Фаќање на рој пчели – село Градешница, Мариово – 24.05.2019

Booking.com

Роењето е поделба на една добро развиена пчелна заедница на две, при што еден дел од пчелите со старата матица заминува во „нов дом“, додека пак остатокот со нова матица останува во „стариот дом“. Роењето може да биде природно и вештачко.

Роењето е непожелна појава во современото пчеларство, затоа што притоа се губи старата матица со околу 15.000 до 25.000 пчели!!!

Сепак поради разни причини тоа се случува, особено за време на долготрајни дожделиви периоди каков што беше месец мај 2019 г. Доколку навреме се фати ројот, со сместување на истиот во кошницата се формира ново пчелно семејство.

На фотографиите е прикажано фаќање на рој пчели во село Градешница, Мариово.

Напомена: Доколку забележите рој пчели, оддалечете се што е можно побрзо и пријавете во пчеларско здружение, на некој пчелар или пак во полиција.

Убодот од пчела/пчели може да биде смртоносен!!!






















Booking.com