Научната студија “Народна ношња у Маријову” објавена во 1935 година од страна на Воислав С. Радовановиќ (Војислав С. Радовановић) е една од најобемните студии од ваков вид во јужнословенската книжевност воопшто.
Воислав С. Радовановиќ (27 јануари 1894 – 26 април 1957) бил еден од најзначајните српски и југословенски научници на 20 век. Бил студент, а подоцна и асистент на познатиот српски географ, проф. Д-р Јован Цвијиќ (Јован Цвијић). Иако по струка бил геоморфолог, тој исто така истражувал и други дисциплини како што се антропогеографија, етнологија, географија и историја. Автор бил на голем број научни трудови, а неговата докторска дисертација имала наслов “Тиквеш и Рајец”.
Воислав Радовановиќ голем дел од своето истражување го посветил на регионот Мариово. Автор е на позната збирка песни “„Мариовци у песми, причи и шали“ (Зборник за етнографију и фолклор Јужне Србије и суседних области I, Скопље (1931). стр. 65-231).
Во оваа група е и научната студија “Народна ношња у Маријову”, од каде потекнуваат и фотографиите во оваа објава.
Во оваа група е и научната студија “Народна ношња у Маријову”, од каде потекнуваат и фотографиите во оваа објава.
Војислав С. Радовановић (27.01.1894 – 26.04.1957)
Извор на фотографиите: (В.Радовановиќ – “Народна ношња у Маријову” – Гласник скопског друштва, књ. XIV, Одљење друштвених наука 8, Скопље 1935, 107 – 179
Booking.com