите меѓу семејствата, за женачки, мажачки, одење во стројници и други домашни работи. Во тие разговори редовно се ,,бистри” и политиката, активни се посебно оние селани што најбргу одат на пазар во Битола и што имаат разбрано во битолската чаршија. Меѓу двете светски војни, градевци најмногу меѓу себе се прашуваат, што ќе биде со српско

– грчката граница, што е поставена недалеку од селото. Што мислат за тоа големите сили – Англија, Франција, „големата мечка” Русија и другите. Во тие разговори мошне често е присутно прашањето на распарчувањето на Македонија од кралствата на Србија, Бугарија и Грција.

Старите градевци, мошне често му замеруваат на секој кој во недела или други „тежок” празник ќе фатат некоја работа. Жените не смеат да предат, да ткаат, па ниту да перат. Мажите во недела можат само да помагаат при пренесувањето на греди од градешката планина, пренесување на камења и друг градежен материјал при градење на некоја селска куќа или работење на некој комунален објект, како што е поправање на локалните патишта особено патот меѓу Градешница и с. Старавина, потоа чистење на боровата шума од гасеници и други штетници итн.

На очи „Коледе” во Долно и Горно Маало на селото се палат големи коледарски огнови. Машките деца и помладите градевци

на Коледе пеат коледарски песни и одат по куќите, собираат во своите торбиња леблебија, варени костени, јаболка, круши, ситни пари и друго, што за здравје ги даваат домаќините на куќите. На Богојавление (Водици) посебно внимание градевци му посветуваат на фрлање на светиот крст во реката, во селото се пие топла ракија, се јаде како мезе бело мариовско сирење и друга храна. При оваа пригода, исто така, се пеат пригодни песни. На прочка, вообичаено како што е долгогодишната традиција, градевци се проштеваат со своите најблиски роднини и пријатели. Во минатото, многу од неселението постело за време велигденските „тешки” пости. Како и во другите места во Македонија, во Градешница на најсвечен начин се празнува Велигден. Овој празник е карактеристичен по црвените јајца, кои по црквена богослужба за Христосовото воскреснување, јајцата се разменуваат меѓу роднините и пријателите, се кршат и се јадат. Најголема радост црвените јајца предизвикуваат кај децата.

Најмасовно е прославен и посетен празникот на селото „Св. Илија” – Илинден. Во очи на ,,Св. Илија” – Илинден, сето население од Градешница оди во манастирот „Св. Илија”, кој се наоѓа во месноста „Брен” недалеку од селото. Во манастирот се палат свеќи, за здравје се подаруваат пари, алишта, скапоцени икони и друго. Во манастирот се приготвува богата манастирска храна, при тоа се колат неколку јагниња и овци, подарени од селаните – сточари. На денот Илинден во Градешница доаѓаат градевци од прекуокеанските земји – Австралија, Американско – Канадскиот континент, Шведска и други европски земји, каде многу градевци со години живеат и работат. На овој празник во селото доаѓаат мигрирани градевци од Битола, Скопје, Прилеп и други градови и села од Македонија. На Илинден секоја селска куќа во Градешница приредува богато јадење за гостите.

На овој семакедонски и градешки празник во селото свири музика, се пеат македонски песни и до доцна во ноќта се играат македонски ора.

На празникот се одржува традиционален фудбалски натпревар меѓу селата Старавина, Градешница, Будимерци и Зовиќ, при тоа на најдобрата фудбалска екипа и се доделува пехар.

На Илинден речиси сите раселени градевци се враќаат во родната Градешница за да се видат со роднините, пријателите и да ја ублажат носталгијата и копнежот за родните огништа.

Треба да се одбележи што градевци се познати и по своите хумани и патриотски дела. За време Илинденското востание, востаничките чети што се бореа против аскерот на мариовскиот терен, односно мариовските планини, со храна, облека и друго се снабдени со помош на градешкото население. Во некои градешки семејства, времено илегално престојуваат Ѓорче Петров, вој-водата Толе Паша и други востаници (болни и ранети) од востаничките чети.

По капитулацијата на Кралството Југославија, во април 1941 година, во Градешница се прифаќани изгладнети и болни војници и офицери на разбиената војска на Кралството Југославија, која пребегната војска пак се враќа преку границата од Грција за пат по своите домови во распарчената Југославија. (Постарите градевци се сеќаваат и на овој егзедус).

 

За време на HOB во август 1944 година градешкото население со одушевување ги пречекува и ги нахранува борците од Седмата македонско – битолска бригада, чиј командант е Васко Карангелевски. Во околината на Градешница, извесно време илегално престојуваат (Стањева Пресоп) тешко ранетите партизани, кои подоцна со добици се префрлени во партизанската болница на планината Кожуф.

За време граѓанската војна во Егејска Македонија, 1946-1948 година, многу од тамношното избегано цивилно население, најпрво е прифаќано од населението во с. Градешница. Во градешките колиби во месноста „Поројот” и „Блаци” се прифаќани и лекувани ранети и тешко болни борци на партизанските единици на Грчката демократска армија, која со грчките монархофашисти води борба и на терените на Ниџе (Кајмакчалан), Соколот и други погранични предели.

Градевци имаат притекнато на помош и на други поединечни човечки судбини, како што е онаа меѓу двете светски војни при спасување на војник, кој почнал да се дави во еден од вировите (при капење) во Градешка Река.

Детски игри
Најубавото време на човечкото живеење се детските и младешките години.

Повеќе детски игри играни за време на детските години на нашите предци, дедовци и татковци, веќе се заборавени. Некои од детските игри што ги играв со моите врсници (Атанас Гулевски, Тодор Босеовски, Стале Гулевски, Митре Босеовски, Јован Џанџуровски и други деца од Горно Маало), исто така, полека исчезнуваат. Новото време логично носи нови детски игри. Меѓутоа, јас и ден-денеска со тага и носталгија се сеќавам за палавите детски игри, се сеќавам за еден поинаков детски живот. Затоа сакам и во овој труд да остане трага од детските игри, кои што носат радост за децата и во време на тешки економски кризи – сиромаштија, болести и војна.

Низ содржината на детските игри кај мариовските деца се негува мудроста, издржливоста, јунаштвото, чесноста, итроштината и други позитивни особини во детските игри.

Во некои детски игри учествуваат само машки деца, а во други, пак, само женски деца. Колку се сеќавам, во моите детски години не постоеја игри во кои учествуваат заедно и машки и женски деца.

Од игрите за машки деца најзастапени беа:

Прескакулица

Каиш

Фрлаше на камен

Скокање во далечина со залет

Скок во далечина од место

Борење во слободен стил (пеливанство)

Кленза

Маж – дупка

Играње со топка (од партали или гумена) Играње бишка

Долга и куса магарица и други детски игри. Од женските детски игри, најзастапени беа: Титара Ашици

Коп коп бабичке

Играње со детски кукли од крпи и други детски игри за женски деца.

 


ПРЕСКАКУЛИЦА

Оваа детска игра се изведува на следниот начин: Едно од децата – машко се наведнува максимално и со рацете се потпира на колената. Останатите деца по ред почнуваат да го прескокнуваат. При секое ново прескокнување, висината на наведнатото дете се зголемува – се поисправува. Играта продолжува се додека некое од децата не ќе успее да прескокне. Тогаш сите други деца му викаат: Клечо, клечо!. . . клекни.

Детските игри се играат по селските улици, крај Градешка Река, која минува низ селото, на Тумбата, во широкиот двор на основното селско училиште, кое се наоѓа во Долно Маало од село Градешница и други места пригодни за детски игри.

Да се надеваме, дека детските игри еден ден во Градешница пак ќе почнат да течат, да се смешкаат, да блескаат. Да се надеваме, дека и училишното ѕвонче пак ќе заѕвони. Во училиште детски ликови ќе светкаат и во ученички творби ќе носат петки.

Според евиденцијата што ни ја даде Јован Парговски, во месец август 1997 година во с. Градешница како постојани жители се регистрирани 115 лица. Дали оваа бројка и натаму ќе стагнира или ќе се измени во позитивна – угорна графичка линија, ќе оставиме времето да го каже своето.

Литература
Архив на Македонија – Скопје

– турски пописни дефтери Н.4 Архив на Македонија

– Подрачна единица Битола.

А. Динев, Илинденска епопеја, Скопје, Н. Фронт, 1949.

С. Попов, „Толе Паша” – Скопје, „Наша Книга”, 1966.

Географски факултет Скопје, Мариово – комплексно географски проучувања, 1984.

Ѓорче Петров, „Спомени”, Скопје, „Култура” Владо Стрезовски и Ѓорги Димовски – Ласков, 7 Македонска бригада, 1987.

„Киро Дандаро” – Битола.

Историја на македонскиот народ, книга I, II, III. НИП „Нова Македонија” – Скопје, 1969.

Програма: ,,Ревитализација на Општина Старавина и битолско Мариово”, 1997 година градоначалник, инж. Тодор Гулевски.

КОРИСТЕНИ УСНИ И ПИСМЕНИ ИСКАЖУВАЊА
Илија Гуцевски Стојан Шкрековски Крсте Босеовски Димитар Босеовски (Паунин)
Стојко Ѕулковски Трајко Бојковски Неда Чачевска Јане Гулевски Коста Ќиќерковски
Митре Гулевски Митре Ќиќерковски Ристе Босеовски
Ристе Вржалковски
Никола Зулумовски
Стојко Бојковски
Мита Босеовска
Илија Лажовски – свештеник
Марко Стојовски
Јордан Кочовски (писм.)
Јован Парговски
Стојко Чачевски
Велика Бојковска
Стево Тапанџиовски
Алексо Гулевски и други
Стево Босеовски (писмено)
Стале Т. Гулевски
Трајко Бојковски
Стево Крстевски
Јован Босеовски
Најдо Гулевски

Рецензија
за трудот „Градешница” од Трајко Босеовски

Трудот „Градешница”, содржи вкупно 132 страници одчукани на машина со нормален проред во кои покрај предговорот авторот дава целосен преглед и слика за местоположбата, настанувањето и развој на едно од најголемите села во Мариово со сите релевантни податоци за револуционерниот вишнеж развиток и растеж на овој етнокултурен регион во Македонија. А за да се напише еден ваков монографски труд е потребна макотрпна работа самопрекорност, долготрајни истражувања и голема умешност во депикцијата на одредени настани, дејци и периоди од минатото и историјата на народот од тој дел на Македонија.

Ако се има предвид дека авторот поседувал мошне скудна документација за одредени географски, историски и културни случувања во минатото за една од најголемите населби во мариовската питомина – Градешница од каде што и самиот потекнува, тогаш неговите заслуги се уште поголеми. Обидот да направи хроника на постанокот, растежот и миграцијата на селото претставува прв посериозен чекор да се даде монографски приказ на едно село од мариовскиот крај. Се разбира поединечни трудови од разни области за селото и целокупниот регион маргинално се објавувани во минатото, но тоа ниту од далеку не ги задоволува потребите да се остави еден траен белег и печат за животот на ова село во минатото кое поради својата бројност на населението одиграло значајна улога во историското паметење и културно живеење на Мариово.

Во недостиг на архивска документација авторот ползувал усни и писмени искажувања на постари личности од селото со цел да ги оттргне од заборав и од забот на времето сите позначајни настани од животот на селото кои незапирливо исчезнуваат или се изгубиле и неможат со ништо да се надополнат.

Ползувајќи ја речиси целокупната расположива документација како и усните и писмените искажувања на постари жители од селото од една како и своите сеќавања за селото и неговата способност умешно да ги вклопи во една единствена целина, со свои сопствени видувања и заклучоци од друга страна ни дава за право да констатираме дека пред нас се наоѓа еден мошне сериозно конципиран и издржан труд на авторот Трајко Босеовски.

Во него се чувствува неговиот истражувачки дух во речиси сите домени. Авторот дава мошне реален приказ на географските прилики во Мариово, со посебен акцент на селото Градешница, потоа податоци за постанокот на селото, селото во турскиот период, Балканските војни, Првата и Втората светска војна, потоа творечкиот растеж на селото, миграцијата село-град како и емиграцијата на населението од Градешница во прекуокеанските земји и во некои поразвиени земји во Европа, па се до денешната состојба на селото. Тој не заборавил да го нагласи и значењето на народните умотворби, преданијата прекарите, народните верувања и кобења, свадбарските обичаи, празниците и детските игри кои во овој крај веќе исчезнале или се на работ на нивното целосно губење. Co други зборови, тој опфатил се што можело да се пронајде, проучи, презентира и забележи, со цел да се даде солиден материјал и обработка нужни за изработка на овој монографски труд. Се разбира тој и не претендира, како што и самиот вели во предговорот, на сеопфатеност на темата, но сепак, дава мошне користен материјал за идните истражувачи за попродлабочено проучување на овој мошне малку проучуван македонски крај.

Впрочем монографијата за Градешница, со мали измени и некои поими и имиња, може да претставува монографија и на околните на Градешница села, што уште повеќе го зголемува значењето на овој пионерски труд што длабоко ја заора браздата токму во овој китен, но мошне малку проучуван македонски крај.

Мошне лесниот и разбирлив стил на изразување, обилноста на податоци, документација, спомени, сеќавања од една и инвентивноста на авторот, сето тоа мошне умешно да го вткаен композициски во една книга од друга страна, ни дава можност да заклучиме дека овој труд ќе пополни една празнина што подолго време се чувствуваше кај нас на полето на проучувањето и презентирањето на овој крај.

Имајќи го во предвид споменатото, ни причинува особена чест и задоволство да го препорачаме овој труд „Градешница” за печатење.

Скопје, 10. 10. 1997 година


РЕЦЕНЗЕНТИ:
1. Д-р Благој Стоичовски
2. Д-р Петруш Ристевски

Booking.com