Долно маалски вир – село Градешница

Booking.com
Долно маалски вир село Градешница

На влезот во село Градешница, лево после мостот на околу 300 метри се наоѓа едно од омилените места за разладување на локалното население. Долно маалскиот вир на чистата и ладна Градешка Река е одлична локација за одмор за целото семејство. Од страна на Општина Новаци, неодамна местото е уредено и се поставени клупи за одмор.

За Градешка река

Извориштето на Градешка Река се наоѓа во подножјето на македонско – грчката граница на 1.600 м.н.в., во планинската месност наречена Уруп, при што во горниот водотек се вика и Урупска Река. Нејзина притока е Коселска Река и други помали извори и чешми. Должината на самиот водотек на Градешка Река изнесува 26 километри.
Правецот на истекување е кон запад и тече низ с. Градешница, североисточно се пробива низ Старавинската клисура и од селото Зовиќ свртува кон север, каде се спојува со реката Сатока. Од десната страна Градешка Река прима поголема притока, Бешишка Река. Зголеменото водотечение на Градешка Река се влива во Црна Река на котата од 410 м. и тоа низводно на 3 километри од манастирот Чебрен.
Градешка Река значи живот за село Градешница, со огромно економско, климатско, хигиенско и друго значење. Од реката се наводнуваат селските градинарски површини, а во минатото имало 12 воденици за мелење брашно и 18 бичкии за бичење на трупци.

Галерија

 

Локација

Booking.com